незнам многу ми е тешко ке го почитувам тоа ама многу ми е тешко незнам што да правам еве ке пробам ке излевам со другарките. премногу го сакам и што ако не ме побара и по две три недели... што да правам
ми треба совет :/ со дечко ми сме во врска 1год и 8 месеци но во последно време се чувствувам како да се оддалечуваме..се караме за ситници, кога сме заедно на вечер се е ок, но кога сме излезени преку ден некаде на кафе не разговараме еден со друг демек нема што да каже по цел ден е на раб :/ и вчера една другарка имаше роденден и од дома и излеговме во ноќен клуб, знаев дека он ке дојде таму после раб и му кажав за да се видиме..Тој нервозно изреагира дека нема зошто да ме побара не сум се договорила јас со него да сум останела со другарките и денес цел ден не ме има побарано јас го побарав 2-3 пати ми врати на пораките но не можам вака, сакаам да му пишам повторно или да му го слушнам гласот не можам без него што да правам????
сигурно има нешто,неможам ни јас да бидам сигурна,и знам какво е кога сакаш да му го слушнеш гласот,а плус тој те игнорира.па мое мислење би требала да се распрашаш или пак ако не сакаш другите да дознаат потруди се ти да видиш,можеби има некоја друга.не сакам така да се изразам али незнам зошто би те одбегнувал така. можеби има некој друг проблем. а би требало да не трчаш толку по него.уверена сум дека го сакаш,се познава,но нека почуствува дека (демек) не ти е гајле со кого е каде е,можеби тогаш тој ке почне да те бара. незнам дали ке ти помогне ова,но се надевам. со среќаа.
KimKey да ти кажам,паузите не се на арно.не ви требала таа пауза.ако сте мислеле дека неможете повеќе сте требале да ставите крај.иако не е лесно знам,но распрашај се дознај нешто повеќе,некако ми доаѓа на памет,да не случајно тој има некоја друга или било што. но да знаеш караниците настануваат од ништо.и се повеќе караници настануваат од кога сте 24/7 заедно и слично.така ке бидете недела-две и потоа ке се оладат односите.си требала малку да се одалечиш.да кажеш настината сум,неможам ова бе боли...(некои такви глупави примери) и тој можеби ќе станеше понежен со тебе,и повеќе ќе му недостигаше и така... а сега кога си го оставиле две недели на пауза,немој да мислиш туку сигурно тој не се оставил така. другите велат дека треба да го пуштиш малку,но не.би требало да го држиш малку-ептен малку подалеку од себе-но не да се однесува како single man. еве ти некој прост пример/совет од мене,па ако сакаш прими го ако не-твое си е. со среќа
Секако ти излегувај си,па не си го убила дечкото и ти си имаш живот,нели?Не мисли на него толку многу,само опушти се и ако не ти се врати -само едно ќе кажам-не те сакал вистински. И пиши што ќе биде поздрав
вака да ви кажам се смиривме одлучивме да не бидеме толку често заедно да не се гушиме и еве дури вечерва ке се видиме последен пат се видовме во саботата. и одма се осека дека ми фали мн. се надевам и јас на негосамо малце ми е глупо затоа што пред тоа првите месеци пред да одеше некаде на ми пишеше во инбокс а денеска не ми напиша дека бил кај тетка му дали малце претерувам или незнам и го прашав зошто тогаш ми пишеше а сега не и ми вика тогаш бев глупав ....
Остави го човекот да дише!! Ти не си му мајка па тебе да ти кажува кај иде. Бил кај тетка му и не ти кажал, чудо големо!!! Има 17 години не му треба до него некој што ќе го команда и на кој мора за се да му кажува. Продолжиш ли вака детево ќе си најде многу подобра прилика, размисли малце за тоа.
КимКеј, ќе бидам отворена. Да ми си ти мене женска (кога јас би била машко) би ти ја залепила устата. Да му се лутиш затоа што не ти кажал дека ќе оди кај тетка му??? Дека не ти рекол нежно чао? Дека не ти рекол бебе туку ти го кажал името?? Па зошто те крстиле тогаш? Претеризам е навистина! Има ситници кои се дозволени, но има и такви кои не се ни ситници туку се глупости! И што мислиш, еден ден нема да ти здодее да те вика бебе, златушко матушко? Јас лично не практикувам да користам такви надимаци, не дека ги изоставувам, но ги користам само во одредени моменти кога ми е многу мил, кога сакам да му кажам нешто убаво или кога онака си правиме планчиња. Не напнувај, остави го да дише додека не се откажал од тебе скроз. Нај искрено, те советувам да се смириш, да се опуштиш и да размислиш. Таквото однесување не само со него туку и оптшо во животов ништо нема да ти донесе. Од мене толку, со среќа сега понатаму.
Благодарам девојки многу ми помогнавте е сега имам друг проблем наскоро му е име и незнам што да му однесам , каков подарок да купам бе молам пишете доколку имате некоја идејаа.
