Како да се помирам со фактот дека не ме сака?

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од blondie11, 7 ноември 2011.

  1. blondie11

    blondie11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    2
    Пред 4 месеци почнав да се гледам со истиот за кој ви пишувам и договорот беше да биде без обврски и лабаво бидејќи и двајцата не сакавме ништо сериозно. Но со тек на време нормално без да можам да го контролирам тоа иако знаев во што сум се впуштила почнаа веќе да ми се појавуваат чувства и да ви кажам ама уопште веќе ми е далеку од сеедно за него. Он е малце од оној тип на луѓе што е позатворен и никогаш не коментира за тоа како се осеќа али по постапките што ги прави мислам дека не се осеќа исто како мене. Не знам што да направам, бидејќи вака веќе не сум среќна, али се плашам дека ако му кажам како се осеќам дека ке го изгубам бидејќи он не го сака истото. Дали едноставно да му прекинам и да измислам некоја причина или да се надевам на тоа дека тркалото секогаш се врти? Не знам што повеќе да кажам али многу тешко ми иде да се ПОМИРАМ со тоа дека тој што можеби го сакам не се осеќа према мене на истиот начин. Дали некој имал слично искуство и дали има шанси да се смени ситуацијава? :worried:
     
  2. talentirana

    talentirana Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    158
    Допаѓања:
    129
    Пол:
    Женски
    Па ако е тој позатворен тип или ако никоаш не си ги искажува чувствата не значи дека не те сака.Немој одма така да си мислиш. Мисли малку позитивно.Ако вие двајца сеуште се гледате сигурно не му е и нему сеедно.И плус 4 месеци не се којзнае колку голем период.Јас мислам дека треба да почекаш малку.Или пак види и ти излади малку со него нека забележи тој дека ти си изладила и види каква е неговата реакција.ПА тогаш кажи му што како. Немој одма да се откажуваш без "борба" и немој одма да мислиш на скарување.Дај му малку време.
     
    На blondie11 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. lovely-girl

    lovely-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2010
    Пораки:
    617
    Допаѓања:
    648
    Пол:
    Женски
    Читајќи можам да ти кажам само дека, за да не се осекаш така тажно можеби треба сама да седнеш и да размислиш што всушност сакаш. Ако дечкото не ги осека истите чуства зошто едноставно не прекинеш , туку само се измачуваш самата себеси !?

    Дали знаеш дека секогаш повеќе и повеќе го сакаме тоа што нас не не сака !? Колку повеќе размислуваш на него, се повеќе се вљубуваш, и си носиш самата тага во твојот живот. Овде не знаеме како е во вашата врска, дај ни барем некои детали насочи не како се однесува кога е со тебе, дали ти има кажано нешто таа врска да ја обелодените !??!?!? Секогаш сум била против тие таквите врски БЕЗ обврска.... ама ајде твое право си е тоа, сама одлучи што ке правиш ......

    Постои и една друга варијанта, ако тој е премногу затворен седни ти, собери храброст и прашај го до кога така ке бидете заедно БЕЗ обврска !? Мислам дека таа врска нема логика , едноставно можеби тој само си го пополнува времето со тебе, или пак има увидено дека ти го сакаш, и ајде ќе се праам јас џек |( . Постојат многу такви машки, незнам што друго да ти кажам, собери храброст и очи во очи разговарајте , за да не бидеш повредена .

    Поздрав ххх :*
     
    На LadyKlaudia и blondie11 им се допаѓа ова.
  4. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.021
    Aко си сигурна дека не те сака-остави го.Најдобро решение.Нема потреба да се измачуваш со него доколку е навистина така.
    Ке најдеш друг а и гледам дека си млада.Понекогаш колку и да се бориш џабе ке ти биде.Ке губиш време а со тоа ке се повредуваш самата себеси.

    Но ако не си сигурна дека не те сака можеш да разговараш и да го прашаш што чуствува за тебе.Па тек тогаш да одиш во напад.

