ех и јас конечно да се изнапричам. Имам дечко 5 години се е ок ме сака премногу се би направил за мене но и јас за него. Замислете дури и планира наскоро да се вериме за да ја официјализираме нашата врска . Се е во ред не можам да се замислам без него и не верувам дека некој друг би ме сакал и почитувал како он ноооо се затрескав во друг го запознав другиот он знае дека имам дечко и све то али сепак сака да биде со мене а јас некако како да не можам да му речам НЕ ненормално ме превлекува . Го откачив му реков да не ме бара веке но сега ми фали да разговарам со него а од друга страна дечко ми е тука ме сака претерано прави планови за нас а јас се чуствувам како некој монструм без чуствамислам дека со самото тоа сто мислам на другиот го повредувам. Ве молам за совет
Ни дечко ти ни тој не те засложуваат.Треба сама да останеш, Сега имаш дечко, кој планира повеќе од една врска, ти во друг туку така си се заљубила. Ај да бидеш со него, ќе се појави трет. Делуваш на многу нестабилна и не сериозна личност.
Од искуство можам да кежам дека знам како се чувствуваш и тоа е така мислам кај повеќето долгогодишни врски,јас имав доста проблеми поради слични ситуации ,не дека не го сакав дечко ми (сега ми е сопруг) туку едноставно ми беше мн интересно во друштво на други некако тоа ме правеше посамоуверена и ми даваше на знаење дека сеуште сум посакувана .Но тоа беше само една фаза еден преиод кој помина .Така да може сега во моментот мислиш дека си се затрескала во него ,но само размисли што се можеш да изгубиш доколку го оставиш за некој кој само моментално ти е привлечен и интересен .Во тие 5 год кои сте ги поминале премногу добро се знаете двајцата и тој те прифатил таква каква што си со сите твои мани и доблести .не верувам дека сега со некој нов ќе се чуствуваш толку слободна колку со дечко ти а да глумиш кратко трае.Затоа најубаво прекини било каков конткакт со него и ке сватиш дека во суштина ти не го сакаш него туку неговото внимание а тоа кратко трае ,поминувај почесто со дечко ти правете интересни работи заедно кои ти ги сакаш и ке увидиш дека само тој ти е доволен и немаш потреба од никој друг. Good luck
Здраво, ми треба искрено мислење и совет. Околу 5-6 години сме заедно. Не бевме во некоја нераздвоива врска, но цело време сме заедно. Тој студираше надвор од државата, продолжи после мастер уште подалеку, па кога се врати се вработи не во нашиот град и така. Значи, цело време ние бевме заедно. Сега веќе една година е тука, се врати и ние се зближивме повеќе од кога и да е до сега. Но, во последниве месеци стварно многу се каравме, се околу глупости и ситници. И да не должам многу, тој сега ми рече дека не можеме да продолжиме понатаму, после сите овие караници, дека не чувствува веќе ништо за мене, не сака ни да збориме, ниту да пишуваме, ме тргна од секаде. Искрено, не му верувам, кога се среќаваме не го трга погледот од мене. Не знам како да објаснам, не му верувам дека нема чувства, знам дека го збори тоа намерно за да се оддалечи бидејќи неколку пати пробуваме да не се караме и некако не успеава. Јас не можам да премолчам нешто што ми пречи и сл. Пробав да зборувам со него, а тој цело време стои на тоа дека не сака да се враќаме на стар и дека не ме сака повеќе. Што ќе ме советувате? Како можам да ја поправам ситуацијата? Ви благодарам многу, поздрав.
Колку што успеав да сфатам, вие повеќе време не сте биле заедно отколку што сте биле заедно. Мислам дека веќе го имаш одговорот..знам не е лесно да ставиш крај на толкава врска, меѓутоа тој ти кажал се отворено. Остави го некој период, не го барај, па ќе видиш. Можеби моментално така се чувствува, па откако ќе си ја сфати грешката, ќе те побара. Знаеш, тие караници за глупости, можеби изгледаат како ситни, мали, меѓутоа и те како имаат влијание врз врската.
Mislam deka pricinata za takvoto negovo odnesuvanje e majka mu. Sigurno taa mu vlijae, mu veli ete kolku e toj mnogu naobrazuvan vo stranstvo, i zaradi toa ne go zasluzuvas, ne si dovolno dobra za nego. Spored mene resenieto bi bilo da se zblizis so majka mu za taa da razbere deka si dobra licnost, i da mu vlijae da te zeme za zena. Vo sprotivno mislam deka e ova kraj na vasata vrska. Kolku i da e zagrean za tebe, sovetite od majka mu ne mu dozvoluvaat da ti se dade tebe celosno.
Од каде знаете дека девојката е необразувана и според мајката на дечкото неможе да му парира нему, затоа што нели маминото синче е премногу учено. Патем таа никаде не ја спомна мајката на дечкото. Држете се до напишаното на девојката, не пишувајте само од памет. Ако не се зближи со мајката, ќе биде крај на нивната врска ??? Навистина ?
Ne zboruvam od pamet. Tocno e deka devojkata ne ja spomna majkata. Jas govoram vrz osnova na naucni fakti. Vrz izborot na devojka vo zivotot vlijaat poveke faktori. Majkata ima najsilno psiholosko vlijanie, i tokmu bidejki ne ja spomnuva taa pretstavuva nevidliv no najsilen faktor vrz odnesuvanjeto na momceto kon kutroto devojce.
