По мое мислење добро си постапила,е сеа не си морала да го бришеш од фб.Инаку неможеш да знаеш што чувствува он,можеби не ги признава чувствата,може има голема гордост,може па стварно сакал само секс,како што рекол.Како што разбрав ти си му рекла што е како е,а он не изреагирал никако.Незнам како планираш понатака,ама ако пак се вратиш со него без обврски,а длабоко посакуваш повеќе ќе се заебеш,у велико! Он може така да тера долго,а ти се ќе се надеваш,а може да си најде он и друга па тогаш ептен ќе страдаш.Незнам каков карактер е дечкото,ама пази се,те молам,да не бидеш повредена уште повеќе .
Ние девојките сме малку чудни-на почеток во такви ситуации интересна е неизвесноста, а подоцна и тоа да не речам после една недела, сакаме доказ дека е само наш и готово Мислам дека си згрешила што само после еден месец си играла на карта искреност, дечкото кажал од старт како стојат работите, а еден месец е кратко време да смени мислење. Ако толку бил твој тип, си требала да се стрпиш и почекаш уште некое време во кое ќе го придобиеш психички, со муабет и слично, едноставно би добивал со тебе целосен пакет ко што би добивал од девојка, па на крајот ќе сакал да е со тебе без и да е свесен дека си му свртела памет. Сепак, се тоа зависи од односот што сте го имале, дали бил апла секс, или сепак сте пиеле и кафе, сте си правеле муабет и слично... Ама не познавам ниеден случај каде после само еден месец и пресекување со муабет џа или бу девојките го добивале тоа што сакаат.
Штом си решила да ризикуваш требало да одиш до крај, убаво ви беше. тебе само ти сметаше тоа што бил преубав совршен итн итн...па на сите типојте во кои сме заљубени ни се совршени. Тој очигледно имал проблеми со самодоверба, некој комплекс или како што велат еднаш кога ќе се изгориш од млекото ќе дуваш и на јогуртот. Како и да си го откачила, повеќе не се враќај понижување е, нека ти биди и ова преживеана лекција. Искреноста е скап поклон па наскоро сигурно ќе се појави некој совршен што пак ќе ја цени
Ви благодарам на сите, ќе ве известувам за се. лувена. Одлучив да продолжам, без зборови, одлучив како што кажав, да бидам она што сум, да му се дадам јас, без маски. Он нека одлучи, но сепак не дозволувам да се заљубам во него до болка, нема да ги преминам границите.
Не се залажувај девојче.Не можеш да се исконтролираш до кој степен ќе се заљубеш или не. Колку повеќе поминуваш време со него,толку повеќе ќе се привикнуваш на него. Ризична е одлуката,но би те советувала да се препуштиш на нештото,и да не размислуваш дали ќе се заљубиш или не.Додека е убаво,нека трае Се надевам дека и чувствата на дечкото ќе бидат возвратени со иста мера
Еве ме девојки. Се повеќе се зближуваме, дури и во работен однос на некој начин си кројме заеднички планови. За врска, за заљубеност ништо не се спомнало. Уз муабет му го тупнав она no relationship, no emotionѕ, just sex. И он ми вика, немој така, неможе без емоција. Као поблизок ми е... Убаво ми е, не се жалам. Имам чувство дека оди кон подобро. Коа го прашав зошто јас? Има некоја силна хемија, некоја ретка, страст..., ете така ми рече. Па коа веќе го има ова, заедно со почит, помагање и другарство, зошто не би се родила и љубов и поврзаност? Ќе го зближам до мене, навеќе што можам, без напнатост, и онака ко другар му се однесувам, не го правам напнат уопште. А после тоа, ќе го пецнам убаво, ќе смислам нешто, да видеме дали ќе осети барем ронка љубомора, а човечки е да почуствува, нели? Е ако тоа го осетам, тогаш ќе мириса на љубов.
Готов е твојов се затрескал веќе мене така ми стои Ај ќе бидне и relationship во скоро,само трпение.И многу ќе ми биде мило да сум се излажала за него
Значи ме послуша?сепак се одлучи да пробаш, па така е само храбро. И тој е човек и тој во некоја ќе мора да се заљуби. Баш и е мило што работите сепак се одвиваат во твоја корист и што си ти таа. Продолжи како и до сега и известувај не за секоја промена
Да, се одлучив да пробам. И веќе ја поминав границата на контрола на чувствата. Пред некој ден, испив од повеќе, се најдовме в град, не случајно. И го напнав малку. Али брзо оладив. Он се плаши од нешто, тоа го знам, и му го реков тоа... Но очигледно е тоа дека ептен му е убаво со мене и дека многу му се свиѓам, исто како и он мене. Му се извинав што го напнав со некои теми, и он ми вика, не ме напнуваш, во ред е, јас сакам да бидам со тебе, али пробај да ме разбереш...Јас ако не сакав, ако не ми беше убаво, ќе ти кажев ајде пријатно и толку. Како да има некој страв од тоа да се зближе многу со некого, не знам, не знам, тешко ми е да го анализирам. Не сака да си дозволи да се опушти доволно... Ајде ќе видиме што ќе испадне, еве јас ќе продолжам да ве известувам. Многу ви благодарам на поддршката девојки, ми значи.
Што ќе ти е ваков со женска? И нели не ти се свиѓа? Остани си со дечкото пробај да се дистанцираш од него..
lovebrazil Јас сметам дека треба да останеш со него.Полека и женствено да го освоиш.Секоја жена може да го освои било кој маж.И самата велиш дека осеќаш нешто.Сигурно полека се загреал за тебе.Биди поблиска и можеби ќе бидне нешто.Среќно.
И јас ја Spoiler сосрав работата... Го навредив, не сака да ме види, не сака да слушне за мене. Никаков контакт. И нема што да се прави освен да се остави на времето да покаже... очигледно ќе треба да го заборавам. Тешко ми иде, ама ќе биде некако работава.
lovebrazil, добро напредуваш, јас те пратам, како искрена другарка, како сестра, но едно ме копка: ЗОШТО ПОВТОРУВА ДЕКА ТРЕБА ДА СЕ ОБОДЕШ ДА ГО СФАТИШ, што да сфатиш, мене не ми е јасно, ти кажува ли, или ти сама треба да бидеш детектив, мора да се разјасни работата за да ти биде добро. Затоа што некои работи се поправаат со време, а некои не. Обиди се по секоја цена да ја дознаеш вистината, за да не се каеш еден ден. Не знаеш што се има меѓу луѓето, не биди наивна! НАПРЕД, СО СРЕЌА!