1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како да го/ја освојам?

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од HopelessLover, 19 декември 2011.

  1. HopelessLover

    HopelessLover Активен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    2
    Здраво девојки. Ми треба помош, ваше мислење во врска со еден проблем што многу ме измачува. Знам дека малку е долго ама ве молам прочитајте го и дајте ми некој совет. Навистина ми треба.

    Кога се запишав во средно прва година се запознав со девојче што се погоди да учи заедно со мене во истиот клас и по некоја случајност истото тоа девојче живеело во мојата населба и завршило основно во истото школо како и јас. Се запознавме, станавме другари, бевме во истото друштво и секој ден заедно се враќавме дома со истиот автобус. Работата е што до трета година се беше во ред се додека не почна да ми се допаѓа. Девојчето е стварно на место, паметна, убава, вредна, трудољубива, сите и се петки во школо, прекрасен карактер има, со сите е добра, кротка, мила и сл. Треба да си будала за да не ја засакаш. Како и да е, цела година ги криев тие чуства од причина што се плашев да не се оддалечиме ако и кажам дека ми се допаѓа. Меѓутоа, таа почна толку многу да ми недостига, нон стоп мислев на неа. Пред заспивање и сабајле кога се будам таа ми е во мислите. Јас се ЗАЉУБИВ во неа. Си мислев, само се залажувам, па таа ми е само другарка неможе да се заљубам во неа...но колку повеќе се убедував дека не ја сакав толку повеќе сваќав дека неможам веќе без неа. И бев сигурен, Јас ЈА САКАМ. Сакам да ја прегрнам, да ја погалам по косата, да ја бакнувам. За прв пат во животот навистина сум заљубен. Многу ја сакам и поштувам.

    Како и да е, едно саботно утро се разбудив и како и секогаш таа ми беше во мислите, но мене не ми се живееше повеќе вака. Се решив, вечер ке и се јавам. Така и направив, и реков по телефон дека сакам да разговараме. Излеговме во маало, и кажав се по ред како што е, се ова што го напишав овде и плус уште многу други работи. Бев толку искрен. Ми требаше многу време да соберам храброст да се одлучам на ваков потег. Девојкава ме ислуша и ми рече дека е во ред да си кажам што осеќам за неа но дека не може да ги задоволи моите барања :sweat: . МЕ ОДБИ. Повеќе незнам што да правам не ми се живее, стварно сум заљубен, незнам како функционира женскиот мозок на 18 години, дали стварно не е заинтересирана или само е збунета...Ми треба совет од поискусни и повозрасни девојки кажете ми што да правам, како да ја освојам. Морам да ја освојам.
    Ви благодарам однапред, очекувам добри совети
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    ЈА од мое искуство би да ти кажам дека, девојчето се исплашило .

    Мене два три пати ми се има десено во живот другар да ми признае дека има чуства за мене. Искрено сум бегала, ендоставно се плашев и ден денес се плашам од такви ствари. Ни ја незнам зашто ама ете ...

    Мислам дека девојчево те гледало како другар секако, ама можи и нема некои чуства за тебе за да би започнала нешто со тебе.
    Најубаво би било да оставиш на времето малку. Не дозволувај да се оддалечите само. Пробај прави се дека ете ко ништо да не било. Само не и се напнувај многу . Можда и за почеток е добра една дистанца да се стаи. Али тоа ке си видиш по самиот тек на настаните и односот ваш.

    Ти ја поздравувам одлуката што си признал чуства. Видиш и таа исто. Што значи цени искреност. Покажии дека ете ако ништо друго како другар пак ке бидеш тука за нејзе.

    Можеби се осеќа и збунето . Така да остај малку нека се олади ситуацијата. Па ке си размислите со ладни глави.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.475
    Допаѓања:
    8.168
    Пол:
    Женски
    Многу убаво си ја опишал ситуацијата,секоја чест за тебе што си имал храброст да и ги признаеш своите чувства.Во пубертетот се случуваат многу промени како кај девојчињата,така и кај момчињата.Само немој да ја губиш надежта.Остави време девојчето да се соземе,да се преиспита,немој нејзиното одбивање да го сфаќаш здраво за готово.Можеби таа се исплашила,можеби е збунета а можно е и ништо да не чувствува за тебе.Кај секое девојче чувствата се различни,некои сакаат врсници,некои сакаат постари,тоа е прашање на личен вкус.Ти побара совет,еве според мене најдобро е да останеш во нејзина близина како досега,но немој да ја притискаш така само ќе ја оддалечиш и ќе ја изгубиш.Обиди се да те гледа на поинаков начин,смени го имиџот,пробај да ги разбудиш љубовните чувства во неа ;) .Ние девојките сакаме кога сме во неизвесност,така што јас би ти препорачала да бидеш некако недостапен,немој секогаш да и бидеш на располагање,да видиш дека ќе ја заинтригираш :) .Нека зборува твојот поглед,ако ,,начекаш ,,некој момент ,бакни ја ,немој само да мечтаеш по неа.Обиди се,се надевам дека ќе успее.Ако стално и зборуваш колку ја сакаш,ќе го изгуби интересот за тебе.Значи,обиди се со акција .
    Исто така,еве како што се наближува Нова Година,подари и нешто што ќе и се допадне,ќе го цени тоа.Љубовта е најубаво чувство ,те разбирам како ти е,нема некој кој не минал низ тоа.Со среќа ,и пиши ни како се одвиваат работите :hai:
     
