1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како да си ја спасам врската?

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Bile15, 6 март 2014.

  1. ladyySi

    ladyySi Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2014
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    869
    @haveasweetdream со него едвај 2 збора да сврзам (здраво, како е, и некој батал муабет), и не гледам некој повод да му имам дадено па да си умишљава тој нешто ама нвм. Колегите 2 месеци знаеа дек имам раскинато со дечко ми затоа изгледа сила си зел тој, а вечерта пред излегување решивме уште еднаш да пробаме.
    Смел е и самодовербата му е до небо зашто во филм е влезен дека е ‘најпосакуваниот‘ во градот и е невиден женкар во секоја смисла на зборот. Толку женски има поминато и толку врски има расипано што бројот не им се знае :|
    Знам дека не му е лесно, и дека се сомнева во се‘, и мене така би ми било, ама сепак би му верувала него одколку на другарките. Зашто другарите ја напраја оваа збрка, јас му кажав и кај бев и со кого и му кажав и за случката и не изреагира бурно т.е изреагира ама од типот ‘ќе види тој на чива женска и се пушта ова ова‘. А кога другарите негови кажале дека сум била со него по паркови и сум му седела на скут и што уште не Е тога почна да ме избегава, ниту да се јави, ни порака да пише..Се извинав 100 малку се.. ама тој ме гледал како ‘ДРУГАРКА‘ :(
    Знам дека изгубената доверба не се враќа лесно ама од тога до денес, веќе 2 месеци и нешто се од себе дадов, нема поќе собирање по станови и пиење, нема одење со колегите и колешките ако е и тој тука, навечер по кафичи барем ИЧ, за случајно пак дан ме ‘видат‘. Сега си гледам другарките и факултетот и толу.
    Незнаев што уште да преземам зато пишав овде за совет бидејќи се до сега изгледа нема резултат позитивен :)
     
  2. haveasweetdream

    haveasweetdream Активен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2014
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    @ladyySi Стварно ми е многу жал, штом таква била работата, ама искрено да ти кажам, машките (со исклучоци можеби) многу лесно потпаѓаат под влијание на другарите за жал....Затоа и неможе да ти верува, бидејќи тие веке го убедиле во нивната приказна...А што всушност тие имаат против тебе? ...Мислам дека најдобро би било лично нив да му се обратиш и да ги прашаш зошто шират такви дезинформации и ви ја распуваат врската која и не била така кратка.... Или, скроз тргни се од него, немој да си дозволуваш и понатаму да излегувате и како демек другари сте, оти на тој начин тој знае дека сеуште му си сигурна па затоа и не попушта, оти знае дека тука си , и може да ти се врати кога ке посака...
    Оддалечи се од него колку и да е тешко, си се извинала, си направила се што си можела, најдобро е да му покажеш дека можеш и ти да преживееш без него, штом толку не ти верува, направи го несигурен, нека мисли дека веке го забораваш, и ке видиш како ке ти се врати(секако доколку те сака) .....позз и со срека :)
     
  3. Tatjana95

    Tatjana95 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2014
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    1.115
    Пол:
    Женски
    Море, имаш среќа што те гледа како другарка. Јас да бев на негово место немаше да сакам ИЧ да те гледам.. Без навреди, спомнаа и неколку феминки пред мене. Никој друг не ти е крив, сама си виновна. Ако сака (и ако може) да ти прости, добро, ако не нема што да правиш сега допрва... Ти си го направила твоето веќе, нема поправање тука. И друго.. што има врска колку женски имал тој таму... мувачот? Што е тоа, оправдание затоа што си дозволила глупост, или како? Тој може да си зема сила колку сака, ама во тоа таквото изненадно бакнување, искрено... не верувам. Ако си го сакала дечкото и се тоа, со време се мисли.
    Нејсе, си направила грешка. Последиците сама си ги знаеш. Мислам и дека ќе го заборавиш овој лесно.. не знам зошто, ама се така мислам.. :^)
     
  4. Ulove

    Ulove Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 април 2015
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    96
    Пол:
    Женски
    Единствен начин да се спаси врска без разлика на причината е доволно да не се слуша мислењето на другите иако понекогаш е потребно да се советуваш со некој,но мислев на негативното мислење на .Ако на неговите/нејзините другари/ки не им се допаѓате тоа воопшто не треба да влијае врз вас.Вие одите со него/а а не пријателите ваши.:D Ако се сакате пред се доверба треба да имате и да не се замарате со околината многу многу бидејќи во денешно време секој гледа да те неорасположи,да ти ја расипе среќата од љубомора и разно разни причини.Епа затоа треба да сме цврсти и да не го дозволиме тоа.
     
