Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кариера или врска

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Sa5am, 11 април 2016.

  1. LejdiD

    LejdiD Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2011
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    154
    Пол:
    Женски
    10 год се повеќе од доволно време да заклучиш дали е тој вистинскиот за тебе. На твое место љубовта не би ја менувала за ништо, мислам ако е вистинска. Не може работата да те исполнува колку љубовта. А да го оставиш дечкото заради работа т.е пари ми е бесмислено и мн ми е чудно што воопшто размислуваш на таа тема како да е крај на светот. Порано или подоцна, работа ќе се најде. Не е се во парите во животов, и ако не разботиш некое време не значи дека засекогаш ќе биде така.
     
    Последна измена: 11 април 2016
    На vichy му/ѝ се допаѓа ова.
  2. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.360
    Пол:
    Женски
    Абе да бевме во Америка(или негде на друго место) каде што би имала шанса за кариера во права смисла на зборот ајде океј ќе разберам. Сега се што имаш ти е работно место. Кариера ако можиш овде воопшто да градиш ќе ја градиш цел живот. Врска од 10 години е многу! Плус ти скоро 30, тој 36 мислам таман е за почеток на семејство.
    Поената ми е после да не жалиш што си одбрала работно место пред дечко ти и потенцијално семејство.
    Мислам дека повеќето на твое место би заминале Скопје, бидејќи таму најголеми се шансите да се најди работи од во цела Македонија, а тебе посекако ќе ти остане местото во ординацијата на твоите за недај Боже понатаму како резерва. Тој ако дојде Припеп ќе биде 100000000 пати потешко да најде работа. Баш сите сега бегаат во Скопје....

    Јас искрено кога го прочитав првото мислење, ми дојде мисла да не случајно ти размислуваш толку и оправдуваш толку бидејќи можеби повеќе не си заљубена во дечко ти, а ти е страв да останеш сега сама? Мислам дека има можност да си многу збунета и да не си признаваш одредени работи.
    Бидејќи со одење во Ск добиваш маж, семејство, потенцијално деца. А со останување во ПП само работа. Го губиш него сигурно. Во Ск кога-тогаш ќе се најди работа сигурно!
    Главното прашање е дали воопшто сакаш да си со него до крајот на животот?

    (Не изигравам психолог или нешто, само мој впечаток е и гласно размислување- во случајов пишано размислување.):lol:
     
    На eloves, cresa-jagoda, kim.k и 2 други им се допаѓа ова.
  3. YoungandBeautiful

    YoungandBeautiful Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2014
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    7.618
    Пол:
    Женски
    Овде мириса на друг проблем.

    Како ти да бараш изговор за да бидеш оправдана и поддржана.
    Мислам дека никој кој е сигурен во својата љубов не би напуштил шанса за брак и семејство, во замена за работа во друг град.
    А работа во Скопје е повеќе од сигурно дека кога-тогаш ќе најдеш.
    Се зависи од тебе.
     
    На vichy му/ѝ се допаѓа ова.
  4. ЈеленаЏиш

    ЈеленаЏиш Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    511
    Допаѓања:
    1.891
    Пол:
    Женски
    Се извинувам, но според мене, таа никогаш не била во комфорна зона.
    Студирала во Скопје, ако се работи за медицина верувам и стажирала во Скопје, работела привремено во Скопје, најверојатно недоволно платена.
    Не сфаќам, зошто да се мачи од нула во „големиот град“ кога има разработен бизнис од нејзините?! Да не се залажуваме, во ова лудо време да имаш бизнис не е мала работа, а не е ни комфорна зона, затоа што тоа не е „лежи лебу да те јадам“, треба да се запотиш за своето, ако сакаш да опстаниш и да напредуваш. Тој има „кариера“ во државно, зема 300-400е плата (и повеќе нека е, не знам) ама во „големиот град“ тоа е ништо, ако двајцата не работат барем за толку.
    Кога би се преселил тој во Прилеп, би патувал до Скопје, патните трошоци би ги покрил со издавање на станот на студенти под кирија на пример. Трошоците на живот се помали, градот е помал, помирен, се троши помалку, па и оттука можат да излезат патните трошоци. Секогаш можат да одат во Скопје „на поседок“ и да уживаат во „благодетите на ноќниот живот“ ако мислеше на тоа.

