1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како да се помирам со фактот дека не ме сака?

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од blondie11, 7 ноември 2011.

  1. NATALIJA89

    NATALIJA89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    43
    Вака ,Ана:да претпоставиме дека навистина си се заљубила во тоа момче.Јасно ти кажал дека нема да ја остави за тебе својата девојка,а тоа што велиш друг да си најде таа ,тој коментар не ти е на место.Ти да не ја познаваш случајно,па да знаеш таа како се чувствува?А да си земеш малку време и да ги согледаш работите реално?Онака,со ладна глава што се вика.Ако чувствата не ти се променат,фер е да раскинеш со дечко ти,па после пробај со другото момче.Немој очајно да трчаш по него,биди горделива малку,пак комуницирај со него ,ќе сватиш со тек на време што е најдобро да преземеш.Нема начин некого да придобиеш, една личност или те сака или не.Сепак мој совет не избрзувај,поубаво анализирај го момчето,можеби ќе ти се разјаснат некои работи сами по себе.На сила не бидува ништо,сепак ти посакувам успех и секако,пиши како се одвиваат работите :hai:
     
  2. dpejovska

    dpejovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2009
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    7
    Оф леле...ги читам вашите искажувања и самата се пронаоѓам...си мислам себе си колку сум глупава...и јас се наоѓам во иста ситуација се гледам со еден тип само за разлика од вас многу подолго година и нешто, се започна како некоја игра, како за без обврски ама како што минува времето кај мене се појавија чувства, многу силни кои не можам повеќе да ги кријам...знаете јас сум по природа сонувач, како што би рекле американците dreamer, верувам во бајки и принцови на бел коњ, кај мене нема принц туку само еден човек во бела кошула, на кого му дадов ама се, буквално се. Се надминав себи се и си создадов мој принц, кој за жал не верува во љубов....Најтрагично од се е што знам дека не ме сака, го чувствувам тоа, се познава по неговиот поглед, тој е од оние со принципи и манири, кој сакаат се да биде по конец, разбрав дека има во план некоја друга..... :^) Се разбира тој негираше дека му е само другарка ама се познава тоа, ние жените го знаеме тоа кога е така интуицијата ни говори...Имам доволно години за да знам како да постапам знам дека треба да се тргнам настрана оти само залудно си го трошам времето, пред некој ден таа му се јави и почувствував огромна болка, ми се помати во главата, не можев да дишам и си заминав... и постави некои прашања кои не и ги поставуваш на некоја која ја гледаш само како другарка......Тешко ми е зошто се убедив себе си дека можи нешто да се случи, селанката да стане принцеза, жабата принц, тие работи постојат само во приказните... се збогувам не само со него туку со еден мој голем дел од мојот внатрешен живот..Кој би рекол дека е олку тешко да љубиш? :inlove:
     
    На blondie11 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. raffa

    raffa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2011
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    19
    особено ова последново....секој ден се збогувам не само со него туку и со еден мој голем дел од мојот внатрешен живот...некогаш за момент и си помислив дека еве ја љубовта што ја барав, колку ли се излажав!!!!
     
  4. blondie11

    blondie11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    2
    Девојки нема шанси да не сме им ништо во животот зошто продолжуваат да се гледаат со нас? Јас знам дека му значам, можеби е смешно али ретко кое машко бакнува девојка во чело кога ќе ја гушне на пример.. и некои такви мали ситници, јас по тоа мислам дека има нешто.. Али искрено стварно не знаев дека и после толку време како кај дпејовска продолжува се ова.. или сме многу смотани и не си ја бараме среќата на друго место или стварно треба да бидеме со нив.. :D
     
  5. raffa

    raffa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2011
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    19
    Еве нешто најново од мене..... ние повеќе и не се гледаме, мислам дека е и официјално, иако тоа не било кажано гласно- делата кажуваат се
     
  6. blondie11

    blondie11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    2
    Зошто мислиш така? :o
     
