Чекајте, а вие па што се занесувате дека Скопје е незнам што? Сериозно? Де малце прошетајте и настрана од Скопје. Читав до 2ра страна и ме примрзи да читам понатаму. Ама доволно прочитав до овде. Јас ќе тргнам од себе. Да замислам дека уште живеам во Велес, и имам свој бизнис таму. Не би ми паднало на памет мојот бизнис да си го оставам и да дојдам да работам за плата. Луѓе, вие свесни ли сте колку народот сонува да има сопствен бизнис да немора да се клања на партија или газда? Јас да сум нема да отидам во Скопје. Ќе си седам каде ми е подобро. А ако нему не му се напушта саканото и многу ценето Скопје нека си седи таму, кога веќе несака да прави компромис. Некогаш патиштата се разделуваат, колку сака нека е години врската.
Шо се занесуваш? Ај прошетај малце надвор од Скопје, а по можност и од Македонија да видиш како луѓето живеат. Не сонуваат сите да се омажат со Скопјанец и да седат во 20 квадрата стан. Ебаве тоа преценетите ебаве. И црцориш на девојка која завршила можеби еден од најтешките факултети. А едвај знаеш да се изразиш јасно и правописно.
И тој е ептен смотан. Јас да имам прилика да фатам џаде од Скопјево, во кое сум родена, утре фаќам. Прилеп, Битола.. дај шта даш. А не саат време си идам дома. А живеам и работам во градско подрачје. Кој штрајкува, штрајкува во Скопје. Кој има некаква потреба, ете го во Скопје. Кај се цените плафонски - оу јеа, во Скопје. Не си прајте бајрам на паметот, ако имате работа во ПП, не знам што бара па тој овде.
Многу луѓе имаат ваков проблем и јас сметам дека не е работата до кариера, туку е до потребата да се има приход. Пред неколку години имав врска со дечко од провинција, каде навистина нема работа. Се мислев што, како, дали ќе се снајдам, плус ако основаш семејство требаат повеќе пари, не е поентата да се мачиш за 8000 денари некаде, колку да се каже дека работиш. Ич не е лесно. Имаше хемија меѓу нас, ама на крај пунка од други причини врската. Од денешна перспектива ќе згрешев ако се решев да се мажам таму, да оставам работа.
Не се согласувам со мислњата од типот- ако љубовта меѓу нив е вистинска ништо друго не треба да им биде пречка, љубовта ќе ја изберат пред кариерата . Ке оди таа кај него во скопје или обратно. Ќе најдат работа . Вака навидум е лесно да зборуваме и знаеме многу убаво што треба да правиме/ да не правиме, но во реалноста е сосема поинаку. Не е ствар тоа кој ќе попушти , ако се сакаат и сакаат да бидат заедно треба да најдат решение кое би било идеално и за двајцата т.е. за нивната идндина, па макар живееле и одделно .Само од љубов не се живее. За работа, и те како тешко се наоќа без разлика дали во ск или некој друг град, поготово по струка а за некоја си навистина добра плата па да не збориме.Од друга страна девојката си има професија ( потрошила толку години од нејзиниот живот за да заврши факултет ), веќе разработен бизнис што е многу голем плус , и можност да се стекне со искуство од нејзините. Да почнеш сам и од 0 е многу тешко,. Како и да е одлуката е навистина тешка, и љубовта и работата и се друго ни треба . Ако размислиме љубовта можеби сега ја има а утре ќе ја нема , но некои други работи во животот немаат секогаш втора шанса
Bravo, ubavo kazano. Samo da dopolnam nesto od tvojot text "некои други работи во животот немаат секогаш втора шанса". Sekogas za se ima vtora sansa, no najubavo e od prva uspesno da se zavrsi, bilo toa da e skolo, brak.....
Ако некој те става во ситуација да мота да одбереш меѓу него и кариерата, секогаш одбери ја кариерата.