    И во што е проблемот ако некој маж се пресели од сопствениот дом да живее кај саканата?
    Зошто толку потценувачки „домазет“?
    Па ако имаат потенцијал да живеат во поголем стан, или да си направат куќа по одредено време каде што ќе уживаат нивните идни дечиња, зошто да не го искористат?

    И конечно, зошто е таа таа што треба да попушти?
    Затоа што таа го објави проблемот на форумов?
    Ако беше тој - девојка-ми-не-сака-да-се-пресели-во-Скопје, коментарите ќе беа обратни - па оди ти кај неа.
    Врската е компромис, give and take.
    Македонија не е Русија по површина, па не можат да се стигнат. Сврти-преврти, толку сме, 200км максимум. Ништо недостижно, ако се сака.^_^
     
    На Umbrella22, Offspring, theowndemon и 9 други им се допаѓа ова.
  5. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
    @ЈеленаЏиш разработен бизнис од мама и тато, кој ќе го наследи таа и те како е комфорна зона. Да почнала таа самата- тогаш друг ќе беше муабетот.
    Пример, доколку нечии родители имаат сметководителско биро кое е разработено, прилично е лесно за нивното дете да се реши да студира на економски оти знае дека го чека работа. Но, доколку родителите имаат адвокатска канцеларија а ти решиш да студираш архитектура од љубов спрема професијата, тогаш може да кажеме дека самиот си го пробиваш патот. Да не навлегуваме во дискусија дека денес во државава ништо не е сигурно, збориме за релативна сигурност и уживање во туѓа пот.
    Тој период на прилагодување им поминал одамна, станува збор за возрасни личности.

    Ама нели, не е исто кај мама и тато и кај газда или на државно.

    Пак ќе речам, лично моја претпоставка е дека типот нема да попушти. Од мој аспект гледано, бидејќи живеам во голем и динамичен град, а некое време сум била и во помал град, ја знам разликата. Кога би требала да бирам, секако би ја избрала динамичната варијанта.

    Две години да бараш работа по струка и да не најдеш, особено во толку голем град, каде едни си одат, други доаѓаат, има простор за напредување ми е речиси незамисливо. Или барам - колку да не најдам. Има, ама мене не ми одговара, оти не е како кај мама и тато.


    Онаа твоја друга предложена опција е изводлива, ама да беше во прашање Германија, каде имаш услови да патуваш по 3 - 4 саати дневно, во двата правци. Дај да бидеме реални какви се патиштата кај нас. И во јака кола која нуди удобност, ти чувствуваш дупки и те замараат кривините.
    Делот кај трошиците ми е малку чуден. Освен превозот во Скопје, останатите трошоци се исти. Маркети од типот на Тинекс и Кам, каде цените се пониски има и во двата града. Облеката е иста и ваму и таму. Добро, и кафето е поскапо за 20 денари. Стамбеното прашање им е решено, освен што свеки е во близина.

    Да бидеме на јасно, јас не реков дека таа треба да отиде или остане, дадов мое видување на ситуацијата. Точно е дека врската е компромис, затоа тие како возрасни луѓе со повеќе од 30 години искуство, 10 години врска треба да се договорат.


    Е истото прашање го имам и јас, зошто таа не се пресели кај саканиот? И двајцата се во иста ситуација, еден од нив треба да ја остави работата и да бара нова во новиот град. Ама колкави се неговите шанси да најде работа во мал град во кој ништо не е сменето последните 10 години, а колкави се нејзините во една динамична средина?
     
    На YoungandBeautiful и vichy им се допаѓа ова.
  6. ЈеленаЏиш

    ЈеленаЏиш Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    511
    Допаѓања:
    1.891
    Пол:
    Женски
    Па гледам дека повеќето на форумов "гласаа" таа да попушти и да се пресели, а никој не рече дека тој би можел да оди кај неа. Затоа дадов поддршка таму.

    Таа студирала затоа што тоа го сакала, и сака да работи по таа струка, а ако сакала на пример архитектура, ќе се запишела на архитектура.
    Се уште стојам на тоа дека вреден човек кој сака да работи и да наследи бизнис од своите - ќе работи. А девојкава сака.
    Оној кој не сака - ќе легачи и вака и онака.
    Не е исто да се бориш сам, тоа го знам од сопствено искуство, но тоа не е темата сега.

    Едноставно не сфаќам зошто упорно жените се борат за еманципација и рамноправност, а грото од жениве на темава одговорија "па која е таа кариера, ти работиш кај мама и тато, оди си кај него, седи си дома, па може и ќе најдеш работа".

