Мене зборот ми беше за правилна нега, без овие хемикалии зашто мене само проблем ми направија. А под правилна нега подразбирам и сега можеби звучи чудно но масажата за косата/скалпот за време шампонирањето прави чуда. Чудно да, знам, ама делува. Потоа редовна употреба на маска за коса, 2-3 пати месечно ставам ампула за освежување на косата И тоа Иначе не е тајна. Моментално ја имам оваа колекција дома и сум презадоволна, ми ја препорача фризерката и сеа за сеа не ја менувам
Оваа колекција е предобра, кажи само дали го имас спрејов и за каков тип за коса е зошто сакам да го земам?
^ Не користам спреј за коса, се заборавам да го употребувам Прашај тука, сигурно некоја форумџика го има kosa/sprej-za-kosa-t6608/
Овој спреј е за сува и оштетена коса, го има во Космо, ако памтам добро мислам дека беше 225 денари, или 245...тука негде беше.
Ампулата ако ја издроби и ја стави во шампон ќе добие крвава глава Ги имаш збркано ампулите (лек во течна состојба спакуван во мало стаклено шишенце ) со апчиња ,ништо страшно ,ама ме насмеа
јас сега со пивски квасец таблети пијам и во сампон од коприва оној сто е 230мл ставам 3 ампули и рицинусово секој пат миејне коса па ке видиме.....ова го правам веке месец и половина сега за сега само нормално е нисто нема или пак не забелезувам од толку сто сум опседната со растејне на косава али стварно ми е потребно ме осиса лелееееееее мн кратко
За растот уште е рано да се каже ,ама многу ми ја суши косата ,посебно делот што ми е фарбан... Волумен има колку што сакам ,тоа е позитивно. Ако не ставам регенератор ќе шетам ко да имам преживеано струен удар ,ни се чешла ни се пусти.Додуша и со него тешко се чешла ,ама барем се расплеткува со голема упорност. Утре земам маска од Лореал и да ја оправам малку. И се запнав и има да ја израстам па ако сака само едни единствено влакно да ми остане и само тоа да расте!
девојки да ве прашам б витамин во ампула што е тие се само за коса? затоа што немам слушнато порано па кога ке барам да знам што да барам и од каде можам да ги најдам од аптека или па... отприлика колку чинат, дали навистина помага при забрзан раст на косата ви благодарам многуууу и заборавив да прашам кога ги ставате ваквите ампули во шампон колку пати треба да се миете со таков шампон мислам со ампула што има во него
ке си побарас ампула со б витамин јас за 230мл ставам 3 ампули но мозес и 4 или 5 не претерувај....сега па сто знам за растов нема несто кај мене посебно 1 ампула е околу 20денари...мозес да земас со бвитамин б1 б6 б12 која сакас ти.....и миј ја косата на 3 дена(според мене)
Летово избегнував да ја фенирам косата, ја третирав со природни маски, шампон од коприва, маслиново масло, и имаше резултати. Косата ми беше здрава, негувана, сјајна, предуслов за побрз здрав раст на косата.
aaaah totalno te razbiram ! i jas ja isisav taka eve vekje godina i 2 meseci i ne mi mrdna moze 2 santimi da mi e samo podolga nema pravdina
Од шамппонот за обновување, регерирање и раст на косата на КЕНЕ, пишав дека сум презадоволна од тоа како после миењето косата е прекрасна дури и без маска, но сега после околу месец дена користење, јас приметувам и големо влијание на растот, кратко е времето, ама косата ми е потпорасната дефинитивно. Исто врвовите ми се опоравени, и не приметувам нови расцветани. Одличен е шампонот значи. Одличен.
Покрај советите со копривата, пивски квасец, Б витамин и сл. многу е битно да се јаде храна богата со ЦИНК. Цинкот го поттикнува растот на косата, а патем добар е и за кожата и ноктите. Го има во црвено месо, риба, јаткасти плодови, јајца...
Пробав разно разни чуда, ама се` на што налетав, и дојдов до заклучок дека нема благе везе со побрзо растење. Све е автосугестија, ако сакам да видам дека не расте и да кенкам десет дена за неуспехот мој така ќе е, ако сакам ќе видам дека 5 сантима пораснала. Со овозможување хранливи материи на косата и нега може да се влијае на квалитетот, не на должината. Начинот на кој расте коса е индивидуален, и строго генетика. На жалост. Добив преубава коса со 4-5 месеца тинтрање, од летоска, ама дека коса до колена ми порасна (особено не од пивски квасец), неќу да се лажам. Можда има тук таму некоја финта за минимален поттик нешто блах, си расте нормално... Ништо повеќе од преку сила два цм на месец, а нормално е еден до еден и пол цм раст на месец. Некои запрепастувачки резултати јок.
Пред скоро 7 година ја скратив премногу косата (а иначе обожавам долга коса) и ептен ми беше криво, па порачав некој шампон дури од Франција демек ќе го забрзал растот на косата, ама ништо од тоа. Лично сметам дека нема некоја посебна техника, индивидуален е растот на влакното, кај некој повеќе расте за еден месец кај некој помалце. Можда придонесува редовно (на секој 2 месеци) шишање по 2цм, пошто нели обновено е влакното па полесен е и растот на косата.
Дали некој ги има пиено словенечките витамини ФИДИВАЛ РЕТАРД за коса, и дали ви се допаднаа резултатите ако ги имаше?))