Здраво! Еве јас сум нов член на форумов и би сакала да споделам еден проблем со вас. Пред 2 години влегов во врска со едно дете, одевме околу 5 месеци и потоа се разделивме, поточно тој мене ми раскина... Понатаму после едеен месец повторно ме побара и пак се смиривме, но пак истата работа се случи се скаравме и се разделивме. Најлошото од се е што така и продолжија работите се смирувавме, раскинувавме повеќе пати. Кога раскинувавме не комунициравме многу, а после еден месец, два пак заедно. И така последниот пат раскинавме летово, мене ми здосади од истата работа кажавме веќе да не ги повторуваме работите, да не се поврнуваме пак... Но еве пред некое време повторно пак ме бара, јас го одбивав цело време. Ми ветува дека сега конечно ке ни успее врската, дека сега ќе биде како што треба. Цело време ме бара, се обидува да ми докаже дека ме сака, но поради сите работи што се случија претходно јас незнам ни што да чувствувам. Дали да поверувам пак на неговите зборови кои се толку многу убедливи или да го оставам, што се разбира и двете работи ќе ми бидат тешки. Ве молам за совет, што мислите вие за мојата ситуација, би сакала да слушнам и мислења од некое машко..
Убаво си постапила-си видела дека не иде и си го одбила.Сега немој да попушташ.Знам дека ќе ти биде тешко,но сигурна сум дека со текот нa времето ќе заборавиш.Сепак станува збор за пократка врска.Уживај,не се замарај толку.Понекогаш треба да размислуваме за тоа на каде ни идат работите,не само да чувствуваме.Млада си,сигурно ќе ти излезат многу подобри прилики.Поздрав
незнам чуден ми е , многу упорен, ми звони, пишува, застанува со мене,дали би можело овој пат да успее? или само би се залажувала
Jaс мислам АКО го сакаш, значи ако си сигурна дека го сакаш, а не дека само ти се допаѓа да и дадеш шанса на љубовта. Седни и поразговарај со дечкото за сите негативни нешта кои Ви се случувале додека сте биле заедно. Отворено кажи му што ти пречело кај него, побарај да ти каже тој што му пречело кај тебе и решете се на што сте. Нека помине некој ден после разговорот и размисли и види дали вреди. Бидејќи и да го одбиеш сега на новиот почеток која ти е гаранцијата што понатаму....Сепак, имате некое минато со човеков, емоции,време... Што знам, сепак е ова само мое мислење. Со среќа!
Нека ти досадува остави го...Ти сега немој така лесно да потклекнеш и да му дозволиш да те добие.Сега биди сигурна во себе, своја и помачи го...да видиш до каде може да оди поради тебе и колку е тој сигурен во тоа што го намерил.Инаку секој може да ти каже остави го,заборави го...или смири му се дај му шанса...Меѓутоа ти сама на крај ќе решиш.Ти си знаеш, сепак советите се тие остави време да видиш како ќе се одвива се.
Имам оставано коментар во друга тема за бившите нешто мислам дека беше. Значи не ја обновувај старата врска затоа што тоа е исто како да читаш една иста книга а однапред да го знаеш нејзиниот крај. Таквите зборови дека конечно ке успеете, бла бла... се само празни зборови на скоро сите машки. Зарем претходно ти ги нема кажувано кога сте се разделувале? Сте се смирувале и пак сте се разделувале. Незнам зошто мислиш дека сега би било поразлично. Јас на твое место би го оставила, ке си најдеш друг, не е тој еден и единствен. Многу други машки можат да те сакаат и почитуваат многу повеќе од тоа што тој ти го нуди. Заслужуваш да бидеш сакана и почитувана. Ова е мое видување сега останува само на тебе да си одлучиш. Со среќа
Јас одев со дечко цели 6 години,последните 2 беа ужас,ми се случуваше постојано тоа скарај се раскини и само се нервирав и плачев,ама не сакав да го оставам бидејќи го сакав.И така еден ден на последното скарување си реков овој пат нема да попуштам,секој пат е исто дури и поболно,ставам ја крај овој пат,и така и беше.Ми требаше цела година да се опоравам,не ми беше ни до дечко ни ништо,ама ете се опоравив,сега си имам дечко веке година ипол си го сакам најмногу и немам такви нервози(не дека не се караме)ама со претходниот немав мир.Значи секогаш има подобро,само треба да сакаме да успееме.
