Aко му е силна љубовта, секој твој предлог подробно ќе го разгледа, колку и да изгледа бесмислено, како впрочем и ти што правиш и не си категорична. Фино што го разбираш, ама ако тој нема подеднакво разбирање за тебе, точката е ставена и ако продолжите така тој секогаш да замижува на предлог кој ќе му скрати од удобството, ова ќе биде само почеток на недоразбирања. Мсм, се надевам оти сум грешка.
Нема да се надоврзувам на ниту еден коментар, само ќе споделам едно мое лично мислење. За жал ова денес е доста поприсутно, „кариера или врска“, секако доста зависи од врската, односно дали е тоа озбилна врска во која имате вложено доста, доколку имате врска која ве исполнува, партнер кој се грижи за вас и вам ви е сето тоа убаво и ви годи а притоа ви излегува прилика да градите кариера каде вашата врска би било препрека и вие ја бирате кариерата ја оставате врската која некогаш ве е исполнувала ви е давала убави моменти, онда според мене вие важите за ефтин и продаден човек, за се има начини па и за ова но дефинитивно не е начин да оставите квалитетна врска ради кариера, ајд поздрав
Abe debatirajte kolku sakate zosto toj da ne dojde i bodrete go devojceto. Deckoto nema da dojde kaj nea pa makar ja sakal i do nebo, se raboti za kompleksi, maska gordost, ego, lokal patriotizam i sto uste ne. Nikoj od nas ne e sovrsen i sekoj covek ima granici koi kolku i na drugite da im se apsurdni nema da gi preminat. Znaci ne i vrtete bajki u glavata na devojceto deka toj ke dojde vo Prilep, neka si izmeri taa samata kolku vredi ljubovta i covekot ama nema potreba da se zalazuva.
Кога се има љубов и разбирање, само небото е граница но штом некој после 10 годишна врска се мисли што да прави, дали да бира меѓу работа или врска, јас би рекла дека треба да ја избере работата. Јас сум долго време невработена, знам колку е гадно и мизерно чувството да седиш дома и да гледаш како безврска ти поминуваат најубавите години во непродуктивност но никогаш ама никогаш не би ја ставила работата пред љубовната среќа. Решенија за ситуацијата на @Sa5am има куп но претпоставувам дека вистинската причина што ја кочи да се реши за брак е нешто сосема друго.
Луѓе ова со патувањево во кој свет живеете? Да во Европа патуваат и по 2 саати до работа , ама имаат превоз, автобуси железници трамваи и сл. никој не пали кола и да вози во денот 2 саати на иди ми - дојди ми а богами и плата која може да го покрие патниот трошок. Тука да патуваш со своја кола пола ако не и цела плата на бензин ќе ја дадеш, башка напор е поготово зимно време со снеговине по нашине патишта да го мислам недај боже да не му се деси нешто. Не живееме ние Германија па ајде патот мање -више битен. Друго колку и да е смешна платата на службеничето, негова си е боље ишта него ништа. 90 % од луѓево работат за мизерија за 100 евра за 200 евра колку да не се без ич а остатокот со години значи со години за волонтирање без пари неможе да најде работа само за да не седи дома. Ај да разберам на дечково да му е понудена таму работа па да се лигави да нејке да замине од тука ќе кажам ај лигле е нејќе компромис да направи, скопското му е побитно од девојката. Ама вака што знам... Колку и да е трагично денес на многумина побитна ни е финансиската стабилност и работа отколку утопична љубов и врска. Да живееме во некое идеално општество да, ама тука и јас два пати би размислила за некои работи.
Дали ВИЕ разбирате дека соодветна љубов да не пишам права не прашува ПП,СК,стан близу до свеки,ќе сме имале немале работа од соништата???Го сакам и на Антартик одам со него. И така кога ќе ме снема од светов на надгобната нема да ми пишува работеше тоа и тоа,туку од ОЖАЛОСТЕНИОТ СОПРУГ.............
Твоја бранша?Доктор си? Дај жити се не ме лажи дека као таква неможеш раб во Ск да најдеш.Признај едноставно дека ти е поудобно во мајчиното гнездо и тоа е тоа
E dobro i kaj nego na nadgorbnata ploca nema da pisuva od ozalostenata rabota i kolegi,TUKU OD OZALOSTENATA SOPRUGA....
И што ако? Што откако ќе и помине цел живот, а не се чувствува исполнето и не мисли дека направила се што сакала? Ако не мисли дека одлуките што ги донела биле нејзини лични, туку сите одлуки биле некакви компромиси за да остане со партнерот? Каква врска има било што од ова во моментот кога ќе почине? Животот е сега, во овој момент. Девојката кажа дека работата што ја има сега ја исполнува, и дека е среќна.