  7. raffa

    raffa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2011
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    19
    Затоа што ништо не се случува....не комуницираме, не ми се јавува , јас кога и да го побарам ме игнорира, и така, јас почнувам да се навикнувам дека не сме ни во врска без обврска...понекогаш си викам дека е подобро што не ме откачил директно којзнае колку ќе бев повредена, ама вака ми фалат одговори, многу одговори.
    Дај боже тебе да ти биде супер :)
     
  8. loca1995

    loca1995 Активен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2011
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    2
    Го читам сево ова и јас сум една што се пронајдов. и мене ми се случува толку истото ВРСКА БЕЗ ОБВРСКА веќе 4 месеци сум со еден и исто почна се на шала. не верував дека ќее стигне до ова ситоација. но со текот на времето јас веќе ги почувствував оние пеперутки во стомакот. неможев да му кажам дека имам чуства затоа што се плашев од тоа тој што ќе ми го каже. значи тој со мене се понашаше страшно ладно кога му звонев не креваше кога ќе се видевме негде не се ни поздравувавме но кога бевме насамо беше нешто волшебно. тоа го гледав како машко его пошто нормално тој има 3 лица еден е пред другарите еден е на фејсбук а со мене трет. но со текот на времето веќе тоа почна страшно да ми смета па случајно ги прочитав коментариве и постапив како што кажа погоре една феминка. му кажав дека по се изгледа нашите реалности се различни, дека никогаш тој мене ми нема кажано дека бар му значам, дека веке мене ми е преку глава да играм со тоа врска без обврска но тој овде ме сопре и ми го рече следново: спиеме заедно јадеме заедно по цели денови поминуваме заедно и за тебе тоа е ништо .. точно така јас тебе те мразам ти мене воопшто не ми значиш точно така. и јас реков па чекај си ми кажал за да не го помислам тоа и тој ми го рече: знаеш дека сум човек што не изразува чуства но мислев дека до сега свати што јас чувствувам за тебе. да немаше ништо ти сега не би стоела до мене! кога сакав да кажам уште нешто тој ме прекина со бакнеж (сето ова се случи ова сабота) и од тогаш па до денес комуницираме мн почесто и мн поразлично се однесува. сега веке ми се отворија некои врати што ми беа затворени без да знам зошто, сега мислам дека се стави и последното делче од мозаикот и мислам дека сега оде се накај добро.за сето ова сте заслужни вие феминки и ви благодарам многу, и ако некој исто така има ваков проблем нека постапи како што постапив јас, секако ке има резултати само треба да се отворите да не криете што чуствувате и да побарате одговори на вашите неразјаснети прашања тогаш ке се средат сите мистерии што ве мачат и ке ви биде многу полесно :))
     
    На blondie11 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. blondie11

    blondie11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    2
    Јас мислам дека ќе те побара ако го оставиш малку. Ако и тебе те снема и ти го игнорираш. Освен ако не се појавила 3 особа , од која ја се плашам како ѓаволот хаха за во мојот случај. Се надевам ке испадне како што сакаш. :)
    Браво за храброста! Се надевам дека и јас ќе ја соберам во брзо време и конечно ќе имам одговор на сите прашања.. :)
     
  10. raffa

    raffa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2011
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    19
    Како и да е ...тоа е што е, нека се одвиваат работите онака како што ке се одвиваат, ни преостанува да живееме од момент за момент, мора да има некои незадоволства....јас тоа што сакам да го научам со оваа ситуација е да бидам рамнодушна, помалку емотивна
     
  11. blondie11

    blondie11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    2
    Ми звучи ко да го имаш ставено на прво место.. стави се себеси како што јас тоа го направив, ако требало да си дојде само по себе ќе си дојде.. и мене не ме бара, во овие 2 недели се одалечивме многу, али знам дека не е крај, и после оваквите периоди или многу ќе се зближиш или ќе се разделите.. Затоа и е тоа лабаво, отворена врска.. за да не би се слушале секој ден и да уживаш во своето слободно време. Ако седиш по цел ден дома, како јас на почетокот и го гледаш телефонот и пробуваш со некоја надмоќ да го натераш да звони нема да ти успее верувај ми. Затоа со другарките во провод , уживај колку можеш по што си слободна, можеш да правиш што сакаш ти текнува? :) А он ќе те побара, кога тогаш сигурна сум. Не за џабе викаат трпение спасение :) :) :)
     
