Уште да беше навистина толку лесно да се отвора ординација, сигурна сум дека сите здравствени работници ќе имаа свој бизнис. Не е така едноставно за жал, конкуренцијата е голема, но верувајте ми, тоа е најмал проблем. Има услови кои треба да се исполнат за да може да функционира како што треба, плус капитал за простор и опрема. Многумина отвориле, за уште пократко време затвориле, така што, не е исплатливо, во никој случај. Давачките се навистина огромни, а голем дел од новоотворените ординации работат со загуба, т.е првиот ќар го гледаат после најмалку пет години активно работење, а некои ни тогаш. Верувам дека девојката не е во состојба во моментов да влегува во долгови, само за да му удоволи на момчето. Оти тој ќе треба да ги исплаќа, ако таа нема доволно средства да покрие плати, придонеси, материјални трошоци и да врати дел од кредитот (читај долгот).
Neka raskinat i resen problem. Ako vo vrska tolku negativni naboj imaat pa tek vo brak sto gi ceka? Pa svekrva i blizu im zivee vo Skopje uste sega pretpostavuvam ke bide pak ''veselo'' vo tema snai-svekrvi.
abre @vichy ti ako imas problem so svekrvata i si trpis,ne znaci deka site go imaat toj problem.i ne mi e jasno zosto da raskinat?ako ova im e najgolem problem, se resava.
Па тој ако не можи да чека ќе те побара за жена, а и досега би требало да те побарал. Тој ако работи во државна институција сигурно има добра плата, па можете да живеете и со една плата одреден период додека ти се снајдеш со работа. И двајцата сте доволно зрели, а и долго време сте во врска би било штета да заврши.
Ne mi e mesto, ama ke odgovoram mesto nea devojkata kaza deka od negovata plata samo ne bi mozele da se izdrzuvaat
ostaj ja ti mojana svekrva racunaj deka otisla kaj dedo boze. zosto da raskinat? za da ne ja citame za drugi problemi vo drugine temi. oni ne se za brak. i na 2ta pobitni im se umislenite karieri vo nasava cudesna zemjicka. ETE ZATOA.
Во Прилеп има семејства кои живеат со плата од 12 000 денари, а он сигурно зема повеќе од тоа. Тие си знаат.
Виши оти му се напна на девојчето бе, докторките вакви замислени такви.. Си има мака вложила во врската и сака да успее. Јасно е дека поубав животот ќе има во Прилеп каде веќе си створила реноме си работи на свое има имот, ама на љубовта мадињата ќе му ги скрати ако го донесе кај неа. Шала настрана, луѓе еманципација и се, ама мажите па со прстот во уста ги оставивме ако не па они да почнат и да раѓаат. Значи опција му е да патува или да остави работи и да се шутка по дома. Патување секој ден не е играчка па и Прилеп - Скопје што не и така блиску. Имам колешка што патува од Велес па се моли што поскоро да се премести оти не се трпи, а не па од Прилеп. Не е работата кој ќе попушти туку како и двајцата партнери ќе се чуствуваат удобно во своја кожа и кој полесно може да се адаптира. Јас сум слушнала за многу луѓе што не си нашле работа по струка, ама за вечно невработен доктор не сум слушнала и многу полесно ќе најде работа од дечкото ( кој претпоставувам е економист или правник). Друга работа што секогаш имаш можност да се вратиш и да си работиш таму ако толку нема работа, верувај и ти и он друго ќе гледате кога ќе имате семејство и нема да мислите кој да попушти туку како е најубаво за детето. Затоа сум да одиш и да пробате у име на годините и љубовта, стварно не губиш ништо оти работата ќе ти стои.