    Дури тогаш ке знаеш како да постапиш.
     
  5. blondie11

    blondie11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    2
    Хмм детаљи.. Скоро секој ден зборуваме на фб за како ни поминуваат деновите. Он работи јас студирам. Се гледаме во текот на неделата 1-2 на кафе, за викенд сме најчесто заедно. Излагаме со неговото друштво, со моето, сите наши знаат дека сме заедно, али официјално пред сите нели „јавноста„ не сме. Не знам многу за неговото минато, знам само дека имал 2 врски од по 4 и 5 месеци , што мислам дека е малку со оглед на тоа дека има 25 години. Кога е трезен е многу ладен и скоро и ништо да не покажува , но затоа кога ке се напие бар малце покажува и прави работи како да е заљубен до уши во мене. Затоа и не сум сигурна како се осеќа. Еднаш кога му кажав дека сакам повеќе внимание ми кажа ти го давам максимумот што можам ако не ти е доволно ја имаш слободата да си најдеш друг али да ми кажеш со време. Ми тврди дека не се гледа со друга бидејќи немал потреба али не знам дали да верувам. Ми има спомнато дека сака да ужива сега колку може по што има желба да се ожени за 3-4 години.
     
  6. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.344
    Допаѓања:
    18.353
    Пол:
    Женски
    Знаеш како викаат трезен мисли, пијан прави, ама па ова... Можеби со такво понашање сака со тоа да те дистанцира да не се затрескуваш многу во него пошто, нели и самиот ти дал до знаење дека овие 4 години сака да се изнаужива во животот. Не го сфаќај премногу сериозно, остави на времето да покаже, ама помири се со тоа дека ти е само авантура, па можеби и пријатно ќе се изненадиш од кај знаеш. Во секој случај, најбезболно е онака како ти викам. A како да се помириш...забавувај се, но упорно ставај си до знаење дека е само забава (како на себе така и нему), можеби тогаш повеќе и ќе се опушти со тебе, ќе чувствува помала опасност од заљубување.

    Сепак, доколку се надеваш премногу и немаш трпение, најдобро ти е да го оставиш.
     
  7. blondie11

    blondie11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    2
    Знам дека треба да се помирам со тоа дека е ова само забава и пробувам колку можам ама стварно некако не ми иде. Најлесното решение ми е да го оставам, не е ни прв ни последен знам, ќе помине ко што поминале сите.. Само ми е криво што малце да имаше он други размислувања можеше да биде нешто многу поубаво од ова. Во план ми е да се опуштам, да го ставам на последно место и да правам што мене ми одговара а не на него. Мислам дека приметува дека се имам зацопано и затоа и си зима веројатно на сила и ми кажува иди со друг ако не сум ти доволен. Али интересното е што така коа нема да го побарам ден два или нема да му напишам ништо на фб одма се јавува и ме бара. Знае да има и по некој љубоморен напад од време на време. Многу е чуден, мислам дека стварно ни он самиот не знае што сака али и дека не се ни оптеретува да дознае. Знам дека сум крива што дозволив да дојде до ова место да си ги изолирам чувствата уште на почеток али не успеав, сепак не може тоа да се контролира..
     
  8. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.597
    Значи не го сакаш девојко..!! Инаку немаше да наоѓаш причини за да му раскинеш..
    И тоа што не исказува чуства не мора да значи дека не те сака едноставно секој различно показува емоции...
    Само мислиш дека го сакаш.. така изгледа
     
  9. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.401
    Пол:
    Женски
    Велиш да најдеш причина и да го оставиш.. јас би играла вака.. искрено би седнала и би му го кажала ова што го пиша тука. Дека имаш чувства ама дека неговата реалност и твојата се различни. Сакаш да создаваш, ако тој не е способен да се носи со тебе и твоите желби, ќе си заминеш. Нема потреба да се повердуваш самата себе со тоа што не добиваш топлина за возврат. Самата си кажа и јас тврдам, времето лечи се! Но сепак ако тој има вистинско нешто спрема тебе, ќе регаира за да те задржи. Барем ќе добиеш некаков одговор со искреноста твоја. А ако заминеш и го оставиш без објаснување, секогаш ќе мислиш дали воопшто можеше да бидне нешто од тоа.. Разгоаварај, отвори се, не играј само по негови правила...
     
