Кога не излегуваме заедно...

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од 5star, 25 мај 2011.

  1. 5star

    5star Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    24
    Здраво! Нова сум на форумов и многу ми се допаѓа. Па ме интересира ваше мислење, како се однесувате и што чувствувате кога не излегувате заедно со вашиот дечко. Јас сум во врска веќе 3 години и некој да ми кажеше претходно дека вака ќе се однесувам, немаше шанса да му поверувам. Со дечко ми се сакаме, немаме никакви проблеми, му верувам, го сакам и тоа е обострно. Но, кога ќе дојде моментот да излезе сам со другарите(мора да признаам тоа не се случува често), јас збеснувам. И да не му признаам, тој мн добро ме знае и веднаш приметува. Одма се муртам, и станувам неподнослива, јас не можам да се поднесам, а не па он :@ Стварно не знам што да правам, знам дека не сум во право и дека до мене е (барам преку лебот погача, што би се рекло) . Можеби е тоа затоа што знам премногу за него. Верувам дека ме сака, ама...
    Ако на некој му се случува истово, или слично пишете. Поздрав!!!
     
  2. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Види сега, ако ретко се случува тоа, нормално е да не ти е сеедно. Зошто ти си навикната да си со него. Ми се има и мене случувано. Ама не дозволував тој да примети. Не ми беше сеедно но молчев. Ќе излезев и јас, ќе си викнев другарка кај мене. Ќе прошетав по роднини. Се само да не мислам на тоа. И толку ми трае таа вечер и утредента кога ќе го видам заборавам на се.
     
  3. Lina89

    Lina89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    36
    иста сум и јас, знам дека ме сака и јас го сакам, ретко излегува со другари без мене можеби во 2 месеци еднаш ќе излезе без мене и јас веднаш збеснувам. се правам да не ме забележи но доволно ме познава за да свати дека не е се во ред. сум помислувала на тоа тој кога ке отиде со другари јас за да не мислам на тоа да идам кај некоја другарка но и тие имаат дечковци и баш тогаш се излезени, а јас си останувам сама дома и уште повеќе збеснувам. и јас чекам некој совет од вас поздрав
     
  4. cindy

    cindy Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    166
    хаха ајде и јас да се приклучам во друштвото. и јас сум љубоморна кога тој излегува со другарите но со причина од минатото и сега мислам дека пак ќе се повтори тоа и збеснувам. а не е за тоа дека не му верувам дека мислам дека ќе направи нешто дека ќе појде за друга, верувајте ми многу пати имам размислувано и му имам и него кажано и да појди јас нема ништо да загубам освен врската и ќе ми биде тешко затоа што го сакам премногу, тој ќе загуби повеќе. никогаш нема да најде како мене (не се преценувам) туку нема да најде некоја што ќе го сака толку и што ќе го свати и разбери.
     
  5. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.553
    Јас сум целосна спротивност. Таква врска искрено би ме гушела. Сами излегуваме најмалку еднаш во неделата. Тој си оди на пијанки со другарите, јас со другарките, а ако остане случајно некој дома таа вечер, другиот обавезно му се јавува да го ребра дека шмека пи*иња/ку*иња.

    Како може толку сериозно да си ги сфаќате врските, па излегува во град, не е дека отишол во Лас Вегас да се коцка и купува курви.
     
    На mims-89, Phyramide и teddybear им се допаѓа ова.
  6. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.599
    Да не се сфатиме погрешно, ама јас понекогаш со душа го чекам денот кога излегува секој сам или он со друштво. :lol:
    2-3 дена последователно гледање и веќе вријам, ми треба мојата слободичка за да го остварам my ssb - my secret single behavior (Sex&City quote).

