1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кога најмалце очекуваш тогаш ќе се појави ...

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од biGirl, 18 февруари 2017.

  1. biGirl

    biGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.118
    Допаѓања:
    2.917
    Пол:
    Женски
    Дали навистина мислите дека кога на пр.ќе си дадете време на себе се посветите на себеси на некој проект активност нешто кога мислите ќе ви бидат преокупирани со нешто друго освен љубов и врски дека баш тогаш дечкото ќе се појави.Читав статија дека колку повеќе ја бараме љубовта дека таа повеќе бега од нас бидејќи се познава очајот сме требале да дозволиме љубовта да не најде нас да чиламе и да ја чекаме хахаха Но како би го направиле тоа кога имаме притисок од пријатели,родители,роднини.Џабе ја цел месец година ќе мислам на пр.работен проект кога на кафе другарка ми ќе ми раскажува колку прекрасен дечко има и како после да не мислиш на тоа? Ете ме интересира дали има некој таков на кој љубовта му чукнала на врата кога најмалце очекувал/а. :)

    П.С.ако има ваква тема нека иде во корпа
     
    На Anushka555, Wahnsinn, Victorian и 4 други им се допаѓа ова.
  2. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Мене.
    Случајно. Не должам, но вистина е тоа што го кажа "ако ја бараш љубовта, ќе бега од тебе."
     
    На hermosa, eloves, ♡BuBaLe♡ и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Afroditaaa

    Afroditaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2017
    Пораки:
    470
    Допаѓања:
    963
    Пол:
    Женски
    Мене не . Јас како сама да си ја кроам судбината , ако сакам љубов ке ја најдам , ако сакам мир тоа го добивам , мислам све е до нас самите.
     
    На hermosa, Victorian, minne992 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. biGirl

    biGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.118
    Допаѓања:
    2.917
    Пол:
    Женски
    Spodeli malce poopshirno me interesiraat vakvi iskustva :)
     
    На eliesaab и ♡BuBaLe♡ им се допаѓа ова.
  5. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Тоа си го чувам за себе. :)
    Нека сподели некој друг.
     
  6. biGirl

    biGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.118
    Допаѓања:
    2.917
    Пол:
    Женски
    Useful :)(y)
     
  7. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.584
    Допаѓања:
    80.671
    Пол:
    Женски
    До некаде да, затоа што кога премногу се форсираат нештата, секогаш завршуваат неславно. Избрзаните одлуки и брзањето никогаш не ми донеле нешто продуктивно, барем мене. :)
    Не дека се познава очајот и чури на километар од тебе дури бараш љубов, туку најчесто правиме погрешни (избрзани) и непромислени одлуки мислејќи дека кога ќе најдеме материјал за врска ќе бидеме среќни.
    Риалити чек е дека ретко кога испаднало така.
    Навистина имам впечаток дека луѓето премногу ги избрзуваат нештата и не си даваат време себе си за да размислат и да ја согледаат ситуацијата со малку поладна глава. Не е „целта“ само да се најде некој колку да се влезе во врска, има многу побитни нешта и понекогаш е подобро да бидеш сам отколку во такви безвезални врски.

    Никогаш не ме засегале коментари од роднини и други поединци кои буквално замарале со прашањата „кога дечко/диплома/свадба...“, а фала Богу родителите никогаш не си дозволиле да ми се мешаат во штипки и да ми укажуваат кога да фаќам дечковци затоа што сите другарки имале дечко.
    Moите љубови настанале баш случајно, непланирано и тогаш кога најмалку сум очекувала. Еве на пример, дечко ми го запознав сосема случајно во период кога навистина немав никого на мета и не ни очекував дека ќе ми се случи врска; ми беше убаво без дечко и не се оптеретував многу со таа проблематика. Дури не ми падна ни на крај памет дека некогаш можеби ние двајца би биле заедно, иако пројавив симпатии кон него уште кога се запознавме. :)
    Поучена од некои претходни киксови, не се преоптеретував со глупости, немав којзнае какви очекувања за да не ми биде тешко во случај да не испадне ништо, па еве на крај испадна како бест рилејшншип евр.

    На сила убавина не бидува и пак ќе кажам - порадо би била сингл, отколку да бидам во врска со било кој, само колку да не бидам со статус „сингл“.
     