    На eloves му/ѝ се допаѓа ова.
  5. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Се убаво, несакам да звучам лошо ама да се потсетиме дека ова е Македонија.
    Е сега што сакам да кажам поконкретно, сум забележала дека на момчињата па и на девојките многу придаваат значење ако некој каже нешто лошо за нивниот партнер. Вака е многу лесно да кажеме не ни е гајле, но ако на улица слушнеш нешто лошо за партнерот зарем тоа нешто нема да те натера да се замислиш малку, безразлика колку време сте заедно и колку го познаваш? Секаде има исклучоци секако, не сме сите исти ама поголем е бројот на ваквите луѓе. Да точно на денешно време секој гледа да те оцрни. Демек ако кажам за комшијата дека е глуп автоматски јас сум попаметна, е како не.
    Ама муабетот ми е дека луѓето се замараат и тоа многу. Секогаш ќе постојат луѓе кои ќе сакаат да уништат нечија врска или пак нечиј брак и тоа доста свесно. Колку врски се распаднале поради трети личности? врската е за двајца ама некои незнаат да бројат ете тоа е.
     
    На Ulove му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Ulove

    Ulove Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 април 2015
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    96
    Пол:
    Женски


    Лично искуство,цело школо ми расипа врска :)
     
    На eloves му/ѝ се допаѓа ова.
  7. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    @Ulove тоа и ми е муабетот. Колку повеќе луѓе знаат дека си среќен толку подолго ќе бидеш.
    Во последно време моите лични работи па макар и најситни дали ми пишал некој на фб, што ми пишал, дечко, симпатија ништо не споделувам со другарки и мирна ми е главата. Па после кој ќе слуша озборувања, па еден твој муабет го слушаш во 100 најразлични верзии па озборувања па измислувања па совети фрчат од све стране и тоа. Најсериозно што може другарка да ти направи друг неможе. Не дека не постојат искрени пријателства, постоеле постојат и ќе постојат но во многу мал број. Во главно се е од корист. Ако споделиш нешто со некого 90% тоа ќе биде искористено против тебе, затоа внимавајте.
     
    На Ulove му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Ulove

    Ulove Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 април 2015
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    96
    Пол:
    Женски


    И тоа си во право,но фала му на бога јас ги најдов моиве 7 најдобри другарки и 2 најдобри другари како дијаманти,никогаш не сум била посреќна...А да ова дека кога знаат многу луѓе,се знае од љубомора што се очекува...
     
    На eloves му/ѝ се допаѓа ова.
  9. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    @Ulove ако сакаш навистина да знаеш што некој мисли за тебе скарај се со него, тогаш искрено ќе слушнеш се што мислел за тебе цело време. Јас кога и некому да речам нешто макар и со најдобра намера добивам коментар дека сум се правела паметна. Епа драги мои ако некој размислува поинаку од вас незначи дека се прави паметен. А и сите бараат некоја искреност а ако им кажеш нешто веднаш се муртат. Ретко кој си гледа за тебе, за другите сите знаат.
     
    На Ulove му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Ulove

    Ulove Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 април 2015
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    96
    Пол:
    Женски


    Да,но сето тоа што им смета на моите нај другарки и другари ми кажуваат во лице.Исто како и јас,па се случило и во моја близина некој да зборува за нив,навистина непријатна ситоација,меѓутоа се тргам на страна и воошто не слушам.бидејќи истото тоа како да го кажуваат за мене,така се осеќам кога слушам нешто лошо за нив...И многу ме боли.А има и такви што неможат да се помират со тоа што си им го кажал со добра намера,ќе те сметаат дека сакаш да се напраиш попаметен,али на крај испаѓа така како што си кажал ти..
     
    На eloves му/ѝ се допаѓа ова.
  11. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Не негирам дека не постојат вистински пријателства, постојат но ретки се. Затоа гледам со секого да сум на некоја дистанца, да не доаѓа до непријатности. Има многу примери околу мене на девојчиња блиски ко демек како сестри, спиење заедно, 24/7 заедно на крај ќе се скараат и ете ти се озборуваат тајните си ги издаваат на други, се потсмеваат, понижуваат и тие работи и баш од таа причина несакам да се зближувам со никого толку многу. Верувам дека се што е во голема количина па макар и блискоста е штетна, баш поради таа блискост може да се скарам со некого. Една моја братучедка со нејзина другарка демек најдобра пасвортите од фб си ги дале, чисто за разонада да си ги имале се додека другарката не и го смени пасвортот.
     
    На Ulove му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Ulove

    Ulove Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 април 2015
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    96
    Пол:
    Женски


    Pass не би дала на никого,без разлика дали дечко или другарка најдобра како сестра,мене ми дале но со цел да помогнам нешто и никогаш не ме интересирало што имаат тие во пораките,не сум таква ниту пак сакам да се мешам,тоа е нивно а тие што ми го дале,значи имааат доверба во мене,и затоа никогаш не би дозволила да се деси нешто со што би згаснала таа.Почитувам,сакам,Ценам,и негувам се што е во моја близина и се што е мое.
     