Вистина е дека секој заслужува втора шанса, ама овој твојот дечко ја прокоцкал и втората и третата,а ето го сега бара и четврта шанса! Заслужува ли? Одговорот само ти си го знаеш! Колку и да изгледа убедливо, колку и да моли, колку и да плаче и жали, немој во никој случај да му попуштиш лесно! Измачи го, натери го да сфати дека навистина мислиш да не се смириш повеќе со него! Во спортивно,ако повторно му се вратиш без да вложува многу напор,мислам дека за неколку месеци повторно ќе прекинете! Твојот дечко е многу сигурен во тоа дека може да те врати во секој момент, убеди го во спротивното! Натерај го да се труди да не те изгуби! Биди поцврста и своја! Можеби е себично но измачи го малку, биди рамнодушна на неговото молење... Ако сега тешко те врати мислам дека наредниот пат пред да ти раскине ќе се подзамисли дали е способен да те врати пак!
Никој не би сакал да биде во врска со нервози и караници.Секој девојка сака мирна и врска полна со хармонија.Затоа најубаво прво запрашај се дали би сакала фати раскини и нервози?Или сакаш само љубов и мир?Размисли си и одговори си сама на прашањата и ке дојдеш до решение и ке знаеш што е најправилно да направиш
По сите разговори на телефон и месенџер ( бидејќи несакав да се видам со него во живо ) го пуштив да си оди, му кажав дека нема да бидеме зедно. И денес се чувствувам многу тешко, знам дека уште има некои чувства во мене за него, и можеби правам грешка, а од друга страна можеби постапив исправно. И сега како што велите вие доколку му значам толку и како што вика дека толку многу ме сака нема да се откаже од мене
И за што се расправиите и караниците кои доведуваат до раскинување на врската, ако не е тајна? И додека сте раскинати, он има ли други, се гледа ли со други, спие ли со други? А кога сте заедно, како ви оди?
Кога раскинуваме никогаш не се случило да раскинеме за некоја караница или некој нешто да згрешил туку причините за раскинување дури и ги немаше, некогаш едниот не сака да продолжи со врската зошто сака да биде сам, сака да поминува повеќе време со другари, едноставно глупости никогаш вистинска прична или пак едноставно се оддалечиме. А кога не е со мене оди со мувачки за кои вели дека не чувствува ништо и дека му требам јас
Епа сега е малку појасно. Видов и дека имаш 18 години. Овој дечко (како и 90% од машките денес ) е едно недозреано детиште кое сака да си шара наоколу и да флертува, едноставно да се издува и да живее. Никој не оспорува дека можеби има чувства за тебе, ама вкусот на слободата и фраерлакот пред другарите му е очигледно посладок. Он и само он си знае дали вистински е искрен и сака да успеете како пар. Никој од нас, ниту ти, не му е во главата, па можеме само да негодуваме. Одлуката е твоја. Можеби му дошло ронка памет, па ако си подготвена да ризикуваш и да ја голтнеш неговата незрелост од минатото, можеби ќе се исплати. Јас лично не би те советувала да се смирувате од друга причина - ти си мошне млада, 18 години се најубавото време и нема потреба да си ја тепаш главата за еден дечко и за толку сериозна врска. И тебе ти е рано, според мене. Поживеј си и ти. Токму како него.
