Како да се сфати што сака???

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од poetesa09, 16 октомври 2010.

  1. poetesa09

    poetesa09 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    23
    Пол:
    Женски
    По неколку караници и кавги кои понекогаш завршуваат со муабет тој ме убедува дека се ќе биде ок и дека нема потреба од толку грижа...затоа што тој се однесува поладно по едно наше раскинување...бара некој си простор и време кои му се дадени ама сепак затоа што еднаш отидов да го видам тој само на тој факт се заоснова и вели дека ете пак би било по старо дека ради една таа работа он мисли дека не му давам време а дека се плаши да биде топол како порано за да пак не се случуваат некои непотребни кавги...навистина не знам веќе што да правам,само знам дека сум изморена и дека неам сила да се борам и дека ми е преку глава од се....ве молам за помош!!!!
     
  2. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.216
    малку нејасно си напишала ама еве ќе се обидам бидејќи претпоставувам ти треба нечие мислење.
    Ако тој се однесува ладно према тебе, а после многуте разговори не се променува тогаш него не му е до тебе повеќе! Тој еднаш бил со тебе, сте раскинале, сега е со тебе повторно, но изгледа само за да не биде сам... Остави го кога не се поправа! Значи не те сака како порано! Е сега јас ти го кажувам ова, но не знам како ви е вас ситуацијата, зошто сте раскинале, можеби си згрешила нешто...
    Од ова што го прочитав можам да ти речам само дека дечкото или не те сака или е премногу лут на тебе.
     
  3. poetesa09

    poetesa09 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    23
    Пол:
    Женски
    никакви страшни грешки немало туку некои караници,а тој вели дека му треба време за да биде како порано а дека сепак сеуште ме сака...веќе не знам во што да верувам ???
     
  4. Zamzara

    Zamzara Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    32
    Времето ќе си го покаже своето!!Очигледно неможеш ништо против тоа...Трпение спасение...
     
    На sexybaby22 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. sunshine93

    sunshine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2010
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    37
    Малку нејасно си напишала но сепак од тоа што можам да разберам мислам дека дечко ти ни самиот не знае што сака. Ако сте разговарале повеќе пати а сепак не оди, ако бара работи кои му се даваат а сепак му смета и што му ги даваш.. значи или не знае што сака или не го интересира толку веќе. Некои врски после некое раскинување едноставно не можат да бидат исти подоцна и не можат да продолжат. Вели дека те сака но сепак му треба време му треба простор. Ти си му дала и време и простор а сепак уште има нешто што му смета! Сепак си знаеш најдобро што ви се случувало. Јас ти кажувам што мислам дека му е по она што го разбрав..
     
  6. poetesa09

    poetesa09 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    23
    Пол:
    Женски
    па и мене така ми изгледа или не знае што сака или си има некој проблем сам со себе...а ако не го интересира можеше уште одамна да си каже,нема потреба да биде со сила...а на моменти знае да каже да грешам и ќе се поправам...но ете сепак секогаш има нешто за расправија...
     
  7. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.361
    Многу ми се познати зборовите што ти ги кажува .... и не сакам да те разочарам но моето не заврши убаво ... тие кавги за глупости се секогаш најлоши ... мој совет ти е не го барај ама воопшто нека се преиспита и нека се смири ... па ако те сака навистина ке те побара и двајцата ке треба да се потрудите ... во голем дел од твоите постови пронајдов зборови кои ми вратија тажни спомени од сабајле... :x Нема врска потруди се да не го бараш .. можеби му дошло до краен степен преку глава тоа карање и сеа си мисли дека се е залдно ... остави го малце биди ладна но и добра немој да се караш за глупости... ти посакувам се најубаво .
     
  8. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.561
    Допаѓања:
    19.991
    Баш така, за жал ...
     
  9. poetesa09

    poetesa09 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    23
    Пол:
    Женски

    жал ми е што те потсетив на тажни моменти...фала за советот...фала на сите...така и правам малце сум поладна ама гледам некако дека вчера и денес тој е далеку поок кон мене...само што толку брзо не сакам да верувам...ми треба доказ за да се уверам некогаш пак,а тој доказ е времето ....
     
  10. beticka

    beticka Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2010
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    22
    draga moja ostavi go i prodolzi so zivotot,zosto poveke od ocigledno e deka ne te saka,a ako gresam vremeto ke pokaze a ti se nadevam ke ni kazes deka si srekna . vo meguvreme zivej si go zivotot,zosto e ubav i uste poubav so vistinska ljubov pokrajsebe ;)
    [mod-kirilica:8phjd65r][/mod-kirilica:8phjd65r]
     
  11. poetesa09

    poetesa09 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    23
    Пол:
    Женски
    За среќа можам да кажам барем засега дека грешиш...еве помина некое време после сетоа тоа и да бидам искрена ептен ми е убаво...работите ептен се подобрија а и тој самиот вели дека ме сака повеќе од порано....исто така и јас го забележувам тоа преку многу нешта...сега јас сум таа што е да речеме поладна малце а тој е оној што повеќе прави и покажува и некако сака постојано да биде со мене... засега е добро да се надеваме дека и иднината ќе биде подобра .....
     
  12. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.998
    Хм......како за една недела успеа да се деси сето тоа?Те нејќеше ,па те сакаше,те бркаше па те бараше,бараше време и простор па не бараше....пак ќе кажам ХМ!!Чудно ама ете викаш ти се десило:)

    Како и да е дај боже иднината само и среќа да ви носи!