Кога имаш некој, а мислиш на други

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Crinkle, 21 јули 2012.

  1. Crinkle

    Crinkle Активен член

    Се зачлени на:
    3 април 2012
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    8
    Значи вака.. имам 24 години, идам со дечко ми скоро 7 месеци, одлично го познавам, мил ми е.. некогаш ми е досадно со него, некогаш ми е топ, што е и најнормално во секоја врска. Иако го сакам, не сум вљубена во него, (за мене има голема разлика меѓу тие две работи). Понекогаш дури мислам дека не ме привлекува доволно на начин на кој треба да ме привлекува.
    Го немам изневерено, иако сум имала повеќе шанси за тоа. Но, проблемот е што повеќе мислам на сите со кои сум имала нешто во минатото, на пример двајца „бивши“ и да сакам не можам да ги избегнам, бидејќи се од маало во кое практично израснав. Се самоуништувам себеси, често пати сум била на раб на раскинување, бидејќи не ми било интересно, паметот не ми е тука и притоа, за работите да бидат уште поинтересни, осеќам огромна привлечност кон друга личност.

    Многу комплексен проблем имам и ако го објаснувам нема да ми стигнат ни два дена. :)

    Дали сте биле некогаш во ситуација да не знаете што понатака, дали да останете во врска во која не сте доволно исполнети, ни на емоционален план, ни па врз основа на сексуална привлечност? Како сте постапиле? Искрено мене многу ми е страв дека нема да најдам друга личност како дечко ми, некој што толку ме сака и поддржува и за кој знам дека би му било многу тешко да прифати разделба и можеби затоа сум сеуште во врска со него... а од друга страна пак не е тоа, тоа.
     
    На verica94 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.785
    Кога имаш некој/а, а мислиш на други.

    Ми се случило еднаш.
    Официјално во врска не бевме, ја прекинав работата уште пред да имаме време да разговараме за тоа.
    Дечкото беше супер, преубаво се однесуваше со мене, физички изгледаше солидно, имавме премногу заеднички теми на разговор.... но го чувствував повеќе како другар отколку како момче. Немав желба ни да го бакнам, а за нешто повеќе да не правиме муабет.
    Се трудев одреден период насила да си создадам некакви чувства за него, но откако упорно не ми успеваше, му објаснав се‘ со ред и ставив крај на нашите состаноци.
     
  3. doll.a

    doll.a Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    586
    Допаѓања:
    294
    Пол:
    Женски
    Кога имаш некој/а, а мислиш на други.

    И јас сум имала ваков случај но се мував со типот од прилика 1 месец но кога го запознав сегашниот дечко не можев буквално да го исфрлам од глава и цело време мислев на него и почнавме муабети на фесбук и сфатив дека ми се свиѓа многу и така да со тој што си се мував фино и лепо му кажав дека сакам да останеме другари и дека не сакам да бидеме нешто повеќе . Сега јесте да имаше драми зошто типот се затреска во мене малце ама се помина се беше во најдобар ред сепак мислам дека поубаво да порано што кажав одколку подоцна .
     
  4. Crinkle

    Crinkle Активен член

    Се зачлени на:
    3 април 2012
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    8
    И од тоа највеќе ми е страв, не сакам да го снема од мојот живот, а од друга страна не го сакам доволно за да бидам со него секој ден. Ако раскинам знам дека он нема да сака да биде во никаков контакт со мене, а тоа би ми фалело.

    Многу зафркната ситуација, многу дилеми, монотонија и што ли уште не.

    Фала на одговорите...
     
  5. Alesii

    Alesii Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    841
    Тоа не е љубов...Најдобро би било да му раскинеш ..Не се измачувај себеси....
     