По ова мислење веќе имам појасна слика за работите. Ти сметаш дека веќе доволно си жртвувала, и време и пари, а и работно место во друга држава, за која многумина сонуваат. Сето тоа во име на љубовта. Ако добро сумирав, ти нему си му удоволувала, тој си ги остварил своите цели и сега кога е момент тој да направи нешто во името на љубовта - пак не сака. Тука мора да те поддржам. Не дека толку години врска се за занемарување, ама не е ниту фактот дека типот е премногу своеглав и си ја врти работата како што му одговара. Во ситуациите кои ги наброја жртвата е секогаш твоја, треба да го смените редот малку.
Дечкото има стан во ск блиску до неговите значи ипак сте сами, па и да не можеш да најдеш работа гледам дека твоите не би те оставиле без примања, работата е што верувам дека ти е згадено од ск, разочарана си зошто никој не ти го вреднувал трудот, знам дека не е лесно ск да најдеш работа сум го осетила тоа. Не се залажувај дека тој би се префрлил пп, искрено и јас да сум на негово место не би. Проблемот е кај тебе што се двоумиш, 10 год. врска не е шала и ти тоа добро го знаеш . Темава ко јас да сум ја отворила се осеќам
Ауу Виши, ако е како твојот сопруг, подобро ич да не пишува дека е ожалостен на плочата. Боље да пишува од ожалостената кариера, или ожалостените пациенти. Него што ако пишува на плочата, што е битно кога јас веке нема да бидам тука. Виши не влегувај во депресии ке помине и твојот проблем и твојата вештерка нема вечно да е жива. Некако многу си ми арогантна деновиве, ама тоа е од силата што ти излегува, онаа негативната што ја оттарасуваш од себе. Излези малку на утринско сонце и испиј си раат кафенце. Не може човек да живее постојано под стрес. За феминкава, јас би гласала за кариера еве и зошто: 1 една деценија се заедно а тоа значи веке доволно се знаат 2 се гледа од далеку дека лубовта згаснала, штом надвадеал разумот. Останала навиката и почитта до некаде ( што логички таа ја изгубила спрема него, откако жртвувала кариера за него) 3 таа има што и каде да наследи, што е одлична можност кај нас, наместо да почнува од почеток и да се мачи со години за да стигне до некое ниво. 4 учела со љубов за да постигне своја внатресна статисфакција ( на некој тоа свесно или несвесно и го руши - е себичен) 5 таа има само 29 год ете 30, но тоа не значи дека во скоро нема да најде некој што ке и го земе здивот, некој по нејзин крој, некој кој ке ја поддржува во кариера и ке се гордее со неа, некој кој ке биде од нејзиниот крај и некој за кој ке се омажи и ке створи семејство 6 страста кај нив дваца ја нема, љубовта ја нема, поддршката ја нема= ебати врката ( се изнинувам на израз) ФМП
Па нејзините не би ја оставиле без примања, ама едно е да учи да води бизнис додека работи по струка, а друго е да и праќаат пари на 26 (или колку и да пиша дека има), додека таа си го следи срцето во Скопје, а нема работа.
Премногу сте сурови. Си дозволувате да пишувате коментари за дечкото како цел живот да го знаете, а од друга страна девојчето никаде не пиша дека не е почитувана, неподдржана, и сл. муабети едноставно таква е ситуацијата, млади сме и сакаме се да ни е средено, ама ете не е баш секогаш така. За што и да се одлучиш никогаш нема да дознаеш дали си ја донела вистинската одлука.
^ па тие и не се така млади. Знам многу парови кои на таа возраст веќе две деца имаат. Нема потреба да го знаеме типот цел живот, факт е дека во ниту еден момент тој не попуштил во "името на љубовта", се фатил ко слеп за стап за неговата кариера и работата во Скопје, додека девојката испуштила не една, туку повеќе прилики. Сепак, ние не разглабаме за неговиот карактер и за љубовта нивна, туку за постапките. Девојката од околу праша дали е тоа во ред, и еве јас повторно ќе речам дека е ептен некоректно од негова страна.
При разработена ординација и семеен бизнис да се работи на друго место за мизерна плата е во најмала рака жално. Точно е дека родителите или поголемиот број од нив ќе помагаат на своите деца додека се живи и додека можат ама тоа не е решение. Еве и да најде работа во СК платата ќе биде помала од таа што би ја имала кај своите. Што се однесува до дечкото не верувам дека би се преселил од СК. Но ако се размисли поубаво, може да бара преместување зошто е во државна фирма, а девојката со потрошени 6 години од животот за учење да се откаже од тоа не е во ред. Тешка одлука е...
Тој не сака да оди Прилеп, а да добие девојкава виза за Америка - се прашувам дали ќе оди Америка ??? онака само размислувам гласно