Како да му помогнам?

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Tomcia, 2 јануари 2011.

  1. Tomcia

    Tomcia Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2010
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    126
    Во врска сме многу долго време.Досега немавме ни еден сериозен проблем меѓу нас двајцата, со родителите средувавме како можеме. Не бевме љубоморни, и од дома се беше ОК (барем така изгледаше). Тој замина во странство на работа, за да заработи за нас двајцата. 6 месеци се беше ОК, додека еден ден не дознав дека се допишува со една колешка, а тоа го криеше од мене, не ни знаев дека таа постои. Почнав да бидам љубоморна, се каравме за тоа, со кавгите излегоа и други проблеми, тоа што татко му му ги вади сите пари од банка, го замолив да му ја забрани сметката, а тој не сака, мисли со тоа дека ке го повреди татко му. Сега кога си дојде, иако му бев уште лута, излегов со него, но го чувствувам далечен, не е истиот, променет е многу. И тој самиот ми кажа дека му се промениле чувствата кон сите, од сите тие кавга со мене, а и со татко му. Ми кажа дека сите сме го повредиле многу, но не кажува со што, упорно ќути. Не знаел што сака од животот, не сакал да ме повредува повеќе, а упорно го прави тоа. Според мене, мислам дека татко му му зборува против мене, иако тој не ми кажува. Само вели дека се чувстува мизерно не знае што сака, дали сака да е со мене, а кога се обидам да ставам крај не ме пушта да си одам, а на сите мои милиони прашања што со нас. тој само ќути.
    Цело време јас бев таа што жртвуваше се за ние да успееме. Можеби и јас сум крива што се чувствува така, јас ги правев кавгите, но бев премногу повредена од тоа што тој скри од мене а јас се сомневав дека ме изневерува со таа колешка. Тој ни еднаш не кажа извини за се, сакам пак да сме заедно. Му простив се, навистина го сакам и сакам да сме заедно, но тој ми вели дека тој не може да си прости што ми направил така. Му предложив да идеме кај психолог/психијатар, но не сака ни под разно.
    Бега од проблемите цело време, а со тоа ме повредува, ме убива. Синоќа му кажав дека и моите чувства почнаа да се менат, да превземе нешто ако не сака да ме изгуби. Ми рече дека не сака, но го гледам дека многу страда. Мислам дека татко му е тој што ја носи најголемата вина за таа негова себичност. Никој не знае за нашите проблеми, сите мисла ОК сме, не чекаат да се земеме, а ние пропаднавме од тоа што тој не сака да си помогне. Ја превзема целата вина, а ништо не прави да ги среди проблемите.
    Како да се справам со таа негова ќутливост??? Како да си ги врати старите чувства, и кон мене и кон сите???
     
  2. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.349
    Е извини, ама јас не мислам дека си ти нешто многу, многу крива во ситуацијата. Па што ако сте се карале за допишувањето, не смееш да прашаш?Далеку од тебе, дознаваш дека нешто крие.И мене ќе ми биде сомнително и ќе се распрашувам. Претпоставувам млад е, а глуми лудило некое како да е во тешки депресии место да застане како маж на нозе и да ги реши проблемите, а не тебе и твјата младост да ве уништува со нервози.
    И пред да го жалиш и да мислиш дека му е многу тешко, јас повеќе би се заинтересирала да не има сето ова некоја добра позадина.
     
  3. anastasija85

    anastasija85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    1.029
    сигурна ли си дека тој те сака?долго време во врска а вакво однесување,можеби западнал во некоја депресија но причината не се знае? :^) :^)
     
  4. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.626

    Нешто го мачи, гледано од машка страна.....Нешто го мачи што му е тешко да го сподели со кој и да било друг освен со брат или со најдобар другар !!!! Единствен начин на кој што може да го надминете овој проблем е да разговарате отворено, да ти се отвори он, да ти каже што му се врти у глава и заедно да пробате да го решите проблемот....Во спротивно би ти препорачал да му кажеш дека вака неможеш да продолжиш и дека сакаш здрава врска во која што партнерите се отворени; дека го сакаш ама дека неможеш сама да се бориш за врската и дека и тој треба да се бори...
     