  6. MorgaNa

    MorgaNa Активен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2012
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    11
    Имаше еден другар брат ми се дружеа пред 3 години, се зближив со него покрај брат ми..и се приметуваше некоја хемија меѓу нас...Го засакав иако имаше женска..Ми немаше кажано ама знаев и осеќав дека постојат страсти меѓу нас, не ми кажа никогаш дека ме свиѓа..
    Помина доста време ...пак почнавме да правиме муабет...
    Тој веќе извесен период воопшто не се дружи со брат ми..се зближивме..пред 2 дена раскина со женска му што идеа скоро година дена...
    Во меѓувреме постојано се жалев дека нема да фатам дечко и дека немам среќа во љубовта..
    Налетав на еден што еве како да идеме, нонстоп сме заедно веќе 2 недели...
    Но од него не добивам некаков почит..другарите му се на прво место , казиното , искачањето ..
    Навика ми бидна више...и по телефони висење и се тоа.
    Со типот кој го сакав највеќе од се иако не бевме заедно, ми предложи да излеземе , збориме на телефон(на брат ми другарот) но..
    Од една страна не сакам да прекинам со овој, зошто и ми е убаво и не, ми влезе под кожа некако , но сепак другарите му се најбитни..
    А овој пак што толку го саакав, кога дојде ред и можност да можам да бидам со него , не сакам да го пропуштам..
    Сега на 28 ке идеме у Охрид со другарките мои , а и овој што моментално "идеме" ке биде таму..
    а овој другиот у Будва ке иде..
    незнам што да правам, инсистира да се видиме
    значи ситуацијава е ем ми се иска ем ми се стиска..знам дека на 2 столици неможам да седам..
    Постојано ми е у мислите овој што го сакав повеќе од се..
    Што ме советувате вие..???
     
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    9.358
    Допаѓања:
    121.036
    За првичниов проблем...се работи за немање емотивна зрелост (е де,не е страшно,своевремено ја добиваш,е има и такви кои ...никогаш не созреваат така,мислејќи дека врската е плескање и влажнење гаќички,се нешто околу тоа). Заљубеност се случува во средно, се случува и со дечко кој не ти одговара карактерно,но има страст и нагон за секс...кој за жал, сакале вие или не,по некоја година од врската,бракот, не е толкав, чувствувате комотност,а не дека е скроз исчезнат...ама е смирено. Ако го сакаш,те сака, го почитуваш, те почитува,едноставно тоа е... Нема тука философирања,нема тука дилеми. Ако одиме низ времето, зошто е создаден тој нагон,те ЗАЉУБЕНОСТ, едноставно, за да се сретнат двајца прастари луѓе и без размислување да се плеснат и да создадат потомок,ете толку едноставно и есенцијално... И немаат се разбира други потреби освен базичните... и толку,си живееја среќно,до крајот на животот...
    Не можеш да очекуваш дека тоа ќе се случува до крајот на животот,дека ќе сакаш да лудуваш до крајот на животот и да не можеш да се воздржиш од бакнување на твојот дечко... Едноставно не можеш. Прво не е нормално,а второ тогаш веќе и имаш проблем.
    Единствено,можеш само да си признаеш дека не си подготвена за врска во која треба да се приврзеш и да дадеш се од себе,тоа е тоа... Ти треба простор,ти треба време,ти треба друг начин на забава. Како тоа ти е досадно со него?! Па со секој дечко ќе ти биде досадно по некое време зошто ќе го запознаеш и него и неговите навики и нема да има ништо загонетно кое ти ќе сакаш да го истражуваш... Признај си дека едноставно не си во фазата на зрелост за да го имаш тоа и одјахај во необврзни врски и поуживај во младоста,но не викај дека не го сакаш. Секако дека го сакаш, тоа е ветувачки дека не си празноглава и емотивно празна, имаш потреба од човек, сакаш да биде среќен штом не сакаш да го повредиш и сето тоа...

