Како да дознаам дали ме изневерува ?

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од bubuu, 16 мај 2011.

  1. bubuu

    bubuu Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    4
    што ако еден ден , случајно отидете кај него , и дознаете дека тој веке 2 недели си прави муабети и тоа долги муабети во сред нок до 3 саат и од сабајле и во текот на денот со друго девој4е со го запознал бас пред 3 недели ? и наеднаш ви се поклопуваат работите и свакате каде мистериозно исчезнувал неговиот кредит во последнов време и го прасувате шо е работата и добивате одговор као демек тоа се другарски муабети она ми е другарка неам нисо со неа.... И како да дознаам дали е тоа вистина или не ако он несака да каже? идеи ?
     
  2. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    Како да дознаете дали ве изневерува ?

    Сакаш искрен и директен одг.? Не е другарка. Ти и сама веќе знаеш...Правење муабети до доцна во ноќта не е знак дека другарува со неа, туку дека има некоја поврзаност меѓу нив. Дали тоа девојче го знае лично или ја запознал на нет?
     
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.050
    Допаѓања:
    155.009
    Како да дознаете дали ве изневерува ?

    Е шо да дознаете...нема шо да се дознава.
    Не знам колку долго сте во врска,ама очигледно нешто не штима тука.
    Си бара нова возбуда,нови работи,ама сака да игра сигурно,па те држи и тебе.У 3 сабајле со другарка муабети,па и кредити да фрштат набрзина...многу добар другар е овој дечко ти.И јас би сакала еден таков.
    Среди си ја работава додека е време,биди брза и отворена,а не да правиш интриги па сега ти као ќе го откриваш,па ќе правиш сцени,па као ќе го стегаш да види која си ти тантара-пантара работи.
    Јасно е ко ден.Му одиш,го пресекуваш и вртиш грбот,е после тој е на потег.Нема тука плачки и играчки,па како,па зошто,па љубоморни сцени...Ок е да има другарки,многу ок,ама другарки у 3 сабајле,секој ден,3 недели по ред...момчаков се забавува и му фали возбуда ко на почеток на врска.
    Бери памет дур си со цел срце и его,зошто може уште и да не те изневерил,ама на добар пат е.
     
  4. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    718
    Како да дознаете дали ве изневерува ?

    Се зависи од врската, колку трае, колку добро се знаете, иако ни тоа не мора да е главен фактор. Едноставно никогаш не можеш да знаеш 100%, луѓето се менуваат, поради едни или други причини, некогаш и против своја волја.Ако порано мислел дека никогаш не би изневерил можеби сега се појавила некоја желба, може и тебе да ти се случи тоа. Едноставно мој предлог ти е да оставиш како што е, одалечи се ако можеш малку од него да примети дека може и да те изгуби па да се свести ако има намера да те изневери. Пробај да не мислиш на тоа, верувај ако те изневери ќе се дознае. Можеби не одма, ама ќе дознаеш. Колку повеќе мислиш на тоа толку повеќе ќе се напнуваш и себе и него што може да го натера и стварно да го направи тоа. Значи најтопол совет воопшто не мисли на тоа, ако си со партнер за кој не можеш да кажеш дека си прилично сигурна тогаш не ја гледам поентата да бидеш со него. И верувај во долги врски е нормално да се јави потреба да флертуваш без разлика дали е во живо или не,меѓутоа ништо повеќе од тоа не е оправдано.
     
  5. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.050
    Допаѓања:
    155.009
    Како да дознаете дали ве изневерува ?

    Аиии како бе да остави?!Да си чека,а знае?!Зошто?!За да пукне скандал и драма после?!Па срце и душа да ја боли што се десило,а знаела дека ќе се деси?!
    И драмење од типот,сеа јас ќе се оддалечам од тебе,па ти молиме...толку се незрели,комплицирани и измачувачки...Така ако направи услуга му прави.Си вика,а оваа ете ја се откачи,не мораше јас да смислувам како да ја откачам,сеа ќе си флертам на раат,без совест да ме гризе.Па девојчево уште толку да попука и да се разочара.
    Јас не знам зошто толку силно верувате у тоа дека ако се оддалечите од партнерот тој секогаш ќе потрча по вас.Никој не е незаменлив,па уште у ваква ситуација кога батево си прави забави...мерак.