    Добро, ете, нека живеат во Скопје, нека патува таа. Не знам.
    На крај краева, нека си одлучат сами, очигледно допрва ги чека сериозен разговор.

    А коментарите дека "има нешто скриено тука, ти потајно не сакаш да си со мего" ми се ниски и на ниво на муабет на "жените на чешма."

    Ако беше така, темата веројатно би гласела се-враќам-кај-мама-и-тато-затоа-што-не-сакам-да-бидам-со-него-но-не-знам-како-да-му-кажам. Ова не беше за тебе @jovanovska94 , твоето мислење држи вода. :f:
     
    На Offspring, theowndemon, kjukli и 6 други им се допаѓа ова.
  7. Jason123

    Jason123 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    3.168
    Кој е будала од Скопје да иде во Прилеп луѓе што ви е на вас, да не се лажеме..
    Да, он ја сака неа, ама секој повеќе се сака себе..
    А и чудно ми е девојка од внатрешеноста да не сака да се пресели во Скопје, со среден стан, иден маж, итн.
    1 случај во милион... Има тука нешто подлабоко..
     
    На elimkd, crazylady и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  8. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
    Те разбрав што сакаш да кажеш @ЈеленаЏиш . Секако дека за да одржуваш еден бизнис треба да вложиш труд, да се посветиш. Ама факт е дека фамилијарен бизнис има одредени олеснителни околности.
    Условно кажано нејзе секогаш и се отворени вратите кај родителите ако реши да се врати назад, иако работно место не се напушта туку - така. Да напуштиш работа по струка која ја работиш со задоволство е огромна одлука.

    Јас не фаќам страна, само ми е полесно да го разберам дечкото зошто не сака да оди во помал град. Во слична ситуација се и двајцата, едниот мора да попушти. Што, како и зошто останува на нив. :)
    Убаво велиш, допрва следат сериозни разговори со отворени карти. Што ќе добијат а што ќе изгубат како пар, но и како индивидуални личности во однос на кариерата.
     
    На ЈеленаЏиш му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.973
    Допаѓања:
    134.971
    Пол:
    Женски
    Во денешно време е подеднакво тешко да се најде добра работа како и добар партнер, а ако чекаш сите коцки да се спојат можеби никогаш нема да дочекаш. Знаеме дека балкански маж полесно би прифатил да работи на 2 работни места него да живее во куќа на жената, со мали исклучоци така да опцијата тој да се пресели од Скопје во Прилеп некако од прва ми паѓа во вода. Од друга страна ако родителите на девојката се така успешни со години во својата професија можат финансиски да ја потпомогнат таа во Скопје да си отвори своја ординација, а има и други опции како што е на пример кредит за самовработување. Друга опција е ти да патуваш, бидејки ординацијата е на твоите рабтното време ти е ептен флексибилно, не си ограничена од никој, ке им закажувате на твоите пациенти време кога тебе ти одговара.
    Јас од прва би рекла ма гради си кариера, ако те сака ке дојде по тебе, ама биолошкиот часовник отчукува, сакале или не, така да мој предлог ти е иди во Скопје, ти секогаш можиш да се вратиш кај твоите на работа, а ако не дај боже не најдеш вработување а неговите приходи не ви се доволни тој самиот ке посака да се преселите во Прилеп.
     
    На theowndemon и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  10. vichy

    vichy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.163
    Пол:
    Женски
    @Sa5am мила ти не сакаш да се омажиш и справуваш со тема Брак. ДруЖам со неколку умислени д-ри и д-ки поред останатите и едно ќе ти кажам додека си умислувате дека во Р.М.ќе правите кариера наместо Германија каде поквалитетните д-ри веќе одамна се отидени и вака ќе си губите време на форумов.
    П.С.Раскини му и кога ќе останеш сама мама и тато и ординацијат ќе те гушкаат и тешат.
    И ДАЈ ОСВЕСТЕТЕ СЕ КОЈА БРЕ КАРИЕРА ВО МАКЕДОНИЈА ВО ОБЛАСТ ЗДРАВСТВО???Р етки се тие што успеале навистина пред се зошто направиле име и биле неопходен дефицитарен кадар на времето.Ај млад иди проби се поред нив а во меѓувреме ти оди времето,младоста,животот. Ако навистина не си за брак лесно е се,почекај некој кој ќе ти биде по твои ќеиф бидејки ти си јака докторка/забарка и мора да е како си замислила да биде нели? Он во Прилеп или чао 10годишна љубов која се прашувам по твоево пишано дали воопшто е љубов или навика???
    ПОСАКУВАМ ДА Е ЉУБОВ И ТАА ДА ПОБЕДИ.
     