Мој совет ти е да го оставиш, нема да згрешиш верувај ми. Премногу си млада за да се мислиш дали со тоа што ќе го оставиш правиш грешка или не. Едноставно, во животот те чекаат уште многу шанси за љубов, па и покрај тоа што го сакаш, ќе го заборавиш и повторно ќе се заљубиш, верувај ми. Има уште толку живот пред тебе, што бесцелно е да се нервираш што ќе биде ако останеш со него. А, ако останеш со него, таа врска може да заврши на два начина: со брак или раскинување. Ако заврши со првото, постои голема шанса цел живот да се прашуваш: Што ќе беше ако не продолжев со него? А ако се случи второто,а верувај ми, второто е далеку поверојатно да се случи од првото, во овој случај ќе се каеш што порано не си завршила со него и што си дозволила најубавите години да ги испуштиш заради него. Се надевам дека помогнав, поздрав
Не ти е потребна личност која што ни самата не знае што сака. Тие раскинувања - смирувања не ти се потребни повеќе. Така повеќе патиш. И тоа што ти кажува дека е сменет, он мисли дека е сменет, но не е. Може ќе биде друг додека се смириш со него, но после....... пак по старо. Затоа заврти нова страна и најди си друг.
Кога го прочитав овој проблем си се препознав самата себе во напишаното.Исто како јас да сум го напишала ова пред 3 год. Имав дечко кој исто така ми правеше како на тебе смирувања - раскинувања и тоа траеше цели 5 год . Но дојде време кога ми пукна филм и конечно решив да му свртам грб и да не одговарам на никаков негов повик ,а исто така не му праев муабет и си вртев грб кога ке го видев. Можам слободно да кажам НЕ на таквите гледања. Мој совет е да престанеш да се гледаш со него ,стави конечен крај на сето тоа и фати си нов дечко (се разбира не било кој) и живеј си го животот како што треба , не губи време со луѓе шо не заслужуваат. Јас токму тоа го напраив , ставив крај на таа врска и си фатив нов дечко и веруј дека стварно се исплатеше. Беше тешко но сега се смеам на тоа и се чудам како сум можела да бидам толку глупа и да бидам со некој кој не ме ценеше како човек туку му бев една обична резерва на која ке се сетеше само кога ке му дојдеше на таквото *идење 5 ,6 месеци па откачуење и после пак истото аууу страшно
Познавам многу случаеви со истиот проблем, смири се-скарај се, и тоа со години си трае, и трае, и трае.... И кога нешто толку се повторува, не сфаќам која е убавината во таа врска, кога цело време се нервираат само, и секојпат истото се врти во круг. Јас во таква ситуација би ставила крај на нешто за што очигледно е дека нема добра иднина. Додека ке се замараш со некој со кој не ти оди, можеш да бидеш среќна со некој друг со кој ке ти биде поубаво. КОлку поскоро завршиш со сегашниот, толку побргу ќе најдеш нова љубов
И јас на ваква врска би ставила крај . Зошто да читам книга која сум ја читала не еднаш туку повеќе пати и и го знам крајот ? Не ми е интересна веќе . Нели ти е подобро да најдеш некој што нема така да ти прави , што нема да ти раскинува зошто сака некој период слободен да е , па кога ќе му затребаш да те побара ? Што си ти , втора виолина , златна резерва ? Мисли на себе и цени се .
и јас сум имала таква врска. додека не го оставис, секогас ке се повторува истото. јас му давав милион санси, кои нормално тој ги прокоцкувасе без ни троска размислување. е кога сфати дека го оставам засекогас не мозесе да поверува дека е така. сега сфака сто имал, а изгубил, но доцна е крај ако навистина те сака, нема да се отказе лесно од тебе, но треба да оладис некое време.само така ке сватис дали треба нему да му дадес усте една санса, или па себеси да си дадес санса
остави го...тоа што не успеало еднаш два пати па ете и три пати никогаш нема да успее незнам типот што се замислувал воопшто еднаш чао па по еден месец ајде пак па повторно истата песна нормално дека ќе ти се здосади остави го...на таквите така му треба...