    На Lolo5 и Shortie им се допаѓа ова.
  4. Shortie

    Shortie Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2011
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    71
    Пол:
    Женски
    Ммм вака..можеби ќе звучи грубо ама не можеш некој со сила да натераш да те сака или да биде заинтересиран за тебе..Ако сакаш нешто да постигнеш треба да имаш малце т.е малце повеќе трпение во твојов случај..ќе се сложам со hermosa пробај нешто ново што до сеа таа не би го очекувала од тебе..а да можеш и малце како незаинтересиран да глумиш..ама сепак без претеризам ако видиш дека покажува некакви знаци..ако на крај глеаш дека ништо не бидува,сигурна сум дека постои некоја која чека на некој како што си ти..верувам во тоа..така да никогаш не губи надеж и ГЛАВАТА ГОРЕ!
     
    На Lolo5 и hermosa им се допаѓа ова.
  5. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.831
    Пол:
    Женски
    Па не се откажувај толку лесно, ако си близок со неа остави и таа да почувствува нешто за тебе. Продолжете заедно да излегубвате, речи дека и покрај тоа што си заљубен во неа сакаш да останете пријатели. Дружете се, ќе се погоди момент и неа да и треба утеха, па тогаш ќе ја имаш во раце. Со среќа позз :D
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    Биди упорен, ама никако нападен :) Ако се уплашила од другарот кој и признава љубов, можда ќе почувствува милост кон момчето кое се труди :)
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.145
    Допаѓања:
    2.620
    И јас сум била во таква ситуација, каде другар ми(многу добар другар) се заљуби во мене и ми го призна тоа. Искрено да ти кажам многу ми беше жал кога ми го кажа тоа затоа што го сакав само како другар и ништо повеќе и од тогаш ни се распадна другарството. Прво едно браво за тебе, за храбриот потег што си го направил. Ретки се толку храбрите машки. :clap: Ако ти е другарка сигурно знаеш каква е, дали сака некого дали не. Ако не е заљубена во никој имаш големи шанси да бидеш со неа. Но ако нејзиното срце веќе припаѓа на некој друг .. попусто ќе се трудиш.Биди упорен, но немој да бидеш нападен. Ако си нападен може да и се здосади твоето однесување и да не те цени повеќе како до сега и ќе гледа да те одбегнува. Сега остави ја некое време. Гледај како ќе се однесува со тебе. Сигурно и на неа не и е сеедно што нејзиниот другар е заљубен во неа, па секако нема да се однесува исто како порано. Пробај да ја освоиш со тоа што си, таков каков што си, ако не успееш со тоа со ништо друго нема да успееш. На сила убавина не бива, така да ако таа не сака да биде со тебе не ти останува ништо друго освен да ја оставиш и да ја заборавиш. Ајде известувај не што ќе направиш. Со среќа. :)
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    317
    Како што кажаа и девојките погоре... Не форсирај... остани во близок контакт со неа, пријателски...
    Можеш и да направиш некои промени во стилот , да не бидеш оној другар кој го има во мислите... Да те погледне со други очи... но не се окупирај само со неа..бидејки таа може да го осети тоа ...ако не се гледаш со женски итн. па да се осети како да имаш некој план и да почне да и смета... Јас имам сличен пример бидејки мој многу добар другар од средно после неклку години дружење ми кажа дека сака да биде со мене ... Бидејки ми беше многу добар другар и знаев дека би била срекна и јас сакав, знаев дека ке бидам срекна со него... знаеше се за мене , и јас за него (од девојки до се) ...се смувавме , но во мислите тоа ми дојде многу чудно :^) како неприродно...и му кажав дека не можам така да го гледам...Ми даде некој рок додека да се врател ( отиде негде на една недела) да се навикнам на идејата дека сме пар :o Ми беше тешко што морав да се соочам со реалноста дека нема веќе никогаш дружбата да ни биде како пред тоа... и :( кога требаше да се видиме му кажав дека е најдобро да не контактираме веќе бидејки сватив дека го изгубив како другар а само така го гледав...........
    Така да ...полека и ... или ќе биде ... или може дур си стрплив некоја друга ке ти го освои срцето што ке те гледа поинаку.....Никогаш не викај никогаш
    :rofl: Да не бе брзаше така другарот може ќе бев сега со него :^) Но јас сум таква одма прекинувам контакт
    а не за џабе рекле старите ТРПЕНИЕ СПАСЕНИЕ :*
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.626
    А јас пак ќе те советувам нешто сосема друго од тоа што те советуваат девојкиве.... (верувај незнаат и они шо сакаат) :rofl: .... затоа - никаков контакт со неа се додека не те побара....никаков - ЗНАЧИ НИКАКОВ !!!!!! Што ќе постигнеш со ова? ако си бил близок со неа како што викаш - ќе почнеш да и недостасуваш и ќе се наредат коцките...додека ако останеш у контакт со неа, ти ќе се осеќаш како што се осеќаш сеа, она ќе си шмека други и тоа е тоа, нема да го почувствува твоето отсуство...затоа - контат на нула, ако се видите некаде на улица само и кажуваш здраво и си продужуваш (ако те праша каде, речи и се брзаш) .... And that's it ;)
     
