Многу сум против вакви нешта. И што ако ме удри проблемот кој што го имаме ќе се реши? Ништо не се решава со ќотек. Така нештата стануваат уште полоши. Мене татко ми не ми кренал рака и нема да дозволам никому да ми го стори тоа.
Ze izvinuvam za latinica od mob sum. Znaci vaka. Jas sum zrtva na zemejno nasilstvo. 8 god bram dve deca.koga gi gledam slikite kako me udiral so godini de sramam od samata sebe kako dozvoliv. Pa uste edno mu rodiv, da e zivo i zdravo. Tie lica imaat psihicki problem. Bivsiot soprug me ubeduvase deka normallno bilo ne treba jas da dozvolam treba da go slusam. Breej. 2 meseci sum kaj moie i fala mu na Gospod preporodena sum. Sto se dolzi na policijata da znaete deka od krivicna prijava nisto ne biva. Pa mi pustiv privatna da ne se doblizuv itn. Sekogas fizickoto odi paket so psihicko maltretiranje kade sto zrtvata gubi samodoverba i samopocit i misli ona e kriva. Jas koga bev udrena so smenet licen opis svrkrvata me karase i vikse ti si zena treba so dobro so mazot. Nc nc . Maz sto tepa zena ne e maz. Da znaete tie se najgolemite pi*zdi sto postojat. Krivo mie mn za propadnata investicija, no toa e , im se raduvam na decata i zivotot normalen koj sega go gledam kako lilzus wooos ej imam normalen zivot. Ete do kade moze da stigne so misli edna zrtva... nikogas ama nikogas uste od prviot pat begajte od takvi , ne gubete 8 godini zivot kako mene. Pozdrav
Тоа не е машко ако удира женско. Јас за среќа не сум се нашла во таква ситуација а за сите оние што се во таква ситуација - тргнете се од нив, откачете ги.
Во врска сум 3 месеци и се беше супер на почетокот..но откако дозна дечко ми дека сум идела со женет албанец многу се промени кон мене и почна да станува многу сомничав дури во една прилика ме нарече и ороспија но подоцна многу се каеше и ми се извини...значи отидов до факултет требаше да ископирам некој прашања и останав со колега кој е албанец на кафе но беше само пријателско кафе и не ми е ништо повече од колега подоцна отидов кај дечко ми ме праша кај сум до сега му кажав на кафе со колегата и он ми влепи многу силен шамар јас со плачење си отидов дома но после еден час ми рече дека многу се кае и ми плачеше и ветуваше дека нема да му се повтори но неколку дена после тоа нешто се закаравме поради неговата љубомора секако и ми рече да беше до мене кога ќе ти ја мавнев една..сега не знам што да правам многу го сакам се плашам дека ако му простан да не стане понасилен ,некој совет?
Океј, ќе сфати дека згрешил и ќе ти се извини, ќе му простиш и...до кога така? До наредниот пат кога пак ќе ти врзе некој шамар за некоја уште поглупава причина или уште полошо - да те малтретира со ќотек. Не си дозволувај да бидеш нечија жртва и уште полошо - не си дозволувај да живееш во страв со помислата „кога ли ќе биде наредниот пат“. Те удрил, па и ти се заканувал потоа. Доволен показател дека нешто не е во ред со дечкото и дека вашата врска нема иднина. Само „мазохист“ кој нема грам почит спрема себе би замижал на ова и би се однесувал како да не било ништо. Оттргни се од него дури не се случило нешто посериозно, некогаш ни крива ни должна може многу да пропатиш од оваа негова карактеристика. Ќе си најдеш некој подобар.
Мани му ги клоците, ама одма! Без објаснување, без ништо, едноставно прекини целосен контакт со него. Верувај, ова ќе ескалира, од искуство ти кажувам и тоа многу слично на твоето.
Здраво на сите, темава ме засегна поради тоа се зачленив. Ми треба совет и мислења. Не сакам да ја загрижувам мајка ми, плус сакам сама ова да го решам. Имам скоро 5 годишна врска. Почетокот беше тежок, ни требаше време додека се зближивме. Тој имаше претешки периоди во кои јас му бев безрезервна поддршка. Дури по цена на мојата среќа, трпев, издржував и му бев поддршка. Во одредени моменти ми фалеше многу, ми фалеше нежност и внимание, но знаев дека во тој одреден период јас треба да сум појаката. Дечково е многу осетлив понекогаш, некогаш ми се чини дека е најмил на свет некогаш најсебичен. Јас во моето детство додека растев се случи да бидам сведок на семејно насилство, видов ситуации кои ни на душманот не посакувам да ги види, но сега јас сум за нив благодарна зошто ме научија да созреам. Само тоа малку ми остави последица, ми се случува понекогаш да неможам да си ги искажам емоциите, ама оние емоции што ме мачат. Оние убавите, пример да изразам љубов немам проблем. Јас сум свесна и работам на тоа. И некогаш во одредени ситуации имам страв повеќе отколку што би требало. Но работам и на тоа. Дечково го знае сето ова проблемот е што сега тој е пак во одреден период во кој му треба поддршка, и кога е во такви периоди нема трпение. За ништо и спрема никого. Сака само да одмори. Се случи една банална ситуација и тој се налути зашто сум го замарала со глупости. Откако се запречкавме направивме муабет јас му се извинив и му реков знам дека си сега во таков период што не ти требаат додатни ситуации да ти одземат енергија. После тоа излеговме и тој пак се налути зошто цело време за мене зборам како мене ми било тешко, а него што му било потешко не сум го ни спомнала. А јас цело време му зборував дека осеќам кривица дека не требаше да го замарам со глупости дека ке бидам појака емотивно и дека ќе пазам. Му кажував дека имам тежина зошто тоа да си го дозволам да му го направам додека е во ваков период. Се извинив многу пати. Ама тој ми вели дека сум проста, дека не знам да комуницирам, дека сум за на психијатар. Крена не рака туку раце, ме маваше со боксови по грб, после ме удираше по глава. Тоа било за да ми дојде памет за да се освестам, за да реагирам трезвено. Не е првпат да крене рака на мене. Неможам да навлегувам во детали за ситуацијата поради која се запречкавме од страв да не се дознае која сум. Само можам да напоменам од зафрканција дојде до ова. Нит го изневерив, нит го убив, нит го излажав. Не беше нешто страшно за да крене рака на мене, можеше да има малку трпение и на друг начин да изреагира. Е сега тој вели знаеш во каков период сум немам живци, твоето однесување допринело така да се однесувам со тебе т.е јас сум предизвикала да биде агресивен со мене. Многу го сакам, целата душа му ја дадов, се за него. Ама јас сум виновна што себеси се ставив на второ место. Што допуштив да ми се случи она за кое си ветив дека нема да го дозволам. Страв ми е, дали ќе ми се опорави душата, ме боли многу додека го пишувам ова. Но јас знам дека не заслужив тон да ми повиши а не да ме удри. Единствено што ме премислува е дека кога не бил во тежок период бил сосем друг, што и да сум згрешела имал трпение, ќе ми направел муабет и ке ме советувал, се поставувал пријателски и ми помагал. Но кога е во вакви тешки периоди се плашам. Не знам што да мислам, не знам што да правам...