  11. vichy

    vichy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.163
    Пол:
    Женски
    Не мешај баби и жаби како еманципација и потреба да влезе во брак и биде задоволна сопруга(мајка не спомнувам дека може да се случи и да не може така лесно од одма да имаат дете).
    Одлуката е нејзина.
    И верувај не се женски муабети интуитивните извлекувања заклучоци на повеќето од тука дека она си ја ишка мувата од капата да си најде изговор за да не стапи во брак.
    Јас мислам дека најдобро и е ако е толку ЈАКА КАРИЕРИСТКА да си најде некој од ПП ама не и чини ни тоа.
    Она е од тип на особи што и во јајце влакно ќе најде.
    Trust me i have been there seen it already.
    Se ke izgubi na krajot i pak nema da bide zadovolna.
    Ke ostane kako stara ogorcena samica.
    Poznavam nekolku vakvi i si se grupiraat vo nedela familjarniot den i hejtaat se familijarno zosto oni nikogas ne sozdale svoja familija.
    Zalosno!!!Ama nivni izbor. ISTO I NEJZIN.SEKOJ OD NAS SI ZNAE ZA STO E SKROEN VO ZIVOTOV KUS.
     
  12. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.360
    Пол:
    Женски
    Јас уште еднаш ќе си дозволам да искоментирам оти јас бев прва што предложи од „муабетите за на чешма“ дека девојката е збунета и си најдува изговори од типот има тој стан во Скопје, ама овај во Прилеп е поголем. И неговите блиску живеат и такви триста глупости. Значи на човек што е заљубен и сака да го помине животот со некој нема ништо да му сменат 5 квадрати плус-минус и истотака не сфаќам како смета тоа дека живеат блиску родителите негови!

    Значи таа не сака да живее во близина на неговите родители, ама тој може кај неа дома домазет да биде! И ова е компромис? Работа во Скопје дека не може да најде две години ми е многу малку веројатно. И во крајна граница ако толку сака да гради кариера сигурно тоа подобро ќе може да го направи во Скопје од колку во Прилеп. И да беше обратна ситуацијата со половите ќе мислев дека повеќе просперитет се има во Скопје и точка. Тоа се вика сопствено мислење.
    Овде не се зборува за рамноправност никој не му рече да го одбери него и да готви манџи дома и да си ја фрли дипломата. И факт е дека таа полесно ќе најде работа во Скопје од колку тој во Прилеп- оти ги знам многу добро условите и платите во Прилеп и Битола.
    Тоа е љубовта женски. Пожртвуваност бара. За едно од жената, за едно од мажот.
    На крај краева таа си го знае 10 години и знае колку му вреди цело ова.
     
    На YoungandBeautiful и vichy им се допаѓа ова.
  13. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.456
    Допаѓања:
    96.667
    Гледам на повеќе места се изразува чудење во врска со неможноста да се најде во Скопје работа за подолг временски период (во случајов 2 години). Зошто? Што е толку чудно? Сте барале па од искуство зборувате или така оти ви се мота во глава дека нели главен град, па најголем, па работа врие... Епа, ич не врие! Се што е од внатрешноста а не е заминато надвор од МК е во Скопје, така да работа за извоз во Скопје дека има - НЕМА! Дека е чудно таму да не може човек да најде работа неколку години, не е, а вам зошто ви е, не знам...
    Сакав само ова да го искоментирам, дека отпаѓа како опција ЛЕСНО НАОЃАЊЕ РАБОТА ВО МЕТРОПОЛАТА СКОПЈЕ. За останатото, луѓето инволвирани во проблемов се и двајцата доволно возрасни за сами да си одлучат што и како понатаму.
     
    На Gerbera, kjukli, mila89 и 5 други им се допаѓа ова.
  14. ЈеленаЏиш

    ЈеленаЏиш Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    511
    Допаѓања:
    1.891
    Пол:
    Женски
    За големината на становите кажа откако една членка ја праша, тогаш и кажа дека има можност за куќа.

    Никаде не ги спомна неговите родители, а друга членка спомна дека тој немало шанси да оди "домазет во мало место".