    На Lolo5 и mackica-1 им се допаѓа ова.
  10. Shortie

    Shortie Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2011
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    71
    Пол:
    Женски
    Xaxa а бре ја сака дететоо иии..Глеаш дека неможе без неа..ја не викам да не држи далечина..направи нешто од страна што мислиш дека би и се свиѓало,ама сепак keep distance,исто како да не се замараш..само немој да претеруваш,ќе видиш со тек на време ќе си легне на брашно(за жал некои прекасно сваќаат кој има околу нив)ама ништо не те кошта ако пробаш...

    И обавезно извештај! :)
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Shortie

    Shortie Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2011
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    71
    Пол:
    Женски
    Хаха а бре ја сака дететоо глеаш дека цело време мисли на неа..нека држи раздвоеност ама ако толку оцајно ја посакува ..нека проба нешто од страна,нешто што мисли дека би и се допаднало но сепак да биде како I don't care anymore... :)
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.626
    не бе какви папучарски гестови....немој не го лажи :D или се или ништо....или ќе ја биде или нема :) во спротивно ќе се измачува долго време....сите сакале, не е прв ни последен....така да тотален игнор, тотална раздвоеност и контакт нула.....само тоа ќе донесе резултат, верувај.....а другите папучаркси работи, со праење на гестови што би и се допаднале - само ќе и покажат дека го има у ракав и ништо друго..ќе си ги дигне она акциите и ќе си мисли дека и пичка ипол, а него од друга страна ќе го заебава додека она се надева дека некој друг ќе и се пушти, НЕКОЈ ШТО ЈА ИГНОРИРА !!!
     
    На Lolo5 и sesilija им се допаѓа ова.
  13. Shortie

    Shortie Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2011
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    71
    Пол:
    Женски
    Абе не гестови па и ти хаха..нешто да напраи кај него што би и се свиѓало неаа..не директно да биде насочено,ваљда ја знае до толку пошто се дружеле..нека проба шоо ако нема чаре јбг.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. lepa.milena

    lepa.milena Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2011
    Пораки:
    346
    Допаѓања:
    161
    Јас пак, имам еден другар во слична ваква ситуација, само што разликата е што девојчето не го цени ни како другар, а таа има 18 год, а тој уште малку 19. Секогаш кога и се јавува или пише смс, таа му измислува изговори, а тој дури и вели ок, демек ако не можат како двојка, тогаш како другари, и да оддвоела барем 5 минути за него како за другар. Ама таа дури бега од него. Чаре??? :D
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. peperutkaa

    peperutkaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    942
    Допаѓања:
    618
    Пол:
    Женски
    Чаре да си најде друга, шо ќе го цени како личност шо постое на овој свет. А не да и се моле да дотичната де ај 5мин, де ако неќеш дечко да ти бидам ке ти бидам другар...
    За никој не вреди толку ниско да паѓаш, макар и последна да е на светот...
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. HopelessLover

    HopelessLover Активен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    2
    Баравте извештај...Девојкава си фати друг дечко што дали два пати го имала видено во животот...Не е важно тешко е ама ке ја преболам. Ви благодарам на сите за обидот да ме советувате, поздрав и многу среќа во животот а посебно во љубовта (ете јас ја немам ама тоа е тоа)... :hai:
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752

    можеби и ти ке си најдеш некоја кога најмалку ке очекуваш
    во љубовта никогаш не се знае
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. lavot2001

    lavot2001 Активен член

    Се зачлени на:
    18 март 2017
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    Добарден девојки. Ве молам помагајте. Заљубен сум во една девојка, но не ми одговара на пораките. Ја поканив да искочиме некаде ама само на seen ме остаи. Многу ја сакам. Не ми се живее без неа. Денеска ја прашав како си но пак не ми одговори.
     
  19. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.052
    Допаѓања:
    76.048
    Пол:
    Женски
    Може малку подетално да напишеш, да знаеме како точно стојат работите па да ти одговориме? :) Вака според ова, секој ќе ти каже дека девојката е незаинтересирана, дека ти си и досаден, дека нема начин да те засака... Како стоеја работите досега?
     
  20. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.062
    Пол:
    Женски
    Ти се живее и те како.
     
    На hermosa, Згодно Момче, jacqueline.s и 7 други им се допаѓа ова.