1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како да постапиш со тврдоглави мажи?

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од samovilaa, 14 февруари 2011.

  1. samovilaa

    samovilaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    Здраво.Нова сум овде и читајки ве помислив дека би можеле да ми дадете совет.
    Случајно на една социјална мрежа запознав еден дечко.
    Комуникацијата во прво време беше ок.Почнавме и да се слушаме и како оди тоа дојдовме до ситуација да чуствуваме потреба да се видиме.Но бидејки и двајцата бевме премногу тврдоглави а бевме од различни градови не попусташе ни он ни јас.Кога конечно решивме да се видиме и тоа на пола пат јас го извисив.Морам да признаам дека многу храбро го поднесе тоа бидејки му објаснив дека имав здравствен проблем.Продолживме по старо но со повеке расправии и инаетење,навредување итн што за мене не е својствено.Сето ова беше пред 2 год.Потоа јас се повлеков тој неколку пати се јави јас не кревав,ме снема од социјалните мрежи и некој 6 месеци беше мирно.Мегутоа за тоа време јас сватив дека премногу го сакам.Додека тој трчаше по мене јас не му верував воопшто.Кој би му верувал?Доагам денес и после 20 минути се јавува колата ми се расипа.Следниот пат исто но нешто друго излегло.
    И така додека јас свакав дека го сакам на неговиот роденден му пишав е-маил.(премногу горда да се јавам)Одговор по 3 дена ладен и општ.Така почна пак комуникација но по 2 недели пак расправии,и пак прекин на комуникации.И така следните 1,5 год.
    Сега случајно дознавме и он и јас дека некоја мора роднина му е комшика и после месеци игнорирање се јави.Се слушавме секој ден 2 недели и сега на фб веке неколку дена ме игнорира и не се јавува на тел.Го побарав јас ме откачи со некој изговор и јас му реков да не ме бара веке.Мислам дека знае што чуствувам и си игра со мене.Како јас да дојдам во предност и ситуацијата да е обратна?
     
  2. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.857
    Лелее караници и инаетење преку социјални мрежи, па што те натерало кај него да го засакаш? Живи глупости. Си разговарала ли со него лично очи у очи да разбереш што човек е? Мислиш тој ти се претставил таков каков што е? Вие одма сте почнале со караници и тоа на фб или скајп а камо ли да тргнете, па од различни градови, па и двајцата горделиви и инаетчии, пу пу подалеку од вакви, незнам како да ги наречам, но за мене глупости. Ах тие социјални мрежи го упропастија народот. Ја на твое место не би го барала. Ако тој сака нешто сериозно со тебе ќе те побара ако не, не гледам место за паника или каење што си го одбегнувала. Сепак социјална мрежа е. Ми се чини и со месеци со некој да пишувам нема доволно да го запознаам толку колку што ќе можам да го запознаам у живо.
     
  3. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.626
    Ќе те прашав колку години си, зашто очигледно не си 25, ама тоа и не е баш многу битен факт моментално зашто секако ќе ти одговорам на прашањето......

    како прво го сакаш? добро знаеш што значи некој да сакаш? не е се у физички изглед :!: ти си била со него за да знаеш што карактер има? дали може да ти даде совет, дали може да те смири, да те разбере, да те толерира, а исто и ти во спротивна насока? Ти девојче имаш така речено crush. Друго нешто, се карате на фб? а зашто да се карате? вие дечко и девојка сте? Сте у врска па да се карате и да мора да се објаснувате кој што рави, каде оди, со кого, па љубоморни испади итн....Вакви стваи НЕ СЕ ПРААТ У ВРСКА а не па со некој што уопште не си се видела....ајде да сте се виделе, да сте размениле два три збора ОЧИ ВО ОЧИ, друго е....ама вие ништо......ок е што сте разговарале онлајн, (таква е денешницата, јбг), ама прв чекор после тоа е да се видите, идете на кафе, видете дали како прво и прво ќе ви е интересно заедно.....а не да се карате преку нет....па девојко вие не се ни познавате уствари......