  10. blondie11

    blondie11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    2
    Никогаш ништо не сум добила кога сум била искрена, затоа и ми е страв од одговорот. Сеуште осеќам некоја одредена приврзаност и потреба за него. Кога ќе се осигурам дека можам да бидам без него тогаш евентуално би ми кажала за да имам „сила„ да си одам понатаму сама. Проблемот е што беше кажано и нагласено дека ќе биде лабаво и без обврски а јас несвесно пак си дозволив да имам чувства. Погоре сите викаат дека 4 месеци се кратко време, најверојатно ќе оставам на времето да покаже, ќе се дистанцирам малку од него. И ако и после некое време пак се осеќам исто тогаш се отворено ќе му признаам. Фала на советот. :)
     
    На Marchesa му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.119
    Допаѓања:
    2.614
    Јас мислам да не се откажуваш толку брзо. Знаеш како велат: Кога ќе добиеме малку, сакаме ПОВЕЌЕ, кога ќе добиеме ПОВЕЌЕ, сакаме УШТЕ ПОВЕЌЕ, но кога ќе го изгубиме, сваќаме дека тоа МАЛКУ ни било доволно. Затоа пробај да се однесуваш и ти спрема него така како што се однесува тој па можеби тој ќе се смени. А доколку сакаш да прекинеш со него, мислам дека треба да му ја кажеш виситината.
     
    На Podarok и blondie11 им се допаѓа ова.
  12. blondie11

    blondie11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    2
    Па јас не сакам да прекинам со него, и затоа нема да се откажам. Али јас мислам дека он е задоволен од тоа што го добива од мене нема потреба ни од повеќе ни од помалку, а јас ако продолжам вака да се чувствувам ќе сакам се повеќе и повеќе.. Нормално реалноста е подобро со нешто него со ништо да останам, али ако нејќе да биде со мене и ако не ги делиме истите желби тогаш нема никаква поента да продолжиме..Не е потребно под секакви услови да трпам ја само за да бидам покрај него.. Ќе ја играм неговата „игра„ и ќе видам каде ке ме однесе.. :)
     
  13. raffa

    raffa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2011
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    18
    не си сама ...има и некоја друга ´´врска без обврска´´ на форумов :) истото ми се случува и на мене, и јас го поминувам тоа периодов, само што ние сме еден месец подолго од вас :) колку повеќе пролонгираш толку повеќе ке ти се зголемат емоциите кон него, не мора да биде заљубување, ама потребата од неговото друштво и сл. Немој да се лажеш сама себе ниту за најмала работа, се што имаш прашај го , сама може да си прогнозираш колку сакаш, ама не знаеш колку многу....и уште милион плус прашања ќе ти се отворат за кои ќе бараш одговор, а мислиш дека ќе ти ги даде одговорите... моето искуство не говори така,а и имам доволно блиски другари кои ми го потврдиле ова од машки аспект, не прифаќај да играш како што тој ќе свири, многу е тешко, многу, освен ако не чувствуваш храброст дека можеш да го истрпиш тоа. Ако и веруваш на твојата интуиција дека ќе се смени нешто и ќе премине во сериозна врска и токму тоа е ТОА ШТО ГО САКАШ тогаш бори се, ама ако интуицијата ти вели дека само повеќе ќе бидеш повредена тогаш најди друга игра, игрра во која заедно ќе го играте танцот... Не залудно викаат сите кои поминале низ ова...има многу риби во морето, и јас сакам да верувам во тоа . Со ова што ти го пишувам на тебе само да знаеш дека пробувам и сама да си се вразувам. Се надевам дека ти е од некаква помош форумов.....
     