    Му одиш и му кажуваш јас мислам вака и вака,не можам да поминам преку тоа,остај ти другарка,со другарка не се праат муабети во 3 сабајле и тоа другарка толку блиска за 3 недели.Јас ставам тука крај и си оди,еее тек тогаш може да го чека на потег,а не вака,ќутенката и ќе чека да му текне,а тој не чита мисли.Најиритирачкото нешто што може да го направи и бетер да си ја укашка работата.
    У секој случај и двете може да се сведат на едно,ама бар вака ќе си ја зачува гордоста и срцето колку-толку.
     
  6. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Како да дознаете дали ве изневерува ?

    Малку е глупо ама ако се само другари и тоа пократко време не е логички цела вечер да зборуваат на телефон :^) Среди си ја работата додека не се случи нешто поголемо. Подобро да се спречи одколку да се лечи убаво испитај си ја работата!
     
  7. love23

    love23 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    915
    Мислам дка си можела да причекаш и да го следиш без ништо да го прашаш ако си се сомневала во него и на дело ќе го фатиш, вака тој може да се вади да ти вика тоа ми другарка со која разговара до 3 пополноќ итн.... сепак немаш алиби со што да го докажеш неговото ,,изневерување,,, :?: Сега остави го неколку дена прави се дека си заборавила на тоа и тогаш можеш пак да провериш во тоа што се сомневаш. Јас додека бев во врска со мојот маж еднаш ми рече денес ќе излезам со другарите, му реков добро ама тоа се случи дргата недела пак не реков ништо ама вриев :devil: ама кога рече ке излезам и третата недела со другарите веќе се појави сомнеж во мене и пак не реков ништо :envy: туку само го прашав каде ќе седнете да не ти е далеку од дома, а тој ми кажа каде ќе седнат. Мене место не ме држеше и земав такси отидов да се уверам дека е само со другарите, на такистот му реков полека да вози пред кафулето за да можам да видам убаво. Кога стасав до местото мислев срцето ќе ми излезе од возбуда дали ќе видам нешто што нема да ми се допаѓа и тогаш видов навистина мојот сакан седи со своите другари и така го тргнав сомнежот без да го прашам, без да го навредам, без да правам драми.
     
  8. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.020
    за 100 денари
    пишете адреса име презиме и ја ке ви донесам информации во рок од 1 недела дали изневерува или не

    попуст за тие што ке се јават за 24 часа :?:
     
  9. bubuu

    bubuu Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    4
    ви благодарам на одговорите, инаку врската ни е 2 ипол годисна , веке , неколку дена од пред први мај , почнавме да се караме бас за тоа за први мај , и одтаму настанаа овие глупости , таму на тој грд први мај он ја запознаа па и јас таа со која сеа се муабети ....и само сакам да ми казе се , само сакам да признае, нема потреба засо да лаже коа висе , ако не му значам онака као со било порано може да расчисти одма и да каже а не вака да се нервирам ....
    фала во секој случај
     
  10. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    638
    Бубуу ако го молиш да признае никогаш нема да го добиеш одговорот,секогаш ќе одбегнува да се отвори пред тебе и искрено да ти каже дека има некакви симпатии кон ,,другарката,, А и сама знаеш дека не е другарка,дека можеби му се допаѓа, дека ова што се случува води до пропаст на вашата врска!
    Немој да бараш ништо да ти призне туку ти пресечи,ти кажи му дека не си толку современа да веруваш во машко-женско дружење во 3 по полноќ, речи му дека те повредил и дека се чувствуваш изневерено и потоа прекини контакт со него(барем на некое време)! Мислам дека ако покажеш заби ќе те свати посериозно!
    Што ти треба признавање од него |( ,и без неговото признавање ти веќе знаеш дека нешто се случува! Е сега само одбери дали ќе веруваш во неговите приказни и ќе толерираш, или ќе бараш да направи избор помеѓу тебе и другарка му!
     
