1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како на почеток на врска?

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од ma4o4female, 11 јануари 2012.

  1. ma4o4female

    ma4o4female Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    352
    Девојки, сега јас сум на почеток на врска... Одиме скоро 2 месеци...
    Како треба да се однесувам јас на почеток кога нешто на пример ќе ми засмета? Дали да му преречам или да не кажам ништо ( за да не мисли дека сум премногу нападна, па дури и залетана по него)?
    Дали да му се јавувам често за да знам дека се движи или да му оставам простор?
    Дали е нормално да не се видиш со него 2-3 дена?

    Споделете мислење, па и кажете како на вас ви било на почетокот?

    п.с. Знам дека најубаво е на почетокот, но најискрено мене ми е најтешко :|
     
    На Springy му/ѝ се допаѓа ова.
  2. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.832
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека треба да си тоа што си ти, не му се јавувај пречесто зошто ќе си мисли дека го контролираш. Не си пишувајте често на фб или мсн зошто така има повеќе можности за глупави кавги. Гледајте се колку што можете повеќе, а сега дека е распуст идеално е секој 2 ден да се гледате. Тоа е многу убаво за да се зближите уште повеќе. Немојте да се карате за глупости како на пример, зошто и стави лајк на онаа на сликата, зошто ова, зошто она и никако немој да му забрануваш нешто :) :) :) :* се надевам дека барем малку ти помогнав
     
    На ma4o4female му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Special.Someone

    Special.Someone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2011
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    635
    мое мислење ти остани си ти не се мењавај ама не биди нападна со повици обидувај се да се сложувате и така :)
     
  4. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.635
    Допаѓања:
    4.456
    Пол:
    Женски
    Биди си своја,кава што си со другари, другарки.....не се претставувај во лажно светло
     
  5. ma4o4female

    ma4o4female Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    352
    Јас сум таа, но по природа сум малку посесивна и дали да ја покажам и таа особина сега или не :) ?
    Во многу ситуации знам да изреагирам бурно, дали сега да се контролирам или да правам јас како што знам? Не знам :(
     
  6. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    Покажи ги сите твои особини, реагирај природно без да се напнуваш дали треба или не треба.
    Дечко ти треба да те прифати таква каква што си.
    Некое време ќе припазуваш како се однесуваш ама не можеш така подолго време, што ако после занемариш да пазиш како се однесуваш и на дечко ти тоа му засмета, м?
     
  7. ma4o4female

    ma4o4female Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    352
    Значи ако не може да ме издржи во моето најлошо, тогаш не ме заслужува во најдоброто! ;)
    Морам да реагирам на тоа што ми смета, за да знае до каде може да оди и да си поставам граница за тој да не претерува....
    Но, што ако погрешам? Не, нема шанси! :|
     
  8. Dazzle

    Dazzle Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.030
    Да, така е - но тоа “правило’’ да кажам- важи за по сериозните врски кои траат подолго од 2 месеци.
    Ти не треба да трчаш сега да му покажеш најлошо од тебе за да си дадеш заклучок дали он те заслужува како најдобра..
    Ќе се исплаши и ќе те остави- поготово што љубовта на почетокот не е толку силна да кажам и нема некоја навика со тебе.
    Да, реагирај на тоа што ти смета но не премногу остро, биди културна пред се, немој да хистеришаш :) биди смирена и образложи што не ти се свиѓа и зошто е тоа така. Труди се да избегнуваш кавги.
    А доколку навлезеш во кавга немој да навредуваш, зошто кажаниот збор никогаш нема да можеш да го вратиш.
    И на него му е сега се ново во врска со тебе, колку ти учиш од него толку и он од тебе.
     
    На ma4o4female му/ѝ се допаѓа ова.
  9. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    575
    Вака, тоа што ти смета кажи му го, верувај дека многу ќе го цени тоа. И немој во никој случај да дознава преку други дека си се жалела за тоа што ти смета. Од искуство ти кажувам, затоа што на почетокот на врската јас така згрешив 2-3 пати и дечко ми многу ми се налути ама сега е супер да не урочам. :D
    Значи, отворено кажи му се, немој само да бидеш многу нападна. Исто така немој да го преоптоваруваш со пораки, јавувања и слично, дај му слобода и верувај ќе го цени тоа. Никој не би сакал да биде со некоја што 24 саати ќе го демне. Гледај те се на 2-3 дена, нормално е тоа, па јас баш и не сум за гледање секој ден, затоа што сум била сведок на повеќе врски кои поради пречестото гледање, слушање на секој саат и слично, завршиле после неколку месеци.
    Биди си своја, нека те засака таква каква што си, односно, нека те засака тебе. ;)
     
    На malecka.16 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. pajaceto

    pajaceto Активен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2012
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    4
    Подобро ситниците да се решат на време одколку на секое следно карање да се навраќате на старите глупости..И ситница да е, според мене подобро е да се реши на време за коа ке се соберат повеќе ситници да не дојде до раскинување! :)
     
  11. fotografija20

    fotografija20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2011
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    10
    кажувај си што ти смета но тоа нека биде со насмевка првите неколку пати ;) биди толерантна и не избрзувај да се караш ако е во прашање ситница. пробајте да се гледате што поретко така ќе ви биде поинтересно и повеќе ке си недостигате.едноставно како што ти кажале претходно девојките, биди си своја и нека те знае како таква да не се изненади по некое време со каква всушност идел ;) и уште еден совет, ние девојките на почетокот секогаш пробуваме да бидеме светици и совршени па така понекогаш знаеме да излажеме за некои работи и потоа кога ке падне маската...упс :D затоа без никакви фолирања и лаги ако те сака ќе те сака каква што си ;)
     
  12. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Остави му простор, не му се јавувај пречесто. Ок е еднаш-двапати на ден, зависи дали се гледате секој ден или не. Ако забележи дека сакаш да го контролираш, и ако си многу нападна, ќе сака да се оддалечи. Машките се плашат од такви работи.
    Ако се појави било каков проблем, разговарајте смирено, и не дозволувајте трети личности да ви се мешаат.
    И да си љубоморна, обиди се да не го покажуваш тоа.