1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како да му помогнам?

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Tomcia, 2 јануари 2011.

  1. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    Не сакам да ти направам полошо да се чувствуваш, ама се мислам дека нешто се случило додека дечково бил во странство. Не може туку-така да е он сменет веднаш штом се вратил. И воопшто не е убаво така после толку години врска да ти каже и да те остави, додека сите те прашуваат кога ќе се земете. И да се предомисли за некој ден, ти треба да го одбиеш.
     
  2. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    821
    Тоа е што е. Животот оди понатаму. Подобро сега отколку со деца. Моја братучедка се ожени и недела дена по свадбата овој и кажал дека не ја сака, дека ја земал ради годините поминати и притисокот од средината ете сега се разведуваат. Знам дека е тешко кога нешто околу што си се трудел ќе се сруши за еден миг. Знам и дека нема да ти биде лесно, ама сигурна сум дека ќе бидеш подобро. Велиш дека мајка ти и сестра ти се со тебе. Ја имаш нивната љубов и подршка во овие мигови а ете и нашата. Пушти го нека оди!! Ќе дојде некој подобар.. :* Само верувај си во себе и доста се трудиш околу овој! Очигледно не заслужува. Посвети се малце на себе..Биди си сама на себе на прво место,не барај зошто??? Одмори се, исплачи се и тргни со крената глава во поубави нешта, без нестабилни личности до тебе ;)
     
  3. Tomcia

    Tomcia Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2010
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    126
    Не знам ни јас како се чувствувам сега, како тотален идиот што рака во оган ставаше за едно ѓубре. Иако знаев дека има слаб карактер, не ми сметаше, не обраќав внимание многу, си живеевме наш живот далеку од коментарите на сите, ама го гледав дека ме сака, ми обрнува внимание, дека јас сум му центарот на светот, како што и тој ми беше мене.
    Се надевам и се молам сега тоа негово понашање да му е од депресијата што го лупа од земја, тоа што пати од нижа вредност... и после неколку недели да свати што изгубил, ама да биде доцна...
    Сега ги колнам сите што му се мешаат во животот, аир да не видат, цел живот во маки да го поминат. А и тој аир да не види, да не осети веќе што значи да си сакан и да си среќен

    А јас ке поминам преку се, сум поминала многу во мојов живот, и него ке го преболам
    Може ке беснеам неколку денови, недели, па и месеци, ама ке се средам

    Нешто што најмногу мразам е слаб карактер, прв дечко и таков се погоди, големо разочарување. Џабе толку време со него минав

    И убаво велите, подобро сега, отколку подоцна, со фамилија и деца...
     
  4. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Томциа...сите можат лесно да кажат батали,ќе помине...итн.Ти си знаеш како ти е.Сега е период кога ќе си лута,гневна,тажна...итн.Треба време, многу време за да се најдеш во период во кој барем малку ќе се чувствуваш добро.И ќе се оттргнеш од мислата за него...Нема тек така лесно да го заборавиш...ама времето ќе помогне да почнеш.Сега само остави го,воопшто не го барај и не барај од него објаснување затоа што и нема да го добиеш.А верувај тркалото се врти :!: ...Сам ќе те побара.Е тогаш ти ќе си знаеш како треба со него.
     
  5. renata76

    renata76 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    34
    Прво те молам смири се, ќе дојде ред на сите работи да се средат!
    Но јас сакав да те прашам таа твојата колешка нешто да не е мешана, да не го излажала нешто околу тебе додека он не бил тука, случајно така, некоја фрка да не ти наместила?

    провери, јас ти посакувам среќа и сакам да не ја избугиш врската штом толку го сакаш, иако велиш дека не те заслужува..... ама мисли и за понатаму,

    Томциа, среќа!
     
  6. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.711
    Допаѓања:
    150.508
    Со тоа што колнеш,зборуваш за одмазда и викаш дека си злопамтило,докажуваш дека не си ништо подобра од него.Ако си карактер,ќе голтнеш и достоиствено ќе тргнеш напред,а не да смислуваш начини за одмазди и слични глупости.
    Прво и основно,ако бил ваков или онаков зошто си била воопшто со него?!Очигледно си била свесна и си знаела дека ти треба некој стабилен,но ти си продолжила,сега тоа е што е.Ако си се трудела пак да го смениш,не си го сакала навистина си се лажела себе,ако пак си го прифатила таков и сега го вреѓаш,пак не си го сакала доволно.Второ,од каде знаеш дека му е од сега?!Како што кажуваш тој бил несигурен,па можеби немал храброст порано да каже,а сега само се трупало и трупало и трупало и дефинитивно одлучил.Трето,не те познаваме,а можеби си од оние личности кои сакаат да притискаат,па на дечково му скурчило.
    И што сега?!Мора со сила да те сака?!Па јбг,ако не те сака,не те сака,никогаш со сила никого не можеш да натераш да те сака.Може да се случи ете така бе,се одљубил,те отсакал,се случува,што да прави?!Да се мачи себе си пред се,а потоа тебе да те лаже и да терате во име на тие 9 години.
     
