1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како да постапам?

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од srcence123, 2 мај 2012.

  1. sm1zla

    sm1zla Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2011
    Пораки:
    730
    Допаѓања:
    307
    Пол:
    Женски
    Еее па шо ке му ја секираш?? САМО ЗБОР Е ДАДЕНО нема нишо ни свадба ни веридба..ПА МАЈНИ ГО..Арноо е шо откријал си го лицето на време..
     
  2. Natka87

    Natka87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2011
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    1
  3. MorgaNa

    MorgaNa Активен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2012
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    11
    Здраво...ве молам за совет..
    Во врска сум 2-3 недели, а се осеќам како пола година да идам..
    Нонстоп се глеаме, муабети по телефон, значи секоја минута скоро, се навикнав на него, а и одморот уште поиште не зближи...бевме у Охрид, јас со мои другарки ,он со негови другари а таму цело време бевме заедно..
    Меѓу нас нешто повеќе од петинг не постои, но типот постојано ме напиња за секс да имаме...од една страна за него е нормално зашто има 22 години, јас имам 17 и пол.....ама не е тоа тоа...
    Значи смешно е ако кажам дека идам 2-3 недели.. ама јас ептен се приврзав за него...неразделни сме...и само тоа како да чека...да дојде моментот за секс..јас му имав кажано дека не сум скината...но денес ме исчуди со истото прашање..кога ке му кажам дека не сакам сега да имам секс..одма го мења расположението...
    Се гледа дека му значам...не му е и него сеедно..
    Но незнам што да правам..Знам дека на секој од вас од страна вака ке му звучи безврска и секој ке ми каже да го откачам што побрзо..но ептен ми влезе под кожа..незнам , се изгубив, што ми советувате вие ? :(
     
  4. SunshineI

    SunshineI Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Луѓе прво здраво на сите :*
    Имам една дилемичка, има еден дечко, година поголем, пред пола година ме видел на фб и ми удрил мерак као, а искрено дечкото е познат по тоа што е мнооооогу пребирлив за врски, а ветрушка онака, да се занимава со некоја женска,да не му е досадно :) Јас нешто се запнав да се играм детективка, па 2 месеца се распрашував, истражував за дечкото, како којзнае што да е..
    И конечно ми изгледаше океј, го запознав индиректно па тогаш во живо.. :)
    Да скратам малку, отиде на пат, од глава не го извадив, а не контактиравме во меѓувреме, ништо вербално немаше,се врати од пат и дознав дека таму бил со некоја, она за една средба само, важно се разочарав и после тоа, ни збор не чув ни за свиѓањето ни за ништо пред тоа.. како тој да завршил на тема „јас“.
    Али не и јас. :| :| :|
    Поминаа 2 месеци од тогаш, сингл е се уште, а јас сум во шема со еден тип, ама гледам дека нема да биде ништо поголемо, зашто не го вадам овој од глава. Ќе пукнам од мака, каков интересен карактер е, колку сме слични, а да не зборам па што е убав, ми се плаче.. ама работа е што само јас тоа знам и јас се замарам, а он си кулира у друштво, ако не ме заборавил па ете.. немам врска дали треба нешто да преземам, многу ми се сака, макар еден муабет да му напрвам, ама он си кулира со друштво, недопирлив ми е моментално... |(
    Везе неам што да правам, се како се откажувам од него, не го мислам више крај, ама не оди, пак најдам нешто ме изненади позитивно и пак ми се враќа филмот...
    Ужас :^) и стварно извинете за рефератов, ама ова не е ни пола раскажано, да не ве замарам, ако некој е расположен да помогне или бил во слична ситуација, баш ќе ми го разубави денот :)
     
  5. m.a.f.i

    m.a.f.i Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    180
    :inlove: срце јас мислам дека ти можеш него да го освоиш, не само него туку и било кој друг ако навистина го сакаш тоа. труди се околу него, дотерај се, нека те гледа како играш заводливо, немој само да бидеш со други дечковци да не помисли дека си... ме разбираш?
    оди на местата каде што оди он, приближи му се прашај го директно,не преку други луѓе како е, што има ново, покани го на сладолед, се другарски, но не збори за други машки, и не го напињај тема девојки.! пиши му порака за добра ноќ и сл..
    сето ова ако стварно сакаш да бидеш со него, а ако е само за заебанција тогаш немој толку да се форсираш и да се трудиш околу него,поздрав :*
     
