Пред неколку дена се најдов во многу непријатна ситуација. Мојот дечко дигна рака на мене, а за да биде уште поболно имам и модрици од ударите. Имам и конкретна причина, посилно затворање на вратата. Не знам што да правам, ова се случува повеќе пати. Секогаш премолчувам, чувам во себе. Разговарав само со една моја другарка, која ми даде совет веднаш да ја прекинам мојата врска. И уште нешто нашите контакти исчезнаа, од слушање по 4-5 пати дневно, се доведовме до ситуација да не се слушаме воопшто. Имам страв да и кажам на мајка ми бидејќи може да има последици кон него. Ве молам за помош! Како ви постапиле вие во ваква ситуација?
Тоа што ти го кажала другарка ти е сосема исправно.....кога се случило повеќе пати тоа и ќе продолжи а ти не би требало тоа да го трпиш...никој нема потреба да страда заради исфрустрираноста на него небитно дали е машко или женско и дали се работи за тепање или за навредување....значи и мој совет ти е да ја прекинеш врската затоа што се се решава со разговор а НИКАКО СО ЧОТЕК!
И јас сметам дека СЕ треба на пристоен начин со разговор да се реши. Ќотеккк, мислам не сме животни, па дури и животните не ги тепаат. Седни си, разговарај си отоврено, кажи се што ти смета, што сакаш да промениш.....итн.. Ако нема подобрување, најдобра опција според мене е да се разделите. Па за што си должна да трпиш физичко малтретирање....????? А, ако те сака, нема да сака да те изгуби, и се се смени!!!
И што ако има последици за него? Уште ќе го жалиш? Како би му било на него да дојде некој посилен и да го збумбари од ќотек зошто ја треснал вратата?! Тури му пепел и нек крши глава, ќе го жалела...такви кукавици не заслужуваат љубов.
Работата е што сме во врска веќе 4 година. Веќе стварно не е во ред. Ти некого толку да го толерираш и вака да ти враќа? На што личи тоа? Работата е што јас сум виновна. Сега сакал и 1 недела пауза не го сфаќам веќе. Јас за него жртва а он мене вака ми враќа. Ама можеби јас сум крива јас сум му дозволила.
Од такви подалеку. И ја мислам дека треба да ја прекинеш врската што побргу. А па и затоа што вратта си ја траснала, ма да најдеш некој посилен да го истепа и да незнае како се вика.
Очигледна е љубовта која ти ја чувствуваш спрема него, но запрашај се, дали и тој ги има истите чувства? Си преголтала повеќе удари, само затоа што сте четири години во врска? Не сакаш да и кажеш на мајка ти, за да не создаде поинаква слика за него? Јас искрено мислам дека до сега ти си требала да создадеш поинаква слика и да престанеш да идеализираш личност, која пред се е далеку од нормална. Причината за која ти си добила модринка е крајно глупава. Значи, неговата реакција не се сведува на муабет, туку на примена на физичка сила. Господ ни го дал јазикот како средство за комуникација, а не тупаницата. И зошто се трудиш да го заштитиш? Тој не заслужува ти да му кренеш слушалка, а не па уште пауза да бара. Ако се дрзнал физички да те малтретира уште од сега, замисли каков би ти бил животот со него во иднина. Ти си виновна само за една работа, што не си ја прекинала врската уште првиот пат кога кренал рака врз тебе. Мој совет: бегај подалеку од него и продолжи си го животот со некого што раката ќе ја крене само да те милува. А ако планираш да останеш со него, не е лошо да си го меморираш телефонскиот број на СОС линијата за помош на жртвите од семејно насилство.
девојче ТИ СИ ЖРТВА НА НАСИЛСТВО и моја препорака ти е да го пријавиш, не само да споделиш со мајка, другарка, туку да отидеш во полиција, и да им ги покажеш модринките, тие знаат што треба да направат-не се плаши, законот те штити, а тоа дека треба ПОТХИТНО да се оддалечиш од него, треба. тоа што ти побарал пауза, ти направил услуга-биди му благодарна за тоа.
