Ти на сите форуми си машала, толку ли имаш мерак да го усреќиш...а каде е тој тебе да те усреќи? Ах бре деца деца, пробај на српскиве форуми, можеби таму ке ти се погоди некој одговор
Мене ми изгледа како дечкото да е drama queen. Не мпжеш да натераш или направиш некој да те сака на било кој начин. Ако сака ок, ако не сака животот тече понатаму.
Не можам да читам неуредно напишани реферати, ама од тоа така набрзинка што читнав можам само да кажам дека треба да видиш каков е како личност. Бидете другари, па ќе процените дали сте еден за друг. Како да го усреќуш ? Биди покрај него како другарка, По некое време може да се заљуби во тебе. Заљубеноста ја асоцирам со среќа
Дечкото ти продава приказна,демек многу заљубен,не сака врска а всушност сака да види дали ти ќе го направиш првиот потег. Тој што ќе ти рече "да не се врзуваме" да знаеш не е спремен да биде мирен само со тебе. И двајцата сте млади и сеуште не сте дефинирале зборот "сериозно". Така да, не можеш никако да го усреќиш,можеш само да му ја дадеш целата слобода и да чекаш кога ќе му е досадно да те побара. Велам досадно затоа што ти рекол да не се врзувате.
Браво за дечкото, еве бил искрен и кажал дека не е среќен, поштовање од мене. На пример еве јас на пример, имав идиот кој не бил среќен со мене и заместо да ме остави на мира, имав милион шанси глупача, тој одеше со други на примерррр Како и да е, вреди да си почекаш да му дадеш шанса, види исполни му го денот, дознај што најмногу сака, што најмногу го смее и прави среќен, машко ако се заљуби тогаш тој сака како ниедна жена да знаеш, што значи многу јако, и нормално сега му е тешко и на секого така посебно за тие што сакале многу и се разочарале од тоа, освен тоа секој со различен карактер и тоа треба да го имаш во предвид. Не се разочарувај мила. само трпење, па сега дали малу или многу ќе си видиш и размислиш
Ти благодарам многу, ако не сум досадна и ако би сакала пишими порака ми требаат неколку совети и некои прашања што ги имам во врска со ова да ме посоветуваш и да поразговараме. Благодарам уште еднаш
Немој да ги форсираш работите,среќата не е во тоа колку пари ќе потрошиш на некого туку во ситните работи.Ако треба да те "засака" тогаш е веќе фарса.Со сила убавина не бидува. Имам многу другари машки а имам и дечко со сите сум зборела за разни теми поврзани со машко-женските односи и ние како жени немаме поим на колку работи обрнуваат внимание и колку ситници им се допаѓаат кај нас и дека всушност во тие ситници се заљубуваат. Поентата ми е дека доколку дечково не ги забележал овие ситници до сега кај тебе не си му толку интересна. Плус зошто се споредуваш? Што ако бившата го повредила? Ти си друг човек,друг карактер немој да се праиш кловн само за да докажеш на некој дека си битна.Ако тој е спремен за врска нема да е битно кој го повредил и колку идел предходно и слични работи. Накрај од толку борба за него ќе ти се здосади. И плус кој е тој што треба да е освојуван ти или он? Улогите во ситуацијава се премногу смешани.
@Данделион , јас тоа се прашувам долго време... Пробај, ако не оди на почеток батали. Се надевам дека никогаш повеќе нема да си го поставиш истово прашање...
1. Имаш причина да му покажеш дека го сакаш, но не и да му докажуваш. Ти се допаѓа. Ти доаѓа одвнатре да покажеш љубов и нежност. Стори го тоа. И биди трпелива, чекај. Ако му треба време, ќе го добие. Во никој случај не треба да се трудиш премногу, тоа е грешка. Ако те сака, и да не го усреќиш, пак ќе мисли на тебе. Не се оптеретувај со методи на усреќување некого. Самото твое присуство треба да го прави среќен, ако секако те сака. 2. Не зборувај дека си баксуз, зашто тоа и ќе станеш. Баксузи во љубовта? Не, тука сте грешка. Смени го она што го зборуваш, зашто тоа што го зборуваш, тоа и ќе биде. Мисли на убави работи, биди позитивна. Покажи му на животот дека си среќна и без таа љубов, и самата љубов наскоро ќе ја добиеш. Позитивните луѓе, привлекуваат позитивни нешта. Оние што даваат љубов, тие и ја добиваат. Значи, избриши ги негативните мисли од главата. Под итно! 3. Можеби не е вистинскиот. Слушај го срцето. Запознај се прво себе си, а потоа и него. Прави онака како што ќе ти дојде одвнатре. Немој да размислуваш премногу, само чувствувај. Прави како што ти доаѓа од меѓу градите. Ако твојата душа се сомнева дека го сакаш, послушај ја. Откажи се, и немој да се мачиш напразно. Тоа што не си успеала значи дека те чека нешто уште подобро. Навечер пред да спиеш, визуелизирај го човекот од твоите сништа, замисли го како е покрај тебе, како веќе го имаш и како те сака безусловно. А наутро пак, заблагодари се за способноста да сакаш и да даруваш љубов. Ти посакувам се најдобро @Данделион
Јас на 17год хуба буба џвакав а не размрсував долги врски.. Не треба никого да усреќиш.. доволно е самата себе да се усреќиш.
Најголема грешка на повеќето жени па дури и девојки на твоја возраст е што имаат тенденција да се ставаат во улога на спасителки, да ги оставаат сопствените желби и потреби на страна за да го усреќат својот партнер. Да се биде несебичен и желен за помош е навистина за аплауз, но најчесто истите овие жени мислат дека навистина можат да го усреќат и променат нивниот партнер што е многу, многу редок случај. Најчесто луѓето кои цело време кукаат се привлечни за луѓето кои се чувствителни и емпатични но во 90% од случаевите само сакаат да исцицаат нечива крв а не се подготвени да дадат ништо за возврат. Затоа впуштање во врски со луѓе кои покажуваат такви знаци воопшто не ви препорачувам. Не ви треба некој да ви ја цица енергијата постојано а згора на тоа да ве прави да се чувствувате како да не сте доволно и како да е ваша вина тоа што таа личност сеуште не е среќна. Овие луѓе имаат проблем самите со себе и само тие лично можат да се усреќат. Сакале вие или не, you have no power here. Конкретно за твојот случај можам да кажам само едно - Не му се замарај многу.