Како да му ги отворам очите?

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од LightBlue, 9 мај 2011.

  1. LightBlue

    LightBlue Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2011
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    0
    Во врска сме 4години и 7месеци, а некогаш се чувствувам како да сме во брак, бидејќи му ги знам речиси сите роднини,а и тој моите. Проблемот лежи во неговата тесна фамилија, поточно неговите родители. И тој самиот е свесен дека тие наместо да го подржуваат и да му помогнат да си тргне некој денар настрана, за да има утре кај да основа фамилија, тие очекуваат од него половина од "големата" плата што ја зема да ја дава за сметки, додека мамица се излежава по дома, се шета по кошилукот на кафиња додека наводно бара работа, а моли Бога да не ја најде. Кога и да сум била кај него кога е таму сестра му, не ти даваат ни 5 мин приватност, а ако се договараме да одиме некаде сами, да излеземе, мора да знаат каде,што и како. Па тој веке има 24год, не е мало дете. Неколку пати сме зборувале на оваа тема, и јас јасно му кажав дека не мислам да живеам со неговите, поради неговата вредна мајка која го чека да си дојде од работа за да и стави да јаде. Значи кога и да сме зборувале за сето ова, како и дека е време да се почне да се планираат некои работи, единствен негов одговор е дека нема друго решение, барем сега за сега. Поради тоа и покрај тоа што студирам, почнав и да работам, но се уште нема ни еден знак дека нешто ке се смени во овој магичен круг кој трае веке речиси 5 години. Додека му зборував јас бев таа што е лоша. Сега само се молам сам да си ги отвори очите и да почне да размислува дека му е време да си обрне внимание на себе и на нашата врска, наместо да им изиграва родител, на сопствените родители. Помагајте, зашто јас повеќе незнам ни што да му кажам ни што да направам за нешто да променам.
     
  2. cindy

    cindy Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    161
    јас те сваќам срцке одлично ја знам ситуацијава али да пробаш на друг начин да го разубедуваш на пр. пружи му нешто незаборавно :lol: па после тоа коментирај као демек замисли кога ќе си се земиме да сме сами што ќе се случува и такви работи па можи ќе почни да размислува. јас така успеав некако да му наговорам дека не сакам да седам со мајка му( :devil: ) и се разбира викам јас не можам да се погодам со мајка ми не па со мајка ти а за тоа што дава пари дома |( еве го и мојот а мајка му татко му работат во државни фирми имаат дуќан го издаваат под кирија и плус брат му зема плата и пак мојот финансира по нешто :^) аххх тешко нас со нив :sweat: јас на смеа му плескам се за мајка му се лутеше ама свати дека сум таква и веќе не се лути . пробај ... :*
     
    На LightBlue му/ѝ се допаѓа ова.
  3. SanjaKirchner

    SanjaKirchner Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    512
    Допаѓања:
    760
    Лелеле како да го гледам мојо бивши :@
    Потполно те сфаќам и знам како се чустувуваш. Не можеш да му ги отвореш очите ако сам не сака. Ти си паметна знаеш да цениш работи во животот ама некако он како да подпаднал под влијание на неговите. Ок ке кажам секој треба да има почит и респект за родител ама до толку....Седни разговарај со него, кажи му дека сакаш идинина со него (ако ставрно сакаш) ама дека неможеш на овај начин. Можеби додека ти не си таму мајка му дома врши притисок, којзнае што може да му збори пример: ногу ве сакам и двајцата сакам да живееме сите заедно (со цел како што ти кажа, вие да се грижите за неа) па он, човек со добра душа не сака на никој да наштете.
    Обиди се да му докажеш и покажеш дека вие сте млади и вие треба да гледате на вашата иднина и среќа, нека крие пари скришно од неговите, малку донација ти малку он и со големо трпение можеби ке можете да си дозволите да живеете некаде под кирија.
    А глупо би било да му вршеш и ти притисок како на пример „ке те оставам„ ако не се прекине ваа нервоза, поради тоа што , тоа што го пиша за него се гледа дека и нему не му е лесно.
    Пробај пак да разговарате и да дојдете до заедничко решение, тој има потреба од тебе и подршка, сам нема да може да ги отворе.
    Се надевам дека малку ти помогнав , со среќа :*
     
    На LightBlue му/ѝ се допаѓа ова.
  4. unique123

    unique123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    372
    Драга моја Лајтблу .... изгеда немам конкретен одговор за тебе, бидејќи твојот проблем не зависи од тебе :worried:
    Тоа е тажно и жално, но не можеме да ги промениме работие кои ни сметаат, единствено можеме само да се прилагодиме на нив, се разбира ако сакаме и ако сме подготвени.

