А за твое добро и за добро на твоите родители тргни се од таков човек. Кој кренал рака еднаш на тебе ќе крене пак, никој нема право да ти наредува што да правиш со твојот живот, ако сега во врска те малтретира замисли како би било во бракот. Никоја жена не заслужува да биде малтретирана на било каков начин, а тој мажот зошто не си ја мери силата со некој посилен од него? Најлесно е да се силиш на послаб од тебе! Не сите мажи се МАЖИ!! Што не ја гази оваа земја Господе..
Кога партнерот ќе крене рака - ќе му ја скршам! Мислам и дека имам некаде пишано на форумов дека буквално го мислам тоа. Маж што крева рака на жена е се само не маж. Сум имала и јас лоши врски, лоши 'пријатели" во животот, ама без оглед каков статус имале кај мене и колку делувале насилни - рака не кренале. Веројатно јас не сум оставила место за тоа.. Ти девојко, си ја изгубила самопочитта, самодовербата и ако продолжиш вака и без нерви ќе останеш. Да ми е мене овој твојот, ако не повеќе ќе земам едно сукало и 100 удри 1 брои.. има модар да го направам како патлиџан Ти не си во врска. Твојата врска нема ниту иднина ниту сегашност.. Твојата врска ако не ја прекинеш со време и прерасне во нешто повеќе, осудена е на пропаст. Односно ти си осудена на пропаст. Затоа што освен физичкото насилство што тогаш ќе си го трпиш како негова жена, емоционалното ќе те дотепа. И ова не го кажувам од памет.. Женската психа е чудна работа. Колку се трудиме и вложуваме во некоја врска за која што сакаме да веруваме дека ќе успее, а свесно гледаме дека нема, толку повеќе психички се уништуваме. А партнерот е нормално тука да не дотепа и на емоционалното поле... Жената треба да се третира како кралица. Ја знаеш веројатно онаа поговорката .. дека мажот што ја третира жената како кралица е и самиот израснат од таква.. Абре маж ли е што ли е?! Жената се чува како капка вода на дланка! Се што е полошо од тоа, не чине. Па вие како сакате разберете... Физички да ме малтретира а јас да сакам да ја зачувам врската? Боже чувај ме, паметот уште не ми откажал.. А па психички да ме малтретира...еднаш го јадев стапот, лекција за цел живот. Да налетам пак на таков има душата да му ја извадам за на крај тој да биде жртвата а не јас
Кога партнерот ќе подигне рака, автоматски го губи епитетот партнер. Мразам кога луѓето не знаат како да ги решат проблемите на цивилизиран начин, па се служат со „воспитни мерки“. Само слабаци креваат рака.
Златно правило е дека ако веќе еднаш кренал рака на тебе, ќе крене и втор и трет пат се дур не си заминеш. Не дозволувај да останеш во токсична врска/брак. Зарем сакаш вечно да бидеш жртва на семејно насилство?
Кога партнерот ќе подигне рака веќе никогаш нема да ме виде има во три лепе да го откарам. Маж ли се тој смета ако ја тепа жената тоа на што личи, ако мисли дека така се бидува маж гадно се лаже.
Познавајќи се себе, (без курчење) тешко на тој што ќе се осмели да ми крене рака. Ме воспитале така да никогаш не дозволам никој особено не партнерот да крене рака на мене, а уличниот живот пак ме научил како еднаш за секогаш да му одржам лекција на оној кој ќе се осуди на таков чекор
Кога партнерот ќе крене рака, од тој момент престанува да биде партнер и веќе е едно големо ништо. Прав. Никогаш не почитувам човек за кој знам дека кренал рака на девојка.
А, што правиме со тоа ако девојката го заслужила тоа? Оууу, да да, и тоа како има девојки што заслужуваат привремени мерки. Не зборувам за мирни девојчиња што се малтретирани за ништо од своите скриени хомосексуални партнери, туку за алапачи со тапија. Баш пред некој период имав несреќа да запознам такво гомно од човек скриено во женска кожа.
