1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Канта што хигиена значи и го чува семејниот буџет

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Lilit, 29 април 2011.

  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.109
    Допаѓања:
    155.823
    Грчки канти за скопските дворови со пари од заем од „Светската Банка“. Градот купи 60 000 канти за 880 000 евра кои бесплатно ќе им се делат на скопјани. Првите свечено ги предадоа во употреба градскиот татко Трајановски и министерот за финансии Ставревски.

    - „ Овие канти се со 120 литри капацитет, пластични се, со зелена боја и на нив е отпечатен грбот на градот Скопје, исто така и веб страната на градот Скопје“- изјави меѓу другото Градоначалникот Трајановски.


    - немаше ли да биде посоодветно да одите на пример (министре Ставревски н.з.) во Бразил со министерот Милошоски?
    - „Не. Министерот Милошоски си има свој ингеренции, Министерот за финансии има свои ингеренции. Јас сум тука и проектот целосно го подржувам за доброто на граѓаните и на целата Република.“

    - како ќе се подобри стандардот на граѓаните со ова?

    - „Наместо граѓанинот да плати 800 денари од сопствен буџет, државата, односно Градот Скопје ги дава тие 800 денари бесплатно да се купи таа канта.“ – одговараше министерот Ставревски на новинарските прашања.

    Добитниците на кантите беа задоволни од подарокот од 800 денари. Како токму тие и нивните соседи биле избрани не знаеја. Сега се надеваат и на подобра канализација.

    - „Не само корпа, задоволни сме што првпат тука доаѓа Градоначалникот на Скопје, Градоначалникот на општината, Министерот. Мислиме дека оваа година малце поголема пажња ќе биде за оваа улица бидејќи е многу стара.“
    - „Абе ние сакаме и водата да ни ја средат, уште со азбесни цевки сме.. Обеќаа дека ќе биде, останува да видиме“ – изјавија првите добитници на бесплатни корпи.

    Парите за новите канти Градот ќе ги враќа во следните девет години. Во меѓувреме исти такви ќе можат да добијат жителите и на другите општини. Но, ќе треба прво да се пријават во „ Комунална хигиена“. Ќе останат само покуси од искуството, подарокот во двор да им го донесат Министерот и Градоначалникот.
    http://www.time.mk/read/c70bf49d3f/2b9c423528/index.html
     
  2. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.109
    Допаѓања:
    155.823
    Значи,блазе си ни! :wasntme:
     
  3. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Се чувствувам како да сум дел од некоја комедија со црн хумор- просто да се чуди човек што е следно жими се :x

    А тие што немаат канти, т.е. живеат во станови, можеби ќе им ја плаќаат чистачката, пошто нели, си имаат контењери кај зграда, немаат потреба од други 8)

    Лудница.
     
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.056
    Допаѓања:
    66.769
    Пол:
    Женски
    Ова заслужува и вторник да го прогласат за неработен ден. Треба од ова празник да се направи, за граѓаните да можат достојно да го прослават овој несебичен и дарежлив чин. Да заколат по некое прасе, кокошка, што се нашло, за да има со што да се наполнат новите канти.
    Секоја чест, indeed!
     
    На love23 и unique123 им се допаѓа ова.
  5. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.109
    Допаѓања:
    155.823
    :D
    http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=137298

    Добар,добар! :D :D :D
    Ааах...хумор,го има во толку многу видови.
     
  6. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.004
    Леле дајте, ако има Господ нека помага, а ако нема - НЕКА СЕ ИЗМИСЛИ под итно :| Не не, незнам дали не гледа некој одстрана седнат со пуканки и не резили, ама дајте бре, срамота е, глупо е...
     
    На Gordana10 и Shana им се допаѓа ова.
  7. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.024
    Баш блазе си ни. Во оваа криза навистина кантите беа ептен попотребни наместо на пример да им ја направат водата на луѓето. А па која чест е па да ти дојде лично минисиерит и градоначалникот да ти ја донесе кантата муабет да не праиме. Луѓето немаат што јадат гледаат едвај како да го закрпат месецот, а они тука се фалат како не поштедиле за 800 денари. Срамота!
     
  8. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.109
    Допаѓања:
    155.823
    Кога ќе видиш,нема шо да фрли народов у кантите!А се е фанта финта!Уредно да почнеме да буричкаме по чистите и нови канти на аристократијата...се е тоа смислено,ко со палмите...Значи ништо не разбираме!
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.610
    Допаѓања:
    2.471
    а за нас сиротите од останатите градови нема канти а? :( :(
     
    На Hiii му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Се собра раја стручњаци, да образложат околу кантите.

    |(

    Страшно.