  12. dete22

    dete22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2011
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    3
    ДАЛИ Е ПОГРЕШНО ДА СЕ НАДЕВАМ ДЕКА НЕКОГАШ КЕ БИДАМ ПАК СО НЕГО ??? :(
     
  13. raffa

    raffa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2011
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    19
    @ blondie11
    Драга знам дека е така, јас не го барам не го гушам, го оставам слободен, а и јас сум слободна, не останувам цело време дома, излегувам, се забавувам се дружам, ама ми недостига една таква блискост, љубовна поврзаност, не знам како да ви објаснам, сакам да ме љуби, да ме бара, да му недостигам, ете тоа го сакам, да се чувствувам дека сум му потребна, дека сум му во мислите....може звучи премногу како од бајка, или како од филм, ама тоа е само зошто мене ми се градат чувства кон него, а сакам да биде тоа обострано.....
    Дополнително на ова ми создава несигурност и претходните искуства, едно мноооогу непријатно...стравот мислам дека влијае на се
    Ајде трпение спасение,,,,,да се надеваме дека ке биде така :)
     
    На glosipgirl и blondie11 им се допаѓа ова.
  14. blondie11

    blondie11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    2

    Не е бајка.. и јас би сакала да е така, али ете гледаш погоре што е напишано од другата девојка, она мислела дека ништо не му значи а он убаво и рекол да беше така немаше да стоиш тука сега до мене.. Може е обострано али машките никогаш нема да ни го покажат на начинот на кој ние сакаме.. Ајде глава горе и двете ќе биде се :D :D
    А зашто мислиш дека не сте? Тоа е разликата во лабаво и озбилна врска, што бедната реалност е дека никогаш вие не сте ЗАЕДНО, и дека може да ти се јави и после 1 недела 1 месец 1 година, и се тоа зависи од тебе дали ќе сакаш пак да бидеш со него..
     
  15. gothchick

    gothchick Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.478
    Допаѓања:
    1.569

    Надежта последна умира. Ништо не е погрешно доколку те прави среќен што во твојов случај не верувам дека те прави среќна ама тоа е. Што и да е не верувам дека губиш нешто што се надеваш дека пак ќе бидеш со него, ако помине повеќе време, тогаш откажи се, побарај нова љубов.
    (по ова што си го пишала само ова можам да ти го кажам бидејќи немаш други информации (ни во темава ниту во други теми, нова си, не знаеме ништо повеќе за твојата ситуација) за да ти помогнеме). :)
     
  16. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.149
    Не сум достојна да давам совети односно да ви солам памет но од мое искуство (значи до пред некое време се наоѓав во таква ситуација) ке кажам големо НЕ за една врска без обврски .Прво девојки да не се лажеме секој сака нормална врска па и јас, си допуштив да се гледаме без обврски заради таа надеж дека ке ни биде убаво ,(беше убаво кога се гледавме) и дека ќе може да прерасне во врскаама секогаш кога го немаше да се јави цела недела ми беше тешко , тоа што се гледате со некој само кога тој ќе се јави во две недели еднаш зборува за следното дека тој има и други девојки со кои се гледа или една која што му е на прво место а вас ве чува за резерва вистината боли но е далеку подобра од лагата која само ќе ја продолжува болката и лажната надеж на крај треба да се почитуваме себе си зошто да се доведуваме во ситуација ние да бидеме несреќни оти чекаме некој да процени дека ние сме достојни девојки за во врска затоа што некој не знае што сака или па си го билда егото како еве јас фраер сум затоа по совреме пресечи помалку ќе боли додека сеуште не сте повеќе емотивно приврзани кон нив а тоа од типот трпение спасение не пали само ќе му ставите на знаење дека ќе може да ве вози тој како што сака и на крај па ќе бидете исфрлени од игра ...инаку да ја собрав храброст да пресечам без да се каже збор иако најмногу мразам недоречени работи и ме боли и ми е тешко
    пс ви посакувам среќа за да се разрешат дилемите што ви се вртат во глава и донесете правилна одлука (решението е едноставно само се ставаат работите на вага );)
     
    На blondie11 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Anja.F

    Anja.F Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    13
    КАКО ДА СДЕ ПОМИРАМ СО ФАКТОТ ДЕКА НЕ МЕ САКА ??