    На SunshineI му/ѝ се допаѓа ова.
  6. SunshineI

    SunshineI Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    m.a.f.i фала многу, ме охрабри :* Нервоза ме фаќа кога ќе помислам што се може да излезе, ама вреди да се проба :D :* :*
     
  7. m.a.f.i

    m.a.f.i Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    180
    вреди ако навистина го сакаш :)
     
  8. Malecka19

    Malecka19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    Што да направам?

    Здраво на сите! Пред да си го кажам проблемот сакам да кажам дека овај животов е толку чудесен што некогаш не тера да ги правиме оние работи за кои сме тврделе дека нема да ги направиме никогаш!Има женска,па прилично подолго време се заедно,а уште пред да биде со неа се запозна со мене ,ме тераше да се видиме,зборуваше дека му се свиѓам,дека сака со мене нешто посериозно и тн.Јас не го свиѓав тогаш,така да тој си се фати со една друга.Имавме комуникација сеуште на фб,разговори ама баш за сите теми,една година само се допошувавме,беше онај вистинскиот!Ист карактер многу многу го засакав.Излегов со него,почнавме да излегуваме ама овај пат скришум,од тогаш до ден денес сеуште сме во контакт,се гледаме скришно,се слушаме,се интересира за мене исто како негова девојка.Љубоморен е,се однесува заштитнички спрема мене,тврди дека има планови со мене,дека отсекогаш имал,дека не сум мѕ само за една ноќ,дека му треба време да се скара со неа и да биде со мене.Но веќе скоро една година ми го вика тоа,а ништо не презема.Јас му кажав доколку нема сериозни намери со мене,доколку сака да се тргнам ке го сторам тоа без да му правам никаков проблем,но тој при секој муабет за таа тема вели дека никогаш не сака да се раздели од мене,дека му значам многу,дека ако треба светот ке го сруши а ке биде со мене,само му треба уште малку време да се одалечи од неа,бидејки не сака да ја повреди ни неа,и таа му значела на некој начин.Понекогаш е толку далечен од мене,така го чуствувам,ретко се јавува,пишува ко ради реда,а мене тоа ме ваѓа од такт,и секогаш му го зборам истото,што веќе ми вика дека за таа тема имаме зборено дека со мене не планира да се раздели никогаш.Не сум доволна сигурна во ништо повеќе,верувајте многу многу го засакав,никогаш не планирав да се мешам во туѓи врски,ако целта ми беше да го скарам со неа одамна ке го сторев тоа,јас само молчев,молчам сеуште и чекем тој да преземи нешто,но некако последно време е ладен,како да ме одбегнува а кога и да му го спомнам тоа вели дека не е така,дека не сака да се раздели од мене,дека претерано му значам,веќе и му здосадив само му го зборам тоа,се плашам да не бидам оставена утре,изиграна,се плашам да не бидам јас таа повредената,затоа и тоа што ме мачи му го кажувам нему,тој упорно ми тврди дека не е така,дека премногу јас паничам и ситничарам,ако не ми титнел или јавел не значело дека не сака да биде со мене,едноставно луѓе тој ми дава надеж! Затоа сум сеуште со него,не ме пушта да одам од него,не знам не можам да го разберам,го боли кога ме гледа со друг како стојам,често се караме заради тоа,дека сака да бидам само негова,значи навистина покажува дека му значам,но некогаш кога ке помислам дека би можела да бидам оставена се плашам,патам,секој ден плачам ,се прашувам до каде вака,тоа си тапка во место,како да не знае што сака сеуште,ми вика ако сакал крај одамна ке ставел само му треба време и разбирајне.Многу претрепев,но неговата надеж сто ми ја дава ме држи сеуште,се запоставив верувајте,ретко излегувам,и кога излегувам го барам само него,кога седам со другарки мислите ми се само кај него,само сум со телфонот во рака,како да чекам повик,како под страв и стрес сум да не ми рече готово,ако не ми врати кога му титкам полудувам.Многу малку имам и добивам од него,но јас со сите сили се трудам да не го изгубам и тоа што го имам!А тој ...не знам не можам да го разберам....се надевам ке ми дадете некој добар совет според ваше мислејне...многу ми е тешко ;( ....поззз до сите
     