    На sesilija му/ѝ се допаѓа ова.
  7. bitter-girl

    bitter-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    558
    Допаѓања:
    530
    9 години не се малку. Можеш да му помогнеш со тоа што ќе му дадеш простор да се среди психички да сфати што сака од себе и од најблиските. После извесно време ако не те побара самиот обиди се ти да го убедиш да направите еден искрен муабет. Можеби чувствува некаква вина, можеби е растргнат на повеќе страни, Само тој знае што му се случува а ти си таа која треба да го разбере и да му помогне ако сеуште чувствуваш дека постои љубов помеѓу вас. Ако љубовта згаснала биди среќна што згаснала сега. Замисли да се случи тоа во брак? Ако чувствуваш дека нема надеж дистанцирај се, памти го по добро не ја влошувај ситуацијата нема да си олесниш верувај ми. Го познаваш многу добро затоа прво направи проценка. Морам да ти кажам јас сум во врска 5 години на мојот дечко му имав кажано дека не го сакам затоа што поминував многу тежок период бев растргната на повеќе страни. Тој не се откажа од мене. Кога се се заврши го прашав зошто не се откажа од мене и тогаш кога во очи го гледав и му кажав не те сакам повеќе? Ми одговори затоа што во очите ти прочитав дека ме лажеш. Затоа ќе ти кажам ако му треба помош ти си таа која треба да му помогне а ако не те сака само повлечи се и остави времето да си го направи своето.
     
  8. Tomcia

    Tomcia Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2010
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    126
    Кажав, не сум светица. Но до скоро, пред да почнат караниците, се однесуваше најнормално. Тој почна со се. Тој ја скри неговата колешка со која си пишуваа маче, сонце...Јас дознав и еруптирав, што е нормално. И пак цело време се однесуваше како се да е ОК, иако се каравме. Јас бев таа што беше повредена. И на крајот кога си дојде, се однесуваше ладно, а јас полна со љувоб. После 2 дена ми кажа му се промениле чувствата. Јас и така бесна за се, се скршив и признавам дека станав напорна. На вториот ден го молев да каже дали е крајот, а тој не, и после 10 дена заедно, ми вели не те сакам, а не кажува зошто. Пак цело време збори како тој е крив за се, јас сум била се ОК. И како да не бидам бесна, кога тој одговор го барам, што е проблемот, што те мачи, а тој ќути. Ме излуде во овие 10 дена.
    Ако беше МАЖ што не ми кажа одма, не те сакам и крај, а тој чекаше толку време, јас зборам, тој ќути и не кажува. Ако почнале да му се менуваат чувствата, што не ми кажа на време, а не да чека месеци да поминат
     
  9. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.711
    Допаѓања:
    150.508
    Е добро де,што да прави што му се смениле чувствата?!
    Или пак ако ти го знае карактерот одмаздољубив,како да не ти се плаши да ти каже?!Барал начин како да ти каже без да те повреди,ама во секој случај нема таков начин и сфатил,па рекол,како-така да ти каже.
    Едноставно некогаш нема причина зошто отсакуваме некого,дошло времето и ете,така и тој не знае што да ти каже како објаснување.Му се создале чувства кон некоја друга и нема што повеќе тука.Биди среќна што не си била изневерена,било на маче и срце или пак да си била изневерена и да траело долго,долго,а ти да си мислиш те сака.
    Јас сфаќам да ти си гневна сега и сфаќам како се чувствуваш,ама не може некој да ти се извини само затоа што не те сака.Доволно е што ти кажал дека не е до тебе,зошто навистина и не е до тебе,ти не си се сменила,ниту си згрешила нешто,него му се смениле работите во животот.И не може сега,еј чекај ќе сфати,така таму му дошло,ама ќе сфати.Од каде да знаете,можеби е перманетна ствар и никогаш нема да се промени.
    Тој е изгледа несигурен тип и нема што сега ти да му судиш и да се фаќаш за тие 10 дена и да опседнуваш со прашања зошто?!Па ни тој самиот нема одговор зошто,ете така...времето ги менува луѓето и чувствата.
    И нема врска со тоа,маж или не,вистински маж онака или вака,сите сме луѓе,сите функционираме по ист принци.Имал обзир кон тебе и не знаел како да ти каже,а замисли тој МАЖ да ти го плеснел,не те сакам,ај чао.Дури сфати го тоа као перниче кое го ублажило ударот.И не разбирам што очекуваш како одговор на тоа,зошто не ми кажа одма,што чекаше?!
     
