јас лично го немам затоа што мојата коса е долга,но мојата братучетка имаше многу кратка коса ама и се ближеше свадбата и сакаше да има поголема коса една комшивка и го препорача ова.за еден месец, на братучетками и беше косата порасната 6cm.а лук се става ако сакаш не е морално
Само што си земав Ореово масло од (Галафарм), дома имам Чичково масло од (Фитофарм), и оптичка варка е дека маслата на Галафарм се многу поголеми. Јс лично се разочарав кога го купив маслото на Фитофарм, и иако поефтино, делуваше многу малечко во пластично шишенце, личеше на едвај 30мл и не пишуваше милилитража на кутијата, па ми делуваше како тестер,за една употреба . Маслата на Галафарм се во голема кутија, стаклено шише и на амбалажата си пишува 50 мл. Е сега кога конечно ги имам двата примерока дома, направивме компарација со мајка ми и утврдивме дека се работи за истата количина од 50мл во двата случаја, иако на изглед е тешко веројатно тоа. Во секој случај излегува дека маслата на Фитофарм се не само по-квалитетни, туку по-практични и по-ефтини од сите други масла. Инаку купив ореово, но сега ми текна дека можеби Бадемово масло ми требаше мене :за суви и оштетени врвови , или сепак правилното сум го купила? Може помош?
Ореово масло Ореово масло се добива од растението Juglans regia со технолошка постапка, која гарантира екстракција на сите лековити компоненти во природна состојба. Се употребува за нега на кожа со хронични егземи. Го негува и храни влакното на косата и го спречува нејзиното цветање. Бадемово масло Бадемово масло е природно масло добиено со ладно цедење на семе од растението Amygdalus communis. Благотворно дејствува врз оштетена кожа со брчки, дава мекост и еластичност. Го храни и негува влакното на сува и оштетена коса. Ореовото го спречува цветањето и го негува влакното ама бадемовото го негува оштетеното влакно Сепак ти купи и бадемово имај ги двете. Јас сега ќе си купам чичково масло, рицинусовото ми е при крај, а пишува дека чичковото го потикнува растот на косата и затоа. Јас имам долга, густа, нормална коса уште 2-3 сантиметри ќе ми е до струк, ама сакам уште подолга... А врвовите ми се малце суви ама треба малце да се шишам за да не ми расцвета иако малце некои влакна ми се расцветани иииии ги мразам...
луѓе бе дај не се будалете, нема логика за еден месец косата да порасни 6cm, па уште од лук , а и да порасни што дека ќе имаш долга коса, кога ќе ти смрди на лук , доволни се маслата колку толку помагаат, не можи преку ден да ви порасни косата
Не, јас земав Bevipleks (сите б витамини), во голема ампула се, во жолта прашкаста форма (неможам слика да најдам). Со Ампулата ти даваат и дестилирана вода за раствор, јас купувам и шприц и игла =)
Jас да, такви користам, такви најдов во аптека првиот пат, сега земав коктел од сите б витамини. Што има врска то, каква си нашла таква ставај
Фала А Сакав де ве прашам вечер ли да ги ставам ампулите во шампонот или утре пред да ја измијам косата? И уште едно прашање Рицинусовото масло го нанесувате и на врвовите и на скалпот? Сори на офф
Ах мили формумџики, многу сум среќна Во Еlsve шампон ставив 6 таблети б6 и 6 5 б комплекс и се мијам од прилика секој втор или трет ден со него па после ја миам косата со оваков шампон затоа што елсвето ми мириса гадно само еднаш имам ставено рицинусово масло го користам шампонот само 3 недели а веќе можам да видам дека косата ми пораснала, не кој знае колку ама сепак доволно за да се примети. I am so very happy тенх то ол оф ју
Малку ќе се оддалечам од темата но пак е во врска со косата. Јас имам долга коса скоро до половината, но проблемот е што премногу ми пага. Што да направам за да не ми паѓа? А сега тоа како ми расте косата немам појма, не ставам некои посебни витамини, ампули или незнам што. Се мијам само со шампон и ставам маска.
Ревитин РЕВИТИН спреј лосион против опаѓање на коса содржи активни состојки кои ефикасно дејствуваат во третманот на сите форми на опаѓање на коса, бавен раст на коса и коса што ја изгубила својата виталност. Косата станува здрава, бујна и витална. Го РЕВИТАЛИЗИРА коренот на косата. Ја ХРАНИ и ЈАКНЕ структурата на косата. Ја ПОДОБРУВА циркулацијата во коренот на влакното. Го СТИМУЛИРА растот на косата. Го СПРЕЧУВА опаѓањето и слабеењето на косата. НАЧИН НА УПОТРЕБА: Лосионот се нанесува со распрскување по коренот на косата и енергично се масира до потполно впивање. За подобар ефект се нанесува наутро или навечер пред спиење. Бидејќи не се јавува непријатен мирис и има одлична подносливост се препорачува косата за време на третманот да се мие на неколку дена.
TanYa, си го користела ти Ревитин? Јас еве 4 дена како го користам, се надевам помага. Го користам во комбинација со Алпецин шампон.
А овие ампулите како ги ставате Јас ги скршив ама сега никако неможам да ги ставам во шампонот...Не течат