Кога односите се ладат

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од PinkGir123, 26 мај 2012.

  1. PinkGir123

    PinkGir123 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.123
    Допаѓања:
    733
    Не знам дали требаше да отворам тема за ова но ајде да ве прашам. Дали и во вашите врски има периоди кога не сте толку загреани за бакнжи , водење љубов. Го сакам него многу . но понекогаш имам такви периоди кога само сакам да сме прегрнати и да не правиме ништо друго .Дали и на вас ви се случува ова ?
     
    На anagjorgjievska1 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. mili4ka123

    mili4ka123 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    2.331
    Пол:
    Женски
    Јас ова не би го нарекла „ладење на односи“ .. Тоа е само период во врската како што и самата кажа. Сепак нели има и прегратки, љубов ова она :) Инаку, да, ми се има случено и јас тоа го сметам за нешто сосема нормално :)
     
  3. PinkGir123

    PinkGir123 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.123
    Допаѓања:
    733
    Па добро неможев да најдам точен збор па напишав така . Инаку фала само ти испадна фер и ми одговори на ова . Благодарам уште еднаш :*
     
    На mili4ka123 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.092
    Допаѓања:
    16.129
    Пинкгрл нема потреба да се грижиш,погрешно име си и дала на таквата ситуација ,тоа не е ладење на односи туку желба за повеќе нежност во врската,понекогаш многу повеќе би се радувала кога едноставно би си спиеле заедно и би се гушкале и отколку да водам љубов или да имам секс .Тоа е момент кога двајца повеќе би се зближиле ,тоа значи дека уживате еден крај друг во тишина без да има нешто повеќе меѓувас ,тоа е знак дека има поголема блискост и дека сексот не единственото нешто што ве поврзува, не секогаш некој е расположен за секс.
     
    На PinkGir123 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. UnknownLadyDi

    UnknownLadyDi Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2012
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    947
    Да многу често и многу ми е глупо.Понекогаш ми фали,понекогаш ми е досаден... и то .. :D
     
  6. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    313
    Тоа е вистинско поклопување според мене...
    Кога ќе најдеш некој со кој ќе уживаш и во тишината... :inlove:
     
  7. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.275
    Пол:
    Женски
    Навистина е тешка ситуација тоа.Секој ден се повеќе се чувствуваш оладено и се прашуваш што да правиш со врската веќе.Идеш како да не идеш.Се станува како навика.И зборот Те сакам веќе нема големо значење,туку станал како еден обичен збор без чувства.А и тешко може повторно да се загрее човек за врската не е тоа тоа.Кога еднаш се скршила чашата не е истата веќе и човек може да ја држи и чува само пукнатината а не целата чаша...
     
    На crazylady, vaseulence, tanjusskat и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Fatalna666

    Fatalna666 Активен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2012
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    1
    истото и мене ми се случува понекогаш толку многу го сакам и ми е потребен,а понекогаш не можам да го поднесам ме ннервира страшно и досаден ми е в крај :) :D
     
  9. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.740
    Пол:
    Женски
    Кога се е во границите на нормалата, кога знаеш да направиш рамнотежа, баланс, ништо не е здодевно.
    Нај голема грешка на сите девојки, фаќаат дечко и по 24/7 со него заедно, во 2 месеци ги доживуваат сите работи што треба да се доживеат во наредните години, единствен излез им е он значи излегување со другарки no way, едно друштво имаат и кај и да одат заедно, па нормално дека се ќе премине во навика...
    А да си имате посебно друштво, да се гледате еднаш на неколку дена, да не висите по телефони а кога не сте на телефон да не пишувате на фејсбук, да не кисните дома кај него од утро до вечер (една моја другарка значи коа ќе појде се заборава каде и е куќата, па уште и преспива таму :fubar: ) се додека не го правите сето ова нема да ви здодее, всушност која работа што е во границите на нормалата и што дури и ви недостига може да ви здодее? Се што е балансирано е совршено!
     
    На Milichkaa12, Inhume, Chocoholic.girl и 2 други им се допаѓа ова.
  10. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    581
    ^^ Убаво кажано!!
    А инаку за темава конкретно јас мислам дека имам вакви периоди 10 пати во денот :D 10 минути сакам да му отидам дома и да го изгушкам, после 10 минути не го поднесувам, па ме нервира, па се прашувам дали е тоа тоа, па после пак сакам да го гушнам и се со ред. Мене расположението ми се менува премногу често за жал и се ми зависи од тоа. Среќа што он е прилично смирен тип и ме научи, а очигледно и прифаќа таква, па некако тераме веќе долго. Јас си стојам на своето дека се во животот е навика, ниедна врска нема да биде иста како на почетокот. Може е глупаво да споредувам со нешто материјално, ама и мобилниот кога ви е нов го гледате по цел ден, го чачкате, му се радувате, после некое време веќе не ви е толку интересен, ама уште го користите, не го менувате само затоа што веќе не е нов и не ви е толку интересен како првите две недели, нели? Само дали сакате да бидете навикнати баш на тоа, или на нешто друго, тоа е прашањето. Секој си знае што очекува од врската и од партнерот, ама не постои долга врска во која нема такви периоди, каква и да е.
     