    Само за жал ( не се обраќам на феминката,зборам општо),познавам луѓе,девојки особено кои веруваат дека љубовта е налик пиење млеко од кобила еднорог и јавање на крилат коњ, нешто што предизвикува виножита да им излегува од уши,нешто кое подразбира сексање и само сексање,а при тоа се ебано себични за било што,а не знаат ни да споделат емоција, живот, среќа...и тие утре ќе ти продаваат пуфки за луѓето,љубовта и добрината. Е не е така,драги мои... Познавам и една жална приказна... за една прекрасна личност,која се нашла во оваа ситуација,но подоцна кога созреала сфатила дека ја изгубила најпрекрасната шанса во животот. Има 35 сега,тој е женет,има и детенце... таа е сама,сега би убила за тоа што го имала... Ете налик ова. Ми раскажуваше,бескрајно сум и благодарна што научив многу и беше клучната личност во мојот живот за да прекрши една фаза во истиот... Вика мислев дека љубов е заљубеност...згрешив,си имав се. Беше прекрасен,јас бев млада и глупава,немав ништо видено од животот и сакав да живеам, можеби да не се случеше нештото (кое ги побрзало работите) ќе се сретневме пак и ќе бевме тамам...
    Ова се само приказни од животот...згрешете за да научите,само храбро грешете. Само немојте да се залажувате дека заљубеноста е поголема од љубовта само затоа што на почетокот возбудува. Ама се оди со зрелоста...веројатно,ако некогаш дојде. Гуд лак. Грешете умно,секој е индивидуа за себе и различно бира,само немојте да ја потценувате љубовта. Мање више е иста и универзална, се зависи од длабината на мозочето и истанчениот вкус на емоциите, се зависи од мама и тате како ве одгаиле, што ви оставиле во душичката...

    И така.(ова и така и ете ми се узречица,не замерувајте :D )
     
    На newring86, gagmode, Annaaaaaaaa и 5 други им се допаѓа ова.
  8. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.600
  9. Crinkle

    Crinkle Активен член

    Се зачлени на:
    3 април 2012
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    8
    Од една страна, потполно се слагам со тебе, бидејќи ти ги опиша највисоките вредности во животот. Нормално, не можеш да бидеш заљубен во некого цел живот, почитта и согласноста што се јавуваат со текот на времето се најбитни од се.
    За мене сексот ја нема таа привилегија на најголемо добро според кое се оценуваат одредени работи во животот, односно според кој се одредува јачината на една врска. Повторувам, се' од горенаведеното е побитно од сексот. Менталното е поголемо од физичкото и тако даље.
    Но, што кога си искрен со него и себеси? Признавам, сеуште не сум спремна да се врзам. Да бев зрела можеби тој ќе беше човекот со кого ќе сакав да го поминам остатокот на животот. Сега за сега не е. Сега сакам да бидам среќна, а за понатака? Не знам што ќе ми донесе животот!

    Му „раскинав“ пред два дена. Му беше кажано се' што ми лежеше на срце. Премногу лошо го поднесе тоа и ме уверуваше дека ќе ми ги промени чувствата. А јас не можам да бидам среќна кога некој друг е несреќен поради моја вина.
     
  10. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    573
    Мислам дека подобро е да му раскинеш бидејќи ова не е љубов и не води никаде. Неможеш да ја одржуваш врската врз основа на тоа дека се плашиш дали ќе најдеш подобар. Сега можеби така гледаш на работите ама ајде размисли каде води сето тоа? Седум месеци си одела а не го сакаш ама ете си издржала, што ќе биде после година, две? Кога тогаш е пукне, а јас мислам подобро е тоа да биде порано за да не се измачувате и двајцата.
     
