1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кога односите се ладат

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од PinkGir123, 26 мај 2012.

  1. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.585
    Допаѓања:
    80.671
    Пол:
    Женски
    ^ Се немате видено од тогаш, мислам, ниту онака „у пролазу“ низ град ?
    Како и да е, типот очигледно е навреден и повреден бидејќи си го одбила, ама ќе му мине ако стварно чувствува нешто за тебе.

    И малку надвор од темата, ама морам да прокоментирам - мене ваквите паузи ме иритираат, стварно.
    Се знае, или одите или не. Нешто имеѓу нема. Пауза, демек да се одморат и средат двете страни, и кога повторно ќе се одлучите да продолжите со врската, демек - алелуја, преродени, одморени, повторно заљубени и спремни за врска... до кога? - Додека повторно не пукне некоја тиква и не се испокарате, па ајде пак ќе се ставите на stand by.
    Глупости, живи детски глупости.
    Не го сфаќај тоа лично, онака си прокоментирав бидејќи „паровите на пауза“ се сè почести, што и не е баш за пофалба, повеќе би ги именувала како неопределени или нерешителни, зашто стварно делуваат како да не знаат што уствари сакаат да направат со тоа „денес сме заедно, а од утре на пауза, па пак заедно“ and so on.

    Мој совет ти е да почекаш уште некое време, да си ги средите мислите и двајцата, а ако нема ни трага ни глас од дечкото, пиши му порака, па види како ќе се одвиваат работите.
    Најискрено, како што опишуваш, мене дечково ми делува на крајно несериозен, а сепак не е за занемарување времето од година дена кое сте го поминале заедно.
    Можеби навистина се оладиле односите, зашто верувам дека во спротивно сепак би успеале да го средите некако инцидентот кој ја предизвикал кавгата.
    Размисли си убаво и ти, па доколку мислиш дека вреди и треба да се спаси на некој начин врската - не потпирај се многу на гордоста.
     
    На crazylady, peperutka87, EleMental и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.145
    Допаѓања:
    2.620
    Во право си била што не си го направила тоа, штом не си се чувствувала сигурна. Е сега нормално дека тој се навредил, затоа што малку си го повредила неговата машкост. Можеби се почувстувал неспособен за некои работи. Што се однесува до неговото незрело однесување, си размислувала ли за тоа дека тој можеби не е спремен за сериозна врска? Знаеш машките не сакаат многу да се врзуваат. Јас пак ќе кажам дека ти си во право во оваа ситуација и тој треба тебе да те побара. Си издржала 6 дена, можеш да издржеш уште 2-3, па можеби тој ќе се јави.
     
  3. kosmodiks

    kosmodiks Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    375
    Допаѓања:
    251
    Пол:
    Женски
    Пак јас. |(
    Знам дека ме сака,и после долго време, се смував со него. И некои работи се случија, ми дадоа казна од дома да не излегувам. И му кажав на него да не ми пишува, додека да се стабилизираме дома
    многу нормално дека не му кажав дека имам казна, знам дека е срамота на овие години -.-
    имам родители од времето на Тито. ЗНАМ! :wasntme:
    И тој на фејс, сеа ми пишува нешто дека се чувствува навредено, зошто сум му кажувала да не ми пишува, да не ми ѕвони, и одбивам да се видиме. Ми вели еднаш ќе се видиме, а 3 недели ќе се криеме дома. И му кажав дека и јас сакам да се видиме, ама неможам заради домашните. И тој само ОК, или незнам што. И ми вели Добра ноќ ќе идам да спијам. И порано толку убави зборови ми кажуваше за пред спиење, и :l: ќе ми пратеше , а сега само Добра ноќ ;) (а тоа ;) најмногу го мрази) и јас: Само тоа ќе ми го кажеш? И ќе ми пратиш ;) а најмногу го мразиш? И тој : Да. :) И јас : Важи и му пратив :l: и се изгаснав. Кажете ми некоја порака или нешто што да му пишам, знам вината е кај мене, ама тој треба да ме сфати и да ме поддржува во овие тешки моменти.
    Несакам да му кажам дека несмеам да излегувам од дома.
     
  4. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    па јас искрено да сум на твое место искрено би му кажала дека моите се од времето на тито и сега имам казна од моите и дека кривицата нее твоја да не те сфати погресно дека ти не сакаш да се гледате
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  5. LusijanaLusi

    LusijanaLusi Активен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2012
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    11
    кажи му ја вистината најдобро...ке му објасниш се како е :)
     
  6. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.494
    Допаѓања:
    8.313
    Пол:
    Женски
    Девојче,се согласувам со другите феминки дека треба да бидеш искрена и да ја кажеш вистината.Сфаќам дека твоите се грижат можеби и претерано за тебе,но ние не сме родители за да знаеме како им е нив да мислат 24/7.
    Ако те сака момчето,ќе те сфати и ќе најдете некое решение.
     
