Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кога партнерот ќе подигне рака

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од GordanaL, 20 мај 2012.

  1. Artista

    Artista Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    274
    Допаѓања:
    697
    Пол:
    Машки
    Еве ти како голем маж, зошто не одиш и да разговараш со таткото на твојата другарка за да не ги крши женските права повеќе?

    Јас не сум МВР, ниту одам да тепам девојки, ниту мажи коишто ништо не ми значат во животот. Ако не можат своите проблеми да ги решат тогаш нека одат судски. Само напоменав во кои ситуации не замерувам ако машкото изреагира “насилнички“. Тоа е мое мислење, deal with it. Остави ти синдроми на мало куре и тие евтини ниски провокации, туку дај понуди некој аргумент, освен аргументот дека за двата пола да има еднаков третман кога е во прашање гомно карактер. Тука се сложувам со тебе потполно.
     
  2. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.971
    Допаѓања:
    134.925
    Пол:
    Женски
    Како тоа некои жени ,,заслужуваат,, ќотек? Што бара така фин маж со жена што заслужува ќотек???
     
    На Mishela, Rose96, soffce и 6 други им се допаѓа ова.
  3. КикиМаус

    КикиМаус Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2016
    Пораки:
    2.142
    Допаѓања:
    17.723
    Мои многу блиски роднини, возрасни луѓе, имаа брачни проблеми како и секое семејство. Навидум беше нормално да ги гледаме скарани се до моментот кога мажот почна да се осомнева во жената дека го изневерува (не ја "фатил" туку само се сомневал) и ја претепа до смрт.
    Сега жената е 2м под земја, а он осуден на 15 години затвор.

    Ако ова е нормално и прифатливо решение за @Artista тогаш немам повеќе зборови :x

    Со тој памет, искрено се надевам дека нема еден ден и ти да завршиш на овој начин во Идризово.

    Девојки, од се срце се извинувам што го цитирав овој исфрустриран член со што го испровоцирав да продолжи со неговите згрозувачки изјави од кои се напнавме сите.
     
    Последна измена: 27 јануари 2017
    На purple..m, winter flower и Crna Dama им се допаѓа ова.
  4. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.656
    Допаѓања:
    6.526
    Ај малку да ги поедноставиме работите. Каков и да е случајот, жена не треба да удри жена, маж не треба да удри маж, жена не треба да удри маж и маж не треба да удри жена.
    Зошто има далеку поцивилизирани начини да се справиш со дадена ситуација, било тоа изневерување или било каква провокација. Фала Богу, па имаме уста за зборување за да разговараме за одреден проблем и да го решиме ако можеме, ако не можеме сигурно шамарот нема многу да помогне, нели?
    До сега сто пати ме изневериле, и што се' не ми имаат направено, и што требало да им направам, да ги утепам од мавање? Затоа постои раскинување, развод ако двајца се во брак и тоа е тоа.

    Искрено, до сега немам сретнато ниеден случај каде нешто било решено со насилство, само ја влошило ситуацијата. Која е сатисфакцијата ако на некој мавнеш бокс, ќе се испразниш или? Тоа пак нема да го смени фактот дека ти си бил понижен на некој начин, или ете ако си бил изневерен ти пак ќе си бидеш изневерен и после тој бокс... Најдобрата "одмазда" што можете да ја направите на некој откако ќе ве навреди и повреди со некоја своја постапка е едноставно достоинствено да си заминете од него.
     
    На Mishela, cresa-jagoda и Someonespecial им се допаѓа ова.
  5. Artista

    Artista Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    274
    Допаѓања:
    697
    Пол:
    Машки
    Тоа е целата поента на моите постови. Ти си била изневерувана, понижувана, деградирана и ако си решила да удриш по некој шамар да се исфураш I am ok with that 100%. Никогаш не би ти замерил, затоа што тоа е посилно од тебе и такви моменти се случуваат и на најмирните луѓе. Насилство имало и ќе има. Дали жена не треба да удри жена, маж да не удри маж, жена не треба да удри маж и каков е нашиот став по тоа прашање е сосема нерелевантно. Пак ќе се случуваат и тоа во голем процент. Ние не знаеме, затоа што никој не ти кажува што им се случува во куќата и креветот, но тоа не значи дека не се случува.

    Тоа што ти го нарекуваш не е одмазда, туку кукавичлук. Никогаш нема да добиеш почитување од противникот ако не покажеш заби.
     
