Acisal индиректно си напиша некоја своја мака, веројатно имала некоја ваква случка или и сама така гледа на работите веројатно од многу турски серии како што кажа, па затоа сега од никаде заклучоци свои си вади.
Kritikuvajte me kolku sakate. Bitno jas bev vo pravo za roditelite i nivniot psiholoski profil, pa pravete sto sakate sega.
Jas ve cenam mnogu i vas. No od dosega izlozenoto po predmetot samo jas izlegov vo pravo, a site me iskritikuvavte.
Ne mislam deka e do roditelite. Tie do sega ne se pobunile, nema zosto sega. Rabotava, megju nas, ne beshe najdobra vo poslednava pola godina i povekje... Manje bitno, bile tie ili ne bile, prashanjeto e kako da se spasi vrskava, ako gledate nekakvi shansi za toa?
Здраво феминки ако е можно да ми помогнете . Имам врска 3 месеци, но сме од различни градови. Врската првата недела ни беше добра но почнавме да се расправаме секоја ден он постојано си пребарува негови бивши си пишува со многу постари девојки а ми вика дека ме сака и дека сака да биде со мене, за секоја наша расправија ме окривува мене , дури и ме има навредено и става крај а не бара решение за да се решат работите, од кога ке стави крај по некој саат пак ме бара. Не можам да разберам како и да сака и да не сака да сме заедно, како да не е одлучен ми вика дека незнае и он самиот што му се случува . Јас искрено многу го засакав од моја страна многу работи ги правам како што он сака, и на многу грешки му имам прогледано низ прсти. Ве молам за совет како да постапувам за да ја спасам врската и да бидеме пак заедно.
Искрено,јас не верувам дека нешто може да се спаси.Кратка врска од 3 месеци и да се одржува на подалечна релација мислам дека е тешко,можеби да имате подолга врска,неколку год,па едниот отиде во друг град,држава,веќе имате изградено однос и доверба меѓу себе,па тоа би можело да функционира.Оваа ваша врска мислам дека е при крај,иако се надевам дека можеби ќе успеете некако да ги поправите односите.
Фала за одговорот. Но можно ли е да влијае неговата мајка на нашата врска зошто он предходно имаше подолга врска и неговата мајка е многу блиска со неа за секоја наша расправија и се што се случува меѓу нас она ја известува неговата бивша и се уште го бара. Зошто јас ставам крај а он постојано ме бара , ми пишува како ништо да не било и кажува дека и самиот незнае што се случува со него и што сака.
Оф не знам што побрзо да болдирам за да прогледаш поубаво. Види мило заљубено, тој не ја преболел предходната сеуште. Жал ми е што морам ова да ти го кажам. Тој сеуште нема расчистено со своите чувства и со тоа што тој сака. Ти си му само едно мосте. Да само тоа. Тој е сеуште во некој љубовен делириум, штом врскава само првата недела ви била добра а веке од втората почнале расправии. Значи тој кога се расправа со тебе, се празни поради предходната. Така е. Кој нормален и емоционално стабилен би се карал со партнерката уште на сам почеток на врската. Па нели врските се за двајца луѓе да бидат среќни? Тој само те користи за да ја преболи бифшата. САМО ЗА ТОА Е СО ТЕБЕ! Кога нареден пат ќе испадне расправија и кога ќе те ОТКАЧИ, тогаш веќе не му кревај тел пофторно. Немој, за твое добро. Пиши му само порака дека треба да си расцисти со себе, па ако биде спремен за нова врска и ако навистина сака да биде со тебе, тогаш да те побара. Како бе за рок од 3 месеци си зел за право да те навредува и откачува при секоја караница? Идиот недораснат.
Oo milicka. Najdobro ostavi. Najverojatno ne te zaslusuva stom pametot mu odi po drugi devojki. Nema da ti bide veren. Vo tolku kratka vrska toj pocnal uste sega da se rasprava. Zamisli sto ke bide ponatamu. Plus ne e islkluceno vlijanieto na majkata. Najdobro da si najdes momce sto ke te ceni i pocituva i nema da se rasprava tuku ke ti dava ljubov.
@Acisal е во право, сигурно не те заслужува, а плус штом од сега почнал да се кара. Знаеш ли како ќе заврши на крај??? Затоа остави го и терај си живот. Наше мислење, ама твој живот. Ти како одлучуваш па така ќе биде. Поздрав, и размисли добро што ќе правиш.