Здраво феминки ! јас имам мн голем проблем и би сакала да го споделам со вас. Кој има време да го прочита и да ми даде совет ке ми биде мило. Имам 17 години и одам со дечко ми една година (тој има 19 год). На почетокот тој беше мн ладен тип не се замараше воопшто за мене а јас правев се за да му завртам вниамние и се но тој беше тип што не се замараше за ништо и ништо не го интересираше. заедн озамианвме во скопје да учиме каде што се зближивме многу и почна се да иде како што треба.Почнав да го интересирам почна да се врти наокулу да се распрашува и веке почнавме од тогаш да си ги изразуваме чувствата. бев пресреќна нормално но бидејќи живееме во ист град а и учиме во ист град претпоставувам од што сме 24/7 заедно веќе за секоја стница да се расраваме. почнавме да се расраваме и за работи со никогаш не ми паќале на ум дека некогаш ке треба за нив да се расправам. признавам дека од тоа што бевме секојдневно заедно почнавме да се гушиме еден со друг и почнувавме да си ствараме нервози но тој агресивноста неможеше да ја воздржи и ме повредуваше на мн различнми начини како на пр. ме вреѓаше, ме понижуваше, ме срамеше пред други ме отргнуваше од себе а јас и покрај тоа правев се и давав се од себе за да го надокнадам тоа и ги голтав сите тие работи ги заборавав само за да бидеме среќни. но во неделата пред 3 дена седевме на клупа и го прашивав зошто така ме бутна од себе и не сакаше да го бакнам а тој ми вели епа ете не сакам веќе не сакам да ме замараш и некои такви глупости и јас го стиснав силно за рака а тој се заврте и ме наплука и рече аман остави ме. јас и поркај тоа станав и повторно трчав по него барајќи која е причината за крај а тој ми вели ете не сакам да бидеме веќе заедно ме замараш ме гушиш остави ме и го пуштив само што тргнав тој ми вели извини демек не требаше така да постапам тоа никој не го заслужува те молам да ми простиш многу јас му реков во ред е се и си заминав но тој ме испрати до дома но немаше ништо. кога стигнав дома се укл на фб и тој беше укл и му кажав .. значи цитирам ќе дојде ден кога ке бараш од мене да ти простам за тоа што ме остави ке бараш да ти простам за тоа што згреши ке ме уверуваш дека неможиш без мене но пази тоа да не го рпавиш многу касно и тој вели знам дека ке те барам се надевам дека нема да е касно. утредента идеме да се бањаме јас со другарки и после некое време иде и тој со другари и се бањаме се јас го игнорирам а тој иде и ми вели касно ли е викам за што вика знаеш викам незнам и си замина и вечретка кгоа испаднав со другарките повторно се сретнавме и повторно ме исрпати до дома али сепак немаше ништо и еве денес бевме повторно да се бањаме но некако тој почна чудно да ми се однесува .. почна да им се приближува на другарките се бањаше цело време со нив бидејќи јас неможев (женски проблеми) и цело време се вртеше окулу мојата најдобра другарка се пикаше под вода ја задеваше а јас нормално не изрегирав никако и кога ме исрпати пак до дома ми вели ке излеваш велам не вика епа добро барај ме и си замина.. незнам как ода се однесувам незнам што да правам навистина сум во ситоација која и самата не ја разбирам.. некој совет мислење од вас што и да е ве молам во моментов ми е многу потребен. Ви благодарам што овоивте време за ова
Мој наискрен совет ти е да се тргнеш скроз од него. Збор да не му прозбориш никогаш во животот. Кој е он така да те понижува? Да те плукне? Заборави го,не ти треба ни како другар ни како познаник. Излегувај си со твое друштво ,кога тој нема да биде таму. Не го спомнувај ни во муабети. Не дозволувај да бидеш нечија крпа и некој да те гази. Зошто згазнатиот углед ,достоинство и самодоверба тешко се враќаат назад. Оддели се целосно од него, посвети се на себе ,друштво,шетање,книги,музика,филмови, образование,важбање. Стани подобра за себе и никогаш не дозволувај да забегаш со некој ваков што ќе те навредува. И немој да ти паднало на памет да го молиш.
воопшто не размислувам да го молам, но тој ми вели нека ја оваа недела нека помине вака да видиме како ке се понашаме еден со друг па ако биде како што треба јас ке ти се обратам дали сакаш да се смириме. јас знам и многу пати сум се прашала како после сето ова јас го сакам што ме влечи кон него зошто си се мачам себе но и самата јас не се разбирам. навистина ми е тешко незнам како да се понашам пошто моето друштво е секојдневно со неговото и дали сакаме или не да се видиме ние се гледаме и незнам како да се понашам ме боле навистина многу но го сакам и незнам што му значеше тоа што се мешаше денес окулу другарками цело време.
Свесен е дека може да те манипулира и затоа се вртка околу другарка ти , да те направи љубоморна и да му се јавиш. А,после пак стара песна или уште бетер зошто еднаш веќе си му простила. Мој совет ти е да го баталиш. Зошто не те сака овој ни трошка. Колку сурово и да звучи. Млада си и сигурно не го сакаш ни ти којзнае колку туку ти е навика, не разбирам како може некој да е лош со тебе ,а ти да го сакаш. Тогаш се работи се некој посериозен проблем. Разговарај со некој близок ,родител,роднина , повозрасен од тебе. Блиските најубаво ќе ти помогнат да ја решиш ситуацијата. И под блиски не подразбирам другари/другарки на твоја возраст.