Што убаво што некои сеуште веруваат дека љубовта е бајка. Ај да не се лажеме. Еден куп долги врски, завршиле со брак, а со развод побрз од бракот. Не ја советувам да раскине, ама скоро секој маж знае да те потчукне по носот ако тој заработува а ти си паразит и тоа не по своја вина. Така нашава феминка која мачела мозок да заврши медицина, која има каде да работи, на која станбено и е решено прашањето, ке оди во најзагаденото место, ке стане нечива сопруга, нечива снајка, па нечива мајка. И додека таа се свести, времето си врви, годините не се вракаат, кариерата ни од далеку не се гледа, за на крај некој ( маж или свекрва) и лупне дека е неспособна ни за домакинка ( пошто нема пари да носи), ни за докрорка ( пошто нема рабора да има). Да работи за мизерни пари е грев и подобро да завршела само средно. Ах бе луѓе, кариера се гради и кај нас, само кој знае да си ја изгради. Кариерата бара жртви, а љубовта компромис. Еве конкретно во мојов град ( 80 000 жители) има двајца познати стоматолози, што веке се пренатрупани од пациенти и што имаат куќи, скапи коли, по 2-3 стана во др градови. Имаме и 2 познати гинеколози и тие не знаат што имаат. Едната си има и 2 згради во ск. Ако се покаже како квалитетен доктор, секој ке трча кај неа. Брат ми работи како професор, со редовни примања, осигуран итн, ама сепак го работи и бизнисот на татко ми. После предавања иде дома да си одмори 2-3 часа, па оди кај тато. Ете брат ми си ја наредил работата. Имаше врска со девојка од ск цели 6 год. и нејзиниот услов беше брат ми да оди ск, без да има сигурна работа, да се турка в градски автобуси, да се гуши во мало изнајмено станче, бидејки цурата заработувала 15 000 ден. Брат ми и најде работа во гв за истите пари со помало работно време. Е така заврши нивната врска. И тоа тука имаа обезбедено станбено прашање, што значи кирии и кредити нема да имаа, двајцата вработени на сигурни работни места и уште една дополнителна работа со најфлексибилно работно време, да не речам кога ке му се кејфне. Не се малку 6 години јасно, ама па некој да те тегне за нос е далеку од љубов. Брат ми е задоволен, има нова врска, одлична работа и супер социјален живот. Да беше сеуште во врска со предходната девојка, или ке беше исфрустриран поради малиот простор и нестабилната работа, или ке требаше секој ден да патува, а со тоа ке немаше никакво време за себе, ни за дружење , ни за опуштање, а згора на се да се храни по улици буквално.
Миме одам со обратна филозофија да ја боцнам во срцето,душичката ако има осет,љубов во нив. Ја занаеш онаа ти се кука другарка ти утепува со муабет како типот и раскинал и на крај и викаш епа ај оди фрли се во река Вардар. Ќе те послуша ли? И мене девојчево Прилечанче ќе ме послуша ли? Само она и Господ си знаат. Јас посакувам да и се отворат тоа умислените очиња навреме додека има либе после тоа во Пп кај ли ќе најде момче Скопјенче плус државно службениче А???
Тргаш од ситуацијата на брат ти и внесуваш емоции во одговорот. Иако тоа е твое право. Сепак не мешај нејзина и на брат ти ситуација. Вака она вложила 10години и во меѓувреме завршила медицина ли стоматологија ли таа знае. Значи тој дечко и и бил подршка низ цело студирање а сите знаеме што значи да завршиш некој од овие факултети колку жртва тоа бара и колку неизлегувања нивни за разлика од сите останати од КГФ учените кои за се си имаа време. Цуро Прилепчанке штом ако се сакате се уште и ако бил дечко за пример поред кој си завршила здравствена факултет иди бре Скопје,омажи се,сакај те се,за работа може и да ја имаш најубавата и да се нареди да ти дадат отказ и што ќе ти пропадне бркот. Дајте малку зрелост ако се сакате навистина а ако глумите па и секој филм има почеток и крај.
Виши иста е ситуацијата. Брат ми и беше поддршка на неговата екс девојка, додека таа студираше. Се запознаа кога тој беше да речам пред крај на студии. Тој чекаше таа да заврши, чекаше да се доусоврши итн. На крај истата таа му даде услов или ск во мизерија или да се разделиме. Па ете ја сама и сеуште го бара на тел, на фб итн. Друга раб е што дечкото на феминкава не е скопјанче ко што викаш, туку и двајцата се од пп. И то ако тој нема високо образование, туку е запослен партиски и зема да речеме околу 20000. Дали тоа значи тие ке имаат нормален живот? Таа како стоматолог може да стигне со плата и 3-4 пати повисока од неговата. Тој тоа не може да го разбере или несака?
А да не му падне нему круната ако дојде во Прилеп? Без разлика дали е или не е од Скопје. Кога си во сериозна врска и размислуваш за брак, треба да се носат одлуки кои и на двајцата ќе им одговараат, а не само на едниот. Тој брак каде што се исполнуваат барањата и желбите само на едниот партнер, има големи шанси да пукне набрзо. Јас разбирам дечково да има некоја стварно добро платена работа, во странска фирма по можност, каде што има услови и да напредува и да гради добра кариера, а со тоа и поголема финансиска моќ, разбирам и тоа како причина за останување во Скопје. Ама како државен службеник - напредувањата се ретки, освен ако имаш вујко владика (добро, генерализирам, ама не знам пример кој не напредувал без врски во администрација), покачувањето на платата уште поретко, зошто да не си ја проба среќата во Прилеп? И таму има државни службеници, е сега што не земаат плати колку во Скопје, друг проблем.
