Добро е (кога го имаш истиот проблем нормално) што можеш да споделиш мислења и да прочиташ дека кај некои парови едноставно , не е се розово ... И кај мене е така скоро 5 години сум во врска и во последно време постојано се караме, денес тој дури направи невиден испад ја скрши чашата пред мене, како демек сум го исклучила цело време сум преговарала јас за нешто бла бла бла... Една година и некој месец живееме заедно но, чувствувам како да не ме трпи воопшто, што и да речам ми се лути... И јас сум во слична ситуација, мене ме нервираат некои негови постапки, за ситници го критикувам. Сакам да ви кажам дека оддалеченоста не мора да значи дека односите ви се ладат, може како во мојот случај да ви заладат и кога секој ден сте заедно. Незнам веќе ништо, ни што да правам, ни како да се среди ситуација...
И јас мислев дека сум единствена, ама овде сфатив дека не сум. Секаде има проблеми. И најчесто ние женските го влечеме подебелиот крај. Ние сме криви за повеќето проблеми изгледа, според нив Прочитав во една тема, СДК мислам беше, пишала една феминка: Јас пишувам и плачам, тој чита и се смее. Изгледа и кај мене е така. Не знам веќе на кој начин да им пристапам на проблемите и да ги решиме еднаш засекогаш. Како, кога мислам дека тој не ме сфаќа сериозно
Вака девојки за кавга се потребни 2јца како што ми вели секогаш мајками сега тој ако не е нешто расположен и се нафрла на вас пробајте да се воздржите и да не ви го расипе денот значи неговото расположение да не влијај на вас понекогаш е подобро кога се згуснува ситуацијата со кавги да станеш само да си заминеш да оставиш да се стишат работите да се смири ситуацијата да не паднат тешки навреди,пцофки и недај боже друго има такви периоди кога све ни смета ни смета кога партнерот дише глуп ни е неможиме да го поднесиме истото се случва и кај нив па во секоја врска го има ова неможе врската само да има акција и убави моменти па тоа не е возможно кај никој,секој има мани и недостатоци и ни една врска како ни еден брак не е совршена често размислувам за овие работи и си пронаоѓам душевен мир не дека си се тешам но реално вакви се работите секаде има недостатоци,на почеток све е забавно совршено интересно се впуштаме во нешто ново незаборавно и нив и нас убаво ни е но подоцна излегуваат на површина други работи со кој треба да се справиме но сега ако е непоправлива ситуацијата и ако и партнерот несака да вложи све му е сеедно еден човек неможе да ја спаси врската и постојано еден да вложва треба и 2та
Точно е дека за кавга требаат двајца и дека во една врска треба да има обострано разбирање, но што кога желбата да се реши некој проблем е еднострана? Последниве две недели дечко ми толку ладно се однесува со мене што не знам во што е проблемот. Прво пријдов индиректно и го прашав да не има некој проблем на работа или на друго место, да не му треба разговор, помош и сл. - рече дека не... Не ми се јавува по цели денови, што претходно никогаш не се случувало и решив отворено да разговарам да видам што е проблемот.... И после мое 10-минутно објаснување што ме повредило, што не ми се допаѓа, што се случува со него..., одговорот беше ОК! И сега? Нема одговор за мојот обид за разговор, а јас сум тип на човек што секогаш за се сака да разговара и се да реши преку муабет а не инает. Како што кажа девојчето претходно јас се нервирам и се обидувам да решам нешто, а он на шала ја сфаќа ситуацијата.... И сега што???
ве исчитав и некако се пронаоѓам тука......а шо мислите,дали е нормално после 2,5 годишна врска во рок од 1 недела да се изгубите по друг? мене баш то ми се случи.неможам да престанам да мислам на чоекот а шо е уште понезгодно сеуште сум во врска....и моментално незнам кај сум,збунета сум до бескрај......некој совет или мислење......