  11. bigfish

    bigfish Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    27
  12. bigfish

    bigfish Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    27
    еве кои би биле 10 - те оричини за неверство,може некој ќе се пронајде во 1-2, некој во сите а некој во ниедна:


    10. Партнерката е ретко (или не е никогаш) расположена за секс
    Очигледно дека во долгите врски многу од луѓето ја губат желбата за секс, со тоа оставајќи го партнерот самиот да трага по телесните задоволства. Кога ќе се појави потреба за "уште повеќе секс", многу од нив почнуваат да "остануваат на работа до доцна". Друга можност е дека сексот едноставно станал премногу предвидлив и досаден. Таа не е склона кон новитети во креветот, одбива да експериментира, не сака фелацио... Некои од мажите навистина ги изневеруваат своите девојки или жени затоа што тие не ги прифаќаат сексуалните чинови кои би го уништиле нивнот имиџ на "добри девојки". Затоа, мажите си наоѓаат љубовница која ќе се погрижи за тоа.

    9. Таа го изневерува него
    Кога мажот ќе открие дека жената е неверна, се ослободува од насобраниот бес со тоа што и тој го прави истото што и таа. За многу мажи тоа е единствениот начин да се одмаздат на своите неверни партнерки.

    8. Предизвикувачки и возбудливо
    Доколку жената со која што спијат ја гледаат како сексуален трофеј, сигурно барем еднаш биле неверни. Постојат мажи кои едноставно не можат да живеат без тоа возбудување кое им го пружа ловот на жени и освојувањето. Кај некои се работи само за потреба за промена.

    7. Измамата може да пројде
    Тоа што не го знаеме, не може ни да не повреди - вели една стара поговорка. Самото сознание дека никој не може да открие што се случило и следствено на тоа - никој нема да биде повреден. Ова е доволна причина мажите да ја зграбат шансата.

    6. Неверството го храни машкото его
    Ништо не ја подига машката самодоверба како сознанието дека некоја друга жена го посакува. Во сите долги врски, мажите се прашуваат дали сеуште добро би прошле кај спротивниот пол.

    5. Шанса на дофат на рака
    Неоспорен е фактот дека мажите не можат да кажат "не" кога сексот е на видик. Бидејќи мажите не се константно бомбардирани со понуди за секс, понекогаш ќе се појави и неочекуван и неодолив "подарок". Некои од мажите ова го сфаќаат како животна шанса, па си велат - carpe diem!

    4. Жена која секогаш има забелешки
    Секој маж барем еднаш во животот имал искуство со жена која ужива да му го загорчува денот. Поради постојаните дрдорења, некои од мажите едноставно бараат средство кое ќе им ги ублажи главоболките. Неверството за нив е бегство од домашниот пекол, а делува поефикасно од аспирин.

    3. Таа дозволува неверство
    И тоа е вистина, има и такви случаи. Постојат жени кои се подготвени да им ги простат неверствата на мажите. Можеби од страв дека ќе останат сами, или затоа што се сожалуваат. Некои жени дури се обвинуваат самите себе си за неверствата на нивните мажи. Но, фактот дека многу жени простуваат неверство и дозволуваат нивните мажи и покрај очигледниот грев да се извлечат неказнети, мажите само ги охрабрува повторно да го направат истото.

    2. Партнерката не ги возбудува повеќе
    Долгите врски имаат и таква немила карактеристика - луѓето едноставно стануваат мрзливи. Повеќе не водат сметка да изгледаат атрактивно и убаво. Жената многу лесно може да го изгуби тоа што некогаш го имала во неговите очи. Можеби тој повеќе не ја гледа како убава, а водењето љубов со неа не е возбудливо како некогаш. Поради тоа, мажите најчесто и наоѓаат љубовници помеѓу младите и убави жени.

    1. Недостаток на љубов
    По извесен период поминат во врска, понекогаш исчезнуваат емоциите кои некогаш ги имале еден кон друг. Меѓутоа, таа врска веќе станала составен дел од нив самите. Разделувањето изгледа како премногу болно и радикално. Наместо разделување, мажите одат таму каде што ќе најдат задоволство. Во повеќето случаи, ова значи само одложување на разделувањето.

    И конечно, имајте на ум дека неверството не е безизлезна работа. Доколку ја изневерувате својата девојка или жена, можеби сте несреќни во врската или самите имате проблеми за кои никако не смеете да ја обвинувате патнерката. Треба да сте свесни дека вашето неверство е симптом на сериозни проблеми. Можеби тоа изгледа како бегство до тие проблеми, но не носи долгорочно решение.
     
  13. unique123

    unique123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    373
    Ретко кое машко може да признае нешто. Мојов и кога знае дека знам упорно продолжува да ме лаже (фала богу ситници се).