    Дали се решава се со разговор? Колку пати досега сте го воделе истиот разговор? Се сменило ли нешто? Додека луѓето сами не се свестат за некои работи ние можеме и до утре сабајле да парламе и дебатираме како треба и како сакаме да бидат работите, али џабе е !

    Се додека на него не му се уклучи алармантната црвена сијаличка дека нешто не е во ред, ти неможеш да внесеш некои позначајни промени во неговиот живот. Се зависи од него, не од тебе. Некои работи не сме моќни да ги промениме колку и да сакаме. Затоа, чекај доколку мислиш дека чекањето се исплати, а ако не - па има и други риби во морето -.
     
    На LightBlue му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Heartbroken

    Heartbroken Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2011
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    17
    и јас имав таков дечко и и јас исто му префрлав за мајка му затоа што веќе не се ни трпеше искрено.. сега раскинавме и не сакаш да знаеш какви муабети се вадат.. јас разбирам дека секој пат некој мора да биде крив али што е многу многу е.. искрено и најреално таков ке остане едноставно јас мислам дека такви луѓе не можат да се сменат али не сакам да ти дадам погрешен совет ти си знаеш
     
    На LightBlue му/ѝ се допаѓа ова.
  6. michele

    michele Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    7
    Draga moja Heartbroken,sekoe raskinuvanje na vrskata nosi i gorclivi momenti,no sigurno deka vo vasata vrska dodeka traela imalo i momenti koi vredele...Sekoja prikazna sekogas ima dve strani...I sekoja prikazna e poinakva od drugite..I treba da se gleda i dobroto i losoto vo nea...Zasto vo zivotot ne e se crno ili belo....Mozebi ponekogas treba na rabotite da se pogledne realno i da se razgovara za niv a ne samo da se prefrla..Zasto,skoro sum sigurna deka dodeka ste bile vo vrska so decko ti ,si bila prifatena od negovata majka i deka se trudela da vi pomogne na dvajcata tolku kolku sto mozela...Pocnuvajki od toa da bide vasa podrska duri i togas koga drugite bile skepticni deka nema da uspeete vo toa sto ste go pocnale...Gordeejki se so vasite uspesi i slusajki gi vasite planovi..Zosto???Zatoa sto veruvala vo vas.Sigurna sum deka so doverba ti go dala osven klucot od stanot i klucot od svoeto srce prifakajki te kako kerka koja ja nemala...I sigurna sum deka mozebi i i nejzinoto srce bilo povredeno koga nekoi kako sto velis"muabeti se izvadile" i koga otkrila deka doverbata sto ja pruzila ne bila vozvratena,i otkrivanjeto deka vsusnost ne ja poznavala licnosta vistinski...Mozebi,ponekogas pricinite za nekoi promeni koi nastanale vo vasiot odnos treba da se pobaraat i kaj dvete strani,a ne samo kaj ednata...I verojatno pricinite za raskinuvanjeto se malku podlaboki od toa....Vagata na koja se meri krivicata sekogas ke navaluva cas na ednata ,cas na drugata strana... Premnogu e ednostavno da se prefrli na ednata strana i da se olesni sopstvenata sovest....Doblest i cest e koga covek moze da si go priznae i sopstveniot del od vinata....Nikoj od nas ne moze da sudi zasto gi gleda rabotite sekoj od svojot agol....No,jas,zboruvajki kako majka,gledajki gi rabotite od toj agol,seuste sakam da veruvam deka licnosta koja ja sakav i pocituvav kako kerka ,dlaboko vo srceto gi cuva dobrinite koi sum gi napravila od srce za nea i ne me zapametila samo po loso....Sakam da veruvam deka ponekogas ke se sekava na ubavite momenti koi gi delevme...vo dobro i loso...Rekata na zivotot i ponatamu ke ne nosi site vo razlicni nasoki,ke se udirame na karpi,ke plovime po mirni zalivi,no sekogas treba da se sekavame deka eden del od toa patuvanje go pominavme na zaednicki brod...
    Ti posakuva sreka....znaes veke koj,neli....
     
    На AIT, Gea и happynessss им се допаѓа ова.
  7. Heartbroken

    Heartbroken Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2011
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    17

    Многу коректно и убаво кажано :)
     
  8. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.276
    Допаѓања:
    5.144
    Се додека не се осамостали и формира свое семејство, така ќе се однесува.
     
