1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како да му докажам дека не е вистина?

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од creshicka, 3 мај 2011.

  1. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.708
    Пол:
    Женски
    Повеке сакам да давам совети на темите од оваа категорија одколку да пишувам, но морам бидејки многу ми тежи.
    Веке сум во период на кавги со дечко ми па сега и ова:
    -имав лани колега на факултет, многу голем идиот. осетив дека сака да биде со мене и јасно му ставив до знаење дека не сакам ништо повеке да бидам со него од другарка. Мислев дека е фино дете се додека не слушнав муабети дека каде ке стигне се фали дека бил со мене (а може и дека нешто друго сме "правеле"). Тоа е без врска муабет не само за мене туку измислувал и за уште 5-6 девојчиња од факултет. Тоа најверојатно го прави бидејки неможе да поднесе да биде одбиен. Бидејки живеам во помал град, муабетот веднаш се расчуја. Јас нели најнормално последна дознав за тоа, а што е најлошо дозна и дечко ми. Не знам од каде дозна но најлошо е што неможам да му докажам никако дека тоа не е вистина. Се плашам дека само за да биде фраер пред другарите, можно е да му каже нешто што не треба лично на дечко ми. Мене ми е чиста совеста бидејки ништо не сум направила со него, но проблемот е како да му докажам на дечко ми дека тоа не е така. Инаку крететнот од оваа година веке не студира на мојот факултет, се премести, да не се исплаши бидејки може да го добие она што го заслужува?

    сте се нашле ли вие во таква ситуација?
     
  2. N.A.T.A.S.A

    N.A.T.A.S.A Нов член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    486
    Лелее што ли нема да се виде :tmi: ц ц ц!
    Епа објасни му повторно дека тоа не е точно и кажи му дека дечкото од фак сакал да биде со тебе и дека ти си го одбивла и дека сега затоа така говори само за да се одмазди!
     
    На creshicka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. unique123

    unique123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    373
    Драга црешичка како што и самата кажа тебе чиста ти е совеста. Ти не си направила ништо и не треба да се плашиш од ништо. А, ако дечко ти нема доверба во тебе, тоа е негов проблем, нема зошто ти да се потресуваш околу тоа. Знам дека ова по правило би било вака, и секој кој би се нашол во твоја ситуација очајно би се трудел да докаже, меѓутоа колку повеќе се обидуваш да докажеш нешто, толку повеќе изгледаш виновен во очите на другиот. Демек се правдаш. Затоа само со ладна глава, ако те праша дечко ти одговори му дека не е вистина и не навлегувај во поситни детали. Па сите знаеме какви машки постојат, пуни со филмови и неостварени желби. Јас мислам дека ако дечко ти е човек на место, не би имало проблем и дека би ти верувал. Поздрав и секое добро !
     
    На creshicka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.708
    Пол:
    Женски
    знам дека со тоа што ке негирам само постигнувам спротивен ефект кај него но не можам да слушам како ме обвинува и да стојам само без да пробам да му докажам дека не е така :@ :@ :@ :@
     
  5. Ulata

    Ulata Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    100
    Најдобро е да разговаеаш со него да му кажиш дека и за други чупиња зборувал така
     
  6. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.708
    Пол:
    Женски
    му кажав се како што е, но не м верува, не знам што повеке да направам.
     
  7. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.602
    Пол:
    Женски
    Врати со иста мерка.Измисли за него муабети дека е пе*ер и дека имал врска со некој колега од факс, а ти
    си ги фатила на живо и те уценува и измислува дека сте биле во врска за да се прикрие. :devil:

    Или појди по него во продавница и неприметно стави му нешто во џеб, а после на каса поругај го :„ Се извинувам, ама мислам дека дечково украде...“, па нека се правда тој и докажува, да види како е ]:)
     
    На Rock-a-Fella му/ѝ се допаѓа ова.
  8. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    Jac да сум на твое место, пред цел клас во фаца ќе му кажам-

    да бе да, ме *****, ама за жал многу ти е мал, дури ни да ми го пикнеш не можеш :D
    или, џабе ти ги раширив нозете, кога ни 10 секунди тоа спермата не ти држи :D

    Cекој што е памете ќе сфати дека на саркастичен начин е кажано!
    ;)
    A типацов, можам само да замислам која сељачана е, чим на факултет е, а уште вакви ниски потези користи |(
    леле, немој молим те,
    ќе му падне лулето ако не излаже! :D
    Oд толку лаги да му растеше. сега ко на пинокио носот ќе му беше :lol:
     
  9. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.708
    Пол:
    Женски
    овде проблемот е како да го убедам дечко ми дека тоа не е вистина. Не сакам да се замарам со тој кретен веке бидејки може да измисли уште нешто, мене ми е сега само битно како да докажам на дечко ми.