    На blondie11 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. NATALIJA89

    NATALIJA89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    42
    Како бре сакал да ужива зашто сакал за 3-4год да се ожени :o .Навистина глупости,како да тоа може да се планира унапред.Девојко ако имаш толку чувства кон него,остави го!Неговата игра е да се лади со тебе,а и да нема друга ќе си најде.Зошто се понижуваш?Дали машките прават такви компромиси за нас женските?Запрашај се што сака тој а што ти.Ти секако ќе бидеш повредена.Некој ако е вљубен во тебе нема да ти бара да се гледате без обврски.А и на денешно време...ретко кое машко се заљубува.Тоа е суровата вистина за жал.Или уште од сега ќе се одвиваат работите како што треба,или никогаш.Запамти дека почетокот е пресуден :fubar:
     
  15. blondie11

    blondie11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    2
    Хаха потполно те разбирам што ми збориш. Али намерно и ја поставив оваа тема за секој пат кога ке почуствувам потреба да се доближам до него да се потсеќам на што сум се согласила и што сум сакала и самата ја на почетокот пред да ми почнат чувствата. Главниот проблем е што не знам што можам да очекувам, реално ништо не ми покажува дека ке биде сериозна врска некогаш али пак можам да ги забележам промените кои се случуваат од месец за месец и знам дека стануваме се поблиски и поблиски. Мислам дека ни преостанува да играме „машки„ и да пробаме да изолираме се што ни доаѓа измеѓувремено и мислам дека со тек на време ќе се навикнеме на тоа. Факт е дека никој не може да знае дали треба да биде со нив со или без обврска, али па многу полесно ми е да бидам на вакво ниво и да научам да се ојачам него да бидам во сериозна врска и да се опуштам и заљубам и на крај пак да испадне дека он сепак ме изварал или ме повредил. Мое мислење е дека на мои години (21) неам ни потреба од ништо сериозно бидејќи сега треба да уживам и да искусувам многу работи за да знам подоцна како да го одберам тој правилниот. Само такви сме ние женските, одма се затрескуваме во нив и после на крај сме повредени и викаме дека сите се исти.. Нема никаква игра, едноставно си имате посебни животи, кога имаш потреба од внимание он е пак тука и ќе тераш така додека не се појави стварно оној кој нема да сака да те дели со ниеден и ќе знаеш дека е правилниот. Јас планирам по ова да се водам и секогаш кога ќе се почуствувам дека чуствата ми се засилуваат без контрола ќе го читам овој реферат што го изфилозофирав сега. Па ако ништо друго ќе видиш во иднина дали ова се исплатело за трпење или е само уште едно искуство од кое мора да научиме.. ;)
    Наталија, почетокот беше прекрасен. Мислев дека ќе ми биде најубава врска во животов што ќе ја имам. Свесна сум дека не е вљубен во мене, но сепак има нешто штом упорно 4 месеци се враќа на мене. Свесна сум и дека ќе бидам повредена ако продолжам вака да се чувствувам али убаво кажа, ретко кое машко се заљубува во денешно време. Подобро да бидам во некоја ваква опуштена врска каде што со тек на време може и ќе успеам да ги изолирам своите чувства, него да бидам со некој што нема да сака да ме дели со никој ама затоа јас ќе го делам него со која ќе стигне. Во денешно време скоро сите вараат, успеваат 2 од 10 врски што се вика, подобро да бидам свесна дека он си го има правото на други исто колку што си го имам и јас, а можеби едноставно во еден момент во иднината ќе се најдеме во момент кога и двајцата ќе се осеќаме исто еден за друг. А и не планирам да вложувам некој посебен напор и можеби и попаметно е да не бидам во ништо сериозно сега пошто тоа и ми преостанува понатаму само да бидам сериозна. Не очекувам ова со него да ми заврши со никаква цел , ќе прекинам да очекувам било што па можеби на крај нешто гратис ќе си добијам. Ако ништо друго може попатно ќе го упознаам тој што нема да сака да ме дели со никоја.. Знам многу примери од мојот круг на пријатели што почнале вака па или завршиле во брзо време или после месеци а и еден случај цела година врска без обврски на крај завршиле во многу сериозна врска. За мое добро можда е да отиде и со некоја друга, ако се врати на мене стварно ќе знае што сака а истото право е и за мене. :)
     