Знам дека ова е последното нешто кое што сакаш да го слушнеш, но мислам дека е со тебе заради ирационалниот страв од тоа да остане сам додека сеуште има чувства кон својата бивша кои не ги расчистил самиот со себе. Според ова кое што ти го имаш напишано (затоа што секоја приказна има две страни, зар не?) тој ми делува како многу себичен и несигурен, неодлучен човек кој не може да се усреќи самиот себеси па има потреба од девојка во секој момент. Доколку те навредува и нема никакво разбирање за тебе, најдобро е да го оставиш пред да бидеш оставена, за колку - толку да си го нахраниш сопственото его кое ми се чини дека многу си го запоставувала хранејќи го неговото во текот на целата врска. Тоа што се допишува со други девојки, ми делува како и покрај тоа што те има тебе, сепак се обидува да пронајде друга. Затоа што допишувањето, за разлика комуникацијата очи во очи (а посебно ако и вие сте се запознале онлајн - таков впечаток добив заради тоа што сте од различни градови) многу почесто преминува во флерт. Истотака, заклучив дека ти навистина си вљубена во него, но истовремено и не си баш среќна во врската. А мажите треба да се бираат според едноставен принцип, ако не те усреќува слободно остави го. Заслужуваш да бидеш среќна.
Фала ви многу на советите. Во врската ми беше убаво само кога бевме заедно , така да го блокирав за да не може на ниеден начин да ме добие. Ке оставам на времето ако треба да бидеме заедно ке дојде и тој ден
Прво каква е таа врска на далечина а во Македонија сте? Озбилно? Ретко се гледате, многу му е 2-3 саати во пат да помине за да се видите? Голема жртва и влог за во врската му е? Штом самиот ти раскинувал неколку пати и те обвинува за се`, што има ти да му се понижуваш и да го мољакаш? Гордост малце, достоинство бре жени. После ќе се чудиме вака не` третирале мажине, онака не` третирале. Сами допуштаме. Извини малку поостар пристап имав, но мораш да се свестиш за сопствената вредност и за она што ти го заслужуваш. И општо да си додадам. Девојчиња/жени драги, обидете се, некое време, не постојано, да ги правите сите оние работи за коишто на мажите им прогледувате низ прсти и им простувате. Ќе ви се разјаснат многу нешта.
Многу е тешко да се дрзнеме да судиме само врз основа на искажувањата на едната страна, ние лугето често сме склони да се идеализираме себе а да ги напагаме другите. Затоа мислам дека не е многу паметно да делиме совети бидејки можеме лугето да ги наведеме да донесат погрешни одлуки. Премногу е лесно јас вам да ви кажам што да правите, но којзнае како јас би реагирала да сум на ваше место. Затоа мој совет е да не дозволите врската да ви ја кроиме и спасуваме ние туку вие. Според мене ако една врска е отидена во аут, и нема спас, она што можете да го направите е само одложување или локалозирање на пожарот. Темата гласи „Како да си ја спасам врската„ а кога се работи за врска тогаш за спас се потребни двајца.
Девојко очигледно не те сака и не му значиш толку да некажам многу него доволно. Штом бара бивши и разни изговори за карање од тоа врска не бидува. И јас имам врска со дечко од различен град па ете фала му на бога немаме никакви проблеми, ниту пак на почетокот ги имавме или слични вакви како твојот проблем. Затоа олади малку па ќе видиш како ќе биде понатаму, ако се смени нешто тој ок ако не стави ти крај за потоа да ни ти биде тешко...
Наше беше да кажеме ние што мислиме, а како таа ке постапи тоа си е нејзино. Не дека ние така сигурно ке постапиме, ама не е лошо од повеке личности да слушнеш што мислат, да седнеш да размислиш и на крај сама да донесеш одлука. Од она што таа го има напишано изгледа дека и не е некоја многу озбилна и стабилна врската,па верувам дека и затоа доби такви совети какви што доби. Сепак, на крај одлуката е само твоја.
Фала ви девојки на советите. Јас доволно размилував и оладив спрема него како што кажав го блокирав, телефонот ми е постојано изгасен за да не може да ме добие и ако веќе ме сака да си ја свати грешката. Но тој почна да ме бара кај моите, дојде и дома сепак не попуштам за да си ја увиди грешчата и веќе ако ме сака да не ги повторува истите грешки. Советите многу ми значат и многу ми погонаа сватив дека подобро е да ми биде тешко неколку дена-недели од колку цел живот . Фала уште еднаш
Toa e vistinskiot duh. Se gordeeme so tebe. Nikogas ne zaboravaj deka nie feminkite sme pomokni od mazite. Dovolno e da ne im davame i tie ja ucat lekcijata. No ti teraj ponatamu ke si najdes momce sto vistinski te saka.