Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кога не излегуваме заедно...

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од 5star, 25 мај 2011.

  1. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    тоа ми е вечерта за пиење :D се е нормално,не ги сваќам оние парови што си забрануваат да излегуваат пример он со другарите таа со другарките
     
  2. ell

    ell Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    625
    Ти си се изгубила себеси во врскава. Како може да не ти е убаво со другарките? Чудно ти е, затоа што си опседната со дечко ти. Не можам да сфатам вакви врски. А, најчесто девојките се одделуваат од секоја можна личност со која ја поминувала времето. Не се врти светот само околу дечко ти. КОлку побрзо сфатиш, толку подобро за тебе!
    Па недај боже да раскинеш некогаш со него. Сама ќе останеш. Изгубена во време и простор.
     
  3. majicka

    majicka Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2009
    Пораки:
    301
    Допаѓања:
    988
    Пол:
    Женски
    незнам дали мојот проблем ако можи така да го наречам е за во ова тема ам ај....ќе пробам се надевам ке разберите и ке ми поможите........со дечкото одиме 2 години и 8 дена,досега се беше добро,бевме цело време заедно,бевме среќни,со еден збор се беше супер.е сега јас многу паничам ко ќе не е до мене,цело време се измачувам,одвај чекам да го видам,тој на пример ќе биди на кафе со другар и ми кажва се,кај е со кој,ама јас ете сакам да бидам цело време со него,можи и во мене е проблемот и грешката,не велам не,претервам и јас :( ....конкретно за сношти-ќе ме носеше дома оти му се спиело а цел ден го немав видено,ок,работеше дрн дрн дрн.....и му викам добро носи ме и ми вика а да одам до кај другарите(беа в кафана негде седнати,го викаја ама демек бил по тренерки,нејќел и сакал да биди со мене) и јас се изнервирав,му викам ако не ти се спие ќе седиме кај тебе,секако мене му велам не ми се спие,колку си лоша ми вика ама онака се поднасмеа и после му велам оди ако сакаш,не одам вели сега,и си замина дома ми се јави дека стигна ама оанак ладен туш и после ко легна пак ми ѕвона ама пак она ладен в крај........и то беше и понекогаш незнам шо да мислам,можи е презаситен од мене а јас душата би ја дала за да бидам со него........шо мислите вие?некој совет? hugsssssss :inlove: :inlove: :inlove: ја згрешив темата кај шо го имав објавено ова па морав да го преместам овде :)
     
  4. Panki.Friik

    Panki.Friik Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2011
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    12
    немозам да ги сватам таквите како вас.Како толку попуштате бе?Како се ви се врти околу него?
    Ја сум и по природа строга и со сите дома а со сите околу мене па и со дечкото.
    Едноставно остајте им простор да дишат.Немозат они 24\7 да бидат со вас,пак машки се.Ниф им треба забава,слобода нешто обожаваат да го прават со другарите.Колку и да сте време заедно сепак он има потреба и од приатели.На пример мојот дечко е кошаркар и нон стоп игра кошарка у мало,па ја неам причина да се лутам зошто и ја некој работи нон стоп ги правам кој прават да не сум цело време со него.
    Ако не му верувате што сте уште со него???? Бидете строги беее,правете тоа вам што ви одговара не во смисла да бидете себични.Оставете го ,ако ве сака нема ни да ве вара ни да помисли на нешто со друга,оставете го да свати дека го сакате и дека не го дрзите под клуч.Мој совет поминувајте повеке време со приателките,смеејјки се,а он ако му требате ке ве побара сам и не се оптоварувајте со тоа дека една вечер нема да ви пише порака за добра ноќ или нема да се јави..:)

    Барем ја вака праам и ТОП ми е со дечкото.10 месеци ниту еднаш не сме биле повеке од саат време лути и тоа ради некоја глупост а вие по недели сте лути и двајцата водите инат..
    Може некој ке ме негира и ке казе дека не сум право сепак ова е моето мислење,ви посакувам се најубаво :*
     
    На sweet.time и mari4ee28 им се допаѓа ова.
  5. SuNsHiNe989

    SuNsHiNe989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    201
    И тоа како ќе се презасито од тебе , остави го да диши нека излегува со другарите и ти повеќе излегувај со другарките .. остави го нека почувствува дека му недостасуваш не го гуши машките сакаат слобода (добро повеќето) слобода во смисла на излегување со другари , одење на журки со нив, еден мој бивш вака ми рече ШТО АКО ЕДЕН ДЕН РАСКИНИМЕ КОЈ ЌЕ ГО БАРАМ ТОГАШ ЌЕ ДОЈДИШ ТИ ДА МЕ ДРУЖИШШ ???? ( :D обавезно)
     