  11. vendi21

    vendi21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Jas vikam deka nemozes da sakas nekoj ako prvin ne si vljubena vo nego zasto vljubuvanjeto ide prvo a posle sakanje taka da tie raboti nemozat da se mesaat spored mene. Da sum na tvoe mesto ja bi prestanala da idam so toj decko zasto ne e fer, on te saka a ti na drug mislis i da go cuvas za sebe zasto mislis deka ne bi nasla nekoj drug toa e mng sebicno. Duri i da e najperfektnoto momce takvo kako so si go zamisluvas koa ima nesto sto te pravi da mislis na drugi togas toa ne e toa...i ne samo nego so go ''macis'' i samata sebe si :worried:
    Sam ke si dojde praviot koa najmalku ocekuvas... :D
    [mod-kirilica:29v8ke1g][/mod-kirilica:29v8ke1g]
     
  12. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    4.316
    Допаѓања:
    150.655
    Овде станува збор-колку што можев да разберам-кој да се одбере,првиот или вториот.
    Јас„ гласам“за вториот.
    Зошто?
    Па ако со првиот било се ок,тогаш воопшто ќе немало потреба да се подсетувате и да го барате вториот?

    Логично нели?
     
  13. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.002
    Допаѓања:
    81.576
    Пол:
    Женски

    Кхм да видиме...многу е тешко да се раскине.Мажите се ужасно суетни и алергични на одбивање,зашто мислат на нив тоа не може да им се случи.Така да

    Ако си премногу фина-мислат дека имаат шанси
    Ако си дрска-знаеш што мислат :tmi:
    Ако не си јасна и конкретна-повторно ќе те бара дури не му станеш јасна што сакаш

    Искрено не знам ни сама како е најдобро :?:
    ама сепак по системот до тебе е ,не е до него...

    Едит:ти веќе си раскинала упссссссс
     
  14. princess92

    princess92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2009
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    61
    Пол:
    Женски
    Imam decko dolgo vreme .. sega bevme skarani 1 mesec i vo toj eden mesec jas se izmuvav so drugo masko.. Potoa pak se smiriv so deckoto no sega problemot e sto mnogu cesto mislam na maskoto sto se muvav... mnogu mi bese ubavo so nego .. i sega koga ke go sretnam se custvuvam cudno :( gi custvuvam tie "peperutki vo stomakot" :D so deckomi mi e ubavo mil mi e dobar e ama ne sum vljubena :worried:
    [mod-kirilica:3ausyhkf][/mod-kirilica:3ausyhkf]
     
  15. Sharlot-1

    Sharlot-1 Активен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    1
    80% го имам доживеано или можеби сеуште ми се случува, не знам...Но, мислам дека се работи за нешто што тебе ти недостига , а не го добиваш од дечко ти , пробај на некој начин , прво индиректно кажи му што сакаш , со примери , или пак оди директно , кажи му што ти фали со него . Ако воопшто е нешто такво . А за бившите ... па ... не знам ни јас како да објаснам , кога веќе биле нешто во твојот живот значи имало нешто кое те привлекувало кон нив , но сега не се со тебе , можеби ги посакуваш бидејќи ги немаш . Ние жените сме многу комплицирани , можеби се работи за некој период кој ќе го надминеш и ќе сфатиш дека си и вљубена во дечко ти , размисли , немој да му раскинуваш заради тоа што ти не си сигурна во себе , можеш малку да се дистанцираш , но немој да му раскинуваш бидејќи можеби еден ден ќе се покаеш и тој ќе биде тој кој ќе го посакуваш , но внимавај , немој да му го скршиш срцето па потоа пак да го лепиш , тоа мислам дека ќе биде тешко ... Затоа размисли , земи си некое време и ќе сфатиш сама .

    А дали со дечкото се е во ред ? И која беше причината за вашето раскинување?
     
  16. princess92

    princess92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2009
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    61
    Пол:
    Женски
    Сега во моментов е се во ред ама како што пишува во коментарите погоре иако мие се убаво со него сега штом мислам на друг не е тоа тоа. И плус врската ни е веќе монотона... А причината за раскинувањето беше тоа што тој ме навреди апред другарите а јас му удрив шамар.. пред другарите е друга личност а со мене е друг.. тоа ме мачи во нашата врска.. а за разлика од него овој другиот е многу внимателен со мене и постојано ми се вртка во мисливеее ..
     
