Vo nikoj slucaj ne ja rasipuvajte stabilnata vrska vo koja vi e ubavo i si go sakate deckoto radi nekoj koj vi se motka po glava.vi kazuvam od iskustvo deka mn ke se kaete .pozz
^ ако сте толку неодлучни (а и јас бев до пред некое време ама ми помина сега), оставете ја ситуацијата така, let it be. Ќе чекате додека не ви дојде преку глава и не решите да ги земете конците во ваши раце. Прилично лош совет ама може брзо ќе ви помине мислењето на други дечки...
Ваквата ситуација ме полудува, ми се случило додека сум некој да мислам на тој што го сакам и се чустувам како да ја изневерувам таа личност, затоа преќинувам навреме, подобро ми е да сум сама.
Ако сте со вистинската личност нема никогаш да гледате други. Пред да го запознам маж ми, се најдов во ваква ситуација. Беше тешко да се одлучам, ама знаев штом ми бега умот далеку од дечко ми не е тоа-тоа. На крај не останав со ниеден од нив ама си отворив место за вистинска љубов. Потоа си го запознав маж ми и ете ти хепи енд
"Но, проблемот е што повеќе мислам на сите со кои сум имала нешто во минатото, на пример двајца „бивши“ и да сакам не можам да ги избегнам, бидејќи се од маало во кое практично израснав. " И јас имам делумна поврзаност со бивши од моето маало.. Имам 3 годишна врска и исто така не сум толку многу исполнета иако има љубов сеуште меѓу нас... И јас многу прилики имав за неверство и не ги сторив.. Значи не те советувам да раскинеш зошто истото и јас го направив.. Може тоа се само мали ситни потреби кои се јавуваат одвреме навреме.. Треба да разграничиш во делот дали го сакаш или не ... Да пробаш ако не друго ... Да размислиш како и што ќе правиш без него па потоа да преминеш на следниот чекор.. бар јас така правам.. зошто лесно е да се раскине... види дали се гледаш со или без него .. Искрено јас имам прекрасна врска ама не верувам дека ќе останам со него уште многу многу долго време.. поздрав
Како тоа ем имаш прекрасна врска, ем не веруваш дека ќе останеш со него??? Па што чекаш тогаш??? Како може да знаеш дека немаш иднина со него, а не превземаш ништо??? Не е малку нелогично? Никогаш нема да ве сфатам...
ако мислиш дека нештото нема да успее подразмисли се дали вреди да му одземаш време и даваш лажна надеж