Исфрли го ти од твојот живот додека е време, човек не се менува, ти кажувам од искуство. Сега за сега успева да се исконтролира ама кога ќе му паднеш во раце... модра ќе шеташ. Ако тоа го сакаш тогаш продолжии и оправдувај го, во спротивно си знаеш...
Да не солам памет, убаво ти кажаа другите. Но, искрено, да треба да си одиш дома, а него да му е побитно да си игра некоја игра, па и да е спремен да те натепа што си му посметала.... повеќе самопочит ти треба. Ако сега сама треба да м'кнеш куфери, што станува за понатаму? Одлуката е твоја, никој не може да ти помогне.
некогаш не доага до кај мене во станот кај со седам зошто колата не била дома и неможел да мења 2 автобусии и некогаш не доагаа а кога сме заедно јадемее се шетамее се е убаво
не се залажувај девојчеее, мани му ги клоците .. јас на мојов да му речам сега дојди на снегов и мразов глава ќе искрши (да не се фалам сеаа де...) , а овој неможел два автобуси да мења немој молим ти се!!!
Вистинско машко никогаш не крева рака на женско посебно на своја девојка..., па и уште те држи како негова лична сопственост и ти заповедува?!? Извини ама наивна си, се омаловажуваш пред него, ти секогаш се извинуваш, така уште повеќе му ги креваш акците и уште повеќе нема да те цени. Има многу многу машки во морето кои се подобри од овој, и во вистинска смисла на зборот џентлемени, кои искрено и вистински ке те сакаат, а не како овој кој очигледно те гледа како за забава и да не остане само сам... СРАМОТА! P.S. Најди си друг не си губи драгоцено време за џабе.
Пошто ова ти е трет коментар тука, а втор како го оправдуваш, ти прочепкав низ профилот и најдов на друга тема дека си коментирала дека од твојата плата (12.000) тој ти бара/зима по 10.000 зошто типот сакал да си купи кола. Е уште ова не бев видела досега. Каде те малтретира, уште и те искористува. Епа браво. Наместо да седиш тука и да пробуваш да го оправдаш пред нас (а со тоа всушност си го оправдуваш потсвесно пред себе си), подобро би ти било да го откачиш уште веднаш. Ќе ти речев и да го пријавиш, ама очигледно си презаслепена и толку наивна, што успех би било само да се тргнеш од него. Чекај и да си се едитнам: не ти било проблем тоа што му даваш по 10.000, туку само те иритирало тоа што не ти дава да полагаш за возачка. Боже, помогни му на девојчево. Ти, да те прашам вака, со родителите комуницираш? Тие знаат дека работиш? Ги интересира кај ти оди платата или тешко? Пошто јас, што ни те знам ни те познавам, од ова што го читам за глава се фаќам, а не пак тие...
Не работам веке зошто не се издржуваше нервозии имав многу од работата и од тогаш си реков ке го завршам факултетот нема да ме зафркаваат неписмени си имам свои амбиции сакам да бидам самостојна личност со убава плата ама некако он ме кочи во тоаа
Аха, нема да те зафркаваат неписмени, ама ќе те малтретира некое рандом копиле? Ти држи вода логикава, не велам не. На темава веќе нема што да се додаде. Дури сама не си ги отвориш очите, џабе ќе ти е се друго.
Види, дада да ти каже. Дечко треба само едно нешто да крева на тебе, а тоа ни под разно не е раката (освен за да те погали...) Ајде што кренал рака, па пак не ти иде памет, згора на тоа не ти дава да студираш, наоѓа глупи изговори да не те види, па и платата си му ја давала за кола, а тој не ти давал да полагаш оти те смета неспособна да возиш?! Дали ти себе се сметаш за здраворазумна личност, вака искрено? Како може да се нарекуваш амбициозна, кога го дозволуваш ова? Види, секому се случило да се заљуби во кретен и да му е тешко да се соочи со реалноста. Разликата е што едните наоѓате секакви оправдувања, а другите наоѓаат сила да откачат и преболат за свое добро. Многу фина тактика е прво да ти угодува за да се затрескаш, па после мамето да ти го расплаче. Немој, молим те. Батали го. Секако ќе те боли, дали постапките негови или фактот што ќе се осеќаш ко искористена будала некое време после тоа, ама како беше она - подобро ужасен крај отколку ужас без крај.
Ех да беа сите мажи како тебе, ќе беше многу поубав животот. Поздрав, не се менувај никогаш.Среќна е онаа која те има.