    На HeidiDiWalt му/ѝ се допаѓа ова.
  5. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Зошто одма да одиме со критики и сугестии дека не ја сака ...

    Не можеме да бидеме во дечкото ни да знаеме како му е ... Има некои проблеми кои се појаки од нас ... не можеме и сами да се соочиме со нив а не пак да ги споделиме со некого ... Долго сте заедно а не за џабе тој ти вика дека те сака ...

    Мој совет ти е да олабавиш малку ,да останеш покрај него, да знае дека си му поддршка и помош па ако дојде крај сепак ке знаеш да се сносиш со тоа .

    Тоа што се допишувал со девојката ...постојат две страни зашто скрил ... Или има нешто или не значи ништо и сакал да избегне кавга ... не мора одма на варање и не знам што да мислиме ... Ама такви сме ние девојките тоа ни е во сржта.

    Па ајде ви посакувам да се средите набрзо да не ја почнете вака годинава .... И немој толку лесно да се откажуваш. До сега сте немале проблем ама не постои врска која немала криза макар и малецка . Главата горе и поминете низ се појаки.

    Една врска каде што сте пред земање туку така не може да заврши за банални работи.
     
  6. Tomcia

    Tomcia Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2010
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    126
    Проблем е тоа што е риби во хороскоп, и тешко си ги искажува чувствата. Мајка му почина пред скоро 4 години, беше болна скоро 10 години, после знам дека му беше тешко, го изгубив татко ми, знам како е, но тој ни еднаш не потокажа никакви чувства. Се трудев многу околу него, го сакам дури и премногу, и ме убива целата таа ситуација. Се трудам да му помогнам, ама векје не знам како. Пробав и со добро и со лошо, веќе немам сили. Не знаел дали и ме сака веќе, што сака од живот, секој одговор му е незнам, не знам не знам...јас не те заслужувам
    Татко му има многу лош карактер, идиотизам до крај. Не поминаа ни 2 месеци по смртта на мајка му тој почна да оди со други, му земаше од пензијата пари сега му ја зема и платата. Нон стоп му наоѓа маани, не те бива за ова за она... многу е напорен, му немам преречено ништо само од култура.
    Го разбирам дека му е тешко многу и дека е тешко да си сам во странство, ама ме нервира тоа што кјути и не бара решение. Почнаа и моите чувства да се менуваат веќе.... Навистина не знам што да правам веќе. Не сакам да го оставам, но веќе нервите ми се при крај...
    Сто пати му кажав ТИ ПРОСТУВАМ ЗА СЕ ШТО МЕ ПОВРЕДИ. ТЕ МОЛАМ ПРОМЕНИ СЕ, ОД СЕГА БАРЕМ ДА НИ БИДЕ УБАВО!!!! добивам само ќутење, воздишки и одговор НЕ ЗНАМ
     
  7. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    Па види во многу тешка ситуација си но јас на твое место би останала рамнодушна и би се правела незаинтересирана. Ќе му кажеш или кажи што те мачи или ова не иде никаде. Биди малку строга и одлучна. Знам колку ти е тешко и сакаш да најдеш решение, нашите совети ти се гледаат беспомошни. Сум се наоѓала и јас во слична ситуација и така изреагирав (како што напишав погоре) и на крај испадна секој да си продолжи по својот пат. Ајде да се оправите и да бидете среќни. :)
     
  8. Tomcia

    Tomcia Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2010
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    126
    сега го добив одговорот...
    губрето не ме сакало веќе.... не ми кажа зошто....
     
  9. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    Добро остави го сега некое време, нека му поминат бубачките и пред се нека си ги среди мислите и чувствата, пошо ни самиот незнае што чувствува. После некое време се си мислам дека пак ќе ти се јави и сам ќе те бара. Има и вакви периоди во врската, меѓутоа ако испадне како што викам, после некое време седни го и разговарајте, кажи му дека неможе он така да се понаша со тебе и дека нема ти него да го чекаш и да си ја лупаш главата додека господинот незнае што чувствува.
     
