Феминкии.....5 години го сакам.Многу работи поминавме заедно(не како пар).Понекогаш мислам дека ме сака,а понекогаш губам надеж.Дури ако ми верувате 3 пати намигнав,сите сватија тој не.Епа незнам каков совет ми треба.А не сум малечко девојче од 12 години. П.С: Тој не ми се допаѓа,го сакам со цело срце,го сакам цел каков што е,а не го сакам заради изгледот.
Помогнете ми и мене...По цели денови имаме зборено,па и на фејзбук понекогаш. Немаше шанси за распустот да не ми пише.Незнам веќе...ПОМООООШ
Добро де, не вришти. Или помири се со судбина или дигни му ги ноџињата и дади му знак дека нешто сакаш.
Ова не е истата особа? Ама некако муабетиве не ми се поклопуваат... Ок, не е важно. Не е ни страшно, кажи му дека чувствуваш нешто и скрати си ги маките.
покани го на кафе ете и така кажуваш дека си иста смена само кога ќе се видите во автобус кажи му да се најдете негде на кафе па да си се размуабетите демек не сте довршиле некој разговор. ке свати не е вајда глуп па и да не свати само она ни две ни три ајде да идеме на кафе треба да частам. Тргнете го срамот со срам ништо
јаболково дрвце (по нашки) јас те советувам ти прва да му пријдеш затоа што очигледно е дека му се допаѓаш еве дури и да не е така ништо страшно нема да се случии, верувај ми секој од кај тебе од клас бил одбие од некого понуди му кафе, или ако му иде некој предмет замоли го за помош глуми малку лудило па женско си во гени ти е тоа искрено те молам да не пропушташ ваква шанса затоа што потоа ќе се каеш ајде со среќа и пиши ни како си поминала пс. замисли си се земета па ќе им кажуваш на децата јас со татко ти се запознав во автобус,ама смотан тој ни на кафе да викне ни ништо
Пиштолот...дал за тебе,дал за него,не знам,ама тука важи девизата-ако нечеш милом,онда силом. Абе шо знам...сплети му чорапи,порано јака финта била,ама нагласи дека од тебе вуницата е испредена и шарките сама смисли ги.
Конечно се е решено. Славам душички мои. Ми призна,ме сака..незнам што да ви кажам освен дека сум ви благодарна до небо,за сите совети.Тоа е од мене.
Aххх Apple Tree со среќа.. Но луѓе помогнете ми како јас на овој да му кажам дека ми се допаѓа, да му дадам некој знак.. Порано и се имаше удварано на една моја другарка од училиште, таа јасно му стави до знаење дека не сака да има нешто со него. Тогаш сакаше друго момче со кој сега е и во врска. Пред 3 месеци се смувавме во автобус враќајки се од Скопје каде што бевме со друштво. Потоа му ѕвонев неколку пати и му пишував порака, но од тоа не произлезе никаков резултат. Пред месец и нешто другарката од училиште ми кажа дека повторно пробал да и врти некои романтики на фејс, но за тоа дознало нејзиното момче и го удрил два пати во парк пред друга девојка со кој шетал искрено ми беше мило. Но пред некоја вечер бев на роденден на најдобрата другарка, посакав да го видам и му пишав порака.. за некое чудо ми се јави и се договоривме да се видиме. Отидовме кај него дома, тој сакаше нешто повеќе од само мување, но се воздржав бидејќи не сакам да го изгубам како претходниот на кој му дадов уште на вториот состанок Но тоа сега и не е толку битно. КАКО да му дадам знак дека ми се допаѓа и сакам нешто повеќе со него??? ПОМОШШ!!
Александра ептен забегана ти е ситуацијава, не е лесно во твоја кожа да е некој. Не е да ти дадеме совет како да му кажеш туку како да го фатиш треба некоја стратегија да се направи. Ама донт бери гајле. ПА види некако да си го задрушиш како другар, не му спомнувај ништо за врски, љубов и види дали имаш шанси кај него. Оти ти и отворено да му кажеш што сакаш може тој уште поотворено да те одбие, а гледам дека загреана си за него. Дружи се со негово друштво, излегувајте заедно, пишувајте си откачени муебает на фејс (ама не за секс и љубов). Проучи малце шо сака тимови, филмови ова она (изгледа излитено ама пали) и не мора баш за неговиот тим да навиваш. Најди си причини за дисусија ама интересна некоја а не филозофирање да посала пак да збори со тебе. И после сакал нејкел ке му станеш навика и сам ке почне да размислува за врска со тебе. Тоа е мојата стратегија и досега многу успешна ми била ама стратегијава се вика ’’Трпение -Спасение’’ ти можеш друга да си направиш ако немаш живци за вакви работи.
Хахаха па теми за муабети имаме, порано се дружевме кога тој сакаше да се фати со мојата другарка од училиште.. Неговото друштво не го знам баш најдобро, но муабетите на фејс ќе помогнат. Благодарам. Некој друг да даде свое мислење како да постапам?
Феминки јас сум тука нова и ми требаат совети како да дадам знак дека ми се свиѓа....Вакаа ние се знаеме и се дружиме...Заедно излеегуваме и се но мене ми се свиѓа а тој ме гледа како другарка Штоо да направам да ме приметиии?ч/
Пробај да му дадеш некакви сигнали, преку поглед на пример. Тоа е тоа што секогаш успева. Или преку говорот на телото, некој дискретен допир, само внимавај да не бидеш многу нападна. Излегувате, значи често сте заедно, па ќе имаш шанса да му окажеш. Едноставно однесувај се со него малку поинаку.
Ако искрено сакаш брзо да го фатиш.. зближи се со него, бидете малку на статус friends with benefits па натаму ќе видиш.. Ништо не губиш, секако ќе го имаш. Јас така го фатив дечко ми за оној шо ви зборев погоре. Навистина пали таа финта. Полека го навлечуваш на тебе и додека се тој свести веќе ќе бидете во врска.
Се согласувам со aleksandra93d. Прво зближи се толку многу со него, што нема да може да издржи, а да не ти каже нешто. Значи прво пријатели, а потоа со текот на времето давај му знакови дека чувствуваш нешто спрема него и не верувам тој да остане рамнодушен.
КАј мене обично палело тоа шо ја зјапам у типот .... Хахаххаа секако бе демек неприметно... Само колку он да примети . И коа ке ме погледне ке сi свртам еден поглед настрана ама пополека . После биди забавна, секад насмеана, и глеј нему упатувај му заебанции смешки и слични тракатаљци ...