    На SV1911, Wahnsinn, Tanjamm и 18 други им се допаѓа ова.
  8. biGirl

    biGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.118
    Допаѓања:
    2.917
    Пол:
    Женски
    Bladodaram na dadenoto mislenje mnogu ubavo kazano :)
     
    На eliesaab, ♣ Alba Viduam ♣ и Mishela им се допаѓа ова.
  9. SofiMar_

    SofiMar_ Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 октомври 2016
    Пораки:
    2.434
    Допаѓања:
    65.478
    Пол:
    Женски
    Мислам дека до некаде е вистина дека баш кога не очекуваш, тогаш ќе се појави некој. :) Фокусирај се на тебе, прави работи што те прават среќна, гради се како личност, со тоа големи се шансите несвесно да привлечеш баш таков каков што сакаш. Немој да си правиш споредби со другарките што велиш дека имаат "прекрасни" дечковци, сигурно имаш и примери со не толку "прекрасни" дечковци кои гледајќи ѓи, ќе бидеш среќна што си без дечко. Не е само да имаш, туку каков ќе имаш. :) Не слушај баби, дедовци, роднини, нека не те брзаат. Ти си таа што ќе биде во врска со него, и што ќе гради семејство hopefully, не тие. :)
     
    На biGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  10. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.546
    Допаѓања:
    6.312
    Па да, можам во голем дел да се согласам со кажаното. И не само во однос на љубов, туку и на пријателство, на работното место/факултет, што и да е. Мислам дека колку повеќе го форсираш нештото, толку се помали шансите да го оствариш тоа што го сакаш. За пријателство можам да го потврдам ова, зошто дали кога од мојата или од другата страна бил форсиран одреден однос да успее, најчесто не само што не успеал, туку и се случил многу лош прекин на тоа пријателство.

    Ми се случило и за љубов истото, имав една "врска" која буквално беше исфорсирана од сите страни, од мои и негови пријатели, што дури и ние се преоптоваривме со размислување и обиди да бидеме заедно. По се тоа, завршивме заедно, но на крај сепак се разделивме зошто убаво рекле - со сила убавина не бидува.

    Но, затоа имало случаеви каде воопшто не сум размислувала да влезам во врска, не сум била заинтересирана за никој, и преку ноќ некој ми пришол, или некој наеднаш ми се допаднал и работите се одвивале по својот тек. Како и да е, и тие спонтани врски за брзо време завршуваа, зошто сепак не биле оние вистинските за мене. :) После нив, следеше некој период на огорченост и заморување на самата себе со трагање на партнер во буквално секој втор што ќе го видев, сакав со него да остварам некоја подлабока врска, што секако не ми успеваше.

    Моментално, знам дека воопшто не ми е потребен никој за да бидам среќна, едноставно во некој таков период сум, мислам дека и да наиде некој јас сама ќе го избркам. :D Повеќе не сакам да "бркам" ништо и никого во животот, што е мое - ќе си дојде. Е сега, кога ќе дојде нормално дека треба да се потрудиме и да остане, ама не и со сила да го тераме да доаѓа. :)
     
    На eliesaab и biGirl им се допаѓа ова.
  11. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.169
    Допаѓања:
    105.778
    Пол:
    Женски
    Интересна тема
    Во основа,евеако станувазбор заљубов на пример, човек кој е осамен, без партнер, без љубов,колку и да не е активен во потрагата по истата и во моментот е преокупиран со студии,работа и слично, во основа во себе реално тој е постојано подготвен и го посакува нели она што му фали,само успева умешно да не го изразува толку истото па дури и пред себе.
    @Ginger^ чинам твое беше во позитив вајбс, " кога ученикот е подготвен,учителот ќе се појави", мислам дека од таа мисла попаметна и повистинска нема, тоа е чист факт и вистина.
    Свесно или несвесно,ние постојано се подготвуваме за нешто во животот, па некогаш многу необично и изненадно е пристигнувањето на истото па сме со ваков став.
    Она што го бараме тоа ќе не снајде. :)
     
    На Ginger^, Ketchup, glosipgirl и 2 други им се допаѓа ова.
  12. biGirl

    biGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.118
    Допаѓања:
    2.917
    Пол:
    Женски
    Mn ubavo doloveno devojki :D Blagodaram
     
    На hermosa и ♡BuBaLe♡ им се допаѓа ова.
  13. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.832
    Пол:
    Женски