  10. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.050
    Допаѓања:
    155.006
    Среќичка не и ја подгревај надежта да не се разочара.
    За вакво признание треба време да се накани човек,а како што кажува таа не е од деновиве,туку некое време веќе,него му требало да се осигура и ете.
    Па и утре да види дека не може да најде поарна,јас не знам како би можела да го прими после признание не те сакам.Тој цел живот ќе биде ради реда со неа.
    Јбг,млада си,имаш 23,ќе си најдеш некој подобар.
     
    На stella83 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    ^ Јас знам многу слични случаи во кои испаѓало да не се сигурни, помалце испашени, меѓутоа средината ги сменила и потоа пак си се враќаат на своето кога ќе видат дека не штима. Дечкото ми изгледа на несигурен, долго време бил оддалечен од сите, во поинаква средина, може си правел некои филмови у глава, ама јас мислам дека не е искрен ни пред себе ни пред другите. Имал и домашни проблеми плус. Првин се мислел, па незнаел што сака, па сфатил на крај и по сето ова јас мислам дека се работи за нестабилна личност на кој брзо ми се менуваат чувствата, па според тоа го напишав претходниот пост.
     
  12. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.626
    баш сакав да го пишам истото што го пиша Лилит......НЕ и давај надеж....Нормално дека вакво нешто да ти каже некој што го сакаш не е лесно и верувам дека не и е лесно на девојката....Затоа нема потреба да и се влева лажна надеж....Ќе го преболи, не е еден и единствен, туку он само покажал дека не вреди она да си троши време и енергија за нешто/некој што не го цени тоа !!!! Единствено нешто што и треба сега е "SUPPORT SYSTEM" !!!! и луѓе што нема да и дозволат да потклекне на чувства и емоции !!!!
     
  13. Tomcia

    Tomcia Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2010
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    126
    Ја имам целата поддршка од мајка ми и од сестра ми, а верувам и од сите околу мене, што ги имавме како заеднички пријатели. Тој е моето најголемо разочарување, знам дека еден ден ке свати што изгубил, но касно ке биде.
    Сега можам само да му се одмаздувам, а сум големо злопамтило.
    Сега е чувствувам како големо ѓубре, идиот без чувства што ако треба и ке убие за одмазда.

    А дека е нестабилен, Е, и тоа многу, и паѓа под влијание на скоро на сите, безкарактер е, цело време јас ја држав врската, што од љубов, што од немајкаде, дека нема смисла толку години да одиме и да раскинеме на крајот. Ги прифаќав сите негови маани, а ги имаше многу.
    Не сум и јас светица, но сепак сум далеку подобра личност од него, знам што сакам, до сега планирав со него, сега планирам сама за иднината. Тоа и го очекував од него, цело време изгледавме како перфектната двојка, и знаев дека ке ни дојде крајот.
    Многу арно не е на арно

    Сега за сега сум добро, се надевам дека ке се додржам така присебно и се ке помине така "лесно"

    А иако ми кажа дека не ме сака, се уште се надевам дека се лаже и тој самиот, дека таа негова изолација од сите го направи чудовиште, кое мисли дека веќе нема чувства. Се надевам дека утре ке собере храброст да ми каже зошто престанал да ме сака, барем тоа ми го должи
     
  14. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    немој да бидеш до толку злопамтило. ти нема да се чувствуваш убаво.
    Одтргни се. Ако е таква работата со него сврти нов лист. Почни од почеток. Нема нигде да стигнеш ако коваш одмазда. Кога доаѓа еден крај тешко е и за двајцата. А тој па не знам како толку лесно кажал не те сакам .... Требало да те остави кога си кажала крај и си одела од него ако не те сакал ... Е машки !
    Почни од поново тргни се од него ... Чим и ти некогаш си посакала крај нема тешко да преболиш ...
    Ајде се најубаво
    :*
     