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.790
    Допаѓања:
    65.499
    Пол:
    Женски
    Мене ова ми личи на По долга врска, брак со сосема нов дечко :) (мала шала)
    Не те сака веќе, треба да се помирош со тоа. Колку побрзо се помириш, толку побрзо ќе продолжиш понатаму. Ништо не се добива со ковање одмазди, само толку повеќе нема да заборавиш. Се се случува со причина. Тешко е, ама времето лечи се.
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. beticka

    beticka Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2010
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    22
    tomcia душо ,одмаздата не е воопшто убава како што сега си замислуваш дај си време првин себеси,за да можеш да размислиш дали воопшто го сакаш толку многу,велиш риба е во хороскоп -понестабилен и поегоистичен знак нема,а добро би било да кажеш и што си ти во хороскоп.заедно сте од деца па затоа тие 9 год неможеш да ги сметаш во комплет,ама не те разбирам зошто откако пораснавте и увиде дека не сте еден за друг ти не престана -велиш од срам ,а јас мислам си се плашела да останеш сама е сега ти во себе знаеш најдобро ама мој совет е да си продолжиш понатаму со животот,имај верба и трпение , и биди сигурна дека се ке си дојде на свое место.поздрав и издржи
     
  12. pufi-cufi

    pufi-cufi Популарен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2010
    Пораки:
    382
    Допаѓања:
    1.764
    Томица,кога ги читав твоите постови како да го опиша мојот живот..и јас го загубив мојот татко...две три години подоцна се запознав со сега бившиот дечко...бевме многу години заедно...и јас го фатив како си пиши пораки со друга..и ајде некако му простив...но ништо не беше исто од тогаш додека еден ден не пукна...се разделивме за детски проблеми...по неколку дена го видов со друга иако нонстоп ми се јавуваше да се смириме...јас како и секогаш му се омаздив на тој начин што го договорив да се најдиме и пред мене да и се јави на таа да и кажи дека повторно е со мене и дека во моментот сме заедно и поке да не го бара...го мачев две недели не излегвавме не се гледавме и на крајот му реков дека јас сум таа што си поигрува како сака со него , дека не бев јас глупата во случајот..не пуштив ни една солза ниту се разочарав затоа што не заслужи...ме бараше повторно , се смире со неа и пак ме бараше додека еден ден не разбрав дека таа е трудна дека ке се жени..а јас веке си бев со сегашниот сопруг а за него како и никогаш да не сум осеќала ништо...Значи Томичка ако е за тебе пак ќе ти се врати , а ако не тогаш бог ти спрема нешто уште поубаво...не треба да го трпиш неговиот карактер и неговите испади само за да бидиш со него, пред се треба да си среќна , треба да се има разбирање за една врска да опстани ..ако вие го немавте тоа кога тогаш таа врска ке се распадни..па можеби подобро сега отколку да се земите па тоа да биди уште полошо...позз и еден ден ќе сватиш што сакам да ти кажам...ти посакувам што побрзо да си ги решиш проблемите и да ја донесиш вистинската одлука :*
     
    На beticka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Томциа ама ич не е виновна и не е за да ја караме туку да ја поддржиме како мнозинството за среќа. Некој ќе рече гледал да не ја повреди а таа го малтретирала абе ајде...да не сакал да ја повреди немал вака да ја влечка и да е толку неискрен со неа. Таа најмногу сакала да ја слушне вистината тој ќути ќути и ОП – извини не те сакам веќе. Па мислам стварно не е Томциа крива ни најмалку. Единствена грешка и е што заглавила со него толку време башка и бил и прв дечко.
    Томциа мила ти препорачувам да не размислуваш за одмазда туку да си почнеш одново. Полека, не се брзај, првиот чекор е да заборавиш на сите надежи дека ќе бидеш пак со него и тој е најтежок и најдолг. После почни полека да си го средувап животот по нов терк, излегувај, дружи се, забавувај се, за неколку месеци ќе ти се врати ведрината, па потоа ќе почне да те привлекуваат други момчиња и ќе видиш дека не е се така црно. Само запомни, пред да влегуваш во врска, отсега преиспитувај го карактерот на дечкото и види дали е тоа човек кој ќе делува позитивно на тебе.
    И никако не се одмаздувај! Труди се да си го направиш својот живот поубав а не туѓиот полош, тоа ти е најдобра девиза. Можеби ќе речете дека сум конзервативна ама еден е тој што дели правда и казни.:)

    Среќно па пиши како ти оди.
     