    Е сега да ти одговорам на рпашањето, како да ја завртиш ситуацијата....Искрено, никако....зашто може он сватил дека е онлајн фаза, дека не вреди да се видите и толку....му поминал тој првиот почетен пламен (ако можам така да го речам), тоа жарче што горело меѓу вас, кај него веќе го нема, и толку.....единствено нешто што може да успее е да не го напињаш, онака пиши му општо нешто, колку да одржуваш контакт.....друго незнам што би ти помогнало

    гуд лак
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. samovilaa

    samovilaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    Ете после 3 дена игнорирање сега ми пиша,секако зашто имаше нешто потреба.Па фино и културно се извинува дека пред 3 дена кога сум му пишала спиел а овие два дена се срекаваме тамо и не пишува воопшто.А сега имаше потреба па пиша.И му го кажав тоа.Колку е умно да го избришам од фб?Или да му водам инат?Сакање може не е ама знам дека само тој можеше да да ми пркоси.Јас сум таква и мора да е секогаш по мое.И така било до сега,освен со него.А ако го нема повеке жарот зашто сеуште вели дека ме сака и се јавува.ЈАс ако не сакам некого завршувам со него и толку.
     
  5. bitter-girl

    bitter-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    558
    Допаѓања:
    531
    Јас и дечко ми се сакаме цели 5 години (Фала богу) а ти и дечково кој патем и не ти е дечко не се сакате! Вие никогаш не сте се погледнале, не сте се допреле, не сте се бакнале и тн. и тн. и помеѓу вас нема ништо друг сем некаков флуид кој порано бил по интензивен, а сега веќе не. Јас сум сигурна дека тебе токму ова те збунува.
    Искрено не гледам иднина во виртуелни љубовни врски. Затоа врати се во реалниот свет што поскоро.
    Ти си сега во некаква заблуда, занес или незнам веќе што.
    Тој можеби се свестил, те советувам и ти да го сториш истото!
     
  6. cindy

    cindy Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    166

    душичеее ова ти е само моментална опсесија не љубов не можеш да бидеш вљубена во некој што го немаш ни видено , само имаш некоја желба . мислам дека е подобро да оставиш се како што е . и сепак ако вистински те сака ќе те побара тој така да кулирај засега не е само тој . сврти се зад тебе има многу други што те сакаат искрено :)
     
  7. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    WOW, 25 is the new 16!
    :lol:

    Оф леле мајко...
    Знам дека времето денеска стана чудно и изопачено, начинот на комуникација драстично се промени, ама овие работи ме вадат од такт! :devil:
    Добро, некако контам дека 15 годишни девојки се занесуваат вака и летаат во облаци, ама 25 години девојка?
    Сакав едно време да ти пишам - причината поради која ти се занесува тој од другата страна на линијата е затоа што видел колку ти штрака мозокот и како драматично се потресуваш за вакви невидени глупости, што немаат две чисти со реалноста, ама па и тој не е нешто подобар. :^)

    Ниту ова личи на нешто, ниту е Љубов, ниту допаѓање, јас искрена да бидам - немам поим што е, ама уште еднаш се уверувам (на моја голема жалост) дека од премногу гледање амерички филмчиња и читање квази-срцепарателни романчиња, се искривија сликите на додворување и пуштање и врска и Љубов, и сега и еден лајк за вас е Љубов и едно тагнување на слика значи дека сте во врска... и ред други глупости.

    Значи совет - прекини комуникација со овој тип, дотерај се, излези во град, запознај некого со кого ќе направиш поштено и мушко здраво (физички контакт со рака, не мислам на poke на фб), и прекини да живееш во мини-новела од Николас Спаркс, инаетот и тврдоглавоста се само одлика на несигурни и незрели суштества, кои обвиткани во овие особини, се единствениот начин да се покажат силни и непокорливи пред светот, кога всушност во душата се слабаци, плачковци и лабилни.
    И апел до сите тврдоглави, без разлика дали се жени или мажи - вашата најлоша карактерна особина искористете ја барем за нешто добро, бидете тврдоглави во барањето нова работа, или симнувањето некој килограм, или за подобра оценка на факултет, а не за нешто идиотско и деструктивно, како некревање на телефон после 15-тото ѕвонење или незборување 4 дена, само затоа што во даден момент дечкото / девојката ви ги споил жичките...
     
