Кариера или врска

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Sa5am, 11 април 2016.

  1. Sa5am

    Sa5am Нов член

    Се зачлени на:
    11 април 2016
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите!
    Нова сум во форумов, па ќе ми извинете за грешките.
    Мојата ситуација е ваква:
    Имам 29 (речиси 30) години, а мојот дечко 36. Во врска сме 10 години. Додека бев во Скопје врската ни беше во ред, студирав и прифатив привремена работа. Но откако го напуштив тоа работно место цела година не можев да најдам друга работа. Се чувствував многу лошо и врската почна да страда поради тоа, затоа решивме привремено да одам да работам во Прилеп во ординацијата од моите. Веќе две години работам таму и се осеќам исполнето. Но врската почна да се растура. Се гледаме на викенди и празници. Решив во меѓувреме да барам работа во Скопје, но не е така лесно. Еве веќе две години барам ново работно место во Скопје, но не се наоѓа така лесно, мислам дека и нема да најдам! Тој има работно место во државна институција и не може да добие релокација во Прилеп (а и не сака). Сега е време да одлучам, тој веќе не може да чека (нормално). Што да правам? Да бидам во Скопје со него, но без работа или да останам во Прилеп и да имам одлична работа, но без него?
    Ве молам за совет.
     
    Последна измена: 11 април 2016
  2. Ив_анна

    Ив_анна Активен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    25
    Пол:
    Женски
    Draga moja koleshke :)
    10 god vrska e mn za tuku taka da se rasturi. Vozrasni ste i dvajcata i toj treba da razbere shto e kariera ne e nekoe 20 god dete pa da se luti na rab si il imash za ucenje pa nemozes da izlezes so nego! Vikash tvojte imaat ordinacija, koj moze da te nauci podobro od niv na medicina bez razlika od koa granka dali stomatologija dali bash medicina, sama znaes edno e u kniga drugo e vo praksa. E sega vikas toj nemoze da ceka, no i ako ostanesh bez rabota togash pak e kraj. Ajde vaka ke pocneme od toa ako ostanes bez rabota- ako nekoj resil da go pomine zivotot so nekogo togas toj nekoj e spremen da mu bide podrshka na drugiot za se i duri i od finansov aspekt. A ako ne mu se ceka na gospodinot lesno ke ja reshi prsten na raka tebe za raka ne ste deca na 15 godini. E aj sea edno scenario da smislime. Naogash rab u skopje rabotish godina dve vie ste vo brak i posle toa dobivash otkaz od rabota i sho ke se ostavate togas zatoa sto ti si bez rabota?? Prasaj se sama zashto zavrsi medicinski / stomatoloski fakultet? I sama ke si go bajdesh odgovorot! Ako me prasuvash mene i ako go poslusas mojot sovet, jas medicinata nikogas ne bi ja ostavila ne zrtvuvav 6 godini za da ja batalam . Gi zrtvuvavme najubavite godini od 19 do 25/26 za sto? Za da uspeesh vo toa ipak medicinski fakultet ne zavrsi od sho neznaese na shto da se upises tuku znaese i svesno ja prifakase tezinata na 19 godini. Se izvinuvam prema drugite profesi, no ne se zapisa na medicina od shto nemase sto drugo, tuku svesno znaese shto sakas. Jas ni za nishto na svetot ne bi se otkazala od nea. Zashto toj shto me ceni i saka ke me prifati takva kakva shto sum so moite mani i doblesti, duri i ke me.podrzuva vo karierata za da uspeam, a ne da se otkazam! E mn se nerviram koga maz ke me natera da biram kariera ili nego!! Toa e negovata slabost devojko, a ti pametno iskoristi ja. Slabosta e deka stravuva za zena do nego koja vo zivotot ke bide mnogu pouspeshna od nego, so neshto shto nema da moze da se snosi!
     
    На ku4ence, Dust, poenta и 6 други им се допаѓа ова.
  3. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    5.009
    Допаѓања:
    24.859
    Пол:
    Женски
    Дали мислиш дека тој е вистинскиот за тебе? Ако да, дали тој има доволно финансиски с-ва за да те издржува и тебе? Ако да, тогаш избери љубов, а работа ќе најдеш, не мора веднаш, ама сигурно ќе најдеш.
    Бидејќи сепак 10 години не се малку и треба добро да размислиш. Но следи го срцето.
    Ако не успееш со него, сигурна сум дека секогаш ќе ти биде отворена вратата на ординацијата на твоите.
     