    На macence85 и pufi-cufi им се допаѓа ова.
  14. Tomcia

    Tomcia Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2010
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    126
    Знам дека не треба да бидам злопамтило и дека не треба да се одмаздувам. Но синоќа бев многу бесна, и на него а и на мене самата. Денес почнувам да размислувам со ладна глава. Сепак бев разделена од него скоро една година и во тоа време успеав да си создадам пријатели со кои се чувствувам прекрасно, си имам муабет, нешто што со него го немав. Ако се променил сега, подобро за мене. Претходно се планирав со него, а веќе без него. Почнав да се убедувам дека тој навистина не е за мене, дека не вреди како човек, како карактер, не ја заслужува мојата љубов.
    Се трудам да сум ведра и насмеана, навикната сум на тоа, да не ја искажувам болката. И јас сум риби во хороскоп, и на мене ми е тешко да ги искажам чувствата, и многу чувам во себе
    Се договоривме да не кажеме на никој дека е крај, сепак јас ке сум таа што ке остане во градот и сите ке ми кукаат на мене, леле леле што ти направи. Наскоро тој пак се враќа во странство, после јас планрам да избегам малку од градот и се надевам дека се ке помине тивко.
    Фала ви на сите за поддршката, многу ми значи тоа, дека некој кој не ме ни знае и не е субјективен, е на моја страна и ми дава добри совети.
     
  15. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Затоа сме тука ;) уште еднаш среќно и без страв :)
     
  16. Tomcia

    Tomcia Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2010
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    126
    Синоќа пак се сретнавме и конечно ми одговори на дел од моите прашања. Свесен е дека тој ги почна кавгите, свесен е дека целиот мој бес и сите кавги беа заради него. Но околината и далечината го направила своето, почнал да ги губи чувствата кон сите и кон мене, а ништо не ми кажуваше за тоа, криеше. Вели дека додека бил таму се борел сам со себе и се обидел да ги врати, но не успеал (знам дека лаже). Се надевал дека кога ке се врати се ке е ОК, ама не било така со неговите чувства. Си мисли дека не е доволен за мене, дека не ме заслужува и затоа не сака пак да пробаме, се плаши од неговиот неуспех. Вели дека не е сигурен во себе и не сака веќе да ме повредува. Ми вели дека ме сака но само како пријателка, и дека сака да останеме во контакт. Ми понуди било каква помош.

    И сега не знам што да мислам за него, дали целото тоа му е криза и некогаш ке се предомисли, или навистина е крајот.
    Иако го знам каков е и дека подобро сега него покасно, јас пак сакам да се обидеме.
     
  17. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.626
    А зашто се лажеш самата себе? мислам он ти кажал дека не сака да проба пак, а според ова што го кажуваш, има детаљи што он не ти ги кажува...
     
  18. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Tomcia, јас мислам дека треба да му оставиш малку простор. Сега е збунет, незнае што сака, не си ги знае сопствените чувства. Но мислам дека неможе туку така да избледи, познавам луѓе што заминале во странство па кога се вратиле не им ги снемало чувствата. Секако, зависи и од карактерот, но не ми се верува да му изчезнале чувствата така лесно :?: Мислам дека е збунет, ако сакаш да го вратиш, остави му време да се среди, кога ќе дознае што сака сам ќе те побара.
     
    На Srekicka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.846
    И јас истово кога го кажував ме нападнаа дека сум ја подгревала и сум и давала лажна надеж. И дечко ми беше во странство, па кога се врати се гледаше дека е изменет и самиот кажуваше дека не е веќе стариот, созреал, видел многу нови работи. Јас пак ќе кажам да го оставиш некое време, сепак ти најдобро си го знаеш, па откако ќе му помине ваквиов несигурен период, тогаш прајте муабет. Сега е збунет и нестабилен, затоа не го барај сега за сега.
     
  20. al-vik

    al-vik Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2010
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    110
    Не знам но најчесто кога некој раскинува со зборовите "не сум доволен за тебе" не му е некако за верување. Ние луѓето сме повеќе себични, и кога сакаме нешто се трудиме да го зачуваме, дури и ако сме свесни дека може не сме доволно добри за тоа. Колку порано прифатиш дека навистина е крај, подобро за тебе. Подобро да не се надеваш на него и да почнеш нов живот. Па ти имаш 23 години твојот живот сега почнува, и на тие 9 години не размислувај како на изгубени, не се изгубени, тие се твое минато (убаво минато на кое ќе вреди да се сеќаваш),тоа тие е искуство, дел од твојот живот. Можело тие години да ги поминеш сама, или пак да смениш неколку лоши дечковци, така немаше да бидат загубени години? Без разлика, животот продолжува,на овој или на оној начин времето што поминало не се враќа сме го потрошиле, остануваа иднината и верувам дека ќе имаш поголема љубов од оваа, само остави го и не мисли на него, па и не е добро цел живот со еден дечко, добро е понекогаш и некоја промена во животот.