Кога врската ќе дојде до размислување за „одмарање“ значи со неа е ГОТОВО. Ако има забрани од едниот дел во врската до другиот значи нешто де е во ред. Забрани уште во врска? Што ќе биде тогаш во бракот??? Татувче преиспитај се уште еднаш дали ВРЕДИ ДА И СЕ ДАДЕ ШАНСА НА ВАШАТА ВРСКА ДА ПРОДОЛЖИ...
Во врска сме скоро 8 месеци и веќе не е исто како порано... Од негова страна всушност исто е, но од моја не. Некако се оладив, размислував неколку пати дали да му раскинам. Досега не постапил кон мене лошо и не погрешил, единствено што претерува е со барањата за секс, но барем од мене го бара тоа и е верен а не го бара кај друга. Откако пред три месеци имавме жестока расправија, во мене нешто се скрши, нешто се избриша. Не сум сигурна дека го сакам сеуште. Не знам дали да му раскинам или да му дадам време и колку време, да видам дали работите можеби ќе се средат. Уште еден минус е што сме од различни градови и се гледаме само два пати месечно.
@Bitter-Sweet чим се сомневаш и се преиспитуваш дали го сакаш или не дефинитивно не го сакаш. Да го сакаше, никогаш немаше да се посомневаш во тоа. Take time for yourself и расчисти, немој да си го губиш ни своето ни неговото време
Чим си оладила толку е од врската,сепак рачисти си човечки и секој по свој пат.Чувства или имаш или немаш,или сакаш или не сакаш.
Ти си девојка и со ништо не си врзана за никого Ако само малку осетиш дека нешто нечини, мој општ совет за сите е да на време да се ,,среди,, тоа. Покажи му дека ти значи помалку од порано. Нека се покаже и нека те освојува. Така ќе видиш колку тебе ти значи и колку ти дошло до врска со него.
Штом еднаш пукнало во тебе тешко дека ќе се залепи. Најверојатно со тек на време си сватила дека таа замислена "хемија" и баш ја нема меѓу вас, а штом ја нема тогаш е излишно да се мачиш и ти а да го мачиш и залажуваш и него за нешто што не постои.
Кај нас не знам дали е ладење на односите или целосно одљубување. Заедно сме 6 години, од оваа година почнавме да живееме заедно, во Скопје, јас на факултет тој работи. Прво јас не сакав да живееме заедно затоа што се плашев баш од тоа што сега ни се случува, но некако ме убеди. На почетокот беше супер, возбудливо, интересно, но сега веќе не можам да го поднесам. Се чувствувам како во лош брак, а имам само 21 година. Забавна личност сум, позитивна, но се тоа што бев веќе не сум. Ни врската не е тоа што беше. Сега повеќе не ни разговараме за проблемите, дури и сексот е без врска, без страс, едноставно колку да се каже да имаме секс. Знам дека ова беше огромна грешка, но изгледа како тој да не знае. Пред некој ден ме праша ако ме запроси на Нова година, дали ќе му кажам да. А јас едвај чекам да дојде јуни и да преќине оваа измачување. Мислам дека не се ни цениме веќе, а и како и љубов да нема. Дури почнав и со другарките помалку да излегувам, не поради него, туку како да се затворив во себе некако. Ме има излажано и повредено милион пати, па можеби затоа не можам да го поднесам веќе. Помош.. што да правам, како да издржам уште цели 6 месеци?
Кога нешто не оди не оди, зошто да чекаш 6 месеци и да замислуваш бајка што не постои повеќе? Кратко, јасно и гласно ќе разговараш со него и ќе разрешете, ако бидува бидува ако не секој по свој пат! Најпрво расчистете си ги работите меѓу вас, стави се на кантар и премери, размисли и расчисти си ги чуствата, ако сметаш дека не можеш и не сакаш повеќе животот да го делиш со него тогаш не мора да се измачуваш повеќе во врска која одамна го изгубила секое значење и емоција.
Не мора да трпиш толку многу време ако веќе си решила дека не сакаш. Ако си сигурна во одлуката, одделете се. Еве го, првиот семестар завршува, за време на паузата одделете се, не живејте веќе заедно. Сте разговарале ли за ова? Оти по постов што го читам, само ти се измачуваш, а тој врска нема што се случува. Седни, кажи му, биди отворена, може ќе најдете некое заеднично решение. Ако не, парталите и бегај.
Му имам кажано неколку пати дека не сум среќна, најчесто кога се караме, ама тој мисли дека го зборувам тоа од нервоза. Секогаш кога започнувам разговор, тој секогаш се правда и почнува да се кара и да го повишува тонот и тогаш се повлекувам, бидејќи знам дека на крајот ќе успее пак мене крива да ме направи. А бегањето баш не ми е опција, бидејќи финанскиски не сум во добра состојба.
Мислам дека @Butterfly15 не го напушта затоа што нема кај да оди до јуни. Кај ќе бара сега друг стан и цимерки? Стварно не е фер да седиш и да го залажуваш, ама од друга страна во безизлезна ситуација си. Ако можеш некако да се снајдеш и да седиш кај другарки, секако со поделени трошоци, веднаш разрешувај. Мислам дека воопшто и не се двоумиш, јасно е дека не сакаш да продолжиш со него. Стварно безвезе ситуација. Едит, сега гледам дека си пишала дека финансиите се проблем. Епа тоа е, или пробај да најдеш некаква привремена работа, или приклучи се кај другарки што веќе се цимерки и имаат место за уште една. Долг е периодот до јуни. Плус, ако те запроси... уште поголем проблем.
Да, имам другарки овде, но немаат место и некако и незгодно ми е да им кажам. А и искрено жал ми е да го оставам така, таква сум ете жалослива. Ќе седнам ќе зборувам со него на смирен начин, па можеби ќе се подобрат односите. Ако не, ќе си чекам јуни.. Благодарам на советите.
Имаш време до јуни за да си ги процениш работите со него и да извлечеш заклучок што за понатаму. Во меѓувреме потруди се и барај некое чаре за да се извлечеш себеси од животот што не те исполнува, може има начин, има решение, има време до јуни за да дојдеш до некое решение. Важно, најпрва работа што треба да ја направиш е да разговараш со него за сево ова што те мачи и не те прави среќна и исполнета тоа е еднинственото решение за исходот за вашата врска, ако немаш чуства оди и барај начин да излезеш од врскава.
Кога некој сака да направи нешто за тебе едноставно може и до месечината да оди и да се врати пет пати по ред у рок од 10 минути, ама се познава автоматски кога веќе не е толку заинтересиран и 10 чекори да треба да направи, ќе најде илјада изговори само да не го направи тоа. Како може на почетокот првите 2/3 месеци дури и помал период да може да прави муабет со тебе до сабајле и да не му се спие, а сега му се јавуваш у 1 касно му било.. значи се е до тоа како ќе му се постсвиш. Колку повеќе си му недостапна толку повеќе ќе си ми и посакувана. Оди ти мини 15 саати у ден со него и чекај да те бара за да се видите. Тој филм може само да се сонуваа. Позз