    На kjukli, Victorian, vichy и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    2.524
    Допаѓања:
    42.810
    Пол:
    Женски
    @Sa5am

    Има многу што живеат во различни градови, е од вакви причини ,па за викенд си се заедно...:mm:
    Ако сега, во моментов вака стојат работите, не значи дека и понатаму ќе биде исто.
    Башка ако ординацијата е на твоите....лакше се дише.:D

    А ако тој те условува, и те става ко на "свршен чин"да одбереш...
    Размисли дали ти одговара некој да манипулира со тебе.
    Така одлуката сама ќе се донесе, без конфузија.
     
    На kjukli, Sesil, eloves и 2 други им се допаѓа ова.
  5. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    1.950
    Допаѓања:
    30.062
    Пол:
    Женски
    Дечкото не ја тера да бира дали кариера да праи или дома да седи и да го пере да и да го пегла. Зошто одма такви напади. Едноставно му дошло време да си размислува за посеризни работи во животот , иднината ја гледа со нејзе нема ваљда до крај на живот да се гледаат само за викенди и празници. И самата кажа дека тој неможе да добие релокација во друг град со работата ( без разлика дали сака или несака), тука има стабилна државна работа која верувам е и добро платена за разлика од останатите кои живуркаат со 200 евра месечно па нормално е да сака да си го задржи неговото работно место. Ако тука е тешко да се најде работа ондак во друг град е уште потешко пошто сите знаеме каква е ситуацијата во земјава. Од друга страна девојкава кај мама и тато во фирма/ординација си работи не е под стрес дека без работа ке остане или дека некој газда ке се иживљава со нејзе , знае дека и да си замине ако не најде на друго место работа кај нив секогаш ке биде добродојдена. Она во секој случај е во поповолна ситуација од него, бидејки он ако даде отказ тука и не најде работа во Прилеп и да сака да се врати после тука сигурно нема да го чека работата пишман аџија да се праи за разлика од нејзе која пак ке кажам може во секое време да се врати да работи со нејзините.

    Мој совет ви е серизно да си разговарате за плановите и како мислите да го изведете работното прашање. Дали сте спремни за компромис или да си дадете уште некоја година време да се стабилизирате со работа па после да идете на следниот чекор. Со брзање и носење одлуки преку ноќ ништо нема да направите.
     
    На PaLaVa, Victorian, Umbrella22 и 10 други им се допаѓа ова.
  6. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    7.803
    Пол:
    Женски
    А зошто ти да бидеш жртвата ? Зошто тој да не може да се откаже од работното место и да дојде во ПП за да биде со тебе. Не мора жената секогаш да се откажува од тоа што сака да го работи за да биде со некој. Мислам дека треба дечкото малку да биде свесен што губи. Тој нека си има загарантирана работа, а ти дали си во ПП или не работиш не му е важно.
    Многу ми се глупави вакви ситуации затоа што жртва е секогаш тој/таа што повеќе сака. Ете ти се трудиш ама тој не би го направил истото за тебе, зошто само ти се мачиш.
    Јас викам да си седиш во ПП и да си работиш, тој ако те сака би се сложил да дојде со тебе, ама ете штом не сака не вреди да си со него :)
     
  7. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.677
    Допаѓања:
    2.918
    Па во СКопје имаш поголеми шанси да најдеш работа отколку во Прилеп. Насекаде има огласи за работи.
    Ако сте толку долго заедно и го сакаш вистински, отиди во Скопје и барај работа таму.
    Прилеп го направи ко единствен град во светот. Додека си во ординацијата во Скопје, пробај истовремено да бараш и во Скопје.
    Сигурно и дечко ти на таа возраст има некој познат кај што би можел да те вработи доколку сака.

    Тешко е по толку голема врска, сега да се двоите. Знам како е, иако не сум го искусил тоа.
     