  6. independent987

    independent987 Активен член

    Се зачлени на:
    21 март 2012
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    8
    Слободата ја засладува врската, тоа што ке сте одвоени некој сат верувај подоцна ке искупи со многу повеќе љубов и внимание, ова ти го кажувам од искуство, претходната моја врска и мојот бифши со кој одев повеќе од две години токму изаради тоа немање слобода се распадна, поради притисоцитеи гушењето, не ме оставаше никаде да излегувам без него а мене тоа ми одговараше бидејќи и тој исто така не се одвојуваше од мене и не излегуваше сам, али ако било добро така сеуште ке траеше но не.. Се презаситивме еден од друг, се ни постана само рутина и кога јас се запишав прва година на факултет и се промешав од ново со луге сфатив дека тоа е тоа што ми треба, сега сум во врска веке 8 месеци и одлично се согласуваме со дечкоми, јас никако не ги запоставувам ни другарките ни другарите, па дури и го терам и тој да излегува без мене, а кога ќе се видиме се поинтересно имаме што да си кажеме интересни дешавки и се е супер.. така да на сите им препорацувам врска без љубоморни сцени и поголема слобода.. :*
     
  7. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Порано бев многу љубоморна кога ќе излезеше со другарите ама веќе сме заедно 4 години,а имавме и пауза.Таа пауза мене дефинитивно многу ме промени.Веќе не сум љубоморна сега пак како да ни се сменија улогите сега тој е љубоморен кога ќе излезам и ми звони често а јас не се замарам толку.Едноставно ако мисли да ме изневери нека му е среќно не е за мене раскинуваме и крај нема тука што да се замарам.Ако тој не знае да ме почитува не сум му јас крива,тоа значи дека не ме заслужува.
     
  8. Mrs.Bass

    Mrs.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    897
    Допаѓања:
    7.318
    сонцето околу кое ви се врти се ако еден ден не дај боже го снема , ќе останете без универзум???!!!!

    не ми е јасно девојки како може да бидете толку зависни од дечкото и да сакате целото време со него да сте со него?! се е ок и љубов и се сфаќам ама да се нема слобода тоа не...

    јас сум сега во брак а претходно во врска од 4.5 години и секогаш сум ја имала слободата да можам да излезам со другарки пријатели со колеги до касно исто и тој...сама сум се шетала по светот сум одела на одмори и со него и без него....едноставно секој има право на слобода и свој живот!!!
    го сакам премногу и имам доверба во него :inlove:
     
    На babybelle и mims-89 им се допаѓа ова.
  9. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Aко постојат тензии, испитувања и љубомора секогаш кога едниот излегува сам, врската е осудена на пропаст, порано или покасно.
    Освен тоа, не е здраво ниту нормално да одиш секаде со дечкото и обратно, ниту можеш да направиш саглам муабет со некој друг, а на крајот ќе немаш ни тема за муабет со дечкото.
    Слободата е лично право и не дозволувајте некој туку-така да ви ја одземе.
     
    На babybelle, Trendafilka и Mrs.Bass им се допаѓа ова.
  10. Moni4ka19

    Moni4ka19 Активен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2012
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    2
    И јас сум иста, кога не излегуваме заедно се муртам, криво ми е, несакам да излегува без мене. Знам дека ме сака, но ... секогаш ми иде во глава ке оди со некоја и сл. и мноооооооооогу се нервирам... :@
     
  11. IviA

    IviA Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    217
    Допаѓања:
    24
    5star се пронајдов тука , како јас да сум го пишувала тоа , тоа е љубомора , многу добро ми е познато чувстото :(
     
  12. Alesii

    Alesii Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    841
    Душо ако му веруваш и обострано многу се сакате мислам дека нема потреба од тоа чуство(ЉУБОМОРА)... ;)
     
  13. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.090
    Пол:
    Женски
    Од нервоза во март се туширав со ладна вода.До таму се дотера работа.Солзи ми течеа од напнатост и се тресев и препотував од нервни сломови.И косата почна да ми паѓа.Не е болна љубомора.Болен е тој што излегува со 20тина женски.
    И капак на тоа ме откачи за нова година за да оди со нив.И не ме ни побара да ми честита, немал кредит а верните пријателки не сакале да му донираат бедни 5 денари за порака.Страшно :x
    Ах кога ќе се сетам колку само пати се имаме карано за такви глупости.Дури се случило со нетрпение да си замини од кај другарму кој го цени и почитува длабоко и искрено за да шета и ги части ефтините ку*вишта.Еднаш не ми зборуваше 5 дена затоа што бил ранет од моето однесување, односно замерки за неговиот социјален живот.Резили народе.
    И тука сега, егото ми се дигна во облаци и расположението ми се врати до степен што за малку ќе посакав со сунѓерче да ја изрибам вц школката :clap: Боже,боже.Дојде лето, сега странските спонзори се намножија, облеката на нив се намали.Дури и самиот кука тажен што не го барале повеќе.Мило ми е што виде кој колку пари вреди.И тука сум секако јас да му свртам грб кога му е најтешко.Затоа што не го ценеше моето присуство и вложен труд да се појавам пред нив во негово пристуство.Сега е тажен и осамен а јас несакам да го дружам низ Широк Сокак :devil:

    Ценете ги вашите воспитани мажи.Дајте им да го одржуваат тестостеронот во живот.Дајте им слобода.И нека мојата трогателна приказна ви послужи како пример дека од лошо има полошо.Кога мојот би излегувал со другари, никогаш нема да го барам да се врати дома :D
     
  14. maca-23

    maca-23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    179
    сите девојки го имаат истиот проблем. Не јмислам дека ако излезе ме изневерува знам дека е мирен. Мхногу е лесно да се каже излези си и ти со другарките. Да кога имав 19, 20 па и 22 можев без проблем да најдам друШтво за излегување. Машките не ги губат другарите кога излегуваме, излегуваме со неговит другари и нивните женски а нашите другарки ги запоставуваме со тек на време се губат. Кога ќе поминат годините некои од другарките се мажени, некои излегуваат со дечковците и така се губи друШтвото. И ќе ми рече излези со другарките. Пред 3-4 години излегував ама сега веќе сите се со свои обврски и затоа ми смета кога ќе ми рече ќе излегувам сам, не поради љубомора туку п-оради тоа што треба да седам дома.
    Колку и да се рече дека не ги запоставуваш другарките сепак тие се губат со тек на годините единствено на кафе преку ден се гледам со нив.
     
    На MissDior и babybelle им се допаѓа ова.
  15. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    Баш ваквите излегувања одвоени ни ја разубавуваат и освежуваат врската. Не ми паѓа на памет да излегувам цело време со него, па колку и да е прекрасен и мил се здосадува. Си има тој друштво си имам и јас свое. Често се гледаме со нив. Нормално одвојуваме време и за нас. Ама секој мора да има дел од времето издвоено за пријателите. И баш ни е поубаво ако не се видиме 2-3 дена (во кои сме шетале, сме си посветиле време за себе и сл.).
     
  16. machenceTTTo

    machenceTTTo Активен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    многу ми се допаѓа како размислуваш..И јас сум таква со мојот дечко .. Единствена разлика е шо тој сега се пресели лондон а ја сум тука..Но се нема ништо сменето доаѓа често и се гледаме :DDDD
     
  17. babybelle

    babybelle Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2012
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    70
    Лелеее како за мене да си пишувала!!! и јас бев ваква (бев???), најтешко ми паѓаше што во сабота кога сите мои другарки се со мажот или дечкото (повеќето со мажот ;) ) а тој ќе излегува со другари, јас седев дома сама и се чувствував страшно напуштена и осамена. и ништо не ми беше интересно, ни филм, ни книга, само си седев и си плачев...како мрдната некоја!!!

    Сега некако, по бројни кавги, ми се отворија очите и сватив дека тој премногу ме сака и дека од тоа негово излегување имам само придобивки, односно тој кога ќе излезе во последно време си поминува "онака" :lol: и го гледам дека после тоа е уште позагреан за мене и сум му фалела вечерта...имав некои чудни бубачки во главата (не знам ни јас што си мислев, не дека ме изневерува ама као флертува, запознава...а нема везе) сега кога сватив што се трпел тој од мене и пак останал со мене и никогаш не сум го осетила заладен од то мое однесување, си викам мора многу да ме сака штом поминува преку сето тоа...

    Си ги отворив очите за спас на врската затоа што гледам дека му е потребно да има слобода, да се договори кога сака и да нема проблем со тоа...тој штом ја почувствува таа слобода, сега помалку излегува затоа што не му е забрането ;) само лабаво, се дури нема знаци на заладување и изневерување, мислам дека нема потреба од нервози ;)
     
  18. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    576
    Сопред мене и подобро за самата врска е да се излегува посебно понекогаш. И јас си излегувам со другарките и он со другарите и тука нема никакви расправања. Дури понекогаш излегуваме и мешано друштво, па нормално тоа повторно не претставува проблем туку повеќе ја зацврстува врската. Имаме меѓусебна доверба, и сосема ми е океј да ми каже дека вечерта излегува со другари или јас излегувам со друго друштво. И среќна сум поради тоа :)