  9. love23

    love23 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    906
    Познавам многу другарки кои се соочуваат со овој проблем кој навидум изгледа банален и провиден но не е така тоа е реален проблем со кој ти и твоето момче треба да си го решите. Мислам дека си во право дека треба да се палнираат работите во живото и да се палнира семејство додека сте малди се прави тоа. Зошто не пробате да започнете заеднички живот изнајмете си стан и двајцата работите така не ќе може никој да ви се меша во живото или кој купил нешто денес или за било која ситница двајцата ќе си донесувате одлука и никој од страна нема да ви се меша. Мислам дека денес многу млади парови се одлучуваат на овој потек баш поради фактот и влијанието на потесната фамилија.
     
  10. Nightmare3

    Nightmare3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Zdravo na site.. od ista pricina kako i tebe LightBlue i jas pisuvam tuka.Go imam istiot problem kako tebe,potpolno te razbiram kako ti e...Mene takvite problemi me unistija,od mnogu nervozi okolu tie prasanja stasav do anoreksija i bulimija...Ne znam sto da pravam,veke nemam sila da prodolzam..
    [mod-kirilica:ryv9zkob][/mod-kirilica:ryv9zkob]
     
  11. LightBlue

    LightBlue Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2011
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    0
    Мила не треба да дозволиш да те уништат овие проблеми, туку напротив треба да се спротивставиме и да станеме посилни зашто животот носи поголеми проблеми :!: . Мислам дека што и да направиме и кажеме нема ефект, :devil: се додека нашите господа |( не се свестат дека ние не сме единствените што треба да ја започнуваме темата за заеднички живот и оформување услови за семеен живот.
    Штеди си го здравјето зашто никој не е вреден колку твоето здравје. Секој проблем има решение само можеби ние уште неможеме да го видиме. Сепак по дождот има сонце. ке не огрее и нас. За жал додека самите не си ги отворат очите , ние не можеме да го направиме тоа за нив. Јас и понатаму чекам и се надевам дека нешто ќе се промени. Почнав да работам мислејќи дека така ке свати, ама не... :(
     
  12. LightBlue

    LightBlue Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2011
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    0
    Па тој вели дека не сака да формира фамилија зашто немал услови, а не прави ништо за да смени нешто :^) . А всушност мајку му прави да бидат зависни едни од други, и како тој човек да се осамостали? На неа и одговара, она тоа го сака, :@ , да има слугинка, за она да се излежава и да се шета по комшии и да живее како кралица, да ја служат.
    Како ке се осамостали, кога неможе да стави денар настрана за да може да излезе од таа куќа, плаќајќи долгови за да не им ја исклучат струјата :@ , додека мамица божем бара работа,а моли бога да не ја најде.
     
  13. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    817
    Женски а од кај знаете дека жената не бара работа? Знаеме денес колку е тешко да се стигне до работа за млади, а камоли за жена во години. Јас не гледам нешто толку страшно во тоа тој да даде дома пари за да не им ја исклучат струјата. :?: Па сигурно нема да го дозволи тоа ако има пари во него. Мислам не е логично тој да става на страна ,а дома да седат ( значи и тој да седи) без струја. Те сфаќам и тебе од кој аспект се нервираш, ама мене ова ми се чини преголемо драматизрање. А и тоа што ти си почнала да работиш за да успеете да ставите нешто на страна го доживуваш како трагедија, а не е така. Бракот бара ехеее незнаеш колку жртви, ова е ситница во споредба на тоа што се носи бракот.
     
  14. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.731
    Пол:
    Женски
    Јас навистина не гледам проблем во вашите дечковци ,туку во вас .Вие сеуште не влезени во куќа веќе сакате да создавате некој ред. Не ве разбирам како може да викате дека го сакате вашиот дечко ,а се трудите да му ги нарушите семејните односи. Не разбирам што има на вас да ви смета тоа што вашиот дечко давал пари дома.Па денес за жал заради ситуацијава во држава има многу семејства кои на грб ги носат токму децата. Во крајна линија вашите дечковци јадат во тие куќи ,а сето тоа кошта.И следен пат два-три пати размислете пред да ги навредувате мајките на вашите дечковци.Во крајна линија вие имате избор или да одите или да останете ,а тие се семејство
     
    На cecilia му/ѝ се допаѓа ова.
  15. LightBlue

    LightBlue Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2011
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    0

    Проблемот не е во дечковците туку во нивните родители, кои се однесуваат неодговорно, а тоа дека не се наогало работа, се наога ама кој сака да ја најде. Конкретно мајка му, наога ама се нешто не и одговара, се кара со тие што и се претпоставени, епа во приватното газдата е во право и клиентите,а не ти. Никој не им ги нарушува семејните односи, ниту им става ред, тоа си е нивно, ама ако родителите не мислат за своето дете, тогаш кој...? Не барам совршенство, ама се трудам нешто да создадам, а тоа неможам сама...
     