    Фрлате заклучоци од ракав.
    Јас одбирам да верувам во она што го напиша членката и не сакам да ја напаѓам дали го изнесе целосно проблемот или не. Не знам што носи во душата.
     
    На Gerbera и Sa5am им се допаѓа ова.
  15. Sa5am

    Sa5am Нов член

    Се зачлени на:
    11 април 2016
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Ne sudi za ona sto ne go znaes i ne baraj raboti sto ne se tamu. Vo vrska za kvalitetniot kadar dobiv ponuda za rabota vo Belgija no ja odbiv vo imeto na ljubovta. Otkako diplomirav plakav kirija za stan 4 godini za da ostanam vo Skopje vo imeto na ljubovta. Prifativ neplatena rabota i ostanav tamu 2 god so nadez deka vo meguvreme ke najdam drugo mesto vo imeto na ljubovta. Dodeka toj gradese kariera jas zrtvuvav vo imeto na ljubovta. I sega velis da se otlazam pak i deka ke najdam druga rabota? Koga me povlece za jazik dali ti bi prifatila rabota za 8000 den? Bidejki toa mi bese ponudeno.
    Ne sakam da bidam pogresno razbrana i ne velam deka go kritikuvam nego, no koga vaka me napadnavte deka sum sedela vo komfor i deka e vreme da zrtvuvam nesto, smetam deka mozam i jas da kazam nesto vo moe ime.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.531
    Допаѓања:
    201.621
    Пол:
    Женски
    Јас те разбирам дека не можеш да најдеш работа во Скопје - 4 години барав, молев, одев од врата до врата, никој не сакаше да ми даде шанса да почнам, макар и неплатено, додека да се покажам. И јас сум во здравство, колку и да има дефицитарен кадар, работа лесно не се наоѓа.
    Знам случај каде што жената живее во еден град (работи кај нејзините), а мажот има сопствен бизнис, во друг град. Имаат две деца, а се гледаат само за викенди, празници, одмори, и секако, кога е жената на породилно, цело време е со сопругот во неговиот град. Инаку, со децата си живее кај нејзините, си работи кај нејзините, а не може да најде работа во другиов град (Скопје, секако). И еве, бракот им функционира. Може и така да се проба, ама не верувам дека секој би можел така да живее, тоа е до човекот.

    Кога се прават компромиси во една врска, и двајцата треба да ги прават, а не само едниот. Во случајов можете да пробате да функционирате како парот што го спомнав погоре, со тоа што ти можеби и ќе најдеш работа во Скопје, само што тоа ќе потрае. Факт е дека не знаеш што ти носи животот. Ако човекот со кого си во врска не прифаќа да направи компромис за вакви битни работи, не знам дали вреди да го поминеш животот со него. Затоа што ако ти секогаш попушташ, на крајот ќе бидеш незадоволна, и на секоја кавга ќе му го префрлаш тоа колку си се жртвувала за него.
     
    На Sa5am, tina-63, kjukli и 2 други им се допаѓа ова.
  17. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Извади членска од вмро. Биди поактивна по штабови и би требало полесно да најдеш работа. Со средно вработуваат по болници а не пак со факултет. Ама вмро...
    И мене некако ми изгледа како да ти е сеедно ако прекинете. Сте се оддалечиле со тек на време и може не чувствуваш исто, ко што си се чувствала порано. Далечината си го норавила своето.
     
    На vichy и SuperGirl24 им се допаѓа ова.
  18. ЈеленаЏиш

    ЈеленаЏиш Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    511
    Допаѓања:
    1.891
    Пол:
    Женски
    Мојот сопруг беше на интервју во Скопје и ја одби работата затоа што му даваа помала плата, отколку тука во Битола.
    Плус живееме под сопствен кров, а таму требаше под кирија.
    Кога зборуваа за плата (јас бев присутна таму) Скопјанката надмено го праша: ауф па ти знаеш колку зима просечен програмер во Битола? Малку ти е ова?
    На тоа мојот прекрасен, досетлив сопруг и одговори - можеби, ама јас не сум просечен програмер и вие не можите да ме платите.
    Поздрав и секое добро.

    Скопје не е секогаш ветениот град, треба практично да се гледа на работите.
    Со 8000 денари во Скопје, па и 10000 нека се сега, маф ти е планот.
     