    На PinkGir123 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    2.662
    Допаѓања:
    4.082
    На почетокот на 'врската' јас бев многу загреана онака, можда зашто имаше некои работи што сеуште не сум ги пробала, а он како поискусен ме упати во нив :) па ми беше интересно. Ама после тоа имавме прекин, па пак бевме заедно, па пак, па сега пак сме.. И што знам, последниов пат не сум расположена веќе толку за тие работи, сега сум посмирена, сакам само да си легнеме ,и така да се гушнеме само. :)
    Ама овој пустиов хормони му работат, па не може толку да седи така :D ,ама добро нежен си е и он.
    Иако што знам, во мојов случај некако незнам ни што чувствувам веќе кон него, се молам да ми се врати, кога ќе ми се врати, рамнодушна сум, па можеби и затоа не сакам многу-многу да биде како порано..

    А ова не би рекла дека е ладење на односите, баш напротив, само внесување на повеќе нежности во врската, што е добро. :)
     
  12. elizabethsuon

    elizabethsuon Активен член

    Се зачлени на:
    26 мај 2012
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    15
    Како шо ти си расположена на моменти,а други си бесна или не ти се прави ништо така и во врската,некои многу големо значење му дават на тоа, и мислат ее не го сакам,досадно ми е. Ами направи нешто околу тоа,немој да се жалиш. Јас сум во долга врска и имало такви моменти,така на почекотка ко да се кризи дури,ама треба да си силна и да не се подадеш на лошите мисли,него ете или да оставиш да мине,или направи нешто околу тоа ;)
     
  13. KimKey

    KimKey Активен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2012
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    2
    здраво ми треба еден совет :) со дечко ми многу се караме,иначе идеме 9 месеци но последниве 2 нема ден без кавга. И двајцата сме по 17 години, би сакала која може да ми даде некој совет како да постапам.
     
  14. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    2.524
    Допаѓања:
    3.421
    Пол:
    Женски
    Zdravo i od mene :) .A sto ti e makata,zosto se raspravate so deckoto,daj objasni malce pa da ti pomogneme.
     
  15. KimKey

    KimKey Активен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2012
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    2
    па вака девојки во мн тешка состојба сме ние бевме 24/7 заедно значо ако не сме на телефон на фб пишеме ако не сме на фб во живо се гледаме. едноставно немавме време за други работи и пред два вечери разговаравме за проблемите и секојдневните кавги и тој ми рече види јас колку и да те сакам не сакам да те повредувам и да плачиш заради мене сакам да сум еден месец слободен во смисол не да е сингл туку да не се гледаме да сме на пауза и ми вика сакам да осетам како е да правам како сакам и шо сакам без прво да те прашам тебе (бидејки кога и д аме прашаше јас му велев ее не сакам да одиш ваму не сакам онаму) и сака малце да е слободен. синока пак му се јавив :( и ми рече дека ке ми се јаве денеска и вечер ке испаднеме заедно за да се договориме што и како . иначе секоја караница ни беше безвеза на пример еее зопто ми рече по име а не ми рече бебе или зошто ми рече чао а не ми рече нежно буквално без причина и јас сум мн крива заради тоа а тој секогаш смируваше ситуација ве молам за помош вечер како да постапам.
     