  9. kristince51

    kristince51 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2012
    Пораки:
    787
    Допаѓања:
    1.021
    Јас ја добро разбирам твојата ситуација имав другарки со ист или сличен проблем, дечкото можеби стварно е кул , ама стварно сака да седи на две столчињаа зошто дополнува тоа што го нема во врската, или сака да проживее стекне искуство уште некое време па потоа со тебе сериозно да го свати животот на љубовен план, или девојката негова е премногу добра па чека погодно време да и раскине. Е сега да сум на твое место со мое искуство јас би разговарала кратко и убаво со него, ке му кажеш дека доволно си чекала дека веке редно е да донесе одлука, а додека не е донел одлука најдобро да не се видувате пишувате баш ништо дека му оставаш време сам да размисли и ке му потенцираш твоите чуства кон него и како тој што несака да те дели со никој ни ти него и ако му значиш ке пресуди еднаш да не си губиш време па и за девојчето друго е жално да го лаже, и ке му кажеш ако те сака ке почитува тоа што си донела како одлука за вашата ситуациа и дека се зависи од него. И едноставно ке си заминеш без одолговлчување зошто ако попуштиш ти ке губиш и пак на старото ке се вратиш, зошто ти си таа втората,омаловажената, ако те цени нема да те ицпушти од прегратки и предсите тоа ке го покажува, и најмногу од се што треба да направиш да ја почитуваш твојата одлука нема да му вракаш пораки, нема да се јавуваш на неговите повици ако претерува со јавување смирено тивко одговори му дека знаеш што очекуваш од него немазошто да разговарате тој знае какви чуства имаш кон него и тоа , ако го видиш поград исто ако се сретнете или искочите на исто место и ти пријде, или си излегни или пак ако останеш и тој ти пријде убаво кажи му нема зошто да разговарате и да се дообјаснувате ако навистина има чуства знае како да те добие. Тоа е од мене, не си троши времето да бидеш втора цени се доволно за да другите те ценат , знам дека ти е битен ама потруди се да си го исполниш времето да немислиш на него, со другарки, со хоби некое еве ,на интернет, кога малце ке се отргнеш од него ке видиш дека ке ти е полесно а на него потешко самиот тој ке свати колку му е мизерна врската тој неможе сега тоа да го види зошто она што таа не го исполнува ти го правиш тоа , па сега прави како се чуствуваш најдобро и да згрешиш ништо од нив учиме, едно поголемо искуство позз
     
    На Malecka19 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Malecka19

    Malecka19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    ФАЛА многу kristince51 за советот за тоа што ме сфати и мене и мојата ситација...навистина ми беше и сеуште ми е тешко.Ти благодарам :*
     
  11. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Малечка, како бре тоа девојче уште не разбрало што и‘ прави тој?

    Велиш веќе една година ти го повторува истото, дека му треба време да и‘ раскине. Ти рекол дека ако сакал крај, одамна ќе ставел.... А од каде знаеш дека и за другата не се чувствува вака? Од каде знаеш, може и другата исто му значи, па не може ниту неа да и‘ раскине. Воопшто не е во ред од негова страна, дури и во случај да се однесува со тебе најубаво на свет, да седи на две столици.

    Велиш се плашиш да не бидеш повредена и оставена. За да не бидеш, заврши ја ТИ целава работа. Колку и да ти значи, мораш да се помириш со фактот дека си направила огромна грешка што си се сплеткала со него и што си дозволила да ти влезе под кожа знаејќи дека има девојка. Колку и да ти значи, треба себеси повеќе да се сакаш и да сфатиш дека ти заслужуваш некој кој целото свое внимание САМО ТЕБЕ ќе ти го посветува, а не да го дели на две. Заслужуваш да бидеш единствена некому, а нему не му си очигледно.