    п.с. тој не е веке на мoјот факултет се премести на факултет во др. град така што мисли дека може да зборува што сака и да избега. :@
     
  10. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.364
    Допаѓања:
    5.310
    дечко ти ако те сака и почитува ќе ти верува. Незнам како може да те сака да биде со тебе а да не ти верува. едноставно не му се вади кажи му како било уствари тоа е тоа ти си му кажала се како било и нема повеќе моабет кратко и јасно кажи му дека ти си му ја кажала вистината а негово е дали ќе ти верува или не. Се што повеќе се вадиш тоа повеќе ќе мисли дека лажеш.
     
  11. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    651
    Пол:
    Женски
    Мислам дека нема потреба да му докажуваш ништо, едноставно муабетот треба да престане откако ќе му ја кажеш твојата страна на приказната. Се друго е бесцелно, ако тој не ти верува.Сум била многупати во таква ситуација, па дури и некогаш било вистина тоа што го слушнал, ама нападот е најдобра одбрана , веднаш ми текнувало нешто него да го нападнам, да ја префрлам топката што се вели. Ќе видеше дека не попуштам и ќе се откажеше. А да му докажеш како што викаш ти нема шанси, бидејќи секое машко го јаде црвот на сомнежот, па и најмала приказна ги вознемирува.
     
  12. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.708
    Пол:
    Женски
    па не ми верува бидејки веке еднаш го имам изневерено но се заколнав во се дека тоа нема да се повтори. и сега тој мисли дека и ова е вистина. малку ми е тешка ситуацијата дај боже се да се среди. инаку фала на советите.
     
  13. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.106
    Допаѓања:
    88.095
    Пол:
    Женски
    Овој пост е клучен за решавање на овој проблем. Дечко ти најверојатно не ти верува уште од првото изневерување и сега немој да очекуваш дека ќе ти поверува дека не си виновна туку се измислици тоа. Секоја твоја грешка него го води кон тоа дека некогаш си згрешила и може пак да згрешиш. не колнење , не не знам што не помага. Јас му раскинав на дечко ми и бев со друг, што се не се случуваше на крај пак се смирив со него. Иако се прави дека не ми верува на секоја можна грешка ми плеска, а од кога се смиривме направив се за да му докажам дека навистина го сакам, со мајка ми имав проблеми и тој пак не ми верува. Понекогаш си мислам дали љубовта е доволна за една врска да опстане, без доверба и искрено не може , не е доволно.
     
  14. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.708
    Пол:
    Женски
    се согласувам во целост со тебе, не е доволна само љубовта. сепак и двајцата направивме многу грешки и иако сеуште има љубов (барем од моја страна) не е доволно бидејки довербата е всушност она што ја прави една врска успешна. ние сега висеме на конец и ке биде многу тешко да се помине преку многу работи. :(
     
  15. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Јас не се согласувам со повеќето коментари од останатите феминки. Како тоа нема потреба да му докажува? Па нормално е да се јави сомнеж. И вас некој да ви каже дека дечко ви ве изневерувал секако дека ќе се сомневате, тука довербата не игра улога. Црешичке, ако дечко ти и понатаму не ти верува после толку обиди да му докажеш дека не е точно тоа што кружи како муабет, раскрсти подобро со него, џабе ќе се јадосуваш, од каде знаеш дали нема да ти префрла, би живеела ли со тоа? Јас навивам да се средат работите измеѓу вас, но доколку тоа не се случи - не губиш ништо тогаш. Слично како Лудото што кажа, извади и ти верзија, ама по болна. Кажи дека нема со што да *онадува*, зашто не му се ни дига.
     
  16. faye

    faye Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2011
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    644
    Би можела да стапиш во контакт со колегата, идиотот, лично или телефонски, ако немаш контакт побарај од некој заеднички познаник.
    Обиди се да направиш муабет со него, прашај го зошто лажел и слично, некако извлечи ја вистината од него да ја каже со свои зборови гласно.
    Друга работа што ти е потребна е телефон, снимај го разговорот од самиот почеток. Кога ќе успееш да го снимиш признанието, ќе успееш да му докажеш на дечко ти.
    Во секој случај ти посакувам среќа.
     
    На Rock-a-Fella му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Blanca

    Blanca Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    505
    Главната причина што не ти верува е што си го изневерила веќе еднаш. Глупаво е заради еден трач да ти се упропасти врската, но не е крај на светот. Немора да трпиш секојдневни измачувања. Првин пробај да докажеш. Ми се допаѓа претходниот предлог, да му се јавиш на колегата и да го навлечеш да каже зошто лажел. Уште подобро, и дечко ти нека биде до тебе за да не ти измисли овој лажгото дека уште му се јавуваш и бараш се*с :)
    Ако на крајот на краиштата не успееш и дечко ти продолжи со префрлувања колку и да го сакаш раскини му. Млада си, си направила една грешка но не значи дека цел живот треба да плаќаш за неа.