Другарче, на месенџер не иде работава, лице у лице, олд скул, веруј има да дознаеш на брзинка, така и ја би оставил некоја девојка на seen ако у лице не може да ми каже што сака.
Дијагноза: прва љубов (така мислам стојат работите). Пропратена е со постојано компулсивно мислење каде е што прави саканата личност, дали (Не дај Боже) е со некој дечко, на кои места излегува, целодневно мислење и смислување стратегија како да се започне разговор со неа... Ама со тек на време проаѓа, и гледаш дека Nije zivot jedna zena, sto si glavo zamisljena
Битно да е околу тебе тоа што го сакаш... и да е купено и да е изнајмено - исто се рачуна. Како викаа она што сметаш дека е твое, земај и бегај
Според мене не е исто верувај...друго е да си вистински заљубен, друго е да изнајмиш, а друго е да купиш нели..
Не си појаснил како стојат работите... Вака од прва делува дека не е заинтересирана за тебе. Можеби е зафатена, можеби сака друг... Во моментов мислиш дека е една и единствена на светов но верувај дека веднаш штом ќе се појави друга девојка со која ќе делите взаемни чуства, веднаш ќе ја заборавиш оваа. И не треси дека не ти се живее и не знам што, ако сите умираа поради невозвратена љубов, тешко на светов, половина од луѓето ќе ги немаше.
Сигурно е ова некоја љубовна опсесија . Не се грижи за некое време ќе ти помине ништо страшно. Да не те разочарам, но таа сигуно не те сака или пак сака многу да се потрудиш за неа, не ти треба таква продолжи си само со животот и не бери гајле нема да умриш ако не е твоја.
Прво предложете ми некоја бајачка, бидејќи бившион сигурно ми фрлил клетва некоја после него да не можам да најдам никој Нема да се навраќам уназад, ама веќе две години немам среќа, све налетувам на чудни дечки што не знаат што сакаат, и ми набиваат само комплекси... Имам 23 години, до сега сум имала само една врска која што траеше една година и од тогаш не можам за мување да најдам,а не за нешто повеќе. Сега сум во нов проблем. Се заљубив во 10 години постар од мене.. Се опседнав, не можам од глава да го извадам. Често се сретнуваме, излегуваме на исто место. Чуден е. Знам дека му се допаѓам ама нешто го кочи. Женет не е, со сигурност, знам дека ке ме прашате тоа. Девојка нема ништо сериозно. Се смувавме неколку пати, но вака никогаш не ми пишал да излеземе, да се видиме, се било така кога ке се сретнеме.. А јас од пуста желба и на тоа се радував. Јас ке му пишам не ми враќа.. И сега прво што ке ви падне на памет дека не е заинтересиран за мене, но не знаете како ме гледа само, како ме гушка, бакнежите.. аххх не знам како да ви опишам.. Ама битно ке полудам, го сакам! Искрено мене годините не ми се битни, а он преубаво изгледа.. Имате ли совет некој како да се зближам со него? Познаник ми кажа дека он е малку "тежок" дечко, не се давал лесно како повеќето машки што гледаат само да легнат некоја.. Што да направам за да го освојам повеќе? Многу девојки го сакаат, многу е шармантен,културен, убав.. Сигурно има некоја, но секогаш е сам, и како што се распрашав немал ништо сериозно и со мене во јавност се смува.. Не верувам ако има сериозна врска да се мува во јавност и никогаш да не излезе со таа..