    Кога не излегуваме заедно или сум со другарките, си одам на гости кај некои одамна непосетени роднини што си ги сакам, си листам списанија, испробувам нови шминки, или си правам купка во бањата, абре мераци.
    Маски, пилинзи, уз чаша добро вино се опуштам максимално, или си го приклучувам микрофонот и пеам. :D
    Добро филмче или интересна книга, варијации мал милион, си испробувам нови рецепти, си трачарам по телефон со саати, вртам шољи кафе и си гледам :lol:

    Мислам, стварно нема потреба од драматизирање каде е, па да му вртам на телефон секоја секунда и да му праќам бесни, иритирачки смс пораки.

    Го оставам онака баш раат, чао, убаво да си поминеш и не го барам, ама воопшто.
    Си го опуштам мозокот, апсолутно не ми е гајле кај е, па дури и да е на стриптиз (јес да во метрополава го немаме, ама па и да е, биг дил). Ќе си идам и ја на стриптизер следен пат со другарки (што btw - е многу полесно да се најми ;) ).

    И ете така, среќни и задоволни, во такви вечери, секогаш, ама СЕКОГАШ ми се јавува кога си доаѓа дома или ми праќа пораче за добра ноќ, зашто не сум го малтратирала ко манијак, ниту сум се киселела кога ми рекол дека ќе излегува.

    Опуштете се, насмејте се кога кажува дека ќе оди со друштвото и посакајте му убав провод.
    А вие потрудете се да си поминете едно 3 пати поубаво и не глумете параноични манијаци.
    ;)
     
    На cvetce93, babybelle, srcuskata55 и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.894
    Допаѓања:
    152.865
    Ги праам истите работи како кога е на работа или кога е дома! :D
    У превод ништо не ми се менува и никако не реагирам.
    Кога излегувам јас,такоџе!
    Кога сме и двајцата излезени на две различни страни,такоџе.Се слушаме кога ќе се прибереме,чисто ради грижа дали сме ок и безбедно стигнати дома.

    Не разбирам како ви го менува менталиот склоп инстантно моментот дека тој е излезен со другарите!
     
  8. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Чекај да видам дали сфатив ....
    Се ви е ок АМА тебе ти смета што тој има и живот освен тебе ? |(
    Без доверба стави пепел што вика татко ми :lol:
    Не можеш да си дозволиш вака да си размислуваш и оптеретуваш психа .... Ако сака да те извара ќе те извара веројатно тоа ти е јасно ;) со ова само се измачуваш .....
    Привикни се ти нема друго чаре .
     
    На verica94 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.097
    Пол:
    Женски
    Ако ти е се во ред со него нема потреба да се однесуваш така...не биди себична така само го гушиш... ако де, нека излезе сам-тоа е освежување пред се за врската...не треба вие 24/7 да бидете заедно...дури можете (дури не сте во брак) имајте ете така по една вечер од месецот резервирана за друштвото и провод со нив ( но со памет во глава :) ) Јас секогаш викам и тоа до негде е мое мото: еден ден знам дека мажот (кога ќе го имам) ќе ме изневерува или па лаже ама нека ми ги "замачкува" очите :) јас кога знам декае се во ред и дека тој ме сака и прави да ми е убаво со него не гледам причина зошто да се вознемирувам за глупости...секој има право на избор...ако не сакаше немаше да е со тебе ќе беше со некоја друга, амам он е со тебе и од тебе бара малце простор и ти го дава истото, а тоа немора да значи дека ти трба да бидеш себична и да го луваш само за себе ...тоа за мене би било совршена врска... поздрав :*
     
    На verica94 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.097
    Пол:
    Женски
    Истата ситуација ја доживеав вечерва! :@
    Го прашав дали планира да се видиме он рече ќе гледал фудбал со другарите.
    Доброооо... после фудбалот ми се јавува и ми вика "јас ќе излегувам со другарите"!!!! Од контакт ме извади... Се чувствувам изиграно и лошо. Мислам дека не му е гајле за мене...
    Му се јавив и го прашав дали е во ред ова што го направи вечерва и он вика не е во ред ама мене не ми се излегуваше, да ми се излегуваше ќе ти речев тебе да се спремеш и да излеземе, ама спонтано испадна така се договоривме и ќе излезиме на една пијачка... (машки стандарден одговор)...
    И ај сега кажете ми вие, што јас треба да правам, како да се понашам спрема него? :(
    Ме повреди многу ... :devil:
     