    И нема Не ме пушта да одам од него. Не е ТОЈ оној кој не те пушта, тоа самата не си го дозволуваш затоа што те опила оваа слатка горчина. Тој нема никакво право да те задржува покрај себе зашто му било убаво со тебе, додека ти патиш секогаш кога ќе помислиш дека истите бакнежи и внимание ги добива и неговата девојка.

    Крај краева, не е толку важно што ние тука ќе те советуваме. Важно е да си дадеш разумен одговор на прашањето: Колку се цениш себеси?
    Секое добро :)
     
    На Malecka19 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. m.a.f.i

    m.a.f.i Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    180
    мила мислам дека оваа работа тебе нема да ти донесе ништо добро!
    не можам да верувам како можеш да си дозволиш тој да бакнува некоја или да спие со неа па да доаѓа кај тебе, е тоа ми е несфатливо. Зар љубовта значи дека треба да се погазуваме себеси, да не се почитуваме или пак да немаме свое јас? НЕ!
    Не го кажувам ова за да те повредам туку ти кажувам за да сфатиш дека љубовта постои кога постојат САМО двајца, а кога се појавува некој трет тогаш се паѓа во вода!
    срцка и самата велиш дека тој се нервира кога стоиш со некое машко и често се карате за тоа, а тој се запрашал ли некогаш како ти е тебе навечер кога оди со неа? НЕ не се запрашал а зошто?
    заради тоа што неговиот живот е добар ужива се му е под конец, лажи ваму трчај таму боцни онаму еее срце мое он да те почитуваше тебе барем малку ќе расчистеше со таа!
    се надевам дека ме разбра што сакам да ти кажам
    поздрав
    Мислам дека не треба заради НИКОЈ И НИШТО во животот да се лепиме на асфалт!!!
     
    На Malecka19 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Malecka19

    Malecka19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    Ви благодарам многу за советите многу добро го знам ова што ми го советувате,знам и дека до мене зависи целата ситација,кога и да посакам да зборам о него за оваа тема му ги кажувам овие истиве работи што вие ми ги кажувате,но тој ке си продолжи со своите ветувања и тоа како му значам ,па јас секогаш си продолжувам по истото,немам храброст за многу работи,се плашам,порано имав дечко прв ми беше,ме разочара ме повреди,и сега како да си мислам дека секој нареден ке го стори тоа.Со овај другиов што има женска,бевме разделени можи 2 недели поради несогласувајна одреден период,и тоа јас посакав крај и после пак јас го побарав,а тој тоа време знаете што правеше?Си беше насмеан како и секогаш,само кога ке ме видеше со други машки правеше некои чудесни фаци поминуваше по 1000 пати покрај мене и набљудуваше што правам! замислете како ми беше мене кога го гледав со неа само да стои,па уште повеќе кога ке ја гушнеше? ма што понатаму пишувам,цела ситација знам дека сега зависи од мене,барем свесна сум за овие работи што ми ги напишавте.се е до мене јас како ке одлучам така,ви благодарам многу ! :*
     
  14. Malecka19

    Malecka19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    И да дополнам,само едно знам,дека никогаш повеќе нема да се заплеткам во ниедна друга ситација слична на оваа со друг! ма нема такви теоретски шанси што ке ме натераат да излезам пак со некој што има девојка.Овај беше посебен затоа и го сторив тоа,пред да излезам знаев за последиците и многу се двоумев дали да го напавам тоа или не,јас бев најмногу против за ваквите работи и пак излегов.Сеуште сум против,нема да ми се допаѓа ни мене утре ако ми прави вака а ке ми прави знам,нема да бидам ништо посебно од таа што сега му е девојка,се се знам и разбирам,се тоа што ми го напишавте и јас го знам многу добро,свесна сум,само немам храброст! тоа е се....фала ви многу ве сакам
     