  6. Bella.04

    Bella.04 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2016
    Пораки:
    190
    Допаѓања:
    514
    Пол:
    Женски
    За мене машко што ќе удри женско није прав маж !!!!
    Нека оди нека се сили на посилниот пол не на понежниот.|(
     
    На Glasna, cresa-jagoda, joy1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Artista

    Artista Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    274
    Допаѓања:
    697
    Пол:
    Машки
    Децата и те како треба да поминат низ таа ’'ќотек’ фаза во животот од страна на своите родители ако ја заслужуваат. Тоа не е точно дека родителскиот ќотек произведува насилни генерации. Ох, и тоа како не е точно. Оправданиот ќотек и те како помага да се креираат поздрави деца наместо сега што произведуваме комплетни идиоти и дебили. Оди поразговарај со повеќето наставници и професори какви деца учат во училиштата. Ниту се помирни, ниту се подисциплирани, а најстрашно е што немаат никаков почит кон авторитет во животот.

    Тоа што ако некому удриш шамар не го менува фактот дека те изневерил, но ако сите тие работи како неверства, педофилија, дрога, алкохол, криминал ги кулираш и решаваш на мирољубив начин тоа значи дека ги стандардизираш и нормализираш во општеството. За некој период никој нема да се плаши за ништо во животот и ќе прават се што им текне, затоа што знае дека нема да има никакви психо-физички санкции кон него. Паричните казни нема да ги решат тие проблеми се дур системот му гарантира комплетна безбедност.
     
    Последна измена: 27 јануари 2017
  8. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.656
    Допаѓања:
    6.526
    @Artista Иако реков дека не оправдувам насилство, овде не зборував за една "воспитна" шлаканица или удар по газето што се случува многу ретко, и во некои екстремни ситуации. Овде зборам за здрав ќотек, а еве ќе ти дадам и личен пример. Татко ми на времето го трескаше брат ми од земја буквално, и тоа за банални работи, лоши му биле оценките во школо. Дали брат ми ги поправи оценките? Не. Ќотекот само му стварал фрустрации, од страв почнал да лаже, да се крие итн. Дали он и неговата генерација, зошто веќе е возрасен човек, биле нешто помирни во училиште или имале којзнае каков почит кон авторитети? Па, искрено не. Немирни деца имало отсекогаш, а ако ги тепаш за се и сешто, не верувам дека ќе даде некој уау ефект, и тие одма ќе бидат мирни во училиште и ќе те почитуваат тебе и наставниците. Мислам дека баш напротив.
    Ах, и еве дека брат ми денес е душа од човек. Не велам дека е лош, ама си ги фаќа тие тенденции ко на татко ми, и за најмало незадоволство му летаат закани од типот, вака ќе ти направам, така ќе ти направам. Тоа дека бил воспитуван многу убаво со ќотек.

    Кој рече дека јас сум рамнодушна на такви работи? Изневерување веќе кажав. Со зборови ќе го спуштам многу подобро отколку со шамар, а потоа ќе му раскинам. Педофилија, криминал? Затоа постои затвор, за педофилите супер би било да е доживотен. А не дека ако јас го истепам дечко ми зошто ме изневерил, утре тој ќе се стресе и нема да ја изневерува следната девојка...
     
    На cresa-jagoda, Someonespecial, eloves и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Бисерче95

    Бисерче95 Активен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2017
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    215
    Пол:
    Женски
    ДА СЕ ПЛУКНАМ ВО"МАЖОТ" ШТО КРЕВА РАКА НА ЖЕНСКО--ТОА НЕ Е МАЖ ПИЧКА БЕ НА ПОСЛАБИ МУ ГО МОЖИ-СЕКАКВИ ЃУБРИЊА ИМА МИ СЕ ПОВРАЌА ОД ТАКВИ!!
     
    На ♣ Alba Viduam ♣, mira.mira, ♡BuBaLe♡ и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Teya.

    Teya. Нов член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2017
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    Еднаш во животот сум добила шамар од бившиот ,а стварно беше без оправдана причина(неточни информации )и во истиот момент расчистив со него,без дилема.Тие што мавнале женско се гнаси во душата што неможат на посилни па мораат на послабите да се силат
     
    На IamSexyAndIKnowIt, Viktorijaaa5, "Zoki" и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.216
    Допаѓања:
    170.048
    кога партнерот ке крена рака -скрши му ја едноставно е
     
    На Gosh, L-a-r-a22, Petra777 и 7 други им се допаѓа ова.
  12. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Ако партнерот подигне рака на мене тоа значи дека таа рака не му ни треба
     
    На Gosh, lost123 и mira.mira им се допаѓа ова.
  13. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.632
    Допаѓања:
    79.377
    Пол:
    Женски
    Тоа не ми се случило. Ако збориме за што би било кога би било, би му ја простила таа постапка, но сигурно дека ќе влијае на нашата врска. Зависи и од сериозноста, или секундарно би раскинала или сепак ќе останам да видам како ќе се одвиваат работите. На секој може да му се случи да погреши но некои работи не смеат да се повторат.
     