  7. Stefaniya

    Stefaniya Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2012
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    70
    Родители од времето на тито - нешто што ме вади од такт. :lol:
    Прво биди искрена со него а второ биди искрена со родителите.Верувај колку и да се лоши ако им ги искажеш твоите искрени намери и искрени емоции ќе те сфатат.Епа ајде да бидеме реални - сега ќе те казнат ти повторно ќе излезеш со него,утре ќе те казнат ти пак со него и се така.Што мислиш,зарем ќе те замонашат? НЕ - туку ќе сфатат дека си борбена за она што го сакаш и ќе прекинат,ќе остават ти сама да одлучиш што сакаш и што не сакаш.ЈАс сфаќам дека не е убаво да се противиш на родителите но што е претерано,претерано е а тогаш треба да се побуниш иначе ќе им бидеш вечен "роб" (ако може така да се изразам) и тие ќе управуваат со тебе.
     
  8. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    855
    Да, односите ни се ладат. Не сме повеќе толку блиски, се ни е некако на брзање, ја нема веќе таа топлина што ја имаше на почетокот? Како да ја вратам? Како да биде се како што беше порано, или барем малку слично? Како повторно да бидеме вљубени, како што бевме на почетокот од врската? Инаку во врска сме 4 години. Имаше караници, лаги... Сакам да преминам преку се. Сакам повторно да ја чувствувам онаа топлина што ја имавме порано. Совети? Предлози? Би ви била многу благодарна :)
     
  9. milicka19

    milicka19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    117
    Пол:
    Женски
    Можеби е период само, во долгите врски често се случува тоа. Некако љубовта како да се гаси. Некогаш дури и одбивност спрема него . :) Но ако имаш слина желба да го пребродиш тоа ќе го пребродиш. Но сметај дека и двајцата треба да го сакате истото. Како совет од моја страна и предлог, прво види од каде доаѓа сето тоа на што се должи. Седнете да разговарате, види и тој што мисли, како сте стигнале да ви се изладат односите. Но не заборавај никогаш нема се да биде исто како на почеток. За мене барем не е. Многу пати и јас си го поставував истото прашање. Зошто не е исто како на почеток? Зошто порано со нетрпение чекав да го видам а сега мие сеедно дали ќе се видиме денес или ќе одложиме за утре. Кај мене беше период. Секогаш кога ќе почневме тема за разделба мене очите со солзи ми се полнеа. Не сакам да го изгубам. Значи веќе се ти преминува во навика можеби и затоа така си мислиш дека нешто не е во ред кај вас. Оти имај во предвид да не биде касно потоа за вас двајца. Секогаш ние нештата и луѓето ги цениме дури од како ќе ги изгубиме затоа што тогаш сфаќаме колку навистина тие вределе и значеле во нашиот живот. Преиспитај ги чувствата за да не ти биде криво потоа за времето што си го губела.
     
  10. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    855
    Истото ми се случува и мене, секогаш кога ќе започнеме разговор за тоа дали ќе успееме или треба да се разделиме, очите ми се полнат со солзи и не можам понатаму да разговарам. Премногу ми е болна таа тема. Од една страна не сакам да го изгубам, ама од друга страна размислувам што би било кога би било. Дали подобро ќе биде да се разделиме? Искрено се надевам дека е само период. Се чувствувам точно како што опиша ти. Ми се чини дека се ни премина во навика, се се сведе само на рутина. Ќе почекам уште некое време да видам како ќе се одвиваат работите, ако не одат на подобро тогаш најдобро ќе биде да се разделиме, колку и да е болно тоа за мене.
     
    На tanjusskat и milicka19 им се допаѓа ова.
  11. milicka19

    milicka19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    117
    Пол:
    Женски
    Епа види уште еднаш преиспитај си ги чувствата седенете и разговарајте повторно и повторно се додека вие потребно тоа и види и тој што мисли како мисли, можеби навистина се работи само за период и монотоност во вашата врска. Кај нас тоа беше бидејќи ние подолг период бевме сами без друштво оти неговите другари немаа женски и едноставно немаше со кого да излегуваме да се дружиме. Затворени во еден круг јас него му бев се и другар и женска исто и тој мене се. Сите муабети ги исцрпивме. Тоа беше период и помина. Сум зборувала и со други другарки како им е во врските дали некогаш и тие така се почувствувале па сите ми рекоа дека тоа е нормално нешто. Можеби сте презаситени еден од друг. Можеби премногу често се гледате и слушате и не оставате да си недостигате еден со друг. Направете промена во вашата врска ако и тоа не успее значи нема повеќе за што да се трудиш и колку да е болно тоа за тебе треба да го прифатиш.
     