  15. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    Ај размисли малку и од друг аспект, како може човек што лаже и изневерува толку ладнокрвно да биде посебен? :^) Може само посебен лажго и лицемер да биде, друго ништо.
    Затоа запаѓате во вакви ситуации, погрешно гледате некои работи, не онакви какви што се туку онакви какви сакате вие да бидат. Тоа е најголемиот проблем.
    А дечково ако сакал да раскине верувај одамна ќе го направел тоа, демек 1 година неможе да и раскине? Поидиотски изговор здравје.
    А што всушност чека тој? Несакал да ја повреди? Па како планира да го избегне тоа? Дали ќе и кажел по 2 дена или по 2 години таа пак исто ќе биде повредена :^) Или па не сака баш да си раскине? :^)
     
  16. homealone

    homealone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    има ли некоја девојка која би сакала да го слушне мојов проблем но во лична порака бидејќи страшно ми треба совет јас решени неможам да најдам
     
  17. kristince51

    kristince51 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2012
    Пораки:
    787
    Допаѓања:
    1.021
    Кога еден пат си се вратила веке ни тој тешко за сериозно да ги свати твојте зборови и сам ке знае дека нема да издрзиш ако прекинете и пак ке му се вратиш , јас ти кажав расчисти убаво и не одложувај и не се дообјаснувај, размисли зар ке си дадеш усте 1или 2или 5 најубави години од животот и на крај се омажи за неа ,а ти што ?малада си сеуште милион такви ке најдеш наводно посебни ке видиш па додека вистинскиот не дојде , ти зошто се вртакаш околу него, тупкаш во место и неможеш да запознаеш други момчиња , ако те ставрно сака цени ке ти се врати ако не тоа му било само потполнување на слободно време, секоја раделба боли секако ке ти биде тешко ама ке го надминеш и тоа со гордост дека си се доволно ценила а не колку тој што те цени, не сум дојдена тука да те осудувам туку најдобро ти мислим ако ти одговара продолжи ама ти губиш ако неа ја прави будала што незнае девојчето, ти пак знаеш и да не кажам како испагаш ... не го троши времето за такви дечковци никогаш никогаш, троши го за да го најдеш оној што ке те направи да се чуствуваш посебна, единствена што прва и последна мисла во денот ке си ти ни никој друг ке видиш кога ке дојде тој ВИСТИНСКИОТ ке се смееш за сетоа ова. позз
     
  18. Barbie-mwa

    Barbie-mwa Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    1.237
    Допаѓања:
    528
    Пол:
    Женски
    Како да постапам? Јас и другарка ми сакаме по еден ист, таа мисли дека неа ја сака а јас мислам дека тој ме сака мене, и она постојано ми кажува дека ја гледал и незнам уште што не, а нема врска тоа што го кажува и јас однемувам самодоверба, и сеа што да правам? Да и го оставам илии....? :?:
     
  19. Angel.girl

    Angel.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    667
    ^^А кој е тој дечко за кој вреди да си расипеш пријателство? или па договорите се со другарка ти и прасајте го која ја сака од вас две, или па некоја сосем трета :D
     
  20. ems13

    ems13 Активен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2012
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    3
    здраво на сите :) се наоѓам во многу бедна ситуација што никогаш не би помислила дека јас ќе ја доживеам. уште од пред неколку месеци еден тип цело време ме замара(ми се пушта,частења,смс пораки)
    добар е и се тоа,а единствена причина што ме спречуваше да направам нешто со него беше разликата од 10 години меѓу нас. летоска се погодивме на исто место на одмор и се смувавме само,а сега почнувам на секое искачање да го гледам и повторно иста песна продолжува,многу беше упорен со мене.и така пред 1 недела се погодивме а јас многу испив и завршив во кревет со него.од тогаш ми се нема јавено ни ништо,а кога го видов пак пред неколку дена на искачање не дојде да се поздрави,не па муабет да напраи,едвај едно здраво извлеков.после тоа во диско цело време седеше со една типка и преку рамо ме гледаше што правам јас.му пишав една одјебувачка порака од која сигурно сфати дека сум лута ама пак нема одговор. знам дека пак ќе го видам на следното искачање,ама незнам како да постапам. ве молам за совет феминки :*