Znaci vaka.. Jas imam 18 godini a toj e 26 ... комуницираме околу 7 месеци .. И сега пред две недели започнавме врска.. Но имам страв дека тој има друга и не знам дали да му верувам... Пред 2 месеци девојката што ја нарекува тој бивша ме праша што имам со него но тогаш не бевме заедно и секако реков другарство.. Разговарав и со него и ми рече дека биле заедно но повеќе не се..И дека можам и неа да ја прашам... Но мене ми е глупо тоа да правам..Проблемот е што други ми зборуват дека оди со неа.. Во претходната врска бев многу повредена.. И сега страв ми е пак да не ми се счучи истото.. Друг проблем е што тој ке оди за Англија.. А јас во Италија.. Мислам дека и делечината е малку проблем..Но верувам дека ако се сака може да се надмине и тоа.. Ако може да ми кажете што да направам.. За да се уверам дека сака да биде со мене и дека нема друга.. Поздрав И Благодарам..
Sto saka ednostavno da ima so mene Никој неможе да ти помогне едноставно зашто никој неможе да предвидува иднина. Само времето може да ти покаже што и како ќе биде и дали ќе сака да биде со тебе или и ти со него. И дали ќе ја надминете далечината. Тоа што сте во врска е доволен доказ дека сака да биде со тебе. Ако ти немаш доверба или целата врска ти е измачување и прашалници тогаш не продолжувај, џабе да се нервираш само и да мислиш цело време дали е си друга или не
Sto saka ednostavno da ima so mene Искрено мислам дека разликата во годините ви е малку поголема затоа што на возраста на која си ти јас сум избирала врсници или 1-2 години поголеми. Вака ти дете он веќе спремен за женење не ми оди,затоа што и да останете заедно има голема веројатност за 3-4 години да се земете ,а тоа е многу рано за тебе. Во твојов случај можеби и би ја продолжила врската,но без заљубување,односно би си го терала кеифот (со постар) и во моментот кога ќе треба да заминам би ставила крај на се. Тоа што си повредена од предходната врска не значи дека и во сите наредни ќе се случува истото ,а верувај дека тоа повредување те прави посилна и поспремна за сите идни врски. Сите нас некој не повредил,па сме продолжиле и со врски и понатуму со брак.Што се однесува до другава девојка веројатно расчистил со нејзе ,па сега е со тебе од просто што знае дека вака или онака вие две се познавате и веројатно не би си дозволил проблем (предпоставувам дека на 26 години е доволно созреан и свесен).
Никогаш не донесувај пребрзани одлуќи... Да му чепкаш по телефон, да го распрашуваш постојано... Ке му се здосади уште на почеток. Крени си ја главата горе, верувај во себе, што и да се деси биди спремна.. Не си ни прва ни последна и да се гледа со друга... Сепак се се дознава.. Според мене добро откривање е преку маил. Се стига таму, коментари од страни, слики .. Јас барем така имам одкриено многу работи. Позз