можно е,љубовта не прашува кога доаѓа,посебно ако си била оладена кон партнерот во тој период,но твое е понатаму што ќе правиш,дали ќе отидеш со другиот или ќе ги потиснеш чувствата,ќе ги сносиш последиците секако
Девојки, значи вака ... Дечково почнува да се ладии, како што читав погоре кај другите (изгледа не сум единствена со тој проблем) ... Порано ми се јавуваше почесто, и секоја вечер ми се јавуваше, а сега многу по ретко... И + на секој збор мии се лути и ми исклучува телефон (без причина) ... Кога и да ми се налути јас не го барам, секогаш тој прв ми се јавува ... Ама многу ми е ладен во последно време, пробав да разговарам ама ништо не биднаа ... Сега вас ве моламм по искусните кажете ми какоо јас да се однессувам со него ?? Несакам да го изгуубам, ама не сакам ни а го молам ... ХЕЛП ...
Во секоја врска постојат проблеми и караници.И мојата врска не е идеална ама се сакаме и едноставно функционираме доста добро. Од мое лично искуство можам да ве посоветувам дека пауза во врска не е на добро освем ако е како во мојот случај... Спојлер заедно сме 3 години, во првата година поради мојата љубомора се случи и тоа, раскинавме и за неколку дека зборувавме, решивме да сме на пауза. Јас тоа го сватив како раскинување.Се слушавме, пишувавме, постојано се гледавме но не бевме во врска. секогаш кога случајно се сретневме не се однесувавме како да сме само другари. Бевме во исто друштво и постојано заедно но ме немаше мене да замарам со прашања од типот каде си со кого си и сл. паузата ни траеше 3 месеци.Пауза беше иако се гледавме речиси секојдневно.Искрено овој период беше најтежок за мене ама го надминавме тоа и од тогаш сме заедно сеуште.
Можеби е само период.Доколку продолжи така зборувај со него најотворено и кажи му се што ти лежи на душичкава . Ако мислиш дека лаже оди проверувај го.Најди си начини и провери го.
зошто да не е можно јас имам одено на предавања во сабота имам и полагано во сабота... можи е само период во врската не се грижи толку сепак понашањето негово не е во ред, како и да е пробај да не се замараш толку со него и сатиго и ти малку на игнор нека го осети и тој твоето отсуство ако си секогаш тука на него со вакво негово понашање ништо не правиш...
Нати, дури сега гледам на темава дека си ме прашала нешто во врска со она што ти го реков.. Малку доцна, но ќе ти одговорам. За издржување може да издржи плус не гледам зошто да не се слушате? Две недели не се ништо, верувај ми. Јас мислам дека не од што не можел да издржи ами од што се плаши дека ќе се забавуваш и скроз ќе си заборавиш на него. Има скајп, ќе се слушате и гледате ако треба, тебе тие 2 недели ќе ти поминат за миг, за него ќе бидат малку подолги, но што врска би била таа каде двајцата заљубени не можат да издржат две недели еден без друг? И јас не би можела, во смисла на тоа дека ќе ми фали, дека премногу ќе сакам да го видам, но се издржува. Недај Боже, велам недај Боже непосредно откако ќе помине рокот за екскурзијата раскинете? И што тогаш? Не сакам да мислиш на најлошото, но, не е работава во издржување туку стравот ја прави целата работа. И зошто да не може да ти остане верен 2 недели, зошто се плашиш? Значи треба нон стоп да си крај него за да се осигураш, а и тој исто? Нема врска, тие што изневеруваат поинаку ги викаат. Ќе ја остави другата и после 5 минути ќе помине тебе да те собере, не се потребни 2 недели одалеченост за неверство. Ма да, точно е дека кај некои парови се менуваат работите после вакви екскурзии и т.н. Но тоа се случува кај врските кои, всушност, не биле стабилни.