  14. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.048
    Пол:
    Женски
    Татко не кренал рака на мене, а не па друг маж.
    Ќе оди во завои како мумија ваљда, шо знам?!? 8):?::D
    Шала на страна, крај би било.
     
    На Rama, Abeja, Sesil и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. doctorgreyxo

    doctorgreyxo Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2017
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    113
    Пол:
    Женски
    Се имаме жестоко расправано со саати, имам и јас хистеризирано и дерено и тој.. тоа е од нервоза..времето, самото време си го прави своето.. сменето е времето не е веќе како порано.Јас никогаш не сум направила нешто што би го довело да ме истепа, само се имаме карано до срж, порано повеќе се каравме се имаме и навредено имам и плаченп многу пати,ама јас сум таква плачка.. и тој не го поднесува тоа... сега се разболив и не смеам да се нервирам.. најмала ситница што ќе ме изнервира ме тера да повраќам.Повраќам и пена од устата ми течеше последните два пати кога повраќав.Стресови еден куп, проблеми со факс итн...
    Но, муабетот ми беше дека никогаш не ме удрил ни тој ни никој и ако ме удри е крај.Преминав преку многу работи со надеж дека ќе се сменат, и се смени.Одиме на подобро... заедно се држевме цело време иако бевме на раб на крај.
    Нема шанси да дозволам да бидам жртва на насилство.
    Секој се сменува, карактер,однесување ... ама да удри еднаш и уште еднашшш ќе стани.. и така со ред додека трпите.
     
  16. AnaDelRey

    AnaDelRey Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2017
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    662
    Пол:
    Женски
    Маж што удрил жена - НЕ Е МАЖ. - Мажот е створен посилен од жената, затоа и е задолжен да ја штити а не да се сили.​
     
    На Flower.D, Rama и elimkd им се допаѓа ова.
  17. clen1

    clen1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2016
    Пораки:
    208
    Допаѓања:
    198
    Пол:
    Машки
    Никогаш не би удрил женско колку да ме нервира ќе ја закопам со збор, со насилство не се решава ништо
     
    На IvanaJenner, Flower.D, AnaDelRey и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Shmizli4kA

    Shmizli4kA Нов член

    Се зачлени на:
    10 јули 2017
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Poznavam mashki koi nikogash ne krenale raka na zensko. No i lugje koi mi bile bliski, a sepak krenale raka na mene, posle shto sum imala strav od niv... I mashki koi krenale raka na zensko vo situacija koga premnogu bile isprovocirani... Od tuka proizleguvaat moite prashanja za koi sakam mislenje od zenski a osobeno od mashkite na forumot..:
    1. Dali nekoi mashki se po skloni vo afektna situacija da udrat zensko ili nekoi nikogash ne bi udrile zensko i vo takva situacija
    2.Dali zavisi od zenskoto dali ke bide udreno, primer provokacija na zenskoto kon mashkoto (karanica, navreda,sl.)
    3.Dali treba zenskoto da kjuti, da ne se rasprava od strav da ne dojde do krevanje na raka?
    4. Vo sluchaj zenskoto da e blisko so mashko koe e sklono na krevanje raka, kako treba da se odnesuva zenskoto kon nego?
     
  19. GabyTranceॐ

    GabyTranceॐ Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2015
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    1.108
    Пол:
    Женски
    До сега ми се нема случено ама пред еден месец ја си се зазборев и он ми вика доста а јас да сум го слушнала ко дроља и му спуштив викам нема да звонам ама не ми дава душа пошо чурев од нервоза и јас му викам абе ти ненормален како можеш такви грди зборови да употрбуваш и ми спушта ми вика во мојот речник тоа го нема заборавиме лее луѓе кога ме фати една смеа ама жал пошто ми раскина хахахаха.
    До сега не понатака неможам да кажам НЕ но ако ми се случи тпа ставам КРАЈ!
     
  20. ian somerhalder

    ian somerhalder Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2016
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    136
    Пол:
    Женски
    Никогаш нема да простам такво нешто..јас од милион машки сум го избрала него да ме чува и пази а не рака да крева на мене па колку сака нека е нервозен тоа не е оправдување...поарно изнавикај се ама рака не кревај НИКОГАШ :!:
     
    На L-a-r-a22, Flower.D и Shmizli4kA им се допаѓа ова.