Со самото тоа што сте били во врска на далечина не сте можеле да увидите дека сте различни и спротиставени во мислењата. Сега кога конечно е овде вие учите еден за друг многу повеќе од било кога. Колку и да не сакал него средината (таа надвор) го променила. Без разлика како те гледа дали со емоции или страст (ние секогаш го гледаме она што сакаме да го видиме) не мора да значи дека ја гледа девојката за цел живот.Некој погоре спомена да се зближиш со мајка му. Како бре да се зближи што треба, добар ден јас дојдов за да го убедите син ви да биде со мене. Чиста глупост. Мајката и да го убедува што не верувам, секоја мајка си тежнее кон своето чедо ако тој не сака не мајка и свети мајка да е. Ако ние сакаме некого се ќе направиме да бидеме со него, што не гледам такво нешто од страна на дечкото. Фрли ги позади себе изминатите години на чекање и продолжи напред.
Ne e tocno. Spored psiholoskiot profil na deckoto, majkata mu vlijae na vrskata. I sekako ima i suptilen nacin da se iskomunicira so majkata. A ne vo stilot zdravo majko go sakam sin ti, ke ti go zemam, ke mu se kacam. Gluposti. Dajte malku otvoren um.
Изгледа не се разбираме добро. Какви психолошки профили. Таа со мајка му ќе спие и живее, или со него? На крајот на краиштата јас кога би имала син (имам ќерка) не би му се мешала воопшто. Знаеш зошто? Не сакам да ме обвинува утре задутре за пропалитетот на неговиот брак.
Daleron, ti si majka i moderna si i razumna. No ne zaboravaj deka mnozinstvoto majki ne razmisluvaat taka. Gledaj gi malku tyrskite serii i ke razberes. Jas napraviv psiholoski profil na deckoto i negovite roditeli. Ne istrcuvaj so zaklucoci. Se sekavas li ti na tvoite deca ili dete koga sakase da im kupis ybava hrana, obleka, cevli itn., za da bidat srekni i zadovolni. Majkite istata logika ja apliciraat i kon devojkite na svoite sinovi. Devojkata ke bide del od negiviot outfit i imidz. Se obiduvam prosto da ti objasnam naucni fakti. Se nadevam deka sega ke se soglasis so mene, ako ne, bas mi e gajle.
За жал и јас некогаш така мислам да останам сама не го заслужувам.Со неколку совети сваќам дека тоа е моментална привлечност која само ке ми го уништи животот а најмалку што сакам е да го повредам мојот дечко без кого не можам да го замислам животот. Можеби кога ќе созреам уште малку нема да дозволам вакви глупости да ме премислуваат
ухх многу ти благодарам срцка си стварно единствена што не ме ''нападна'' и јас тоа викам го сакам дечкоми од 16 год сум, со него израснав како може да не го сакам меѓутоа долга врска (само тие што имаат долга врска може да ме сфатат) Се надевам дека лесно ќе го надминам ова ко откачив скроз другиот и повеќе не ме бара ете колку сум му значела само што ке се уништев
@Acisal @Daleron @BurstBerry ... Izvinete ako nekoj zaboraviv... Vaka, jas so majka mu ne komuniciram, nisto, duri ni so sestra mu... Prvo zapocnavme so privlecnost,potoa preminavme na emocii i sl... i jas zadrzav nekoj laden odnos od porano. Za negovite roditeli znam deka sekogas sakaat tie da resavaat za rabotite, no toj voopsto ne e blizok so niv, ni malku. Obrazovanieto vo nasiot slucaj ne e problem, toa so sigurnost. Ne mozam i ne sakam da se zblizuvam so majka mu, premnogu mi e pateticno, nema zosto...Tie ne me ni znaat dovolno, za da me sakaat ili ne... Problemot nastana od karanicite vo posledno vreme najverojatno...Ne znam kako da kazam... Samo sakav da znam dali ima moznost da se spasi vrskava... Fala Izvinete za latinicava,od mob sum
Zdravo devojce. Da, razbiram deka nemas kontakt so negovite roditeli i sestrata. No kako sto samata kaza, tie odlucuvaat za se. Vo psiholoskiot profil sto go napraviv,megju drugoto, odlucuvaat i za negovata devojka, odnosno tebe, bez razlika kolku se bliski so sinot/tvojot decko. Negovite roditeli pravat diskriminacija vrz osnova na imotnata sostojba, ubavinata, socijalniot status, posebno nivniot vo odnos na statusot na tvojata familija, itn. Duri i da nema golema kvalitativna razlika megju negovata i tvojata familija, presudna e nivnata percepcija, egocentricnost, i snobizam vo odnos na drugite. Bidi sigurna deka ima pozadinsko vlijanie, deckoto tvoj e pod vlijanie na taka nareceni "chil out" faktori. Inaku vo odnos na spasuvanjeto na vrskata, na dolgorocno nivo nema da moze da se odrzi. Kratkorocno ke imate presvrti, no sepak na dolg rok i dvajcata ke sakate da prekinete. Moj sovet ti e da si najdes drugo momce sto nema da bide mnogu izlozeno na nadvoresni vlijanija.
Ti rekov Daleron deka roditelite imaat vlijanie vo ovoj slucaj. Ete vide sega i sama, samoto devojce kaza.
@Acisal Се си мислев дека пишува некоје девојче од 13 години (без навреда), а прочитав дека си мајка.