Никогаш нема да одам и да проверувам каде е и со кого е ако треба ке цркнам што се вика ама нема да го изненадувам така...можеби од страв д ане начекам нечто или премногу гордост насобрав! Хммм во право си колку сум повесела толку повеке менозе да ме чита
Нешто слично е и мојов проблем. Кога почнавме да одиме на почетокот, јас излагав со мое друштво он со негово, и му паѓаше криво, не му беше сеедно. Се бунеше и незнам како ама се отргнав од друштвото и почнав само со неговото друштво да излегувам. По некое време престанавме да излегуваме навечер со друштво воопшто, а причината беше што ни стана досадно самото излегување. Е сега дознав дека дечково пред речиси година отишол во друг град ( преку ден ) додека сме оделе и не ми кажал ништо за тоа. Се изнервирав му изнакажав сешто и му раскинав. Не ми е што отишол туку што ми крие. Треба да се видиме и да разговараме, незнам што да правам и дали воопшто да продолжам, секако дека го сакам ама ако ова ми го сокрие сега утре што ке биде? Имав доверба во него ама ова што се случи ја разниша.
Па тогаш и никогаш нема да знаеш што направил. Всушност и не е многу убаво да го направиш тоа, но ако сакаш да ти е мирна душичката... И да продолжиш со него мислам дека нема да е истото што било и порано. Кога некој ќе те излаже нешто, па и да е најситната работа, ја губиш довербата, а без доверба врската никако не успева. Секако ќе го прашаш зошто го направил тоа, зошто едноставно не ти кажал и сега немаше да ги имате овие проблеми. Не знам што да ти кажам.. Прво треба да ја слушнеш причината зошто те излажал, а потоа да размислуваш што да правиш. Сепак не е мала лага,а не е ни сигурно дека ќе ти ја каже вистинската причина.
Совет до macole..А зошто не си се спремиш и воопшто не му се јавуј чекај тој да ти се јави и даму кажиш само дека и ти излегуваш.не му кажувај ни каде ни што,дека ке се договорите по пат...па нека се дума тој.Сигурно ти има кажано каде ќе биди роденденот па ти "Случајно " појави се таму.Зошто да ти страв од тоа што ќе го видиш.Така ќе биди сигурна дали те лажи.Не можеш да живееш цел живот во сомневање,викаш ќе те земит за жена.Можеш така да продолжиш да живееш?
Леле луѓееее беља ме снајде... сега го викнаа на дечко ми другарите да излезат, им рекол ќе поминам само, му реков оди седи, не ќе одиме заедно и ќе си одиме после од тука. Абе му викам влези ако не јас ќе те почекам не влегувам нема смисла со сите машки, ми се испоналути јас не сум сакала да одам со нив!!! Абе му викам да имаше и други женски ќе дојдев ама вака оди видисе па ќе бркаме работа, не ти зборам од инет, не и не се налути и готово!! И ај сега, што да правам??? Добро реков ќе дојдам(ништо не ми одговори) ама како да одам па стварно е срамота ќе речат оваа не го остава да мрдне ни 5мин!!!
Па тој сака да одиш не ти. Тој се лути ако не одиш, не ти. Нема зошто да ствараш без врска проблеми. Иди поседи малку колку да му направиш ќеиф и после остави го со другарите.
Абе тие го викнаа само машки да излезат,после да го зборуваат еве ова да не не дојде случајно и слично? Папучар ваков таков....ем му правиш убаво за него ем не прифаќа... Да му речев не оди ќе се налутеше, му викам оди пак се лути, овие машкиве се чудо на природата...
^Е ако де, оди кога те вика. Може си има причина. И жените се чудни, кога те вика, зошто ме вика, кога не те вика, не ме вика има нешто тука, којзнае зошто. И мене така ми се случи. Излезе он, јас не сакав да му досаѓам, па не му вртев, да не му зборат еј одма те контролира. Па кога дојде дома, ми рече дека требало да му се јавам, на сите им се јавиле, само јас не, па испаднало како едвај да сум чекала да се отарасам од него. Тоа е.
По ова што го кажуваш, исто му се фаќа дали ќе отидеш или не, во секој случај ќе го зборат. Затоа, за да не си правиш џабе проблеми, оди, направи му го ќефот, па после договарајте се што ќе правите, заедно или одвоено. Муабети секогаш имало, и ќе има, ако гледаш на сите да им погодиш.... Битно тебе да ти е добро и да немаш кавги за вакви глупави ситници.