Интересна тема, а уште поинтересен е фактот дека ако некој поединец е амбициозен и кога може повеќе зошто да не напредува најпрвен да се води по сопствената амбиционост па онда по се друго што доаѓа по тој тежок пат.. Да бидеме искрени дека човек ако решил да створи многу повеќе од самиот себе си што има за тоа е потребно долгогодишен труд и макотрпна работа, има и луѓе што клатат вратите и ги земаат платите наследни од татко или чичко но, но кога зборуваме за самосебна надоградба е тешко, навистина тешко.. Е сега.. зошто да не љубиме ако и двајцата сакаме нешто повеќе од нашето?! Ќе се сплотиме и ќе створаме.. тешко е тешко и ќе биде, ризик е не дека не е.. ама животот е ризик, баш ви буквална смисла на збор ризик, ако не пробаш нема да знаеш.. Друго е ако дотичен поединец гледа само и само на материјалното или пак обратно.. не го интересира ништо. Е со таквите се нема иднина па колку и да го сакаш не ќе живееш од лапање и фаќање в кревет цел живот фала богу.. ама, ако се има обостраен потренцијал, желба, хемија и љубов зошто да не?! Баш човек од ништо може да направи нешто.. Точно дека од љубов не се живее.. ами и љубов се треба, па што ќе ти се пари ако си сам на овој свет .. без фмилија и хармоничен брак исполнет со детски џагор?! Добро, не сите го посакуваат тоа но години врват па сите ќе го посакаат по дифолт врз староста. Секој си е за себе крај краева, но, не секогаш се одбира материјалното и обратно незаинтересираноста и сиромаштијата. Ама ако сака човек .. за се постои решение.. за секоја љубов и за секоја искрена искра низ љубовта од ништо може да се направи нешто, се доколку се има хармонија, хемија и непроценлив разговор помеѓу двојката. Се друго е изговор! Решение за смрт нема, за се друго постои, но од нас зависи дали сакаме и сме храбри да го пронајдеме.
Јас од дечко ми и мојата врска не би се откажала за буквално ништо на овој свет. Тоа како прво и основно. Како второ, каква е таа кариера во Македонија, многу ме интересира? Постои воопшто нешто такво овде? Просечна плата од 20 000, со работно време од 8 до 4 за вас е кариера? Отварање некое дуќанче за брза храна или облека е кариера? Не потценувам ниту една работа, далеку од тоа дека плата од 20 000 со одредено работно време е премногу лошо за Македонија, ама тоа не е кариера. За мене е кариера многу повеќе. Не би морала јас лично никогаш од ништо да се откажувам. Знам дека дечко ми да треба, до крајот на светот би дошол со мене, ако веќе сакам и сум решила да успеам во нешто. И обратно, јас би тргнала и до Марс со него. Ама да се откажам од врската за пари? За работа? Па и кариера ако веќе толку сакате? Никогаш. Ако толку веќе по игра на случајности се случи да во исто време и двајцата добиеме некоја добра понуда за работа, тука или во странство, па мора едниот да ја жртвува шансата, ќе жртвува тој што ќе мислиме дека помалку би заработувал. Во една изградена врска, врска со иднина, не би ни требало да постои ова прашање. Се знае, каде јас, таму и тој, каде тој, таму и јас, ако не може да дојде со мене, не одам ни јас, ако не може да одам со него, не оди ни он. Збориме за селење, живеење долго време во друга околина, далеку еден од друг. Не збориме за патувања. За тоа секогаш сме биле послободни. Сме биле разделени и по три месеци кога едниот бил некаде на шетање. Значи за се' има решение, ама ако сакаш. Штознам, јас мислам дека во животот само еднаш наоѓаш личност и човек на место. А работни шанси, ако работиш, се трудиш и надоградуваш, секогаш ќе има некоја нова понуда, секогаш ќе можеш да напредуваш. Доколку вредиш, ако не сега, за две, три години повторно ќе добиеш можност за добра работа.
Ако на дечко ми не му е гајле за мене и моите потреби на интелектуално ниво, и те како ќе се откажам од него, без оглед дали некогаш ќе ги задоволам тие потреби или вечно ќе бидам продавачка во маркет. Не ми треба таква себична љубов.
И каква врска има ова со мојот пост? Не разбирам. На што сакаше да се надоврзеш? Јас кажав дека никогаш нема да бидам ставена во ситуација да се откажам од нешто што вистински го сакам, зашто знам каков човек имам до мене. Сега да решам дека сакам да одам да живеам на пуст остров, дечко ми само ќе ме праша кога тргнуваме. Не знам, чудно ми е да се гледа работата само така црно-бело. Не е толку едноставно. Во брак да сте, и ете не сака да ве поддржи во некоја ваша желба или идеја во врска со работа, ќе се разведете во истиот момент? Баш туку така? Колку што едната страна не е во ред да не го поддржи партнерот, исто толку не е во ред па другата страна туку така да сврти грб зашто не добила во моментот поддршка. Некогаш не треба да одиме со глава во ѕид, можеби тоа што да речеме партнерот се спротивставува е за ваше добро (пример). Не знам, секоја врска е различна, кај мене постои премногу разбирање и доверба. Доколку некогаш дечко ми за нешто би се спротивставил, никогаш не би помислила дека не ме поддржува или дека не сака да успеам, туку дека се грижи за мене и дека можеби има вистинска причина за тоа што се спротивставува на мојата идеја. Од негов аспект, можеби нештата изгледаат поинаку, можеби јас премногу се залетувам, не гледам објективно на работите. Па ќе седнам и ќе размислам, дали навистина јас правилно размислувам, ќе седнам пак со него да разговарам, на крај би се договориле. Ете јас на пример тоа така го гледам. Ама тоа е мојата врска. Затоа велам дека никогаш не би се откажала од дечко ми за работа или кариера. За мене е тоа нешто споредно во животот.