    Јас мислам дека нема врска. Ти само мислите си ги насочуваш на работа, работиш постојано и немаш време да мислиш на љубов. Бидејќи работиш со луѓе голема е веројатноста да се запознаеш со некој преку работата.
    Додека работиш неосетно минува времето, месеците како една недела, една година како една недела, еден ден како еден час. Колку повеќе ти е исполнето времето помалку мислиш.
    Лани во Јануари после три години ме побара еден бивши за на кафе, сосема неочекувано. Има личности што постојано ќе се враќаат во твојот живот, особено ако имате нерасчистено минато или ако сте излегле неколку пати.
    Немој да се оптоваруваш со негативни мисли. Нормално е да се мисли на љубов, зошто на крајот на денот љубовта е најважна и пред се и сите мислат на неа. :)
     
  14. biGirl

    biGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.118
    Допаѓања:
    2.917
    Пол:
    Женски
    A jas ne otvaram vrata na minatoto :D barem ne poveke :D
     
    На Dust му/ѝ се допаѓа ова.
  15. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.832
    Пол:
    Женски
    Не ни треба, а луѓе има колку сакаш и од сите тие ќе се појави еден, не можеш да знаеш кога но ќе се појави :)
     
    На biGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  16. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.389
    Пол:
    Женски
    Може до некаде има вистина ама сепак треба самиот човек да си ја превземе контролата во свои раце, а не може само да седиш и да чекаш да се случи невозможното.

    Можеби во некои тешки моменти кога креваш раце од се и оп тогаш да си дојде се како што треба... Ама ретко е тоа... Сами си го правиме каков ќе ни биде животот.
     
    На prilep4anec, Ketchup, Askopje и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.584
    Допаѓања:
    80.671
    Пол:
    Женски
    Тоа секако и малтене секогаш, ама во љубовта не е баш така едноставно како на пример - од денес решавам да си најдам некој спрема мене и од денес ќе се заљубам, па почнуваш го бараш човекот со фенер ко Диоген. :)

    Јас никогаш не сум кренала раце од љубов, ниту пак некогаш верувам дека ќе го сторам тоа. Само понекогаш човек треба да олади и да не форсира, затоа што усилените работи никогаш не завршиле славно.
     
    На ku4ence, Dust, JollyGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.389
    Пол:
    Женски
    @Mishela кога пишав да си ја земе контролата во свои раце, мислев ако веќе му дошло нож до коска на човек за да си ја бара другата половина, тогаш едноставно ќе почне да превземе нешто т. е. ќе почне повеќе да контактира со поголем круг на луѓе... па шеткање/кафичи/паркови/библиотеки/курсеви... А дефинитивно не може само да седи и да се надева дека белиот коњ ќе дојде пред врата со принцот/принцезата.

    Нормално тоа не се форсира... Ако не оди, не оди... Не може да се ака некој од ѕид 8-|

    И јас сум повеќе за спонтано и само по себе да си дојде работата... Ама сепак мислам ние сме тие што си гго правиме животот, а не судбината.
    Затоа луѓево одат по гатачки ... Ми рече гатачката дека во иднина ќе бидам во брак со висок, црн и згоден господин, па ќе си седам јас и ќе си го чекам на врата да ми се појави :wasntme:
     
    На biGirl, Ники., Askopje и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.580
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека нема врска, бидејќи постојат најразлични случаи. Некој ја нашол љубовта баш тогаш кога ја барал, друг кога воопшто не ни сакал да се заљуби, кога едноставно и свртел грб на љубовта, а трет тогаш кога веќе му било сосема сеедно, кога, како што ти имаш во воведот напишано, само си се посветил на други нешта во животот. Ако е вистинска, не е важно на кој начин дошла. Иако, јас сметам дека љубовта треба да не најде нас а не ние неа. Кога е случајно, неочекувано, тогаш да се случи. :)
    Не дека е навистина случајно... случајности не постојат, некои нешта биднуваат затоа што треба да биднат :)
     
    На biGirl, Sashko1992 и Prijatelot им се допаѓа ова.
  20. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.400
    Допаѓања:
    5.849
    Кога не сум очекувала тогаш ми ,,паднал,, од небо.
    Но нели, најдобрите работи се случуваат кога најмалку се надеваме.
    Така да сакаш,бараш нема ништо од тоа. Бар мене ми се случило. Кога очекувам и на крај се разочарувам вака најдобро. Но што било било и дали и како завршило друга приказна. :) За љубов мислам, инаку работа,факултет тоа сама бирам што ќе учам и за работа.

    Верувам во ова,јас.
     
    На biGirl и buba4e89 им се допаѓа ова.