Ајха е това ти се глупости на кило.............. абе шовије на вас ? Ако живејеш во заедница треба и да придонесуваш кон таја заедница! Е сега ако родителите се доволно моќни да можат да те издржуваат супер ама ако не се неможе да те ранат и да ти плаќаат сметки и ти да очекуваш така това да траје вечно. А за отварање на очите не се секири он одамна му се отворени и правилно си ја проценува ситуацијата ти само му ги замачкуваш.
Фаќаш капаците од очите и тегнеш на спротивни страни Шала на страна, тешко ти е разбирам. Според мене, седни го, и речи дека последен пат пробуваш да го опаметиш. Дека е возрасен и дека треба да се осамостали. Би требало да придонесува и тој, не глупаво. родителите цел живот го издржувале, редно е тој да помогне. Ама за приватноста е веќе проблем. ЌЕ речеш дека ти си во врска со него, а не со неговото семјество или мајка му. Дека сакаш два пати во неделата да се изгубите до сабајле и никој да не ви звони. Како што кажа, тој има 24 години, возрасен е. Не треба некој да му се јавува да го прашува каде е. Тој тоа треба да го расчисти со неговите.
Кога некој има проблем, и бара помош мислам дека е редно да му помогнеме, а не него да го окривуваме и да го осудуваме. А луѓе кои не биле во таква ситуација мислам дека не се компетентни да кажат јас вака или јас така. Во ред е, ако проблемот е бесмислен па да и кажеме што ти е на тебе ма, па он си мисли на семејството, ти сакаш да го скараш со неговите, ти си крива за се ...... Меѓутоа девојкава толку отворено и на неколку наврати ни ја опиша состојбата од нејзината гледна точка и јас никаде не прочитав дека таа му се лути, што тој придонесува дома Таа му се лути заради тоа што тој во моментов, заради плаќањата кои ги има на негов грб, благодарение на неговите родители (кои не се во состојба да му помогнат), неможе да мисли на иднина со неа. Па која девојка сака да биде со некој, кој неможе да ја испланира иднината. Таа дури почнала и да работи, значи таа максимално се труди од нејзина страна, па не е праведно неа да ја осудуваме, таа само побарала помош. А, ако не сме биле во некој слична ситуација како можеме да знаеме како ние ќе реагираме?? На крај краева сите девојки кои биле во нејзина кожа, совршено ја разбираат. Навистина жалам, што во нашево општество, девојките се за се криви, поготово дојденката, која сега наводно дошла да им го растури семејството, а они нели претходно си живееле во мир и хармонија. Да да, таа е за се крива, таа сака да го сврти против мајка му, против сестра му, брат му, цело семејство. Змија е таа, kaj ја најде кај се запусти ..... Аман бе, до кога веќе со вакви мислења???