На многу начини заслужуваат добар дел од женска популација да бидат нокаутирани за да се научат на ред искрено. Чисто ќе ти дадам за пример. Пред некој година имавме средношколска собиранка. После продолживме во голема дискотека. Мојата школска ја видов како се лапа со друг школски, а има дечко многу време и тоа сосема ОК дечко. Јас и мојот пријател си премолчевме и на никој не кажавме, затоа што знаеш дека на крајот јас ќе го изедам стапот, а таа ќе си биде мирното и слатко невино девојче. Мене така нешто да ми направи женската, а да дознаам, верувај дека ќе ја нокаутирам без сомнение. И ќе ја одјебам, а на секакви дрољи сум се изнагледал во животот. Тие не заслужуваат ништо помалку од ќотек.
А што е тоа чудно. Има неподносливи мажи и јас сум против насилството, но верувај има и неподносливи жени. Јас лично бев сведок на една девојка што му велеше на својот дечко сешто, го направи од гомно подоле зашто се поздравил со своја школска. И толку почна таа да хистеризира, стана неподнослива и тој и удри шлаканица. А и претходно беше таква, се дружевме порано. За глупости психички го малтретираше. Па кој би издржал? Таа заслужи зашто сликата беше ужасна. А што вели артиста и жени има што изневеруваат па и во брак. Тие што заслужуваат?
Мене просто не ми се верува што читам. А кога нашите дечковци ќе не изневерат, ние женчиња од по 50кг како така да претепаме едно магаре од 100кг?! Ако веќе тие се мерките. И како мислиш да се научат на ред жените со ќотек? Па што се тие?! На животно не се удираа ееј, а не па на девојка. Во тој случај и најрасипаната да била, со таква постапка ќе паднеш пет пати подолу од неа. Казни ја со тоа што ќе те изгуби како добар,достоинствен маж, љубовник. Казни ја со тоа што нема да ја погледнеш. Со тоа што ќе бидеш многу нивоа над неа, а не со ќотек и муабет низ град дека е курва. Тоа боли сигурно многу повеќе од болката од еден удар која се заборава за саат два, макар и неколку дена. Само дали ќе бидеш голем човек или голем срам за машкиот род, од тебе зависи. Не напоменав преска, не би била со дечкото ако знам дека си ја удрил бившата. Волк крзно менува ама ум не. Не можам јас да знам на кој левел нервоза или идиотизам го прави тој испад. Подлеку од такви, не бидете смешни со мислење бивша му е, не вреди, курва е, заслужила, само заради автоматската одбивност што се создава. Жена е. Човек е.
@Black girl Легендата вели постоело нешто што се викало раскинување. Дојде ред на женски форум насилство и насилство врз жени да поддржуваме. А бре скријте се зад мониторот, скријте се и не се појавувајте
Имам таков другар. Мајка му ја ебе еден “чичко“ повеќе од 10 години и тоа семеен пријател. Сите околу него знаеме, али како да му кажеме? Не е моја работа, не ме интересира, но само кажувам дека постојат глотни жени што не заслужуваат трошка почит, туку само крваво физичко и душевно мачење.
Кај поддржувам насилство? И удри шлаканица зашто таа почна да хистеризира и да го лупа по тело. А знаеш дека има жени што тепаат мажи? Јас сум жена, во брак сум ама пред други никогаш не сум се дерела за глупости и не изневерувам. Маж ми работи и заработува бааги. Работи по цел ден да ме издржува што се вика, и јас да се курвам( што не го правам тоа фала богу) не заслужувам ќотек? И јас да го фатам маж ми со друга сигурно би го затепала, верувај. Јас трпам ама некој да ми забива нож в грб, ќе плати скапо иако сум жена.
Тебе дефинитивно ти фали нешто во мозокот (ако воопшто го имаш) Да не речам дека си болен психички. Знам дека си обичен, ситен и небитен трол ама некогаш се забораваш во јадењето бурек. Тој ќе кажувал бе кои жени што заслужувале. Ти да си бил прав маШ нама да дремеш овде и да се караш со сите девојки и жени, што може сестри и мајки да ти бидат. Скриен позади монитор и јади бурек. Сељачана проста.
@Black girl Да те тепал и да си го тепала, тоа што е? Поддржување раст и развој на лалиња во Холандија? Ај рипит, со другар ти Артиста, рака под рака, пар и пол би биле