    На MiloMalo, MilaP, kjukli и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Gerbera

    Gerbera Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2016
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    772
    Знаете ли колку Скопјан(к)и патуваат секој ден во околниве градови, па и села оти таму им е работата, дека во Скопје најлесно било? Колку има доктори меѓу нив? Па баш памтам за групно интервју за една работа со позиции во неколку градови викале нешто во стил „знам дека сите сакате во Скопје да работите, ама само едно место има за тукашниве канцеларии.“ Да не почнам колку дипломирани медицински лица во Скопје аплицираат за работа на немедицински персонал.
    Што се однесува до најплатено, една моја пријателка секој ден патува во друг град баш поради платеноста на работата. Нема логика во град кајшто понудата е најголема, платите да бидат највисоки, како побарувачката да е поголема, а не обратно.
    Сите викаат, нека има семејство со дечкото, нека остави работата. Да беше студентка сеа пример, а нему да не му одговараше од практични причини да продолжи со факултетот, што ќе беше советот? Да се откаже од факултет оти мажот и децата и семејните обврски ќе и избегаат? Еее, да имав јас семеен бизнис, да имав шанса да работам и да го усовршувам занаетот кај свој човек, кој најискрено би се залагал и најмногу знаење би ми дал, на коњ ќе бев бе дечки. А не како сега, со години мачи, плачи, работи за минималец, трчај, прашувај, бори се, остри рогови од ѕидови и затворени врати што се вели. Башка и подолги врски од десетгодишни завршувале со прекин. Која и е гаранцијата дека ќе останат заедно, со фамилија, за век и веков?

    Кога се сака, се се може. Анатх дала убав пример, а има не мал број на такви примери на парови, верувајте. Многу парови има што се гледаат само пола саат пред спиење оти се различни смени така што не им врши многу работа истиот град, па ете ги функционираат. Другарка ми така ја ставија да бира меѓу партнерот (долга врска исто) и кариерата (има супер работа до денес). Нормално, го избра второто, а дечкото самиот тргна по неа по одреден период. По некое време тој и раскина, работата и остана, па дури и унапредување доби. Ете колку било гаранција долга врска. Може ќе се смеете на примеров, но памтам и Есма Реџепова кога имаше интервју некое и нејзе мислам мажот и и рекол да бира меѓу него и песната и таа го одбрала второто, па пак останале заедно.

    А за дечкото погоре што рече дека една во милион девојки од внатрешноста би го одбиле Скопје, да му порачам дека одамна не постои култ на идеализирање на Скопје, со тек на време и младиве порано стануваат попрактични и гледаат што е подобро и попрактично за нив.

    Стабилна работа и те како е битна. Особено поради стварање на фамилија, јас тоа го знам и сите ко мене кои самите си знаат како таа битка ја извојувале и тоа на повеќе полиња. А човек што ја сака, не ќе ја тера по секоја цена да се прилагоди на неговото удобство, туку со сјај во очите ќе се радува за секој нејзин професионален успех. A, да не ги заборавиме и оние не мал број на парови кај кои и најголемата слога почнувала да се разнишува кога сиромаштијата тропнала на врата. Од каде да знаеме, ако дечкото се нафати никој да не се откаже од работата своја, можеби така ќе инвестираат и духовно не само емотивно во нивната иднина.
    Се извинувам на подолгиот пост, обично не сум вака опширна. :)
     
    Последна измена: 12 април 2016
    На theowndemon, kjukli, okcenzi и 2 други им се допаѓа ова.
  20. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Многу го нападнавте дечкото, а е очигледно дека се што сака е да се конечно заедно постојано и посериозно, многу нормално после толкава врска и на 30години. Јасно е дека конечно нешто мора да преземат инаку до кога така би терале?
    Не знам дали е дечкото од Скопје или од Прилеп, ама ако е од Ск, МНОГУ ЈАСНО дека нема да се пресели во Прилеп и тоа нема врска со љубов и желба, туку едноставно начин на живот. Девојката штом некое време била во Скопје, значи може тука да функционира. Ако веќе не можеш да најдеш работа, зошто сама не си отвориш ординација? Штом твоите веќе имаат, знаат каков е бизнисот, како да почнеш и развиваш, би дошло и како проширување на семејниот бизнис. Така и ти ќе имаш твоја работа тука и нема да чекаш од никого и ќе бидеш заедно со дечкото :)
     
    На vichy и cresa-jagoda им се допаѓа ова.