1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кога криете нешто од партнерот

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од smileyxD, 19 октомври 2012.

  1. smileyxD

    smileyxD Активен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    одам со едно дете веќе 2ипол месеци , и сеа ја ного го сакам и тој мене ме сака . Од дома ме знае мајка ми , за врската ... одкај него батко му само и татко му . Е сеа моите се разведени , а он уствари незнае . Не сме ни отвориле тема за тоа . И вчера се скараа моите и ја му кажав на него , као само се скараа ништо друго . И сега он ми вика , _________ (името на другар му ) ми рече дека и порано се имаат карано така ? И јас реков па да али не како овој пат. И сега ми е некако срам од него , поради моите родители :worried: :worried: :worried: , едвај го погледнувам ... а тој мислам дека знае дека кријам . Дали вие криете нешто од вашиот партнер ? Зошто , и дали сакате да му кажете ?
     
  2. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    не е страшно тоа што ти се разведени родителите воопшто од кај знаеш бог да чува може утре и неговите да се разведат сепак при наредната средба ако падне муабет на таа тема спомни му дека сакаш да му кажеш нешто верувај немаш потреба да се срамиш од него
     
  3. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.709
    Пол:
    Женски
    Нема што да ти биде срам, ти не си крива што твоите родители решиле дека не сакат да се повеќе заедно. :)
     
    На Pelikuna му/ѝ се допаѓа ова.
  4. smileyxD

    smileyxD Активен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Blagodaram za podrskata ... ke probam da mu spomnam :))
     
  5. I.love.your.lips

    I.love.your.lips Популарен член

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    746
    Допаѓања:
    970
    и јас се согласувам со ева секој човек си бира како ќе живее и јас мислам дека не треба да се срамиш можеш да му кажеш зошто сепак криењето не е добро зошто тоа може да има и свои последици
    Бидете искрени еден кон друг, тоа што треба да кажете кажете но сепак семејните тајни нека останат во тебе ако се ТАЈНИ.
    GOOD LUCK :*
     
  6. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    1.719
    Допаѓања:
    7.085
    Скокотлива тема е, посебно бидејќи сум била во твоја кожа и на тие години ти се чини дека ако зборовите излезат од твоја уста ќе се случи пропаст.
    Никогаш до сега ниту еден дечко, удварач или што и да е не изреагирал лошо кога сум му кажала дека моите се разведени. Верувај дури ќе ти даде подршка доколку ти е потребна да го пребродиш тоа.
    Прегризај усни и кажи му нареден пат.
    А ако случајно ти рече нешто, кажи му дека и бракот е како врска- се раскинува поради причини, проблеми кои не може да се надминат по никаков друг начин.

    На крај, тој е во врска со тебе, а не со твоите и треба да му е сеедно за твојата позадина.
     
  7. Dona-Ares

    Dona-Ares Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    216
    Пол:
    Женски
    Нема ништо поубаво од искреност уште на самиот почеток.Не кријам ништо од сопругот и не сум ни криела
    Ако ме сака ке ме сака онаква каква што сум со сите мои мани и врлини,така што не се трудете да криете,кога тогач ке се открие а потоа уште полошо кога ке се дознае вистината!
     
  8. Ognenija

    Ognenija Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2012
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    586
    2 години а сеуште немате зборувано на таа тема...
    Незгодно е да, ама времето е веќе сменето.
    Тоа е сосем нормална работа, барем денес.
    Не си ти крива за тоа што се случило меѓу твоите и нема причина да се срамиш од тоа.
    Така било најдобро и така одлучиле.
    И ти самата кажа, дечкоти знае дека криеш, и знае дека ти е незгодно па затоа најверјатно не те ни прашува нешто во врска со тоа, ама на тебе останува да му кажеш и да си бидете чисти еден пред друг.