    На eloves му/ѝ се допаѓа ова.
  13. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Почитувај ги, црни ги и негувај ги тие што заслужиле и зависи од тоа колку заслужиле.
    Довербата тешко се стекнува, а најлесно се губи.
    Ако еден човек остави впечаток на љубоморен, на себичен, на човек кој секаде се меша малку потешко се менува мислењето за тој човек, оти нели првиот впечаток е битен.
    Така е и за другарството. Ич да не ти љубомори пак го копка за нешто, зошто таа да биде среќна со дечкото ете ќе и растурам и толку. Ми се повраќаше едно време од таквите што на аск ми пишуваа се и сешто иако не го објавував аскот ама анонимно нели, а пред мене другарки ми се правеа. Стилот на пишување ги издава. Башка знам кому и што сум кажала.
     
    На Ulove му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Ulove

    Ulove Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 април 2015
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    96
    Пол:
    Женски

    Има такви да од љубомора,колку и да ти се другарки пак ќе сакаат да направат нешто со што би те повредиле,зошто ти си среќна а тие не.Искрено јас најмногу што сакам е да видам како е некој друг среќен бидејки и тоа мене ме прави среќна,или јас некому да му го разубавам денот.Без разлика на тоа колку ми е близок.Имам луѓе кои верувала или не гии имам запознаено во најлошо светло,и пак им простувам и сум тука до нив,и еднаш ме прашаа,зошто?Јас само се насмевнав и кажав дека за тоа служи другарот зар не?
    Затоа без разлика колку ти згрешиле што и да ти зборувале,пак сум тука за нив,едноставно не ми пречи тоа.Јас после тоа се чувствувам убаво бидејки сум помогнала на некој,па после тој што сака нека зборува.Јас сум го направила своето и сум испаднала фер другарка,а тоа дали тие ќе го ценат или не останува на нив...Со тек на време ќе се свестат што прават.
     
    На eloves му/ѝ се допаѓа ова.
  15. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Се убаво само ме интересира колку од нив ти вратиле со истата мерка?
     
    На Ulove му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Ulove

    Ulove Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 април 2015
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    96
    Пол:
    Женски

    Никогаш не сум побарала од нив помош.Но, се надевам дека еден ден ќе им се отворат очите и ќе видат колку многу грешеле,ќе бараат прошка за тоа што го направиле,сите сме луѓе што би се рекло ама ретко кој е човек.Затоа мислам дека има време да се опаметат многу од нив,и да го изберат правиот пат на животот.
     
    На eloves му/ѝ се допаѓа ова.
  17. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Да ти кажам со какви луѓе си имам секојдневно работа ќе се .. да не кажам.
    Далеку сум од совршена, многу далеку но барем некоја најосновна култура и пристојност мислам дека секој може да покаже. Оние истите што секојдневно ми се прават искрени другарки пред мене зад мене искреноста им е една голема нула. И не го зборам ова на памет или оти некој ми кажал туку лично имам слушнато и прочитано. Прва братучедка ја сакав како сестра од најмалку бевме заедно ми го сврте грбот, сега не зборуваме всушност зборуваме еднаш во 5 месеци кога и е досадно па ме бара алишта да сме переле и макарони ке сме вареле. :emo: Некогаш колку и да сакап некому да прогледаш низ присти едноставно неможеш. Втора шанса се дава, но не за истата грешка. Се трудам со секого да бидам во добри односи, никој не ми пречи затоа што сум глува за глупости. Но не ми се допаѓа кога некој во секоја прилика се однесува како на улица. Знам дека муабетот го отеравме накај другарство ама искрено гледано кои се тие што растураат врски, други другарства и секаде се мешаат? Епа другарките.
    Неможе да ми се меша некој ако јас не му дозволам. А ако некоја ја сметам за другарка и споделам нешто со нејзе сигурно дека ќе се замеша на било кој начин.:shake:
     
    На Ulove му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Ulove

    Ulove Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 април 2015
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    96
    Пол:
    Женски


    Последниве неколку реченици ми се допаѓаат најмногу...
    У право си.Али еве јас помогнав на девојче што буквално ми расипа врска пред некое време,и да ти кажам јас се чувствував прекрасно,иако се десија многу работи,таков човек сум што можеби немам заборавено но имам простено.Да другарките се тие кои расипуваат најчесто,но зарем не им се враќа?
    Кругот увек се врти кад тад,дали порано или подоцна,и они за жал се дешава да ја почувствуваат истата болка.
     
    На eloves му/ѝ се допаѓа ова.
  19. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Се се враќа, ако не денес еден ден.
    Само што луѓето се бесчуствителни и не го размислуваат тоа. Ретко кој се става у туѓа кожа. Погледни овде неколку постови за судење сме први. Најлесно е некому да му кажам виновен си и чао пријатно, што ми е гајле. Но како би јас постапила на негово место, во неговата ситуација? Различни луѓе сме, ралзични карактери незнаеме што не чека утре. Некој може го чека подобро утре а некој полошо.
     
    На Ulove му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Ulove

    Ulove Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 април 2015
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    96
    Пол:
    Женски

    Така е...Времето лета,не се знае што ќе се деси.Но мислам дека како што минува времето,така човекот треба постепено да почне да се менува кон подобро и да го избере правилниот пат.Да го гледа својот живот, и да не се замара со туѓото негативно мислење.Само така ке успее и ќе го добие посакуваното.
     
    На eloves му/ѝ се допаѓа ова.