Девојче веднаш да раскиниш со него, од такви луѓе нема никаква корист. Многу мразам такви работи, те удрил и ти сеуште си со него? Па каква е таа човечност? Нема никаква човечност во него. Тој те малтретира тебе, не ти е родител па да крене рака на тебе. Знам дека толку долга врска не се растура лесно ама ако тој не се промени, расчисти си засекогаш. Има толку многу машки што сигурна сум дека ке си најдеш некој 100 пати подобар. А ако продолжи вашата врска и прерасне во нешто посериозно, биди сигурна тека тој и понатаму ќе крева рака на тебе. Позз се најубаво
Така е, и намене никогаш мајка ми не кренала рака. Колав ти е дечкото? Видов дека ти си 20. Мислам дека подобро е прво да разговараш со родителите, па заедно ке донесете најдобар заклучок, па ако се одлучиш за полиција ја имаш мојата подршка, бидејќи ретко кој собира храброст за таква работа.
Никој нема право да крене рака на тебе ... Тие модрици ќе исчезнат, но што е со модриците одвнатре? Дали ќе се искупи и ќе може да ги покрие? Не, тие секоаш ќе останат како модрици. Јас би те советувала да раскинеш со него, не те заслужува ... ВИСТИНСКИОТ МАЖ, НЕ УДИРА ЖЕНА !!!!!
Тој има 23. Сакам да го пријавам само колку да види дека вредам и дека постојам и дека не е он се на светов.
Е ... тОА ТИ ГО ЗБОРУВАМ АЛИ направи некако и ТОЈ да пати ... Да знаеш тој многу пати ќе ти се извинува ќе ти кажува дека се сменил дека ти си му се и некој такви слични глупости ... Ама запомни ... ВОЛКОТ ГО МЕНУВА САМО ВЛАКНОТО !
Машко што удира женско не е машко, тоа е лигле што не знае да ги реши проблемите. Не ти препорачувам да продолжиш да се гледаш со него, зошто ако еднаш те удрил повторно ќе го направи тоа. Можеш да го пријавиш ако сакаш ако не само престани секаква комуникација со него
...јас подигам пендрек,ако не јас...фамилија моја...мајке ми! Јас не знам како инстантно не си го одсакала. Ти немаш повеќе ниту една разумна причина зошто да го сакаш и да бидеш со него,крај. Тешко,нетешко,стисни заби,ни јавувања,ни збогувања,овде нема простор за дискусија,се што содржи збор,само ќе ти отежне,чак што више може ко права пи*кица (а такви се тие што креваат рака на жена) да се извинува и да ветува дека ќе се смени,а нема! Ова е доказ дека не те почитува и е непростливо. Еден автомобил или што и да било тоа во заднина,да вреди повеќе од тебе?! Марш у три пизде лепе материне и терај си по патот,најди си дечко што ќе те почитува,сака и чува. Не си заслужила некој идиот да те удри,па дури и модрици да носиш. Мислам мене не ми е јасно како некои не сакаат да простат неверство во зависност од причина,а неретко и е од глупи причини,а се подготвени да простат насилство... Деградирачки е... Гледај си среќата и пушти му некој муж да му каже 5-6 збора. Манијак!
Не ти треба да го пријавуваш во полиција, ништо нема да направиш. Еве ке споделам едно мое искуство. Неколку пати прекутев кога крена рака на мене, знаеше дека можам да му вратам зашто од дете сум спортист (и имам искуство со боречки вештини)... но не враќав. Вајда ќутев зашто повеке психички ме болеше него ли физички. Се дур не ми се споија жиците и еден ден кога крена рака на мене заврши со раскрварен нос, модрици по цело тело, исчашен зглоб и раскрварено уво. Вратот не сакам ни да спомнам каков му беше. Откако убаво го измлатив се спакував и си отидов. После 3 месеци се заврши и со разводот. Еден мал поглед од психолошка страна- Да не го направев тоа и ден денес ке имав фрустрации и ке ми беше криво што сум трпела. Сега не ми е воопшто криво. Сега сум срекна што му одржав лекција.
Па што ако сте во врска 4 години? Бракови од 15-20 години се распаѓаат поради вакви причини, а не па една 4 годишна врска. А што сакаш ти да се омажиш со него зашто имате долга врска, и тој тебе да те тепа пред децата, да поминат добри години, за ти да се освестиш дека треба да поднесеш барање за развод? Епа ова те очекува, ако не се откачиш на време од него. Немој да мислиш дека ќе снимате кадри од Ноутбук кога ќе се земете. затоа не го барај, не му се јавувај, избриши го од твојот живот, зашто денес модрица, утре може и во Државна со сокче на посета да ти доаѓаат