1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како да ја прекинам врската?

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Ani-Honey, 11 декември 2010.

  1. Ani-Honey

    Ani-Honey Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2010
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    13
    So nego sum 3 ipol godini.. da bidam iskrena na pocetokot nemase pozaljubena od mene i nemase nekojas sto poveke saka od mene.. site se cudea za mene kolku jas se izmeniv poradi nego... No na seto toa za zal mu dojde kraj.. ostanaa samo navikite.. ne go sakam poveke, svesen e toj za toa no nesaka da prenikeme zatoa sto premnogu me saka. Ne sum srekna so nego.. ne poveke no nekako kako da sum prisilno so nego od taka od nemajkade a mozebi i od sozaluvanje kon nego. letovo bevme razdeleni se do miantiot mesec.. sfativ deka mnogu poubavo mi e sama... no, iskrsnaa nekoi raboti sega se smirivme. po navika go baram i se slusame a celo vreme mu kazuvam deka e kraj i pak ne e... znam deka ne postapuvam pravilno treba da bidam pocvrsta i da kazam gotovo e, no nemozam SE MI E NAVIKA.. kako da prekinam so ova???

    ps: na sekoe javuvanje mu kazuvam deka e kraj.. no toj premnogu me tolerira samo zatoa sto me saka.
    [mod-kirilica:tx0zf078][/mod-kirilica:tx0zf078]
     
  2. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    127
    Kako da ja prekinam vrskata?

    Па ако навистина си сигурна дека сакаш да ја прекинеш врската, разговарај со дечкото и кажи му дека неможеш повеќе, дека не сакаш да бидеш со него. Е сега ти и самата кажа дека си му кажала, ама дека те сака и те толерира. Знам дека ти е тешко, можеби и не сакаш да го повредиш, но сепак мораш да бидеш малку поцврста, и поупорна да докажеш, бидејќи дечко ти нема лесно да се откаже. Само немој потоа да сфатиш дека си згрешила со одлуката. Ако не побарај пак време да паузирате и да бидете разделени, па после тоа да видеш како ќе ти биде.
     
  3. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.003
    Тој не те сака! Има разлика од опсесија до сакање. Еве едно мое видување...

    Да сакаш некого тоа значи да направиш да биде среќен, без разлика дали си со него или не. Тој ако те сака ќе те пушти. Но ова е опсесија, опсесија е кога сакаш да го имаш некого по секоја цена дури и по цена на неговото страдање. Мислам дека ти разјаснив некои работи.

    И можеш да пишуваш на кирилица.
     
  4. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    Абе извини вака, ама ти ке плачеш некој ден. Се врти тркалото од се што ти погодува, и те сака па досадно и станало. Да го видиш утре со друга скрос друга приказна ке кажуваш. Но ако навистина до толку немаш чувства тогаш не одолговлекувај уште толку цврсто застани, и кажи му гревота е и тој, и му даваш лажна надеж. Нема формула како да му се скараш, ке седнеш и ке му кажеш сериозно. Поздрав
     
    На Mistery и NellPam им се допаѓа ова.
  5. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.254
    Допаѓања:
    41.041
    Пол:
    Женски
    Не се согласувам со тебе.Ако ја сака тој а таа оди со него од сожалување каде е тука убавината на врската?Немора да значи дека за се тркалото се врти,таа е била среќна со него што е била сега веќе не иде, ај сеа нека оди со него оти тој ја сака, а нејзините чувства?
    Јас мислам дека кога веќе си сигурна во својата одлука,ако мислиш дека нема воопшто во никој миг да се покаеш за истата стави крај.Но кога зборам за покајување не мислам да се сеќаваш со насмевка на лицето за убавите 3 години,нормално си е да имаш убави спомени.Ако тие поубаво сама и ако си решила така да продолжиш биди силна и кажи крај,абе ако треба избриши му фб скајп,смени број да не се слушате, нешто напрај...неговото како што кажа Оффи е веќе опсесија.
     
  6. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    Па и јас исто кажав ако не забележа, до толку ако е дојдена работата одма да му се скара да не чека, ништо така не оди. Јас тоа погоре го напишав, оти на многу мои познанички им се има случено да мислат дека не го сакаат некој, и дека им е здосаден, па после плачат, се додека не изгубиш нешто не знаеш што имаш, тоа ми беше цел муабет.
     
  7. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    821
    Нема зошто да чувстваш грижа но совест. Знам дека ти е тешко да повредиш некој со кого си делела толку многу нешта, ама мораш да стегнеш заби, оти времето лета. Денес се три утре пет години и никогаш нема да можеш да го вратиш изгубеното време. Убаво би било кога би постоело копче за те сакам, е сега не те сакам. Ама не е така. Тоа што ти се изладиле чувствата, не те прави лош човек. Тој сака да е со тебе зошто тоа го прави среќен зар не? Од каде тогаш тој има поголемо право на среќа од тебе? Знам како се чувствуваш, но нема потреба да се измачуваш. Па ти треба да спиеш со тој човек, не се повредувај самата себе. Сепак ти најубаво си го познаваш срцето. Ако си сигурна дека не го сакаш веќе, само биди искрена со него. И потоа цврста во својата одлука, не се враќај од сожалување НИКОГАШ.Колку и да е сурово, тоа е реалноста. Ќе помине време и ќе се среди и тој.Ее па зарем не сме биле сите со скршени срца едно време во животот, времето лечи се. :* :*
     
  8. renata76

    renata76 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    34
    А кажи каков е тој дечко што те трпи така да играш со него?Те сакам , не те сакам, ќе се слушаме, нема да се видиме......играчки
     
  9. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    821
    Рената незнам дали некогаш си била во ситуација да раскинеш долга врска, три и пол години не се малку,ако не си ти посакувам и никогаш да не бидеш.Лесно е да го нападнеме девојчето, ама не е поентата тоа. Се надевам ме сфати со сакам да кажам и дека не се лутиш,но овој твојот пост апсолутно не гледам зошто си го напишала, јас колку шо знам поентата овде е да си помагаме и дружиме, а не само да ни се бројат мислења :hai:
     
  10. renata76

    renata76 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    34
    Критиката ми беше дека она треба да се одлучи што понатаму и да остане не таа одлука!
     
  11. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    652
    Пол:
    Женски
    Според мене најпрвилно е ако веќе не го сакаш да ги прекинете сите контакти. Вака не му докажуваш дека е крај. Он може си мисли уста збори, срце прави. Не е малку 3 години, па да се раскине толку лесно. Не смееш со него да си заради навика,или само затоа што ти попушта и те сака. Верувај дека се се враќа во животот. Не прави така, ќе дојде време кога ти ќе молиш , макар и некој друг, не мора него. Возрасни сте, седнете, разговарајте. Мислам дека ако те сака, ќе те пушти. Не за џабе рекле, пушти го тоа што го сакаш, ако те сака ќе ти се врати бргу, ако не никогаш и не те сакало.
     
  12. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Со секо ваше видување и со секој твој повик, ти него му даваш надеж.
    Ако немаш веќе такви чувства (како на почетокот), ако си ептен изладена кон него... подобро отворено разговарај со него, кажи му се'. Подобро на мирен начин и искрено да заврше врската отколку да дојде до неверство, до сериозни кавги и слично.
    По разговорот со него, мислам дека ќе те сфати и ќе те остави, затоа што ти никогаш ете не си го направила вистинскиот потребен чекор. Преку телефон не е раскинување и решавање на проблемот, посебно кога утре како и да не си го рекла тоа, и пак сте заедно, и се' е исто.