    На Nati.P му/ѝ се допаѓа ова.
  12. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Nati.P. враќање (одржување) на топлината на односите не е појава, туку процес. Полесно е да се одржува отколку да се изгуби и да мора да се враќа назад, но со трпение и обострана воља, ништо не е невозможно. Барајте го доброто еден во друг, навраќајте се на оние работи кои ве натерале да се вљубите еден во друг, размислувајте за убавите моменти поминати заедно и кои постапки другиот го правеле среќен и со искреност и отвореност и подеднакво залагање ќе успеете да го распламтите стариот оган. И во иднина, избегнувајте караници колку што можете, барајте го доброто во другиот и усреќувајте се еден со друг. Ако успее, добро, ако не, веројатно сте си ја истрчале патеката и разделбата ма колку и да е болно е другиот излез.
     
    На Nati.P и milicka19 им се допаѓа ова.
  13. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    855
    Ви благодарам девојки :)
    Е сега, не споменав дека не сме од ист град, ама често се гледаме. Можеби токму и на тоа се должи ова заладување. Порано бевме заедно нон стоп што се вели, ама еве од летото па наваму не е тоа тоа, се случува и воопшто да не се видиме и по два три дена, или да се слушнеме само еднаш во денот, само поради некоја потреба. Ретко излегуваме заедно, бидејќи тој е зафатен и работи. А кога ќе излезам со другарките ми се лути зошто не сум го викала и него, или зошто не сум сакала да излезам со него. А како да излезам, кога секој пат кога ќе сакам да излеземе, тој не сака бидејќи е на работа утредента и не сака да останува до доцна :( Порано одевме на излегувања, на журки и баш убаво си поминувавме, а сега не е тоа тоа. И знам дека никогаш не може да биде како што било порано, ама сакам да биде барем малку слично. Секогаш кога ќе седнеме да зборуваме ми делува како да ги разбира нашите проблеми, дека ќе се смени нешто помеѓу нас, ама по разговорот знае да направи нешто, некој гест или збор, и си помислувам дека џабе сме разговарале, дека пак не сме ги решиле проблемите. Не можам со никој да разговарам за овие работи, имам со кој, ама ете не сакам да ги ширам нашите проблеми пред други. Овде можам да си олеснам барем малку и да добијам и совети :) Си мислев дека само ние имаме вакви проблеми, ама гледам дека и другите ги имаат.
     
  14. milicka19

    milicka19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    117
    Пол:
    Женски
    Те читам и се препознавам себеси во ова што го пишуваш. Работата нивна мислам тоа што одат на работа е за нас сфатено како изговор а за нив како обврска. Ние така си сфаќаме. И кај нас беше така заради работата негова ние неможеме до доцна да седиме или воопшто некогаш и да излезиме. Но се реши и тоа неможеме ние вечно да сме дома има начин да се среди и тоа. Баш дека сте од друг град тоа толку можеби не ги заладило вашите односи оти повеќето што се така викаат дека кога се немаме видено а сме од различни места не ни останува време за кавги. Ама не е секогаш така. Ти кажав јас дека треба да си ги испиташ своите чувства и да не бараш да се врати се како што било. Туку да гледаш сега оваа состојба да ја смениш на подобро ако се може се разбира :)
     
    На Nati.P му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    855
    Да, не е секогаш така, бидејќи некогаш и по телефон се караме, на фејсбук... Сепак, ви благодарам за советите :)
     
  16. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Сум спомнала често, ние правиме работи кои доведуваат до ладење на односите.
    Која е таа логика, другарка моја на пример, секој ден кај дечко и од утро до вечер. Или па еден друг пар, секој ден на кафе, на истите места, без новости, без жар некаков..Повеќе ми наликуваат на брат и сестра искрено! Друга пак, ај што е кај него по 12 саати дневно, туку си останува да си преспие кај него. Мене не ми е мака искрено, јас не го правам тоа, не го сакам тоа..Претерано е.

    Потоа, оставање другарки, излегување само со него, гледање секој ден..
    Јас сфатив, бидете некогаш недостапни за него, нека се намачи, така уште повеќе ќе сака да ве види. Кога ќе ти рече по навика, Ајде дојди дома те чекам, најди некоја причина да не одиш..На пример, не можам имам работа, па видете се по некој ден..Така и повеќе ќе сака да се видите, и поубаво ќе ви биде. Одете на места каде што не сте биле, не на местата каде што одите секогаш. Експериментирајте..

    Сите знаеме дека кога нешто ни е на дофат 24/7 ни станува рутина, не ни е интересно. Но кога нештото не можеш да го имаш секој момент, повеќе ќе те заинтересира.
     