  8. ЈеленаЏиш

    ЈеленаЏиш Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    1.883
    Пол:
    Женски
    Не може да чека, во смисла?
    Ти предложи брак, ти предложи да се вселите заедно?
    Го болдирав текстот со вашата возраст, ради тоа што годините си поминале, 10 не се малце, тоа се третина од твојот живот. Освен тоа, биолошкиот часовник си отчукува, не те прашува дали си во Прилеп или во Скопје.
    Не е се црно и бело, во една врска и земаш и даваш, разумен компромис треба да постои. :D
    Ако има државна работа, значи има контакти, мислам дека е поверојатно дека ќе добие „прекоманда“ и ќе си дојде да живее со тебе во Прилеп. Плус, Прилеп е и поефтин град за живеење, нема да му се слоши.
    Што се однесува до твојата кариера, не е исто да работиш за плата, и да работиш за себе.
    Ти си газдарица, ти носиш одлуки, ти поставуваш цени итн.

    Друга лудост ми паѓа на памет, нека се пресели тој во Прилеп и нека патува до Скопје - по автопат со прилагодена брзина е околу сат и половина во правец.
    Со државна работа, сигурно работното време му е од 9 до 5. Во 7 без нешто е дома.
    Нека вози до Скопје секој ден, и нека се враќа во Прилеп. Тоа не е огромна жртва како што е застанувањето со работа, чекањето да влезеш некаде за плата, а во меѓувреме губиш приходи и можеби уште поважно, губиш рутина и осет за работа.

    Направи си едно Т со + и -, стави си аргументи и ќе видиш кое ќе тежи повеќе.




    Ете бара 2 години и ништо.
    И погоре напишав, не е исто да работиш за свое, и не е исто кај некој за мизерија од плата.
    Прилеп не е единствен град, ама е нејзин роден град, плус е поефтин отколку Скопје.
    Не знаеш дури не осетиш ;)
     
    На eloves, Sa5am, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.677
    Допаѓања:
    2.918
    Абе се се постигнува ако се сака. Ако се сакаат они меѓу себе ќе си најдат решение за проблемов.
     
    На kolovoz му/ѝ се допаѓа ова.
  10. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.086
    Допаѓања:
    3.439
    @Sa5am од твојот пост ми дојде да се фрлам од 3ти. Доколку двајца се сакаат, се е возможно. Ама прашањето е колку се сакаат? Да се разбереме живееме во Македонија, каква кариера направи до сега, па што си во таква недоумица? И сама кажуваш дека работиш во приватна ординација која е во сопственост на твоите. Што значи сама си ги закажуваш клиентите и сама го определуваш времето на работа. Па живеј во Ск, патувај до Прилеп, работи ефективни 5часа и врати се назад. Значи ова е Македонија, предноста е што се ни е на дофат. Важно е да сакаш. Што да кажат оние кој сопругот го гледаат на три месеци?Искрено, во твојот случај, мислам дека нешто друго е во прашање.
    Или, ајде да ти дадам друга варјанта. Земете се, направете си детенце и во меѓувреме барај си работа. Така времето ќе ти биде исполнето, ќе бидеш на породилно и каде и да е, сигурно, за неполни две години ќе си најдеш работа во Ск. Имаш искуство, имаш се. А можно е и сопругот да ја изгуби работата, во денешно време се е можно. Ако вака како тебе сите се откажувавме, немаше ниту еден да биде во брак.
    Според мене најдобро е вие да си се раздвоите. Затоа што очигледно ви е здосадено еден од друг. Луѓе кои не сакаат да прават компромиси не се сакаат доволно.
     
    На kjukli, danichap, vichy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. ЈеленаЏиш

    ЈеленаЏиш Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    1.883
    Пол:
    Женски
    Да, дефинитивно, затоа што тие меѓусебе најдобро си знаат како им е, и на што се спремни за да си ја одржат врската, а можеби и да кренат левел.
     
    На joy1 и Marick14 им се допаѓа ова.
  12. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    831
    Допаѓања:
    2.417
    Пол:
    Женски
    За мене тука нема што многу да се размислува. Доколку некој те сака сигурно ќе те подржи во она што ќе значи твој успех, доколку те сопнува и сака од тебе да направи лебарка која ке седи дома чисти, пере пегла... таков не ти го ни треба. Познавам многу девојки кои што поради љубовта жртвувале и кариера и образование.... и на крајот си останале со прстот во уста. Не заборавајте едно, колку сте понезависни толку повеќе ќе ве ценат, ако зависите финансиски од некого тогаш може да прави со вас што сака.
    Не се лажете дека парите не се туку дека е битна љубовта, парите се, се па дури ако не секогаш можат да ти го спасат животот може да ти овозможат достоинствено ди си умреш.
    Помеѓу карира и љубов бирам кариера, љубов може да ми се случи било кога, но за кариера се пружа еднаш до два пати шанса во животот.
     