Јас вакво нешто никогаш нема да дозволам, веднаш баталувам. Да крене некој рака на мене или па да ме удира, НИКОГАШ.
Жал ми е што се уште се случуваат вакви работи во светот и жал ми е што жените и покрај ова што се случува, секогаш се потсеќаат на среќните моменти и тоа ги тера да продолжат да се гледаат со личноста. Мислам дека точно знаеш што треба да направиш пошто гледам дека си соочена со ситуацијата. Имаш многу погрешна претстава за дечково... он те има земено здраво за готово, со право бидејќи ти така се имаш поставено. На секоја негова грешка, ти си таа што му се извинува на него, а не обратно. Ти посакувам да ја најдеш силата во себе и да прекинеш да дозволуваш некој вака да се однесува со тебе, што значи да прекинеш секаков контакт. Кој еднаш рака ќе крене, сигурно пак истото ќе го стори. Таквите тешки периоди се средуваат со посети кај образувано и професионално лице, а не со сила врз понежен човек.
Да кажеш на твоите и фино лепо да му раскинеш, кај те тепал па уште и твоја кривица било. Класичен насилнички и заостанат мозок. Спасувај се девојче дур не се случи поголема беља
Никако не треба да поминеш преку ова ама никако. Под итно да се тргнеш од овој насилник. Не е шала, те удирал по глава, еј по глава. Каков психопат... Пријави и во полиција. Нека не смее ни да ти се доближи. Веќе си го покажал вистинското насилничко лице. Не те заслужува ваков човек.
И сама кажа дека не било прв пат, нема да биде ни последен доколку си со него. Немој да го оправдуваш и во своите мисли и пред другите, нема оправдување за ова, сите имаме проблеми и нервози и не е решение да се тепаме. Каква е таа врска доколку имаш страв, посебно страв да не добиеш ќотек? Раскини без размислување пред да стане полошо, барем сега ќе ти биде полесно отколку да си мажена и со дете.
Што мислиш ти да правиш? Да останеш со тој психопат? Ако ти е убаво да те шамари секој ден, со боксови да те тепа по глава и по цело тело тогаш седи си. Ако сакаш да немаш збор и да те третира како животно, остани со него. Што мислиш ние членовите какви совети би ти дале? Мислиш некој ќе ти рече да се седиш? Сами ако не се почитувате, не очекувајте други да ве почитуваат. Батали го говедото глупо. Раскини и замини одма уште денес. Не знам ни што пишуваш воопшто. Зар се мислиш?
Meне родител ми нема кренато рака, ќе дозволам на некој несозреан мочко да лечи комплекси врз мене. Ама добро, вакви сељаци вешто се кријат. Еднаш се случи да примени сила, никад више не ме виде. Не си требала да чекаш толку време, првото кревање на рака, или било какво насилство без разлика дали е физичко или психичко, пали патики и да те нема.. Јака ти душа како си издржала. Стисни заби и бегај додека можеш од таков манипулатор, идиот, монструм Кај се изживува врз тебе па дури и тебе те обвинува за неговата состојба, глуми жртва. Тоа што немал трпение, што му требало и нему подршка не му дава право да те малтретира како задње гомно. Немој воопшто да се извинуваш за нешта за кои што ти воопшто не си виновна. Тој е тој кој треба да посети стручно лице за да поработи на однесувањето а ти да посетиш доколку сакаш само заради надминување на траумата. Сите имаме тешки периоди ама не ги решаваме проблемите со тупаници.
Да раскинеш е малку. Треба да го пријавиш и да лежи копилето. Тој ако има проблеми нека оди на психијатар, а не ти да трпиш. Те молам не останувај со таков кретен.
После првото насилство требало да ти се згади од тој човек, а не да продолжиш да го сакаш и да бидеш со него. Додека е време, додека си жива и без повреди, освести се и остави го плус пријави го. Тука за љубов нема место.
Ќе стане понасилен. И вилицата може да ти ја скрши следниот пат сосе сите заби и носот ако останеш со него. Како така многу го сакаш?