  11. claudi00

    claudi00 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    137
    Пол:
    Женски
    искрено да ти кажам нема зошто да се нервираш секогаш истиот одговор секогаш истото оправдување се кај нив што се случува е така неочекувано.. те молам не се нервирај само имам многу поминато низ тоа и дека се нервирав ништо не постигнав но обиди се и ти истото да му го вратиш некогаш и ако те праша ке кажис истото што и тој то го кажа и после само запрашај го како се чуствува за да свати тебе како ти било во тие ситуации мислам дека чќе е доволно ако те сака и да свати се ;)
     
    На agirl17 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.097
    Пол:
    Женски
    Најголемиот проблем што секако се чувствувам, само НЕ сакано ;( немам никаков коментар и немам сила да ставам крај на се...го сакам. ;( незнам како да постапам...

    сепак фала ти :* :*
     
  13. ambasadorka

    ambasadorka Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2011
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    5
    Истото ми се случува и мене не дека немам доверба ама ете се чуствувам тогаш многу лошо а знам дека не треба така. Кога тој излегува сум со другари тогаш настануваат сите наши караници во врската и тиа траат околу две недели. Знам дека тоа не е добро за мене лично како и за врската. Многу пати сум се обидела да не се понашам така, но неможам :(
     
  14. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.097
    Пол:
    Женски
    Оф леле...пусти маки наши... најгадно се осеќам и најстрашно од се осеќам како да сме при крај со врската ;(
     
  15. claudi00

    claudi00 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    137
    Пол:
    Женски
    а колку време си заедно со него?? искрено ако не ти покажува љубов ако не те сака и не те почитува стави крај пред што и да стане друго верувај имам многу проживеано и ако си на почеток стави крај пред да ти стане потешкоо... затоа што после можи ке е касно за се... ти посакувам успех и среќа .. и те замолувам да не си тажна... знам дека е лесно да се каже сето ова но тешко да се напрви но обидисе да си кажеш се што ти лежи на срцето па колку и да е болноо... :* :* :* :* :* :* :*
     
    На Lepaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.097
    Пол:
    Женски
    2 години сме заедно ... и секогаш кога нешто му е позабавно до мене се осеќам запоставено од негова страна...незнам како да постапам...незнам ;(
     
    На ambasadorka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. claudi00

    claudi00 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    137
    Пол:
    Женски
    ох леле па не е краток период да ти кажам искрено.. но ќе те советувам да седниш со него и да разговараш сериозно да му кажис како се чуствуваш.. дека се чуствуваш запоставено и се останато да бидиш искрена .. и да го замолиш и тој да биди искрен и да разговараш дали планира сериозно да биди со тебе .. а не после да си ја акаш главата... разговарај отворено еднаш.. верувај ќе успејс ако си кажуваш што се ти недостасува... :* :inlove:
     
    На Lepaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.097
    Пол:
    Женски
    страшна работа...Не бил виден со другарите а цели три дена е само со нив...а бе кој идиот испадна ама ај... колку ја простувам, ни самата не сум свесна... :@
     
    На verica94 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    никогаш не се лутам кога ќе ми рече: -Сонце, вечер ќе излезам со другарине. или нешто слично.... обично и кога е со нив ме поканува па понекогаш се случува да излезам...ноо мислам дека го правам ова бидејќи и он никогаш не ми се налутил кога ќе му речам дека ке излагам со другарки и слично...
     
  20. claudi00

    claudi00 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    137
    Пол:
    Женски


    секогаш е така секогаш ние наивните патиме и се нервираме никој друг верувајј... ама обидисе да бидеш малку посторга :) ;)