Абе чудна работа, да не можиш крајот да им го најдиш....ем им угодуваш и пак не си убав!! :'( абе само строго, ич не попуштам сега сила некоја ми дојде
Кога не излегуваме заедно... он си брка работа, јас си бркам работа, што има да се слушаме на секој 5 мин кај си шо си, со кој си, шо пиеш, ај хукни... Фала богу дека и двајцата имаме животи и дека и двајцата си имаме друштва, тој секој ден оди на кафе со другарите, не ќе им дремам јас секој ден со нив да ги слушам за фудбал шо зборат, и тој не би сакал да седи со мојте другарки да го замараме со шминки и штикли. Си имаме целосна слобода и не се расправаме за искачања Олабавате и се ќе биде ок
Па и ние со дечко ми не излегуваме секогаш заедно. И јас и тој си имаме посебно друштво, а и јас и тој знаеме да си го организираме добро времето, да не ја запоставиме ни врската, ни другарите/другарките. Најмногу се нервирам кога ќе видам некој што заборава на пријателите заради партнерот. Најдобро ќе биде да си разговарате, да се договорите кога ќе излегувате... Мора да најдете заеднички јазик, ако се сака се се може. Нормално, секој од вас си има свој живот и слобода, не треба да сте врзани еден за друг за да имате успешна врска.
Многу ретко излегуваме со друштво заедно, тој тера свој пат, јас свој.. Нема потреба да се јавуваме на секој пола саат за да се слушнеме, барем времето може да се испланира
до сега не се случило некое од момчињата со кој сум била да ме спречува или контролира со кого излегувам, каде одам, што правам во сегашнава врска јас сум таа е што е хипер активна-наваму натаму со активности, мегу луге, и кога е слободен(два пати неделно, понекогаш и еднаш) се гледаме, тој си излегува со другари, јас со другарки -понекогаш кога навистина не ми е денот или приметува дека сум нервозна или јас ке му кажам дека сум како на боцки(обично тогаш одам на медитација а тој не е по тоа, па не ми рекол не оди или забранил) а се случува понекогаш да ми пише кога сум излегла со другарки(убаво да си поминете, или поздрави ја од мене, еднаш или два пати) не се лутам, нема причина со договор и разбирање се се постигнува
си се навикнала да искачате заедно , сегде да идете заедно и веке чудно ти е кога не те вика.. но понекогаш машките сакаат да се само машко друштво . .да си праат муабети за коли компјутери фудбал и сл . мора да се сфати тоа..
Најнормално си се понашаме кога излегуваме одделно.. Он со свое друштво, јас со мое. А мислам дека и подобро е така, против тоа сум да секое искачање е заедно. Тој освен мене, има свој живот, јас исто така... Мислам дека таквите врски поубаво функционираат, а сепак тоа не влијае врз сакањето воопшто
Нормално дека излегуваме сами,тој со другари,јас со другарки, иако сме од различни градови сепак ни мене ми пречи тоа,ни него. Ао излези тој не значи дека ме изневерува или пак јас него.Имам огромна доверба еден во друг и ниту му се јавувам на секое да го прашам кај е со кој е дали има женски со него или пак тој мене. Некогаш ко ќе не излегувам или тој не излегва дури и јас му велам него или тој мене излези,смени малце,значи ако излегва не значи дека не ме сака. Тој пред мене си имал свое друштво,другари,свој живот, исто и јас и никогаш нема да го оттргнам од нив само поради мој бес и љубомора.
Inace i jas se custvuvam zapostaveno od negova strana, koga e so drugarite/kolegite se mu e ok togas se mu e taman niv nikogas nisto ne im otkazuva. A koga sme zaedno ispadnati nikogas ne sme si pominale tolku zabavno oti sekogas odime po picerii , kafici a koga odi on so kolegite odi po kafani i posle vo diskoteka oti demek taka se sklucuvale biznis dogovori inaceon mi kazuva deka mrazi guzvi i diskoteki ama od so mora odi.I koga e ispadnat ili koga e nekade na pat jas drema doma ili imam za ucenje ili taka si go gubam vremeto.Drugarkive me vikaat da ispagame ama koga ispagam so niv nekako se cuvstvuvam izgubeno oti sum naviknata celo vreme samo so deckoto da ispagam i so niv mi e duri cudno.I deckovo me sekava deka mi smeta toa on sto ispaga duri pocnuva da me zafrkava za zenski voa noa i jas uste poveke zbesnuvam.I neznam kako da napravam da trca on poveke po mene, da mu e poveke grziza kade sum sto pravam ??? Se izvinuvam za latinicava
Епа ке направиш така што ќе излагаш повеќе со другарките,и нема да му напинаш и да го бараш кога ќе бидиш излезена.е тек тогаш ќе видиш како ќе се сврти топката како ќе те бара он тебе.