Девојки..како што следам сите парови имаат период кога односите малку оладуваат.Ништо по различно е е и кај мене.Значи порано се беше по убаво и поразлично.Но изминатите недели односите многу се сменија.Немаме време еден за друг,постојано нешто се се караме,не се согласуваме,на прво место му се другарите не си обрнуваме внимание.Дури и синоќа пак се каравме,и тој забележи дека не е се во ред.Не сакам да го изгубам,сакам да бидам со него,и да биде се како порано.Но за ова мора да има некое решение.Вие што мислете,што да правам,како да се однесувам
Исто е и кај мене... Незнам што всушност се случува со него... Јас морам да го барам прва,да го потсетам дека постојам а тој си тера пак по исто. Демек му значам де...а кај е доказот?Игнорирањето ли? Јас буквално не знам што да превземам...Ме иритира. Можеби е моментално но кој знае ако не тој... Можам да погодувам.
и јас тоа се прашувам..не ми е јасно што треба ние да правиме.Како и да е тие се машки,а ние женски.Сакаме тие да бидат до нас,да ни посветуваат внимание..но задудно.Таквото постапување нас не убива се плашиме да ги изгубиме. Но сите парови ги имаат истите проблеми.Сепак за утеха да се надеваме дека тоа е период и дека се ке помине.
Се јавувам и јас во оваа тема, незнам колку долго трае овој период на ладен однос но се надевам дека ќе заврши. Порано кога излегував сама со другарките за викенд ми се лутеше ме испрашување, имаше некој излив на љубомора што помалку ми се допаѓаше бидејки ми даваше до знаење дека му значам, дека не му е се исто,а сега овој месец излегувам не ми прави проблеми дури и не ми се јавува на излегување дека сум била излезена па кога ќе се приберам да му звонам, а сетоа тоа е бидејк кога тој ке излегува сам да не го барам и ме нервира оваа ситуација... за ѕвонење преку ден ми ѕвони и не мервира тој режим на гледање -не секој ден!!!
Ќе ви се придружам и јас на оваа тема. Веќе долго време ни трае овој период на заладени односи. Исходот не го знам како ќе биди. Ај на кратко ќе ви раскажам па ве очекувам со вашите искуства позитивни и негативни. Во врска сме скоро 4 години. Врската ние беше се ок. Љубов, разбирање, почит, односите добри. Но пред некое време како да се смени. Јас сум таа која што прва го бара, јас сум таа која што му вели да се гледаме, да излезиме. Некогаш се случува да ѕвонам повеќе пати а да не ми крени со изговор дека спие или дека телефонот се полни не го слуша и.т.н. Ова е период кога и воопшто не се гледаме само се слушаме. Изговорот е уморен сум рано станувам за на работа и ми треба одмор. Ај во ред тоа го разбирам и порано беше така но успевавме некако и да се гледаме и да си посветиме време еден на друг и тој да има време и да се одмори и да спие. И додека тој вака спие и е уморен од работа јас седам дома како некоја будала со надеж дека ќе се смени нешто и ќе му текни дека јас постојам во неговиот живот а не само неговиот кревет. Да излегува и да шета со другари сам не е од тој тип па да ме остави сама не се случило до сега тоа, освен кога се било на база на договор. Сакам да кажам дека сме немале таков проблем до сега. Ни него ни мене не ни било ништо забрането. Но незнам што се случи. Дали веќе муе здосадено од мене и сака еден период да биде сам или нешто ми најавува со тоа не знам. Јас веќе престанав да го барам прва на телефон сум ладна со кратки одговори и тој тоа го осети и сега прашањето е зошто не сум го барала така често како во мене да има нешто проблем. Додека со гледањето е исто не е ништо сменето можам да кажам дека еднаш на две недели се гледаме и веќе заборавам и како е. Пробав да разговараме и за него е се нормално и во ред јас сум таа што има проблем. Нема авотмобил и тоа му било проблем да дојди сме биле многу далеку и ред други работи а претходно тоа не му беше никаков проблем наоѓаше начин и се гледавме. И не е истиот како порано и кога ќе се видиме не ми посветува внимание. Како фигура да сум јас. Веќе незнам каков разговор да почнам со него и што да му велам. Очајна сум. Почнав да си излегувам со другарки за да не седам само дома и да не мислам на тоа но не помага и тоа