  15. Tomcia

    Tomcia Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2010
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    126
    Не знам како ке го преболам, уште е рано да се збори.
    А факт е дека тој многу ме повреди. Ми кажува не те сакам, а и дека јас не сум причината?
    Епа тогаш што е? Кој толку те заврте против мене, ако јас немам ни тронка вина. Цело време бев само подршка за него, трпев се. А тој сврте грб на мене. За такви ѓубриња вреди да се биде злопамтило
     
  16. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Јас те разбирам буквално ... Ама најголема одмазда за него ќе биде ти ако си продолжиш со крената глава и си останеш среќна .... Што било било ... Кога срцето ке ти биде чисто .. кога пак ке се заљубиш ако уште те копка прашај го тогаш кој му ја полнел главата ... ама чим дозволува друг да му ја полни главата кој и да е ... тој и самиот ке пати во животот без ти да му враќаш за тоа што те повредил ... Смири се посвети се на други работи и се ке се среди ... Ќе видиш ... По некое време ке најдеш нов и ова се ке ти изгледа смешно ...
    :*
     
  17. Tomcia

    Tomcia Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2010
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    126
    Ми е криво тоа што одевме скоро 9 години, што е многу време. 9 години се трудев, и на крајот ништо. Не се година две, 9 се, поминати во заблуда, за на крајот да го изгубам за едни пари, што тој пак ги нема, татко му му ги зеде се. Тоа ме боли мене, што дозволив неговиот некарактер да не раздели
    И тоа што цело време се залагав многу, и на крајот ништо
     
  18. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Леле можам да замислам како ти е ... Ама сега во оваа нервоза неможеш ништо да разрешиш ни самата со себе ... Легни си одмори се себеси ... Не се измачувај ... што било прошло ... Во тој период си мислела дека вреди си се трудела ... Добро е што навреме се освести ... Замисли да имавте пример и деца а да ти речеше чао ... Можело да биде и полошо ... Од 14 сте заедно знам дека тој е единствен ама не е. Одмори се вечерва ... легни си сега ... смири се ако сакаш исплачи се ... Само врежи си во главата дека се ке биде добро .... А тоа е вистина колку и да звучи сега како глупост...
     
  19. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.087
    Допаѓања:
    1.647
    Tomcia живот иде далје, не можам да кажам дека знам како ти е, не сум во твоја кожа, но биди храбра, научи го оваа како поука како дел од една голема грешка што ти одземала многу години од твојот живот. Велиш дека ти си му била потпора за се, дека ти си се трудела да опстане вашата врска, дека си прегледувала се па како го замислуваш бракот со него? :?: И знаеш дека е под големо влијание на татко му и дека можеби тој е причината за вашиот крај. Сепак не сум за твоето одмаздување можеби сега не е време. Остави го значи не го барај , остави го да си го среди самиот неговиот живот па ако е судбината решила да бидете заедно ќе бидете, ако не како што наведов погоре живот иде дајле ти не си 35 години па да се затвараш дома и да жалиш поради него, не велам дека веднаш ќе бараш друг но сепак младоста е единсвена и еден ден ќе ја бараме сите
     
  20. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.382
    Допаѓања:
    90.972
    Пол:
    Женски
    Девојко немој да ми се налутиш ама многу се нервирам вака. Зарем ти не знаеше тој каков е 9 години, дека е човек без карактер? Па заедно сте пораснале, требало да знаеш каков е.
    Девет години не се малку, но сеќавај се на убавото, а не да се одмаздуваш.
    Па луѓе во брак, со деца се оставаат.
    Не требало да сте заедно, не сте си одговарале, боље сега, а не по некое време.
    Не бил за тебе, ќе најдеш подобар. (не е клише ова, туку вистина секогаш доаѓа сонце после дождот)
    Се надевам ќе се средиш.
     
    На sesilija му/ѝ се допаѓа ова.