Долга врска е во прашање, веројатно е некоја криза. Штом порано не чувствувал како препрека оддалеченоста, си му била доволно предизвик за да ја помине далечината да те гледа почесто, Во најубавите, најромантичните и најполни со љубов врски, може да се случи ваков период. „Не е ништо, само во твојата глава е така“ некогаш машките го велат да скријат некоја работа, тоа е точно. Но, не брзај со таков заклучок затоа што најчесто, навистина и за нив не е ништо и не постои проблем. Зошто? Затоа што машките поинаку гледаат на самата врска од нас, не се толку аналитички расположени. Внесете некоја различност, еве лето е, на пример нова дестинација, создадете си нови спомени летово. Кога ќе отидете еднаш на одмор, за сигурно ќе знаеш дали навистина бил изморен од работата. Мене не ми изгледа на нешто лошо и нешто што нема да се преброди. Остави му сега малку простор, не целосно да се изгубиш, не да покажуваш лутина на телефон, биди си фина, но едноставно остави му простор малку. И како што реков, полека почнувајте да воведувате нови нешта, нови спомени. Jaс имам некое чувство дека ова бргу ќе се реши.
Не сме многу долго заедно, тој на почетокот беше многу внимателен што сега едвај тоа се приметува, барем јас така мислам... и беше повеќе посветен на врската. Исто така за сите караници или било што негативно ме обвинува мене.Тврди дека јас сум се сменила, а за мене е тој тотално сменет, поладен е од било кога а уверен е дека повеќе се замара и се грижи за нашата врска. Дали е ова би можело да помине и се да биде како што било порано?
Разидување во мислења. Не ти треба и нема да биде никогаш исто како некогаш. Штом не сте долго заедно полесно за тебе да преболиш.
uf, koga odnosite se ladat,..., nastapuva razdelba...jas konkretno za mene vi kazuvam..., vrska od 4 godini.., ma ne se ni osvestiv deka go gubam...so tek na vreme se ladevme eden od drug se ladevme..po megu nas se ispreci toa ladenje, i stavivme kraj..., znam deka strada..., stradam i jas..., no ne mozeme poveke zaedno da bideme... se prasuvam samo zasto li pomina tolku vreme.... ete od toa ladenje... mi ostanaa spomeni i bolkata deka nekogas sme bilee zaedno .... pusti da ostanat tie razdelbi
Стварно многу време ти требало, ама сите се залажуваме дека нешто ќе се смени на подобро, за на крај тиквата да пукне на половина. Она као: „Те сакам ама не можам да бидам повеќе со тебе“ е тоа е тоа разидување во мислења и не компатибилни карактери.
и кај мене се случува и верувам дека секоја врска доаѓа до такви моменти сепак моето мислење е дека во тие моменти треба извесен период да не се видувате но сепак да има слушање по телефон,нет ова она така повеќе си се зближите а во едно и ќе си недостасувате еден на друг
истото и кај мене ми се случија некои не пријатности во моето семејство кој на мене влијаеа многу 4 дена се чуствував мн лошо неможев да се совземам и очекував од него поголема подршка но не испадна така пропратно со тоа ми пукна филмот и му изнареков работи што долго ги потискав во себеси и сега се направи големата денес не ни збораме воопшто тоа е тоа ...
Ако односите почнуваат да се ладат тоа значи дека и фали нешто на таа врска или и се ближи крајот што немора да значи. Ако со партнерот по некое време сфатите дека не се согласувате и не сте еден за друг таа врска секако е осудена за крај. Безразлика дали ќе ја продолжувате или не или ќе се слушате на телефон фб или било што. Потешко ќе биде за вас. Ако оди оди ако не не и готово. Залудно е да одложуваш нешто што ќе заврши кад тад.
Сo дечкoми сме вo врскa скoрo 3 гoдини нo пoследниве 2 месеци некao не oди јaс пoвеќе не гo сaкaм секaкo декa ми е сеуште мил нo јa немaa oнa стрaст и сaкaв дa јa прекинaм врскaтa нo негoвиoт тaткo пoчинa пред 2 недели и немoжев дa гo oстaвaм и ветив мн рaбoти декa ќе oстaнaм сo негo нo знaм декa не гo сaкaм еве денескa се зaкaрaвме и ми рече дa не гo зaмaрaм пoвеќе кaжетеми штo дa прaвaм мене мие жaл д гo oстaвaм пoрaди смртa нa тaткoму. дaли ќе биде вo ред дa јa прекинaм врскaтa?