    На mKdevojce, Dust, poenta и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    4.691
    Допаѓања:
    74.521
    Пол:
    Женски
    Врати се во ск и таму барај работа. Знам дека воопшто не е лесно да се најде, ама во меѓувреме запиши се на некој курс, или аеробик, јога, па така ќе ти поминува побрзо времето. Плус нека искористи и тој некои колеги/другари за да бидете во тек кај се бара работа. Биди упорна, гледај огласи, оди на интевјуа, па некогаш ќе упеееш. Ако ја растуриш врската, и останеш со твоите во пп, и што после? Ако многу се сакате, се познавате премногу добро, имате се и сешто заедно поминато, како може да го оставиш? Мислиш така лесно ќе најдеш друг што и одма ќе се заљубиш во некој? Мислиш лесно ќе ти биде да го оставиш?
    Ти го знаеш најдобро каков човек е тој, ама ако вреди, ако те сака, ако те почитува тогаш во никој случај не останувај во Прилеп. И плус штом сте 10 години заедно, сигурно се сакате и почитувате.
    И ете убаво ти пишале погоре, направете некоја промена, појдете левел погоре од врската. Разбиете монотонија со веридба. После ќе си дојде и детенце, па се со свое време, зошто да ја уништиш врската? Дека работа одма не си нашла? Сигурно си барала многу ама потруди се уште повеќе, а нормално и тој треба да помогне колку што може.

    п.с. Зошто ги преувеличувате работите? Никаде таа не пиша дека тој не ја пушта да оди на работа туку едноставно не може да најде во ск. Нормално дека и тој би сакал таа да работи, да придонесува за семејството, да оформат семејство...Мислите ќе ја тера со сила дома да седи? Па таа не е дете, плус има образование и не може никој со сила да ја држи затворена. Проблемот е дека работа не може да најде,а не тој да не ја пушта.
     
    Последна измена: 11 април 2016
    На vichy, cresa-jagoda, SuperGirl24 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Sa5am

    Sa5am Нов член

    Се зачлени на:
    11 април 2016
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Драги мои, ви благодарам за мислењата.
    Ќе пробам да објаснам подобро.
    Тие што се од моја бранша знаат дека во моментов во Македонија нема подобро од тоа да имаш сопствена разработена ординација. Тука е и искуството што го добивам, но и заработката. Можеби не е огромна, но е далеку подобра од она што газдите моментално го нудат.
    Но да можев да најдам работа ќе се откажев од ординацијата и ќе се преселев во Скопје. Знаете по 2 години барање веќе ентузијазмот паѓа и почнуваш реално да гледаш на работите. Сфаќаш дека не можеш да најдеш тоа што го бараш и останува да ја скинам дипломата и да ја прифатам каква-таква работа што ми се нуди.
    За сите оние што мислат дека селењето во Скопје е подобра опција, неговата плата едвај ќе стигнува за двајца, а камоли и за дете. А за одлуката да се преселам во Скопје со него, се подразбира дека следува брак и не велам дека не сум подготвена за тоа, велам дека финансиски ќе биде тешко за двајцата.
    Знам дека 10 години врска не е мала работа. Да беше така едноставно ќе ја прекинев до сега, а не да се малтретираме 2 години да патуваме ваму-таму.
    П.С. Тој никогаш не ми кажал дека сака да седам дома и да бидам домаќинка.
     
  15. mila89

    mila89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2009
    Пораки:
    664
    Допаѓања:
    611
    Пол:
    Женски
    Stvarno ste vo nezgodna situacija, tesko e i sovet da se dade..samo uste nesto e mnogu bitno za ovaa sitiacija, stambenoto prasanje dali vi e reseno? Mnogu e bitno dali vo skopje bi ziveele pod kirija ili ke imate vas stan.
    Ako vi e reseneno stambenoto prasanje vo skopje bi mozela ti da odis tamu i po nekoe vreme da se resis da si otvoris vo skopje sopstvena ordinacija, sigurno e tesko i ima mnogu konkurencija, ama toa e edna opcija so toa sto imas veke iskustvo.
    A dokolku imate podobro stambeno resenie vo prilep, mozebi popamteno e toj da pobara rabota vo prilep, da go premestat pak vo administracija nemora na isto rab mesto, mora da se napravi kompromis
     
    На cresa-jagoda и sugarlips им се допаѓа ова.
  16. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    8.614
    Допаѓања:
    48.935
    Пол:
    Женски
    Штом го прочитав насловот, мислев се работи за кариера во странство. И покрај тоа што сте долго време во врска, не значи дека не треба да ја прекинеш, но само ако мислиш дека тој не е вистинскиот. А работа се наоѓа.
     