  17. emily90

    emily90 Активен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2012
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    8
    Имам ист ваков случај сега сме во врска со дечко ми година дена а бившиот кој ми е прва љубов неможам да го оттргам од мисливе многу го сакам ама и дечко ми го сакам тешко ми е кога ке го видам,инаку бившиот има девојка исто јас кога се фатив со дечко ми и тој со неа така да се помирив со тек на време и сии седам со овој дечко зашто стварно мн ме сака а другиот само ме повредуваше... ама знам дека само ако се видиме негде на само одма ке почнат искри и ке заборавиме на другите зашто имаме чуства еден за друг и никогаш нема да исчезнат зашто и јас му бев прва љубов....тешко е се заборава....
     
  18. Mrs.Gray

    Mrs.Gray Активен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    4
    Од мое лично искуство сакам да ви кажам 10 пати да размислите пред да направите некоја глупост за која покасно може мн. да се каете.. Во мојот случај не се рботеше за трет човек во врска туку проблемот беше во мојот мозок и тоа одпосле го сфатив.Тогаш идев со дечко ми 3 години и одеднаш почна да ми станува као досадно,мислев дека не го сакам..сакав повеке време да поминувам сама или со другарки одколку со него се мучев со мисли скоро еден месец дали треба да раскинам па што правам во врска толку време, млада сум, ова ми фали кај него тоа ми фали и бла бла бла... РАСКИНАВ. На почетокот првата недела кога буквално ми вртеше на 2 минути не сакав да го слушам после сето тоа престана го немаше никаде наредните две недели и тогаш сватив колку ми значи и која глупост ја направив паднав во ненормална депресија го оставив факултетот не излегував никаде а нели као демек тоа го сакав накратко речено збудалев. Никој во животот не ми фалел толку многу.Сега јас бев таа што почна да врти на две минути или кога ќе се разбудев од некој ружен сон и ке почнев да плачам му вртев и јас ја имав најголемата среќа на овој свет (што после толку одбивања од моја страна,кажување толку безчуствителни ствари кога он ме бараше) што ми се врати.. ден денес сум со него идеме 5 години и не сум била посреќна,дури и ден денес кога ке ми текне што направив ми иде да вриштам и уште осекам тежина. Сакам да кажам никој не е совршен и немојте да барате совршено, да знаеш вистински да сакаш е да знаеш како да го прифатиш саканиот човек со сите негови мани и доблести,постојат поинакви,подобри начини на решавање на проблемите во врската од избрзана и непромислена одлука за која можеме да се каеме цел живот.
     
    На Elena69221, macysh, Lori-30 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.852
    Допаѓања:
    737
    кога имаш некој а мислиш на друг тогаш дефинитивни ти си за е*ање :D :lol: :lol: :lol: :lol:
     
  20. ane1222

    ane1222 Активен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Значи вака. Имам дечко една год и два месеца сме заедно се е во ред тој ме сака ме почитува. ми ги исполнува сите желби и јас го сакам (барем така мислам :worried: ) ама... постои друг што секогаш ми е во главата :worried: живее блиску до мене и нооооогу е убав, згоден :) а особено кога ќе ми рече здраво и ќе ми се насмее :mm: Еве вчера пак го видов одев во чаршија и тој ме качи со колата ама за жал мајкаму беше со него |( од срам ништо неможев да му речам само го гледав засрамено :$ Не е во ред тоа што мислам на друг а имам дечко, незнам што да правам мислам дека нема девојка, постар е одмене 5-6 год мислам дека му се свиѓам ама знае дека имам дечко :( А со мојот дечко и не е баш така како порано не се чуствувам толку заљубена незнам како да објаснам :@ ако го оставам само заради некој со ми се свиѓа после може да ми биде криво :worried: ај помош плсс