    На buuuce28, joana18, Nati.P и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    855
    Се согласувам Miss.Ricci, ама ете таа недостапност може да предизвика и поголеми караници. Што ако на пример, ми префрли дека таа работа ми е поважна од него? Конкретно, сакам да одам на екскурзија, шанса која ми се пружа еднаш во животот. Две недели. Прекрасна можност да си недостасуваме нели? Ама :!: ми вели дека не може да издржи да не ме види и да не ме слушне две недели. Вели, знам дека тоа е животна шанса, свесен е и тој самиот дека таква можност не се пружа често и дека не може ниту тој да ми ја овозможи, ама ете, така мисли. Дека не може да издржи две недели без мене. Од друга страна, јас му велам дека тоа ќе биде супер тест за нас. Ако успееме да издржиме без никакви проблеми, ако успееме да си останеме верни еден на друг во секоја смисла на зборот, тогаш тоа е тоа. А и две недели се смешен период за ова. Можеме и понатаму. Знам и сигурна сум дека можам да бидам верна, сум била скоро 4 години со него и сум останала верна, претходно исто така имав долга врска и бев верна 100%. Ако сакав, ќе изневерев слободно, ама не сум таква личност. Но, не сум сигурна во него. Дали и тој може? Ме копка, ме убива црвот на сомнежот. Тоа е тоа.
     
  18. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Нати ги прочитав твоите постови и од нив добив впечаток дека си погодена од овај цел период што настапил во вашата врска и дека и после 4 години вие немате доверба меѓусебна а тоа е многу тажно.
    И јас сум во подолга врска и знам како е кога ќе настане монотонија во врската но одма кога ќе се осети такво чуство според мене треба да се реагира како што кажаа девојките погоре се прават работи кој до тогаш не се правеле да се оди на места на кој до тогаш не сте оделе да се потикни жарот во врската пофторно но за ова треба да се потрудат 2те страни,и многу ми се глупи коментарите демек сите што се во врска со дечкото 24/7 доаѓало одма до распаѓање на врската тоа за мене е глупост ако не го напнуваш некој отповеќе не правиш скандали и чести испади едноставно уживаш во врската таа врска секогаш оди понатаму според мене јас ако сакам дечкоми да г слушнам повеќе пати некој ден ќе се јавам или ќе му пишам ако ми е убаво со него да се гледам секоја вечер а и тој со мене ќе се гледам нема да ги контролирам моите чуства и да велам AJ SEGA VCERA SE VIDOVME AJ DA SE VIDAM PO 2 DENA SEGA ZA TOJ DA BIDE ZAGREAN PO MENE PSSSS BEZVEZA CISTA GLUPOST искрено јас лично познавам парови кој постојано си биле заедно и на крај се вериле и сега во брак се и пак се заедно така да тоа не е формула за успешна врска,повеќе битна е хемијата меѓу 2те страни сваќањата и довербата,сега не треба да биде и претерано да се угушите 2та на фб на тел.па да се видиме тоа е претеризам па ќе се исцрпите неме да има муабет меѓу 2цата повеќе никаков и тоа е претерано но све во границите,е сега Нати доста должев конкретно за тебе не ми е јасно зошто му велиш дека 2 недели додека си на екскурзија тоа за вас ќе биди тест ма малку не ти е смешно за толкав период на врска ова за вас да е тест?ај да се 2 месеци или повеќе можеби но за 4 годишна врска ова е смешно јас мислам дека кај вас 2та ужасно работи недовербата...
     
    На Nati.P му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    855
    mime87 пишав и јас дека две недели се смешен период, ама и ние бевме што се вели нон стоп заедно. До сега во овие четири години на прсти се брои кога не сме се виделе две недели или повеќе. Ама еве вели дека не можел да издржи, а знам дека може. Затоа и му реков дека ќе биде мал тест. И самата знам и еве признавам дека немам целосна доверба во него, се случија некои работи што придонесоа за тоа. И затоа и велам дека ме јаде тој црв на сомнежот :( ама ако решиме да продолжиме морам да преминам преку нив, морам да ги оставам во минатото. Не можам да продолжам напред ако не ги оставам таму.
     
  20. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    тогаш си потполно во право се соживеав со твојот проблем искрено бидејќи вашата врска е слична со мојата само мојата врска што е малку пократка и јас понекогаш имам проблем со довербата во некои ситуации но на некој начин се средувало тоа и потполно те разбирам само што незнам кај вас колку далеку отишле работите за да дојде до недоверба,но едно ќе ти кажам на екскурзија да одиш бидејќи ќе си поминеш незаборавно и спомените се неверојатни а доживувањата што ќе ти останат тоа немој да го пропуштеш,и да знаеш немаат врска коментарите со реаноста дека треба да бидеш со резерви во врската ниту една врска не е иста како на почетокот ако сакаш и на глава наместисе монотонија фаќа во секоја врска не се замарај со тоа...
     
    На joana18 и Nati.P им се допаѓа ова.