    На kolovoz и sugarlips им се допаѓа ова.
  17. Sa5am

    Sa5am Нов член

    Се зачлени на:
    11 април 2016
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Стамбеното прашање е решено и тука и таму. Со тоа што во Скопје е мало станче во близина на неговите :), а во пп е поголем стан, а во иднина куќа
    Подобро е во пп, но проблемот е што не сака да се пресели.
     
  18. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.680
    Допаѓања:
    10.850
    Пол:
    Женски
    Девојче бар за доктор ќе се најде работа барај може ќе излезе во меѓувреме, твоите сигурно имаат контакти, со време ќе се реши верувај. Моите се во таа бранша, брат ми долго бараше и ете ти го марфи кога се вработи почнаа да се јавуваат колеги на татко ми за доктор во ординација.
    Станот во ПП можете натаму да го продадете за да си купите нов поголем имате опции и не е така црно. Ако дојде он што ќе прави, маж ќе седи по дома ли, башка и домазет??? Разбирам ја модерни времиња ама да седи кај тебе без работа е билет за караници и фрустрации.

    Мој предлог е да не се откажуваш од потрагата, па и за викенд да одите на гости во ПП и да подработуваш во ординацијата ете ти и плус приход, па и да патуваш 2-3 пати неделно е подруго од патување секој ден. Факт е дека за тебе преселбата би била полесна оти газдите се твоите. Ако се сакате се може.. Знам дека ти е удобно вака, ама прашање е колку сакаш да се жртвуваш за љубовта? Треба и да размисиш дали ти е до навиката или до човекот. А да години на раздалеченост можат и те како да влијаат на врската ама прашање е колку ќе издржите. И јас сум 2 години на викенд гледања не е лесно и не зборам на памет ама човек мора да е упорен.
     
    На Nausicaa, cresa-jagoda, vichy и 3 други им се допаѓа ова.
  19. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    1.950
    Допаѓања:
    30.062
    Пол:
    Женски
    Уште малце ќе испадне муабетот мал стан, близу ноговите, не чини кујната, завесите се демоде , креветот не е поставен по фенг шуи....
     
    На elimkd, vichy и jovanovska94 им се допаѓа ова.
  20. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.077
    Допаѓања:
    3.800
    Јасно е дека и двајцата не сакате да попуштите. Ти имаш работа кај твоите и си задоволна од повеќе аспекти (работа по струка, добра и сигурна заработувачка, веќе разбработен бизнис) и не сакаш да се откажеш од тој луксуз. Тој го има истото- добро работно место и добра плата, но во различен град.

    Јас многу добро можам да го разберам типот зошто не сака да оди во Прилеп. Скопје и Прилеп нудат дијаметрално спротивен начин на живот, зависи кому - како му одговара. Да не објаснуваме сега како е ваму или таму, предности и негативни страни секаде има а секоја пред се гледа за своето задоволство.

    Уште една битна работа се километрите. Не сте студенти за да се шеткате ваму - таму, де учење, де испити. Годините минуваат, и јас би се заморила да патувам секој викенд, а да нема нужна потреба за тоа. Плус на ова додадете го трошокот за бензин.
    Велиш бараш работа, најверојатно сакаш да ја работиш истата работа како кај твоите, притоа платата да е исто така добра, условите и се со ред.


    Квадратите се најмал проблем, проблемот е сосема поразличен. Возрасни луѓе сте, направете муабет, факт е дека еден од вас мора да попушти.

    Овде совет не можеш да добиеш, договори се самата со себе дали сакаш да излезеш од комфорната зона и да отидеш во "големиот град" почнувајќи од нула или да останеш на истото место, но без дечко ти. Мене ако ме прашуваш, тој нема да попушти. При сигурно работно место во главниот град и стан во кој може сами да живеете, не би рекла дека ќе отиде домазет во мало и мирно место.
     
    На eloves, vichy, samovila.red. и 2 други им се допаѓа ова.