Правиот човек секој ден ќе буди во тебе мотивација за она што ти е потребно. Таква личност е премија и дури и да избереш да се откажеш од кариера а ти значи, тој ќе ти помогне, жарчето и мотивацијата во тебе никогаш да не згаснат и да развиеш и оствари уште подобар кариерен план од претходниот. Мислам дека дечкото на @Sa5am не е таков, затоа што работи на принцип наметнување и условување, а од овие две и најсилната врска ќе се претвори во непожелна и деструктивна за двајцата партнери.
Ако мојата идеја многу ми значи, да, ќе се откажам. Чисто информативно, после 4 години врска со него, добив желба 6 месеци да живеам кај роднини во Америка, и истото му го соопштив, не барав поддршка. Секако ми беше драго што не се бунеше, но и да се бунеше, тоа немаше да смени ништо. И од моја страна е исто, што и да одлучи јас не му се спротивставувам, и да не ми чини на мене. Сметам дека човек треба прво да биде среќен сам со себе, за да биде среќен со некој друг. Инаку едно е мислење да ми даде, сосема друго да ме условува - или ќе правиш по мое, или ништо. Ако утре решам постипломски во Лондон пример да запишам, а тој не може да дојде, да ме чека итн.. сигурно нема да се откажам од постдипломските за да бидам поблиску до него. За мене кариерата ич не е споредна работа ниту образованието. Тоа што работам работа што не ја сакам и не ми е по струка, не значи дека океј, тука застанувам. Уште повеќе имам мотив за надградба.
Само сакам да кажам, дека имање работно место-работа, не е исто што и кариера. кариера не е цел живот да го имаш тоа работно место, туку да напредуваш и да одиш скалила нагоре. А ретко која кариера не бара преголема жртва и многу откажувања. Е сега, бидејки живееме во МКД имањето работно место кај нас е = кариера, но тоа не значи дека некој не може од 0 да створи многу, но доколку и тој се жртвува и гледа да направи што повеке, без разлика дали се работи за сендвичара( понатака сендвичари) или бутик, па бутици или производител на 1-2 производи до фабрика. Додека наставничка цел живот ке биде ограничена и не знам ете утре може да биде и директорка на тоа школо, но платата и нема нешто да порасне. Но, во ред е ако тоа е она што ја исполнува. Е сега јас не би се откажала од кариера или работа која навистина ја сакам, поради дечко. Толку
По мене се е во балансот.Среќни луѓе се оние на кои животот им е избалансиран, имаат врска(брак) и кариера, не треба да се оди во крајност ни со едното ни другото.Зошто да мора да се бира? Не треба да се посветиме на едното 100%, кариерата сигурно нема да ме направи среќна како што ке ме направи саканиот, а ниту пак ке ме исполни она дека единствено што сум постигнала во животот е домаќинлук. Друго неможе некој да си игра со луѓе, од тип ке завлечам некој во долга врска т.е. ке се завлечеме и ке ми текне дека утре сакам да одам на друг крај на светот. Класично играње играчки.Бесчувствително.Во тој случај не ни влегувајте во долги и сериозни врски, ако веке имате такви планови.Барем јас не би. А во случај со членката, незнам зошто се толку драматизира.Па Прилеп е луѓе, не е Германија.Со бус за сат ипол сигурно ке си во Прилеп @Sa5am.Друго штом имаш своја приватна ординација, работата ти е многу по флексибилна од на дечкото.Кога сакаш ке идеш ке поработиш, како ти одговара така ке си ги закажуваш пациентите, кога ти не работиш добро е што има кој да те замени, значи нема да губиш ни пациенти.Дигнете ја врската на некое ново ниво и за почеток мислам дека така е најпаметно да патуваш, па натаму можеби ке се сменат работите. Во секој случај неможме објективно да одговориме бидејки не ги знаеме вашите искрени желби, во смисла на вашата љубов и врска.
Облаче, некои работи не ги знаеш предвреме, така и јас не знам дали тука, во Лондон или Белград ќе одам на постдипломски. Не знам дали ќе одам на постдипломски. Ама знам само дека ништо не е сигурно. Луѓе после 30 години брак се разведуваат.
Чупе моми прилепчанки-тутунарки шо че биди? @Sa5am ? Шала на страна што реши,јас се затрчав да читам и на крај ништо?!