    На buuuce28 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    313
    ^^^
    Искрено да ти кажам, премногу напорна си била.
    Наместо да му оставиш слобода, да иде кај сака, и едвај да чека да ти се врати, да пуштиш сам да му дојде да те вика со убави зборчиња, ти си почнала да се однесуваш со него :x како да е твоја сопственост .
    Има толку девојчиња што не се толку напорни, што ме чуди како трпел такво однесување од твоја страна.
    Можеби е така зашто му значиш, ама ти со твоето однесување, сакајки да имаш контрола и да не го изгубиш , го бркаш од себе.
    Па сигурно, кога сте почнале на почетокот , не си му бранела да иде кај сака, и гледањето со тебе и врската му била задоволство.
    Треба да се однесуваш поопуштено, посамоуверено, да знаеш дека тој избира да биде со тебе или не.
    А со ваквите обиди од твоја страна , ќе му се одмилиш, и ќе го замислиш дека можеби се плашиш дека ќе најде нешто подобро. :^)
    Можеби не сум во право, но ако се однесуваш така со дечко , јас мислам дека потсвесно го наведуваш да мисли , дека ти самата не си доволно сигурна во себе, и во тоа дека си најдоброто за него,
    па сакаш да му го контролираш движењето, а со тоа и контактите во неговиот живот.
    Врати се на онаа која беше на почетокот.
    Иако не пиша, претпоставувам дека си била со повеќе самоконтрола, не толку опседната со него, и едвај чекал да те види, и иако идел секаде каде што сакал , срцето го водело кон тебе. :)
    Ти си го угушила, па сега бара пауза, не сака да те повреди, но ако вака продолжиш ништо чудно да не посака никогаш да ти се врати, дури и да му било убаво додека сте заедно.
    Свати дека никој не е твоја сопственост, еднаш одбрал да биде покрај тебе, но ти како да си се приврзала премногу и не го привлекуваш веќе на тој начин..
    Бидејки да си продолжеше да се однесуваш природно и опуштено, наместо да ти спомнува сега за пауза , едвај ќе чекаше да те види, а и да ти раскаже што му се случувало додека не сте биле заедно, и таму кај што бил би мислел на тебе.
    И најпрекрасна да си на светот, и најдобра со него, со твојата претерана посесивност и потреба за правење проблем кај што нема , не би го задржала ни тој, ни ниеден друг.
    Зашто може сигурно одма да најде друга која нема да го гуши како тебе, а ќе му пружи убави моменти, па тогаш би сватила...
    Самоконтролата во врската е многу важна!
    Ти посакувам да си ги видиш грешките, и да успееш да си ја спасиш врската.
    Поз :*

    Едит
    Да се надополнам.
    Мислам дека во ситуацијата во која си сега, најдоброто што можеш да го направиш е да му кажеш дека се согласуваш на пауза, дека мислиш дека и на тебе добро ќе ти дојде, и да се однсеуваш горделиво.
    Немој да претеруваш сега со емоции, немој да му искажеш ни нијанса повеќе од тој што ќе ти искаже за своите чувства. Однесувај се најпријателски, и малку ладно.
    Па тој нека се подзамисли, дека тој е тој што губи.( ова нема да му го кажеш, нормално).
     
    На buuuce28 и hermosa им се допаѓа ова.
  17. KimKey

    KimKey Активен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2012
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    2
    ви благодарам мн одлуивме да сме на пауза 2-3 нед.сега кажетеми како да се понашам со него?
     
  18. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.548
    Допаѓања:
    19.962
    Ќе испочитуваш тоа што сте се договориле, значи нема да досаѓаш, нема да се замараш ... ќе кулираш.
     
  19. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    2.524
    Допаѓања:
    3.421
    Пол:
    Женски
    kIM kEY,sfakam deka si preterala so tvojata opsesivnost si go ugusila deckoto,no i pauzata e losa sama po sebe,barem jas licno ja sfakam koga partnerite razmisluvaat za kraj.
    Spored mene,toj si go nasol alibito da te otkaci 3nedeli i planira da si pravi nesto so nekoja mislam vrv na vrvovite e toa sto toj posakal da ne go baras voopsto.
    Sfakam deka si vinovna ,no zatoa vrskata se vika vrska,bidejki ste zaedno,neli?Ne mu dozvoluvaj da si igra na taa karta ej koe alibi :fubar: go nasol.
    Kazi mu deka nema da go gusis no barem da se slusnete ednas vo denot i ednas da ti rece tamu ili vamu ke odam a ti da ne vrsis pritisok.e Toa treba da mu reces,ponasaj se so gordost,kakvi pauzi kakvi bakraci :@
    Se gleda deka i toj mnogu trpel,ne te branam no celosna pauza ne dozvoluvaj
     
  20. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.386
    Мое мислење за темава -КОГА ОДНОСИТЕ СЕ ЛАДАТ
    Означува Крај..............
    уште едно сознание дека никогаш немало нешто вистинско во врската......станувало збор за несигурност и преиспитување дали таа/тој го заслужува партнеророт/партнерката,едноставно нема ниту едниот ни другиот немале доверба,што значи е глупост да се оживува таа врска која отсекогаш била осудена на пропаст,а понесени од некои таканаречени чуства на љубов се вели ЛАДЕЊЕ на ОДНОСИТЕ.........кои всушност секогаш биле ладни............
     
    На crazylady и tanjusskat им се допаѓа ова.