Некој погоре нагласи друг многу битен момент. Мислам дека Виши беше. Дека кариерата е избор и на двајцата. Дека и момчето не сака да се откаже од работата. Таа барем отворила тема на форумов и размислува дали да ја избере кариерата или врската, бара совет, мислења од страна, анализира, а тој веќе стриктно си дал до знаење дека работата не ја остава. Зошто пак таа да ја остави нејзината? По кој закон само таа мора да се откажува и да се прилагодува? Пишала работата ја исполнува. Луѓе мои, па колку можеме со тоа да се пофалиме? На безработицава, на прифаќање даш-што-даш, тоа е премија. А и колку врски се разнишуваат поради стресови на работа? Е сега и тој како и таа треба да се потрудат и врската исто толку да ја исполнува зашто маф му е работата, може нејзината кариера да го победи него. На крајот на денот, колку и несебични да изгледаат животните потези премеруваме според лична среќа и задоволство. Ова е многу добар предлог, неизводлив за неа поради природата на нејзината работа. Ни прв ни последен што ќе патува 100+ километри секој ден за до работа и назад. Во големите земји, вакви релации до работа се секојдневие, се е ствар на навика и начин на живот, а поради тоа што ние сме помала држава ни изгледа претерано. Ама ете, тој сака комотно да му биде, а таа од се да се откаже. Е па не може така.
А што ако тој запне дека нема шанси да се прсели во ПП? Го разбирам и целосно го поддржаувам за тоа дека ќе биде проблем за него преселбата, но да одбива до толку за воопшто да не сака ни да праша за релокација?
[QUOTE="vichy, post: 2784288, member: ] Само она и Господ си знаат. Јас посакувам да и се отворат тоа умислените очиња навреме додека има либе после тоа во Пп кај ли ќе најде момче Скопјенче плус државно службениче А???[/QUOTE] Да, единствен сон на девојките од внатрешноста е да најдат момче Скопјанче - службениче. Особено службениче.
Не сфаќам зошто сите викате штом е во Ск нормално е да несака да оди во Пп, ама не е исто така логично девојка од Пп (од внатрешноста, нели), да не сака да оди во Ск. Добро вие мислите дека секој сака таму? Па дечко и да оди таму, јас нема со него зошто јас во тој град неможам ни до продавница да се снајдам. Слаба орјентација, шта чеш. Друго, девојката кога отишла да учи тоа што учела и завршила, покрај желбата, видела дека има и ординација. Тоа била голема мотивација. Јас учев медицинско и кога разговаравме со професорите за идната професија, фино не советуваа да не одбериме нешто колку од желба туку да видиме и практично дали ќе ни се исплати т.е. дали имаме близок роднина, родител кој има ординација, веќе разработен бизнис пред да почниме зошто во тие гранки било тешко да се започни бизнис. Особено ете конкретно стоматолози во Битола, Прилеп, Гевгелија, се далеку поплатени (?) од тие погоре од прости причини што од Грција да знајте колку идат за поправка на заби ... нели пример. Е сега зошто девојката да пропушти таков бизнис? Патем, дали дечкото е од Ск? Ако е од Ск и никогаш повторно не е сретнат со помал град, можеби е нормално неговото вакво однесување, ама работа како неговата што беше спомената има во секој град и можи да бара релокација. Од друга страна, во некои од мислењата прочитав дека и тој самиот е од Пп, ама пошто читав сабајлево, поспана, само кратко ќе споменам ако е и тој од таму не гледам причина зошто да не се врати назад. Сепак, ако веќе неможи да се снајдат никако, дали е можна релокација на бизнис или едноставно да се прошири? Тешко е. Можеби прво можи со волонтирање по ординации да запознае повеќе пациенти кои ќе знаат за нејзината стручност па потоа кога ќе го префрли бизнисот или прошири во друг град да има пациенти? Во глобала, не е битно ние што ќе речиме, како што беше речено погоре, после ова следува сериозен разговор. Во Пп нема ништо лошо, па нема некоја загуба да се оди таму, почисто е, среден е градот, има добри работни места, баѓи зеленило. Како и да е, со среќа, се надевам се ќе се среди.