  16. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.559
    Да тргнеме сега од другата страна на набљудување на ситуацијава што ако еден ден твоето семејство стане зависно од тебе или од вас како иден брачен пар? Дали и тогаш ќе размислуваш на овој начин и ќе гледаш да не им помогнеш бидејќи треба да штедите само за вас?
    Во нашата држава огромен број семејства се финансиски меѓузависни тоа е повеќе правило отколку исклучок. Неговата како што ти ја опишуваш мрзлива мајка едно е негов родител и треба да имаш повеќе почит кон неа поради овој факт, не мора да постои љубов, меѓутоа елементарна почит како кон повозрасна и како родител на дечко ти треба да имаш. Друго, таа и нејзиниот сопруг го израснале твојот дечко значи му пружале услови во границите на своите можности за да стане возрасен човек, за мене е најнормално тој да не дозволи да им ја исклучат струјата дома.
    Семејствата се заедници кои си пружаат секаква поддршка па и финансиска несебично меѓу себе, тоа е клучна дефиниција и секој треба да размислува во насока на обединување кон семејството, а не негово растурање.
    Има семејства и од по 14 лица кои имаат поголема хармонија од семејства со 4 лица. Ама со ваков став не се постигнува тоа. Јас само би ти препорачала најдобронамерно посамокритично да ги испиташ и твоите ставови.
    Ионака денес скоро секое семејство гледа да излезе накрај со тековните трошоци, па не останува многу за заштеда. Јас не би имала мир да штедам за некоја моја иднина знаејќи притоа дека дома моите родители ни леб немаат.
     
    На AIT му/ѝ се допаѓа ова.
  17. LightBlue

    LightBlue Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2011
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    0

    Ке помагаш ако имаш со што, а ако немаш како ке им помогнеш? Јас не дека не ја почитувам неговата мајка, туку едноставно неможам да живеам со таков човек. Сепак додека некој не осети на своја кожа како е, незнае. Така да, можеби и јас грешам до некаде, жив човек, ама да си и ти со неа еден ден ќе гледаш да си што подалеку од неа. :)
     
  18. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.559
    Ако имам средства наменети за заштеда ќе им ги дадам со двете раце на моите родители ако се во криза, зборувам за себе, ти си знаеш како ти би одреагирала во ваков случај, затоа и сме сите различни. За мене помагањето финансиски на родител ако западне во криза е најмалку што било кој од нас може да направи за да искаже почит и да го вреднува цел труд од нас да создадат возрасни личности.
    Не правам калкулации на други луѓе ни дозволувам некој мене да ми прави, така да јас само си изнесов свој став и детс ит. И родителите никој не ги бира, ни своите камо ли на партнерот јас не сакам дисхармонични односи во семејство и тоа ми е примарно во животот и цел свет да оди по ѓаволите семејството сакам да ми е згрижено. Пак ќе речам зборувам за себеси и џабе е коментар од типот да осетам на моја кожа, мојава е поинаква од твојата тоа осеќам, ;) .
     
  19. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.068
    Разбирам дека ако се родителите (мои, твои) во криза да се помогне. Но јас колку што разбрав ова не е моментална криза туку нивен начин на живот. Така се навикнале, така си тераат, полесно им е.Но јас сум за -чиста сметка долга љубов. И кога не бев мажена заработував и ништо од дома не ми бараа...можеби понекогаш ако дојдело нож до коска, но многу ретко. Успеав да заштедам и кога се омажив си купив сама трпезариска маса, и затоа многу добро ја разбирам лајтблу што сака да каже. Ако тие се навикнати така да живеат утре нема да можат да зааштедат една завеса нова да си купат. Родителите ако треба ќе си скусат од нивното за своите деца, а не на децата да скусуваат.Затоа што по мое родителите се тие што треба повеќе да се жртвуваат за децата, не обратно...
     
    На LightBlue му/ѝ се допаѓа ова.
  20. LightBlue

    LightBlue Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2011
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    0

    Многу добро кажано... чиста вистина :)