    Мислам дека нема што да дознаеш, како што кажа и Лилит, ти веќе се знаеш, се е кристално јасно, само проблемот е --немој да си ја направиш болката поголема отколку што ти е --. Кога машко во една врска посегнува по друга девојка, макар и само на муабет (а ретко се задржува само на тоа) тоа е знам дека нешто во неговите чувства се изменило.

    Меѓутоа роблемот веќе не е он, туку си ти. Он направил, што направил, машко ко и секое друго машко. Ти треба да размислиш сериозно што ќе правиш понатаму, а никако несмееш да чекаш и да видиш што ќе биде, така само полошо ќе биде.

    Размисли во што веруваш и во што сакаш да веруваш, често ги мешаме тие поими, па после тоа само болка си нанесуваме.
     
  14. bubuu

    bubuu Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    4
    најново несто од него ! , му свртев да му казам да не доага кај мене тој ден и наредниот ден , дека јас ке дојдам за да направиме муабет, и коа вртев ( у 1.00саатот) замислете , бесе зафатено и упорно и упорно бесе зафатено ) и на крај ми се јави , и му викам со кој зборесе? и ми вика со другар , и ја му викам аха ок , и ми вика со аха? и викам не верувам и тука го имате моментот ми се нафрла мене со триста глупости , мислам се обиде кривицата на мене да ја префрли као јас сум залсузила да ме извара бас оваа реченица ми ја каза КЕ ТИ ДОКАЗАМ ДЕКА И ТИ СИ ГРЕСЕЛА НЕ САМО ЈАС , тука веке си ја призна греската , и имасе момент од демек ја од кај знам ти со праис , ми сврте муабет за мојата матура која бај д веј бесе пред година дена ...тек сеа ми ја спомнува и триста други измислици , а јас не сум го изварала , никоас не сум ни сакала ни нисо , и ми се изнадра и ми рече ке ти се јавам утре , сеа неам кр .... и не ми се јави, наредниот ден , не му се јавив ни јас....денес е денот после тој ден коа тревасе да мми се јави...не вртам сеусте , неверувам и дека ке ми се јави, знам дека е крајот ...
    само сакав да писам и да ве известам сите вас кои ми вративте на моето прашање сто се слу4и ...
    ви благодарам усте еднас
     
  15. bubuu

    bubuu Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    4
    мала греска , му вртев за да му казам засто несакам да дојде тој ден ( затоа вртев толку касно засо он седи) и сакав да му казам ке правиме муабет!
     
  16. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    Целава ситуација со него е веќе нели јасна. Тој се слуша со неа и веројатно има некакви намери...А нема м**а да ти каже дека меѓу вас не е веќе она што било. Машките секогаш дури чекаат на девојката да стави крај, затоа што се кукавици од највисок ранг. Тешко е ама подобро со време кажи му дека меѓу вас е готово, затоа што си изгубила доверба во него, знаеш дека те лаже и не гледаш никаква иднина во врската. Подобро вака него да се мачиш и понатаму и да се осетиш еден ден понижена ептен. Продолжи без него, не те заслужува...ќе се појави друг кој ќе знае да те почитува.
     
  17. irena-10

    irena-10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2010
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    882
    Кога веќе тој воопшто не се ни труди да ти докаже дека не е така, кога не се ни труди да не разговара со неа за да не те изгуби тебе, кога тебе ти ја префрла фината- зошто викаат нападот е најдобра одбрана- и кога веќе гледаш дека не е тоа што било, остави го, ако навистина не те изневерувал, ќе дојде после ден два и ќе разговарате, само ти не чекај да дојдат тие ден-два, прави тоа што си сакаш и не размислувај на него. Не се труди ни ти, само уживај си и пушти го мозокот на пасење, поздрав.
     
  18. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.097
    Пол:
    Женски
    Па ја би ти советувала, да бидеш фина културна и да чекаш...да одбегавап да се расправаш со него, па да пробаш некако да го придобиеш. Ја мислам дека не треба да покажуваш заби зашто ако така направиш одма го губиш. Машките сакаат да бидат галени, пазени мазени :) :) па затоа приуштиму го ти тоа, а тој со сака нека прави. ако не е за тебе нека иде со неа, како почнало тоа-така и че заврши.