Мислам дека сега за сега не би било многу паметно да ја прекинеш врската Доволно болка има моментално (ова со татко му), па ова коа ќе му раскинеш ќе му дојде како „капаче“ на се. Извини му се за тоа што сте се скарале денес и биди до него дур ситуацијата не се потсмири За понатака ти размисли, види дали се смениле чувствата и слично.
Јас со сложувам да не го оставиш сега во ваква ситуација поради смртта на татко му. Но болдот, би те советувала да не го бараш, да го оставиш да се смири тој, да се соземе и да те побара сам. Мислам дека не би требало да иницираш на кавги во вакви ситуации, пробај да се воздржиш малце, а кога ќе помине време поразговарај озбилно со него.
Се сложувам со претходните мислења сега не е моментот за тој да се соочува со раскинување доволна му е болката што ја има,една работа треба да сватиш врската не ја сочинува само страста со кој и да бидиш по 3 години сигурно нема да ја чуствуваш истата страст како на почетокот на врската,во текот на годините дури сте биле заедно сигурно сте поминале мн работи,неможи секогаш да ти биди убо значи во животот све се случува и во секоја врска има подеми и падови,мн се зфркнале со тој изговор дека нема повеќе страст во врската но подоцна му недостига партнерот а да не зборувам како се чуствува кога ќе види друга личност покрај него,таков ви е периодот депресивен нормално е тоа според мене треба да размислиш убаво,сепак твоја работа одлучиси сама,друга работа што ми падна во очи е тоа што тој ти рекол да не го замараш не е битно за што но значи и ти го бараш и не ти е сеедно така да.....
Запрашај се дали тој тебе ќе те жали во ваква ситуација? Верувам не, не паѓај на сентименталности, можеби звучам грубо, ама ако е обратно пе пари нема да дава. Денес нема жал, се жалат оние кои немаат основно средства да го поминат денот. Осудувајте ме ама и после 2-3месеци пак ќе го жали оти тој ќе се вади на тоа само да ја задржи. НИкој никого не жали и од жалење не се живее. Ако ти рекол да не го замараш без пардон остави го. Мојот ни на погреб не дојде и што сега, него не го боли тој е мој родител не негов.
Некогаш и јас се осеќам дека сум оладена спрема дечко ми.. Се си мислам на лоши работи.. Дека немаме што да збориме,дека не се почитуваме еден кон друг но ова се само моменти,ужасни Сега периодов му кажав да не се слушаме и да не се гледаме до среда..Зошто почнав ептен ладна да сум,да го мразам заради неговите постапки а и да се мразам самата зошто толкав гад сум станала.. А сега па сваќам дека ми фали,дека го сакам и знам дека овие мали паузи што ги праиме се за доброто на нашата врска,а и прееска му се јавив неможев да издржам зборевме и двајцата смирено и одеднаш почна да ме млати дека ќе идел утре на журка ова она и во тој момент се покајав што му се јавив и се заќутев..И така зборевме и на крај нели си рековме чао чао и му реков чаао и ми рече те бакну...и јасс спуштив! Пак таков неподнослив ми стана... Дали можеби ова се дешава бидејќи ми е прва долга врска или....? Сакам да се сменам да бидам мирно деввојче,кое нема да мисли на лоши работи и кое нема да иде контра...помошш :-/
Го сакам него но и ми е страв некако во последно време,да не ме зафркне,да не ми раскине кога најмалку ќе очекувам,да не ме отсака...А вака ми е откако при карање ќе се изнавреќаме... :/ Како да не сум стабилна...
^ Јас мислам дека од страв да не те остави тој, се однесуваш така, па сакаш да видиш како тој би се однесувал и што би ти кажал во таквите моменти и колку би издржал без тебе. Искрено, кај сите се јавуваат тие периоди кога ќе се искарате и кога не можеш да го поднесеш, и лоши мисли, но тоа е моментално. Еве и сама кажа дека не можеш да издржиш без него и си го побарала. Ти прво му бараш пауза, а по неколку дена го бараш. Најверојатно, дечкото сега сака на некој начин да ти "врати" и да ти покаже дека можеш да го изгубиш. И со самото тоа што го бараш, глуми лудило. Не знам што да ти кажам. Ти самата најдобро знаеш што чувствуваш, но ваквите паузи колку што се добри, толку се и лоши за опстанокот на врската. На овој начин ти го учиш да живее без тебе. Не се слушате, не се гледате и веќе се навикнува. А штом дошло до ова, нешто тука не штима. Расчисти си прво сама со себе, па после донесувај одлуки. Немој во нервоза да направиш нешто за што после ќе се каеш.