  16. NATALIJA89

    NATALIJA89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    42
    Се извинувам ако те сфатив нешто погрешно,но јас сфатив дека од него бараш сериозна врска.Мило ми е што ги согледуваш работите на вистински начин,само сакав да ти кажам чувствата се ствараат на почетокот,или ги има или ги нема,тоа е многу едноставно.Секако подобро нема да ти биде со некој што ќе те лаже и изневерува,затоа одговорноста е твоја,ако ти одговара оваа врска тогаш се најубаво во животот поздрав :hai:
     
  17. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    7.812
    Пол:
    Женски
    Продолжи да се гледаш со него, никој не ти брани да си контактираш со други момчиња, ако испадни нешто кавга или сл. ќе излезеш и ќе се запознаеш со некој друг кој ќе те почитува повеќе и поотворено ќе зборува за неговите чувства( ретки се момците кои го прават тоа) иначе не се секирај можеби тој смета дека треба да си се држи до договорот затоа не зборува за тоа како се осеќа, а ако е со тебе 4 месеци веќе сигурно осеќа нешто за тебе :* :* :*
     
    На blondie11 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. blondie11

    blondie11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    2
    Не не ме сфати погрешно, јас сакам сериозна врска со него али нема да ја добијам на сила нити пак можам него да го натерам на тоа ако он нејќе. Пробав поотворено да гледам на работите и да ги искористам предностите што ги дава врската без обврски. Па што биде биде. Фала ти многу , се најубаво и на тебе :f:


    Сакам да мислам дека не зборува за чуствата поради договорот ама мислам дека едноставно сеуште ги нема. Реално нема машко што не би му одговарало да се гледа на ваков начин со било кое девојче. А дека има нешто има, нема причина да бидеш со некој 4 месеци ако не ти значи бар малце. Фала на советот :********
     
  19. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    7.812
    Пол:
    Женски

    Сакам да мислам дека не зборува за чуствата поради договорот ама мислам дека едноставно сеуште ги нема. Реално нема машко што не би му одговарало да се гледа на ваков начин со било кое девојче. А дека има нешто има, нема причина да бидеш со некој 4 месеци ако не ти значи бар малце. Фала на советот :********[/quote]



    Убаво му е со тебе и осеќа нешто сигурна сум во тоа, можеби не е некое гооолемо сакање, ама има хемија :D :* :*
     
  20. ana1235

    ana1235 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    0
    ke ve molam za sovet,znaci vaka eden mi se pustase onaka simpaticna mu bev ama ja mu rekov decko imam zs ne se muvam so nekoj sto ne osekjam niso sprema nego.posle toa normalno komuniciravme ama se skaravme za nekoi gluposti pa pak se smirivme,ama problemot e tuka se zaljubiv mn vo nego mn go sakam a toj ima zenska i mi dae do znaednje deka nema nisto da bide i sea nz kako da go pridobijam sakam da bidam ocajno so nego premn go sakam ,sto da napraam ova mi e ljubovta na mojot zivot nesmeam da se otkazam mora da mu go svrtam pametot nekkao i da ja otkaci zenska mu ona sig ne go saka kako jas ke najde dr ona,ja imam decko ama koga se bacuvam so nego si zamisluvam deka so mojata ljubov sum nemozam da go otsakam iako nejdobro e toa :worried:
    [mod-kirilica:tkkg7m3u][/mod-kirilica:tkkg7m3u]