    Добри, а? Квалитетни, не? Пак што боичка имаат... леле леле... ^_^
    Мх мх мх... канта бе, за мерак. Кантиште бе брат, значи сега сме шема со кантите. Оп - Скопје почисто. Одма е друго.
    Ете природа на видик. Видиш палма зелена, до неа канта зелена... ма цел град уште на зелено да е, и рамни ни нема.

    :smoke:

    ИНО Спектар со нијансиве на зелено, може го*на да јаде само. :wasntme:

    Сериозно, дај поблиску сте повеќето, кажете им на луѓево, срамота е. Не се за од дома да ги пушти човек. |(
     
    На esperanca и morska им се допаѓа ова.
  11. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Значи во ред е да сакаат да го модернизираат Скопје.
    Во ред е да фрлат некое денарче во разубавување на градот.
    Ама 880 000 евра за што?
    Јас да бев порадо би ги дала тие пари за еколошка едукација на граѓаните,отколку за канти.
    Но,ајде да се преправаме дека тоа е за доброто на Македонија,само што парите се трошат неконтролирано.
    Од проект во проект запаѓаме во поголема криза,зошто сакаме да се правиме Европа без резервен буџет.
    До кога ќе не трпи народна банка се прашувам.
     
  12. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Ма,одамна веќе не трпи Народна Банка за финансирање на вакви и слични „блескави„ проекти-тука се Светска Банка,ММФ и еден куп други,а во крајна сметка оп-ќе се распише пак издавање на државни обрвзници и тап-тазе парички за (зло)употреба.

    Што да речам,нема да се удавиме сега во ѓубре,со новиве ни канти,ама дефинитивно продолжуваме да се давиме во долгови како држава без концепт,а со мото „Село гори,баба се чеш(л)а„ со мало надополнение од моја страна-„по тестисите„.
     
  13. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Еден Господ знае (под Господ веќе не знам на кого се алудира во оваа луда држава, партиските полтрончиња си имаат месија и водич), значи само тој си знае колку е вистинската цена на една канта, да се кантосаат сосе нив. :devil:
    Можно е тие канти да не вредат повеќе од 300-400 000 евра, па ова е прекрасна можност некој (повторно!) да си лапне близу пола милионче.
    Македонија - земја на можностите.
    Каква Америка, какво црно Дубаи, дотепај се до фотеља кај нас, со само еден тендер наместен ќе станеш милионер!
    8)

    А во џигерот ме скокоткаат коментари од типот - уста не затнавте, па барем нешто се прави.
    А ништо? :^)
    А палми, а канти, ааааааааааа ???
    • |( :puke:
    Ми се повраќа од државава и не можам органски да поднесам вести повеќе од 5 минути.

    Немојте да се прашувате зошто се прави ова, земете поправете муабет со малку попростите , необразованите и ќе ви стане јасно зошто - се' е за наше добро, он е економист, ќе не извади на прав пат.
    Мхм, дотаму ќе се одвеземе во новите канти, на тркалца.
    |(
     
    На esperanca, enca.69, parrot и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    501
    Не можев да си поверувам на сопствените очи кога ја гледав свечената церемонија на милениумот - КАНТА! Па нели им е срам:fubar: А бре и златна да е во неа ѓубре ќе фрлиш, ако го имаш.
    И да, особено ме воодушеви моментот кога Коце ја отвори кантата, а па Мистер Тендер одма стручна проценка даде - "Добра е", јаоооооо мајко моја мила до каде ни отиде државава.
    Па народе и немојте да се чудите многу, предизборната трка започна, а простиот народец треба со нешто да се поткупи и да се залаже. :puke:
    Сепак не е лесно толку удобна фотеља да си ја оставиш, башка кога добро ти е згреана.
     
  15. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Еве јас пак да си се насмеам тука. :rofl:

    Мене ова ми е траги-комедија.

    Еј фала ви многу, баш мислев да вложам од мојот буџет 8 стотки за нова канта!!
    Среќа на вас ви текна, па сега слободно можам со тие 800 денари да си купам леб и млеко за една недела. :clap:
    А ептен се лични кантиве, не гледам зошто мрчиме само. Зеленки, убави, асоцираат на хигиена, па закитени со златно.....
    [​IMG]
    :headbang:
     
  16. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Како претставник на зелениот сектор, можам да ви кажам само дека грчките канти за отпадоци се и те како потребни на државава и народот! Доколку се лажеме, можеме да си кажеме не, ние немаме потреба од нив. Ни требаат, потребни се, секако,
    НО НЕ СЕ НАЈПОТРЕБНИ :rofl:
    !!!
    И да, алал да и е на целата постава, што излезе од своите кабинети и рамо до рамо со обичниот народ отиде во нечиј двор да постави канта за отпадоци. Тоа е знак дека Македонија, конечно се свести, конечно екологијата стана важен сегмент од нашето живеење, впрочем и зелениот сектор за тоа се бореше во изминативе години. Зелените теми, да дојдат на исто ниво со останатите !!!!
    ама не и да ги претркаат де :rofl: . :P
     