имам ваков проблем. ако има некој љубезен да ми даде совет нека ми пише лп бидејќи барав совет во една од темите па да не се повторува истото тука.
Другарки и немам искрени на кои можам да им се потрпам за овој проблем. многу пати сум си рекла не е за мене ке го заброавам ке го оставам но не оде неможам. иако ме повредува го сакам за тие убави спомени кои ги имаше многу повеќе од колку овие караници. живеам во мало место каде што кај ида испаднам морам да го видам и неможам да избегам од тоа .. а незнам како да се понашам ако се сретниме повторно дали да простам и на ова бидејќи верувам дека ке се смене .. имам надеж бидејќи го сакам и навистина незнам како да постапам
Оваа врска ни најмалку не изгледа сериозна, јас мислам дека овој дечко е повеќе заинтересиран околу забавата, отколку за некоја девојка што му нуди нежност. Е душичке извини вака но ќе бидам малку отворена со тебе.Ти си го научила детето вака да се однесува, си му дозволила се и сешто а ни извини не си му побарала Ти си млада, а претпоставувам и убава твоите потенцијали за убавина се многу поубави од тие негови сејачки понашања свати си го тоа убаво, свати дека младоста еднаш ја поминуваш зошто на ваков начин? Можеш да најдеш и друго момче па да бидеш среќна како и што заслужуваш, тогаш можеби овој дечкото ќе го истури ладен туш и тогаш навистина и касно ќе биде Немој да си го губиш времето вака, те сваќам го сакаш, но зарем ти не сакаш да бидеш сакана?
јас мислам дека можеби и те сака,но има периоди кога сакаш да се одалечиш малку. ако мислиш дека твојата другарка нема да падне под негово влијание,знај дека тој тоа го прави за да бидеш љубоморна.а некого кога го правиш љубоморен-го сакаш! едноставно некое време(недела-две) оддалечи се од него,смеј се кога и тој ке се смее со твоите другарки,но внимавај и на твоите другарки.не се заборава така лесно,да го избришеш-не можеш,знам. се надевам ке ти помогне овој мал совет.
Јас мислам дека тука има нешто чудно, односно можеби не е дека не те сака туку ете може во тој момент навистина му дошло преку глава, може имал и некоја друга нервоза и одозгора ти му збориш го прашуваш... Знаеш, машките кога се нервозни и ако и ние ги замараме уште повеќе се нервираат и нас ќе ни се истурат. Така да јас мислам дека тука треба еден искрен разговор и да му кажеш дека таа ситуација била мнооогу лоша ( како и предходно кога те навредувал ) па и ете можеби да се обидете повторно, но и при најмала грешка следниот пат нема назад. Па среќно
Сигурна сум дека ме сака многу пати ми има докажано, човек е што не обрнува внимане на секакви работи и нормално како машко и тој има нервози само јас имав мн малце разбирање за него. се плашам да не прекине да ме сака се плашам да не го изгубам сакам да му пријдам и да пробам пак само за да видам дали можам да ја спасам врската бидејќи мислам дека заслужуваме да бидеме среќни. се случуваат и проблеми нормално и да си здосадиме еден на друг па се тешам на тоа дали треба да пробам пак ?
Епа ајде и јас да се пожалам.. Значи вака имав и порано напишано во некоја тема, имам дечко со кој одам една година , бевме сами на одмор . Но јас не се чувствував спремна за нешто повеќе, бидејќи сум невина. А пред да одиме на одмор страшно ме изнервираа некои постапки на дечко ми, бидејќи се постави незрело за на одмор да одиме сами . Значи се остави на мој грб средување, закажување во агенција и тн.. А јас сакам сериозност малце, он цело врме се зафркава и е позитивен ама во ситуации каде што треба да се покаже озбилен он попушта и јас се чувствувам несигурно. И на одмор од таа причина јас неможев да се опуштам за нешто повеќе ( и плус не се чувствував спремна) и он тоа си го сфати како лична навреда а не како нешто меѓу нас. Кога се вративме од одмор ( овие работи пред одмор ги имав преќутено затоа што веќе имавме уплатено и несакав пред одмор или на одмор драми да правам) го седнав на кафе и му кажав дека многу незрело се постави и дека не се чувствувам сигурна со него дека ако нешто се случи дека ќе биде покрај мене. Он на ова се навреди страшно , и потоа кога му реков дека почнав да се ладам кон него и дека сакам пауза за да се одмориме и двајцата и он рече дека сака пауза. И сега незнам што понатаму , него го нема да се јави веќе 6 дена , што значи он не го погазува зборот и мисли дека е во право . А ако јас прва му се јавам јас ќе го погазам зборот и ќе излезе дека е во ред што така се однесува , нема ништо да излезе од сериозноста. А поради неговото понашање страшно се оладив . Незнам што да правам