    Не ми кажал ....но едноставно тоа се случи ...не сум свесна ни јас како , но се случи.

    Во врска сме 18 месеци (бевме )...многу комплицирана врска , заради далечината ..многу малце време имаме поминато вистински заедно , но си имаме дадено љубов повеке од било кој.
    Два различни континенти ....разлика во временска зона 6 часа ...итн , не ни беше пречка да зимаме возхух заедно.
    од ретките денови кога немавме време еден за друг многу поминуваа со разменување на 5 до 6 пораки , дали смс или меил или телефонски разговор , а кога имавме можете да замислите ....заедно легнувавме (два пати) еднаш по мое , еднаш по негово време , исто толку пати и станувавме заедно.....целиот ден сите случувања ги поминувавме заедно , иако далеку еден од друг ............
    се до пред 10 дена , кога он откако јас бев малце љута и му пишав меил дека е готово меѓу нас ......
    он се откажа....го нема ...., може да живее без мене и тоа изгледа без проблем.
    Дали е можно толку брзо да ме заборавил????
    ( да појаснам ..и претходно се имам јас откажувано ....на еден час од него , и он секогаш знаел дека го сакам и дека сум негова и дека тоа е само момент на слабост односно момент кога ми пука филмот ** уште колку ке сме далеку**
    пробав да го побарам ...ладен е ....не е веке тој ...зарем е можно некого да престанеш да сакаш преку нок????
     
  18. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    Ама објасни поубаво за што станува збор,која била причината за тоа што така си изреагирала..Инаку ние не можеме да претпоставиме,па да ти кажеме некој совет.
    А можеби едноставно му прекипало на човекот (немој да се лутиш) ама тоа скар-смир од твоја страна може и да му дошло преку глава.Тој трпел,трпел ама треба да се знае до каде е границата на туѓата толеранција и добрина,а тебе очигледно тоа ти станало навика. :)

    Така да побарај го,извини му се (ако не е крив тој :?: ) па сама заклучи за што станува збор од тоа што тој ќе ти го каже.Барем да знаеш на што си.Инаку ова што си го пишала е многу малку за да ти дадеме барем малку поконкретен одговор.
     
  19. Anja.F

    Anja.F Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    13
    можеби да ...сум играла топло ладно , но никогаш не заради тоа што не сум го сакала .
    Он тоа го знаел , кога претходно сум реагирала така ...тоа едвај траело еден час .
    А причината е секогаш иста ...нормално ...одалеченоста .
    Го чекав моментот кога он ке дојде ...затоа што тоа беше напиот план уште кога ја започнавме врската .... а поминаа веке 18 месеци .
    Ми доагало да полудам само заради тој факт , затоа што ми фалел и сум сакала да бидам до него .
    А, иначе да, пробав да му објаснам ...ама едноставно тој е ладен .......како да е друг човек , а не оној со кого јас поминав скоро 2 години .

    ако ден пред да се случи ова ....неговиот муабет беше
    ** љубов , ајде да издржиме уште малце , мораме да бидеме заедно , неможам да живеам без тебе те молам не ме оставај ...никогаш нема да те пуштам***
    и наеднаш ...ок . чао , па дури и после моето објаснување дека го сакам и дека само сакам да заврши побрзо тој период ///што не сме заедно
     
  20. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    Епа тогаш седнете и направете ЗДРАВ муабет зошто така наеднаш се сменил,која е причината за таквото негово однесување преку ноќ.Инаку џабе ќе си ја тупиш главата,а никогаш нема да дојдеш до вистинскиот одговор се додека тој не ти објасни.

    Не сакам да те плашам,не го ни знам дечко ти каков карактер има и колку биле сериозни неговите намери кон тебе ама немој да ја отфрлаш можноста дека секогаш може да постои и друга. :|