Охх навистина ми е жал кога ќе прочитам вакви ситуации каде што дегени си ги малтретираат своите девојки.. Ах девојче ти си силна и имаш сила иако те боли душата знам ама верувам дека си уште посилна да му раскинеш и да го преболиш. Ова е токсична врска колку и да се навраќаш на добрите работи кои верувам дека ги имало, ама чим преовлада лошото и насилството нема да има крај на тоа верувај дур имаш уште време бегај од него. Само кога нему му е арно и он добар е кон тебе а кога му е лошо ајде удри по тебе па тоа љубов ли е?? Дур си покрај него ема никогаш да ти се опорави душата да знаеш. Убаво кажаа и другите членови не трпи насилство, не си го прави тоа на себеси, вредиш! Некои девојки мислат дека со својата љубов ќе го сменат дечкото или мажот што го сакаат ама верувај не е секогаш така.
Девојко престани да се гледаш со него, сакаш ли еден ден повторно поради неговите 'денови' да те претепа па до болница да стигнеш...
Греота дечково, ти си крива многу јасно, тој може да има секакви периоди, ама ти не. Ти си крива, ти си го направила таков, он нема своја глава јок, а со тоа ни одговорност. Освести се со време, секој има секакви периоди што не имал тој разбирање за тебе, немал може време па, сега и на тебе ќе мисли. Се си му дала, душата дури, алергија ќе добијам од муабетов. Тргни се од таков, кажи му луда си, да се средиш ќе го бараш ти,во меѓу време да не те замара. Во кој век живееме ... Да се доискажам ... 5год. врска и вака, па што ќе биде кога ќе се соочите со вистински проблеми, деца и тн. за што ќе бидеш тогаш виновна ? Уште пишуваш ИМАМ, може имаш ама дали те исполнува, дали си сигурна во и со него, каков е тој партнер за кој ти си луда? Каде е неговата посветеност и лојалност, кај твојот иден психијатар?
Ова не е љубов.Никако не останувај ама никако! Како бе можел така да те тепа? На какви моменти се сеќаваш ти? Заборави на се. Веднаш пријави го! Ќе те убие бе еј
Nemojte da trpite nasilstvo!!! Posle prviot Samar ke sledi izvinuvanje, molbi izgovori...se dodeka ne dode vtoriot pa tretiot. Kako moze nekoj da te saka koga ti nanesuva bolka, te povreduva? Ne te pocituva, te omaluvazuva? Ti go rusi psihickiot I fizickiot integritet. Sekoj bara partner za da bidi sakan, miluvan, baknuvan, guskan,da I'ma podrska I prijatel vo zivotot, a ne obratno. Begajte ODMA podalekiu od takvi vrski! Tuka nema srekna idnina! Zarem drugarkite vasi da kupuvaat pudra za da I'm bidat poprivlecni na partnerite a Vie za da gi pokriete modrinkite??? Cenete seI sakajtese sebesi I takvite vednas prijavete gi vo policija I prekinete ja vrskata!
Како бе дозволувате да ве третираат така ? Не е прв пат да крене рака на тебе и пак остануваш со него? Па немаш ли грам мозок бе девојче ,како дозволуваш некој да се изживува на тебе ,психичко и физичко малтреторање и пак да останеш со него треба да ти фали нешто и тебе во главата. Немој да мислиш дека насилник ќе се смени , ако си спремна да останеш цел живот до некој што те третира ко боксерска вреќа остани а ако се цениш барем малце себе си остави го , не е важно дали сте заедно 5 години или 10 години , удар е удар насилник е насилник , ако прво cамата не се цениш себе си и дозволуваш да те третираат ко ѓубре нема никој да те цени.
Добро бе вие девојки сте, жени, човечки битија или стока која стопанот ќе ја млати секогаш кога не слуша? Каде ви е достоинството, разумот, свеста, гордоста, на улица ли сте најдени, како ? Понижување е првиот повишен тон, првата навреда, а камо ли насилство, шамари, дури и боксеви читам ? Мислам, добри ли сте со паметот ? Да читате на форумов друга во ваква ситуација, или еве сестра да имате у таква ситуација, што би ја советувале? Да остане со него, кутриот имал тежок период, морал да се издува некаде, а она да е со него безрезервно? Боксерска вреќа ли сте вие, па секогаш кога дембилот има вишок енергија и тостестерон ќе ги исфрла врз вас ? Поготово не ве сфаќам вас што како мали сте биле сведоци на семејно насилство. Па тоа е поттик плус за да немате никаква толеранција према насилство а не да правите бетер грешка од вашата мајка, да бидете подобри од тоа, поголеми луѓе да испаднете. Срамота. И не е љубов тоа. Ни од ваша страна, ни од страна на тепачот. Немојте да серете врз најубавата емоција на светот со тоа што ќе ја деградирате на ваков начин. Ужас.
Гледедам дека девојката ја нема да врати. Овде нема ниту да ти судам ниту да ти викам што го трпиш. Туку поради тоа што тоа е истовремено и психичко и физичко насилство знам дека кога тогаш ќе ги отвориш и ќе ги прочиташ поракиве.Биди силна.Тоа е еден круг. Дига рака на тебе.После ти кажува дека ти си крива те убедува дека дигнал рака на тебе само поради некои наводни твои постапки.После следува период кога е многу добар, најверојатно тој период сега го поминуваш и затоа те нема тука. Ама тоа е круг без излез и повторно ке се повтори. Сакам да ти кажам да бидеш силна и за заминеш.Колку и да се сметаш за слаб карактер и твоето тело како и на сите е со 200 и кусур коски и можеш да направи се, а во случајов е да бидеш силна и да се тргнеш од таму. И можеби ти го сакаш но тој тебе не. Маж во никој случај не треба да дигне рака на женско, што и да е причината. Верувам дека твоите работи од минатото кои ги носиш како товар тој ќе ги искористи за манипулација.Затоа биди храбра, незнам каква ти е околината но тргни се однего.И што и да ти треба ние сме овде за да те сослушаме и колку може да ти помогнеме.
Здраво Алтанка, Во една врска ти треба да се чувствуваш слободно, да се чувствуваш како можеш да му се обратиш на партнерот на било кој начин и тој секогаш да ти биде безрезервна поддршка. Не треба да бидеш во таа врска кога ќе почнеш да се пазиш што зборуваш, да се прилагодуваш на неговото расположение, да се ставаш на второ место и да си ја бараш кривицата во себе. Тој што кренал рака на тебе еднаш, очекувај го истото од него цел живот. Тоа нема да се промени, и ниедна жена не го заслужува тоа. Ти Алтанка заслужуваш љубов. Ти ги ставаш туѓите чувства пред себе дури и кога некој тоа не го заслужува. Тебе ти треба некој што ќе биде покрај тебе кога ти ќе имаш тежок период, некој кој нема да те осудува, нема да дигне рака на тебе, ќе те сака безусловно и нема да му бидеш напорна кога му ги кажуваш твоите проблеми и за возврат бараш разбирање и утеха. Тоа е мојот совет, те молам послушај ме, ваков човек не е за тебе. Прекини ја врската, најди си некој што те заслужува.
Ќе крене пак. Јасно како ден. Таквите не се менуваат. Да трпам некој да ги лечи фрустрациите на мене, нема шанси. Што се однесува до членката, нека ја раскине врската. Не заслужува да е малтретирана.
Begaj devojko podaleku od takov... lesno ke go prebolis duri ne ste vo brak.. slda ne ispadni posle deca pa e mn potesno..