    На bittersweet, Dafnee, Phyramide и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. samovilaa

    samovilaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    И јас не можам да се препознаам.Кога и да помислам готово,заврши тој се појавува и секогаш со добра причина и се понаша најфино и најпријателски.И потоа пак од ново инаетење и слично.Последната причина беше да ми каже дека негова комшика ми е роднина и не можел да слуша колку она мене ме фалела па кажал дека ме знае и направил план да се видиме.Дефинитивно кревам раце.
    И точно е дека може би ми е моментална опсесија.А и мојот лош карактер,што ке намислам добивам придонесува за ова.
     
  9. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Самовила, многу си ми конфузна. Колку пати се имаш видено со типов тет-а-тет? Колку пати реално си му го слушнала гласот, си го погледнала во очи, си седнала со него на кафе, боза, пиво, што и да е?

    Комуникацијава која ја опишуваш се заснова на виртуелниот свет? Само и единствено? :^)

    Не ти го разбирам проблемот искрено, а и не знам каков совет очекуваш. Избриши го од фејсбук, стави го на игнор и поукни некој друг дечко, можеби ќе ти пише на чет а во најдобар случај може ќе падне по некоја онлајн бацка или сајбер секс :?:

    Поправи ме ако грешам те молам, но мислам дека навистина би требало да почнеш да живееш малку повеќе во реалниот свет. Пролет ќе пркне уште малку, чучулиги ќе запеат, излези, прошетај, шмекни, направи муабет. Малку повеќе чучулиги и кокичиња, а помалку поукови и лајкови - е мојот совет.
    Не си прајте бајрам со паметот бе луѓе, животот стварно не е фејсбук :| Ќе видите како ќе ви биде поубаво кога ќе сфатите дека не се врти се околу него, фејсбук не е сонце бре еј! Ајде брзо во живот. Сиииктерче од тука ;)
     
    На Mistery му/ѝ се допаѓа ова.
  10. manutdwomen

    manutdwomen Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    9
    samovilaa ах,ко јас да го имам пишано ова,ко јас да сум девојка во приказната твоја...Е драга моја слушај што ке ти кажам јас и тоа да го запомтиш...
    Ја имав истата случка пред точно 2 години...исто го запознав момчето преку интернет и исто така го имав истиот проблем.На почеток беше најдобар,ке мислиш ко од небо ангел спаднат,ама многу брзо потоа си го покажа своето вистинско лице...прекинавме со контакти,па пак имавме се додека мене ме ми пукна филмот и го фатив во лага и му реков два три збора дека е готово мегу нас...(Само што ми е жал што го запознав во живо)и тој не ми врати ни по 2-3 месеца но знаеш што?не ми е гајле воопшто за него...го заборавив а кога помислувам дека сум кубела коси за него и сум се карала само ради него ми доага да се фрлам од балкон...Сега за срека запознав момче кои ми покажува колку му значам и кое е секогаш покрај мене.
    Ти се молам од срце не ја прави истата грешка ко мене за да не се уништиш потполно...Тешко е,го сакаш знам...ама собери храброст и откачи го...не вреди таа личност да си маваш глава од зидот,остави го малку тој виртуелен свет зошто таму никој и ништо не е реално,односно секој е силен преку тастатури а во живо е пи*ка(се извинувам на речникот)
    Фејсбукот батали,месенџерот и скајпот исто така,смени број.Не се мачи со него и да мислиш дали ке ти се јави или не..Не те заслужува...
    Ах што мразам такви машки кои изиграваат фраери па после ние женските сме биле лоши вакви онакви.
     