  17. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.912
    Допаѓања:
    26.098
    Те молам објасни како кантите во приватни дворови ќе ја подобрат екологијата? До сега немаа канти лугето, им седеше така расфрлано губрето по двор?
    Зошто во Македонија има само 1 фабрика за рециклирање? Зошто нема канти со поделен отпад? Зошто нема мрежи на реките? Зошто нема прочистителна станица на влез на Вардар? Ако не знаеш зошто, јас ке ти одговорам.. Затоа што кога би ставиле мрежи за собирање отпад никој нема да види и они нема да можат *да се приближат кон народот* и да се престават како многу совесни... Извини на израз, ама го Заболе Грујо и неговата компанија за луѓето и за екологијата во македонија.. Се симнал да се поздрави со луѓето зошто му требаат гласови сега, не зошто е народен човек.
    Стварно на лугево им се измешани приоритетите.
    Ми се повраќа од целава фарса у која живееме. И од народот кој верува дека се што лета се јаде.
     
    На morska, Lilit, i.am.me и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Уште потрагично е што се мислат дека ние сме Швајцарија со огромни парични резерви,а немаме ни р од резервни пари во моментов.
    Преродба во сто чекори.
    Лека полека се прават тие сто чекори,ама преродбата ќе започне кога повторно ќе се бориме за обединување на Македонија,кога Македончето угнетено ќе доживее дежа ву од 1902 па навака.
    Чекаме следен проект.
    Можеби мостови специјализирани за штикли,за да не се кршат штиклите по шахтите и дупките по тротоарите.
    Oh wait..
    Молба до владата "Не ја земајте оваа идеја во предвид"

    едит: zhap4e и уште милион канти да постават, народот пак ќе го фрла ѓубрето на улица
    Немаме еколошка култура тоа е факт и крај.
     
  19. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски

    Девојче мило мое драго, си слушнала ли ти за сакразам, иронија, или овака, дал можда ти текна да ги отвориш мило мое мозоче хахахахха скриените делови од текстот, ај ти што ме изнасмеа, ама побогу луѓево сите што те излајкувале хахахаххахаххахах.
    Препрочитај го постот драга моја, со отворени спојлери, спојлерот е пораката, а остатокот, се’ друго од постот е саркастичниот мој начин на исмејување на будалаштините кои ги прави нашата почитувана Влада. Е, токму тоа и е текстов, што си го цитирала и кој те расплатила и да, фино си објаснила што е проблемот :). Ама, твоево треба да дојде ко дообјаснување на моето, а не контра моето :). Тој дел не си го разбрала.
    Поздрав од мене, драга моја и донт ивен трај то андерестимејт ме :). Многу ќе ти треба да ме стигнеш изгледа. :lol: Јас не работам за владата и не сум нејзин потпарол :), нити сум претставник на владејачката партија, а напротив од критичарите, оние кои пишуваат по весници истите весници, кои и ги цитирате :).

    Едит, хахах уште си ми го болдирала хахахах Ах, ти благодарам, јас не се сетив да си го потенцирам.

    А, повели уште еден сличен мој бисер, можеби ќе ти стане малку појасен стилот на моето изразување несогласност со нештата :) НА ОВОЈ ФОРУМ!
    politika-i-nastani/skopje-vo-2014-god-t893/150.html#p460203
     
    На KuklickaSk и lolyta777 им се допаѓа ова.
  20. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    За, тоа дека народот ќе си фрла ѓубре каде ќе си стигне ми е и повеќе од јасно :). Ги гледам секојдневно и не морам да работам во тој сектор за да знам. Таква ни е на нас културата и џабе ни е и насекој чекор да ни постават канта, кога кантите се речиси секогаш преполни, бидејќи очигледно и нема кој да ги испразни првото, а второто е што дури и да не се преполни ќе заприметиш повеќе отпадоци околу кантата, отколку во неа. Пак и оние канти што беа ставени за селектиран отпад, кај нас не завршија работа, никој и не научи зашто служат. Пак и контејнерите повеќето изгледами сметаат дека се за да стојат на среде улица, или пак некои уште попаметни персони си решаваат дека најдобар начин да се ослобдиш од ѓубрето е да го запалиш насреде град, не мислејќи при тоа што се има во тој контејнер. Но, тоа си е, такви сме си, а си имаме и една влада прекрасна :), ама се додека има овци ќе има и кој да ги стрижи веројатно. :) Така да, се согласувам дека е се џабе кај нас. Ја немаме културата.