@veronika20 Пρеκини да се убедуваш деκа се` е во ρед, κога не е. Знаеш и самата, затоа баρаш совет - што е паметен чеκоρ. Биди паметна до последно и не вρаќај се чеκоρ назад со опρавдувања и објаснувања за неκој ваρваρин што саκа да игρа игρи. Убави совети ти дале. Си имаш пρоблем, ама си имаш и глава. Ρазмисли си сама κаκва иднина те чеκа со него. Би гледала (не ρаѓала) деца со таκов човеκ? Не знам за тебе, ама мене лично, κоса ми се κρева од самата помисла. Туκу да го оставиме него, ТИ чуκни си ја главата и поρасни малце. Тρеба да бидеш нечија мајκа. На што планиρаш да ги учиш децата? На самодовеρба κаκо твојата, со голем пρефиκс НЕ? И κаκов совет ќе им дадеш: ,,Пρиспособувајте се на се` и аκо неκој ве тепа, запомнете добρо: вие сте виновни" . Дај собеρи се малце. Не ти велам за лошо. Сега биди силна, пρомени се и ќе бидеш добаρ пρимеρ. ,,Шетаме" велиш. И што аκо шетате? Не ми е јасно зошто на шетањето κаκо дејство му даваш огρомно значење, а на тепањето миноρно??? А да и сте јаделе и се` било убаво и бајκовито. Опρај се! (Обично би напишала ,, те молам", ама па зошто да те молам. Аκо саκаш да се упρопастиш повели, седи си со него.) Јас само исκρено се надевам деκа ќе ги послушаш сите совети и ќе ни пишеш деκа си се тρгнала од овој човеκ.
Сo негo џaбе трoшиш живци и време. Нa фaкултет, џaбе трoшиш пaри. Oд aкaдемски грaѓaнин oчекувaм дa знaе еднa прoширенa реченицa дa нaпише.
Постои еден психолошки синдром кај некои девојки кој прави да се заробени во чувствата на дечкото или мажот насилник. Кукаат, се жалат, се силат вака пред други „е уште еднаш да ми крена рака и го оставам!“, а покрај него ќутат и уште повеќе се затрескуваат на потсвесно ниво кога тој ги „доминира“ во негативна смисла на зборот. На таквите девојки доколку им пријде некое фин и љубезен дечко кој би им изразувал емоци и чувства, би бил џенталмен со нив, би им давал поклони, комплименти, би ги испраќал до дома итн... за него ќе речат „тој е премногу добар, не го гледам така, го гледам како најбољи другар“ ... со други зборови не ги пали воопшто таа доброта и финоќа, а напротив ги пали грубоста, незаинтересираноста, па дури и омаловажувањето од страна на лошото дете (Хуго). Тој им е позабавен, повеќе ги возбудува, ги тера да мислат на него, можеби и самиот страв од него им делува афродизијачки. Не знам, не сум психолог, ама сум го забележал овој синдром на „bad boy lovers". Овие девојки обично имаат слаба самодоверба, или биле злоставувани порано, или имаат татко кој бил насилен спрема мајката па им создал потсвесно некој таков модел на маж. Еве и Бритни пее за еден таков дечко и баш потенцира дека таквата „љубов“ (читај затресканост) не е рационално, туку повеќе физичка Така што мислам дека таквите девојки си бараат посебно советување со психолог стручен на оваа тема. Форум тешко ќе ги смени да донесат храбра одлука.
За ваквите мулиња како тебе јас само можам да кажам: малку ти е. Ако е вистина и го трпиш сево ова, ништо не ти е. Не да ти остава 2000, цела плата треба да ти ја зема, што ќе ти е? Од амбициозен академски граѓанин се очекува да напише Скопје, во најмала рака. Фала, пријатно.
Јас кога викам кој се е запишан на факултет, вие не верувате Слабо правописот, слабо... Туку, кога еднаш партнерот ќе крене рака...тури му го ку*от Некој може ко кралица да те гледа, а тој јакиот маж ќе кревал рака па уште ќе се акам по него од плачење и молење да ми прости
Сите си знаете со каков човек сте во врска/брак и што може да очекувате од него. Имајте свој став и стојте цврсто на свои нозе. Дајте му до знаење дека не може да управува со вас како што сака, вие сте индивидуа за себе. Вашите родители се грижеле за вас, ви помагале и ве направиле човек, за еден ден некој да се иживува со вас? Никој нема право да ви крене рака!
Арно ми вели мајка ми,кој си прави САМ си прави ! Ти изглеа сакаш да те понижува тој твојот дечко,уживаш у тоа Ако не заради себе барем заради твоите родители тргнисе од него,тие не те гледале за некој друг да дига рака на тебе,да бев јас на твое место таа рака од татко ми ќе ја немаше.Ти си болно заљубена во него за жал,и сите совети тука за џабе се,ти пак ќе си тераш по твое така да се најдобро,се надевам дека помалце ќе патеш.