  11. samovilaa

    samovilaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    Јас секогаш го откачувам,го понижувам итн,и ке го снема некое време а потоа пак ке најде начин или причина да се јави,пише итн.Синојка и денес бев многу храбра,и горда сум сама на себе.
    Кога не би ме барал би било полесно.Денес вртеше ама не му ни кренав телефон.
    Следно ке видиме што ке биде..Све може да се очекува од него.
     
  12. bonb

    bonb Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2011
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    5
    хехеее интересно стварнооо ... самовила доброо се уште не сте се виделе аман брееее што направивтеее еден нека попушти нема инатење ...

    Пиши што си направила ...

    Позз ..
     
  13. samovilaa

    samovilaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    Што може да се направи.Инат си е инат.Сега е кај мене на блок а тој виси да можам да го видам дека е тука.Јас не попуштам и сакам да се откачам од све ова.Погоре беше напишано дека поминал жарот кај него,може би е така но не ми е јасно зашто кога ке се смири све тој се појавува повторно.Првите два дена е фин а потоа поцнува војна.А за гледањето...веке кажав.Го извисив и ...сега веке никако да се договориме.Ова е вртење во круг и јас веке кренав раце.Да не бев ваков инат ке седнев у кола и ке му отидев и ке немаше каде да бега,ама си велам па кој е тој јас да одам???Нема шанси!!!!!
     
  14. bonb

    bonb Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2011
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    5
    Ма батали го брее имаш право кој е тој.. Иако интересна ти е случката слична на една моја блиска другарка но нема да веруваш исто така постапи ко тебе но после некое извесно време дечкото почна да ја бара да биде упорен она не му обрнуваше внимание ноо интересноо сега се веќе заедно живеат заедно и имаат прекрасна врска ... Па не се знае и твоето како ќе заврши сепак хехехех сепак ти посакувам среќа во љубовта ....

    Позз
     
  15. samovilaa

    samovilaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    Благодарам...И ние не се слушавме 6месеци па пак почнавме ама не мрднавме од мртва точка.Ни заедно ни разделено.Секако веке пробав.Казната за овие денови што го игнорирав денес стаса.Го нема никаде дури ни на фб а 24ч му беше оставен.Инатт.!!!!!!1
     
  16. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    А да се спуштиш ти малку на земја!?Не се врти светот само околу тебе!Со вакво однесување никој нема да те прифати ... Имај ти свое ЈАС и доза инает кога треба ама биди и прилагодлива и труди се за другиот.
    Ти го направи него нестабилен, а себе не се гледаш!?Со вакво дрско и инаетливо однесување јас па јас не одиш далеку.
    Извини вака строга што бев ама мора некој да е таков за да те замисли.
     
  17. samovilaa

    samovilaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    Во ред е сето тоа што го кажуваш и јас имам размислувано за тоа..
    А што ако ТОЈ ме направил ваква?
    Тој го провоцира инатот во мене,а кога ке попуштам нешто вели дека сум слабак и немам карактер.
    И??
     
  18. manutdwomen

    manutdwomen Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    9
    До некаде си и ти во право но тоа е карактер,тешко се менува,иста сум јас инаетлива но на крај попуштам...
    Но сега нешто друго:Зошто ние девојките да попуштаме само?нели може еднаш и од другата старна да има попуштање?ако секогаш ние попуштаме ке си помислат машките дека можат да не вртат колку сакат и кога сакаат.Зошто ја бара па се кара со нејзе?
     
  19. samovilaa

    samovilaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    Како што реков.Ке се појави пак и се појави.Сакал да ме слушне...Нема спас од ова.
     
  20. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    И? Која ти е поентата? Од инает да бидеш поголем инает или ти треба совет како да го совладееш тој твој инает за да бидеш конечно заедно со типов? Малку ти се изгубив во прикаскава - а отворив чисто да видам до каде дошле работите. Како што гледам - статус кво ситуација а?
    Самовила ај те молам преслушај се уште еднаш за ова што пишуваш. Жими све ни Бекет ни Јонеско не ти се рамни.
    Секое добро ;)

    Како бре нема едно смајли за крстење не ми е јасно :x